Скопје
23ᴼ /
23ᴼ
Економско-социјалниот совет денеска ќе одржи седница на која ќе се разгледуваат повеќе прашања поврзани со неговата работа и економските политики. На дневен ред е годишната програма за работа, како и презентација на новиот закон за високо образование. Иако мерките за ублажување на растот на цените на храната и горивата не се официјално предвидени како точка, не е исклучено да бидат отворени како тема за разговор. Седницата доаѓа во период на ...
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Иран „наскоро ќе биде поразен“. Тој оцени дека Техеран сака да постигне договор, но предупреди дека САД ќе одлучат дали ќе продолжат со преговорите или ќе ја интензивираат воената операција. Трамп заедно со министерот за одбрана Пит Хегсет најави дека ќе обезбеди околу 10 милијарди долари за инвестиции од американски компании од одбранбениот и технолошкиот сектор. Според него, овие вложувања ...
Аргентина ќе ја брани титулата во големото финале на Светското првенство во 2026 година, откако вечерва со драматичен пресврт ја елиминираше Англија со 2-1. „Гаучосите“ во недела ќе се соочат со Шпанија во битката за титулата на стадионот во Њу Џерси. По слабото прво полувреме, во кое немаше ниту една изгледна шанса и ниту еден удар во рамките на голот, вторите 45 минути донесоа далеку подобар фудбал. Ентони Гордон ја доведе Англија во ...
„Јавно и најостро ги демантирам изнесените наводи од страна на адвокат Зоран Зафировски од Кочани, бранител на обвинетиот Мазлум Рамаданов во постапката која се води против полициски службеници за предметот “Пулс” под КОК-15/26 на Основен кривичен суд Скопје, а кои наводи се изнесени во изјава дадена за медиумите на ден 15.07.2026 година веднаш по завршување на рочиштето по предметот. Имено, во изјавата се наведува дека одбраната целосно ме ...
Тројца млади, меѓу кои двајца 15-годишници, биле однесени од силниот воден тек на реката Треска, откако нивото на водата нагло се зголемило поради зголемен испуст од браната „Матка“ за производство на електрична енергија. Инцидентот бил пријавен денеска на Единствениот број за итни повици 112. Според Центарот за управување со кризи, тројцата се капеле во реката кога надојдената вода ги повлекла. Едното малолетно лице веднаш било извлечено од ...
Најверојатно од понеделник повторно ќе се намалат акцизите за горивата. Новите тензии меѓу Иран и САД одново создадоа притисок врз светските пазари и цените. Коментирајќи ги ваквите случувања, премиерот Мицкоски смета дека веќе има услови од идната недела акцизата за бензините и дизелот повторно да се спушти, но пред да се одлучува ќе чека да види како ќе затворат берзите во петок, по што ќе се направи анализа за 15 дена. Со ова практично се ...
Поранешниот шеф на унгарската дипломатија, Петер Сијарто денеска објави дека поднел оставка од функцијата пратеник, откако прифатил понуда за меѓународна позиција во една од водечките светски компании, BYD. Сијарто рече дека е „исклучително почестен што му е понудена“ меѓународна позиција во BYD, еден од најголемите светски производители на автомобили и водечки производител на електрични возила. „Од денес, ќе продолжам да работам во групата ...
Најверојатно од понеделник повторно ќе се намалат акцизите за горивата. Новите тензии помеѓу Иран и САД одново создадоа притисок врз светските пазари и цените. Коментирајќи ги ваквите случувања премиерот Мицкоски смета дека веќе има услови од идната недела акцизата за бензините и дизелот повторно да се спушти, но пред да се одлучува ќе чека да види како ќе затворат берзите во петок, по што ќе се направи анализа за 15 дена. Со ова практично се ...
Пратеникот на СДСМ, Благој Бочварски, на денешната седница упати три прашања до министерката за образование Весна Јаневска, кои се однесуваа на измените во законите за основно и средно образование, најавената оптимизација во образованието и последиците што овие политики можат да ги имаат врз наставниот кадар, учениците и локалните заедници. Бочварски рече дека предложените законски измени не претставуваат вистинска реформа на образованието, ...
Поранешната обвинителка Ленче Ристоска остро реагира по ослободителната пресуда за Никола Груевски во случајот „Талир 2“, оценувајќи дека со ваквиот тек на постапката се отежнува можноста за конфискација на имотот. Таа тврди дека доказите останале исти како и при првата осудителна пресуда и изразува сомнеж дека предметот ѝ бил одземен за да се избегне посакуваниот исход. Ристоска очекува Обвинителството да поднесе жалба на пресудата. „Ваквата ...
Потврдени се доживотните затворски казни за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје и на 74-годишниот Панче Жежовски од Велес, додека ослободителната пресуда за таткото на девојчето е вратена на повторно судење. Ваква одлука донесе апелациониот суд кој му наложил на Кривичниот суд одново да ја спроведе постапката, да ги преоцени доказите и да си ја преиспита пресудата за Александар Ѓорчевски. Тој беше обвинет дека помогнал во ...
Две жени од Куманово, на возраст од 22 и 34 години, се уапсени под сомнение за измама и злоупотреба на лични податоци, соопшти СВР Куманово. Првоосомничената во периодот од јануари до јули 2026 година, со однапред подготвен план и со намера да прибави противправна имотна корист за себе и за М.В., довела во заблуда 19 лица. Без нивна согласност и овластување, таа ги злоупотребила нивните лични податоци и во нивно име аплицирала за брзи ...
Општинската работна група за преименување улици во Тетово, која беше формирана во јануари годинава, определила 74 имиња на вчерашната втора седница, а најавија засилена динамика за реализација на овој процес. Претседателот на групата, а воедно и заменик градоначалник Алби Ќамили, објави дека Скендербег, Мајка Тереза и Браќата Фрашери, Исмаил Кадаре и Миѓени, ќе бидат новите називи на дел од улиците во Тетово. „Улиците каде што живеат нашите ...
Комитетот за светско наследство на УНЕСКО по втор пат бара Охридскиот регион да се впише на Листата светско наследство во опасност. За оваа одлука ќе се решава на престојната 48. сесија на Комитетот, што ќе се одржи од 19 до 29 јули во Бусан- Јужна Кореја. Комитетот за светско наследство одлуката ја темели на, како што вели, ограничениот напредок во заштитата на Охридскиот регион, нотирајќи ги ризиците за кои реагираа реактивните мисии што го ...
Братучетка сведочеше против обвинетиот полициски службеник Мазлум Рамаданов. Не ѝ помогнал откако едвај се спасила кога избил пожарот во кочанската дискотека „Пулс“. Малолетничката Мелиса Прошева со изгореници на главата и на раката била заглавена во толпата на излезот на дискотеката, а откако ја извлекол еден од обезбедувачите, неможејќи да застане на нозе го забележала нејзиниот втор братучед и му побарала да ѝ даде вода од пакетот со ...
Од обвинителството објавија детали за кривичните сомнежи за Александар Лазаров викан Цуната откако тој вчера беше фатен во Скопје по бегството од полициска станица во Кочани пред 5 дена. -Основното јавно обвинителство Кочани на 10.07.2026 година донесе Наредба за спроведување истражна постапка, која покрај овој осомничен опфаќа уште едно лице, а се однесува на кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, ...
Дебатата замре, консензусот останува далечен. Власта и опозицијата не успеаја да се договорат за измени на изборното законодавство. Денеска истекува последниот ден од грејс-периодот за Изборниот законик. Но, партиите наместо да градат заеднички став, продолжија со меѓусебните обвинувања околу тоа кој е виновен за блокадата на законот. Од власта прстот го вперуваат во опозицијата. „Не сум оптимист затоа што имаме работа со неодговорни и ...
Пресуда За Талир 2 со која од конфискација куртули партиското седиште на ВМРО ДПМНЕ според премиерот Мицкоски е задоволување на правдата, а за ослободителната пресуда за Никола Груевски посочи кон измените на КЗ „ВМРО-ДПМНЕ во тој период кога беше предмет на политички прогон и би рекол еден вид на агресија од страна на претходната Влада, измислија случаи кој не постојат, како што е Талир 1 и Талир 2. Вчера конечно судот што се однесува до ...
Стевче Јакимовски замина на отслужување на затворската казна од 6 и пол месеци, објави политичкото движење ГРОМ, кое го предводи поранешниот градоначалник на Карпош. Од Партијата велат дека Јакимовски доброволно заминал на отслужувањето на затворската казна во затворот Скопје, во Шутка. Тие обвинија дека Кривичниот суд донел одлука за казна поради две времени бараки и дека зад целиот случај против Јакимовски стои политичка нарачка. Од ...
Опозициската СДСМ ја обвини владеачката ВМРО-ДПМНЕ дека преку државни компании испумпува пари за приватни фирми чии сопственици блиски до партијата. Станува збор за компанијата „Маратон груп“ која има добиено околу 1,5 милиони евра на тендери, а клиенти се Државната Лотарија и Државната видеолотарија кои се рекламираат на и во автобусите на ЈСП. „Нема нови еколошки автобуси за скопјани ама има 1,5 милион евра за омилените фирми блиски до ...
Неопходна е ревизија на пензискиот систем, но никако не смее да се носат избрзани решенија, советуваат експертите откако владините претставници повеќе пати најавија реформи, а не ја исклучуваат ниту можноста за укинување на вториот задолжителен пензиски фонд. „Проблемот на некои луѓе кои што се задолжени за оваа работа им беше познат одамна, меѓутоа се ставаше под тепих, бидејќи не дојде акутна ситуација. Е сега веќе дојде акутна ситуација, ...
Природното и културното наследство на Охридскиот регион да се впишат на Листата- Светско наследство во опасност. Вака гласи одлуката на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО, во пресрет на неговата 48 сесија што ќе се одржи во Бусан- Јужна Кореја од 19 до 29 јули. Во одлуката за Охридскиот регион, за која што ќе се гласа на 48 сесија, се вели дека има ограничен напредок во справување со идентификуваните и со заканите што се повторуваат и ...
Во Водовод жалат за несреќата и упатуваат на градежната фирма Жикол, од таму сè уште нема одговор, а Синдикатот за градежништво реагира дека градилиштата станаа минско поле, откако во петокот загина работник при пад од скеле на објект од Пречистителната станица во Скопје. Трудовиот инспекторат утврдил низа неправилности со заштитните мерки – на градилиштето немало ниту колективна, ниту лична заштита. Скелето немало заштитни мрежи или други ...
Американскиот претседател, Доналд Трамп, се закани дека следната недела ќе ги нападне мостовите и електраните во Иран доколку земјата не се врати на преговори. Овие изјави беа дадени во интервју за неговиот омилен ТВ канал, „Фокс њуз“, емитувано додека двете земји четврти ден по ред разменуваа напади. Претходно, Трамп ја повлече заканата за воведување такса од 20% за целиот товар што поминува низ Ормутскиот Теснец, но повторно воведе блокада ...
Просечната потрошувачка кошничка е веќе изработена, донесена е и прифатена од Економско-социјалниот совет, но се усогласуваат податоците со Државниот завод за статистика. Очекувам, ако се усогласиме, од септември да почнеме да ја применуваме, рече денеска заменик-министерот за економија, Марјан Ристески. Одговорајќи на новинарски прашања по работниот состанок во Стопанската комора, Ристески уште еднаш истакна дека просечната потрошувачка ...
СВР Куманово поднесе кривична пријава против П.Ц. (56) од Куманово поради сомнение дека го сторил кривичното дело „загрозување на сигурноста“ според член 144 став 3 од Кривичниот законик. Според информациите од полицијата, пријавениот во подолг временски период, под дејство на алкохол, вршел психичко и физичко насилство врз членови од неговото семејство. На 11 јули 2026 година, тој психички ја малтретирал својата сопруга и се обидел физички ...
Шеесет и петгодишен маж од Скопје е осомничен за убиство на матичниот доктор Ацо Трповски од Поликлиниката „Железара“, а неговата шест години помлада сопруга за помагање во извршување на кривичното дело, соопшти Јавното обвинителство. Убиството се случи во март во 2024 година на паркинг во населбата Автокоманда по што двајцата осомничени го одвезле телото на убиениот во дворот на Поликлиниката во неговото возило. „Осомничената се договорила ...
(ФОТО Pixabay) МВР објави дека жена во Прилеп пријавила дека и измамена од лице кое преку социјална мрежа и барало хуманитарна помош за болно дете. Измамата почнала во февруари и оттогаш, прилепчанката на измамникот му дала 11 и пол илјади евра. На крај, пријавила во полициска станица дека е измамена, а полицијата отвори истрага. Во продолжение извадокот од билтенот на МВР за пријавената измама: На 14.07.2026 во 14:30 часот во ОВР Прилеп, ...
СВР Куманово поднесе кривична пријава против П.Ц. (56) од Куманово поради сомнение дека го сторил кривичното дело „загрозување на сигурноста“ според член 144 став 3 од Кривичниот законик. Според информациите од полицијата, пријавениот во подолг временски период, под дејство на алкохол, вршел психичко и физичко насилство врз членови од неговото семејство. На 11 јули 2026 година, тој психички ја малтретирал својата сопруга и се обидел физички ...
Просечната потрошувачка кошничка е веќе изработена, донесена е и прифатена од Економско-социјалниот совет, но се усогласуваат податоците со Државниот завод за статистика. Очекувам, ако се усогласиме, од септември да почнеме да ја применуваме, рече денеска заменик-министерот за економија, Марјан Ристески. Одговорајќи на новинарски прашања по работниот состанок во Стопанската комора, Ристески уште еднаш истакна дека просечната потрошувачка ...