Скопје
22ᴼ /
22ᴼ
Инцидент се случил на паузата од собраниската седница за реконструкција на владата, алармираа пратениците од опозицијата. Кандидатот за министер за локална самоуправа Иван Стоилковиќ упатил пцости и навреди кон пратениците од СДСМ, Митко Трајчулевски и Фатмир Битиќи, објави на прес-конференција координаторот на пратеничката група, кој побара извинување. Реагираа и за навредите на премиерот Мицкоски кон овие пратеници. Ова следуваше по ...
Инцидент се случил на паузата од собраниската седница за реконструкција на владата, алармираа пратениците од опозицијата. Кандидатот за министер за локална самоуправа Иван Стоилковиќ упатил пцости и навреди кон пратениците од СДСМ, Митко Трајчулевски и Фатмир Битиќи, објави на прес-конференција координаторот на пратеничката група, кој побара извинување. Реагираа и за навредите на премиерот Мицкоски кон овие пратеници. Ова следуваше по ...
Инцидент се случил на паузата од собраниската седница за реконструкција на владата, алармираа пратениците од опозицијата. Кандидатот за министер за локална самоуправа Иван Стоилковиќ упатил пцости и навреди кон пратениците од СДСМ, Митко Трајчулевски и Фатмир Битиќи, објави на прес-конференција координаторот на пратеничката група, кој побара извинување. Реагираа и за навредите на премиерот Мицкоски кон овие пратеници. Ова следуваше по ...
Сојузот на борците од НОАВМ и граѓаните продолжувачи Тетово будно ги следи сите изјави, реакции и настани од денот на укинување на неуставната и незаконска одлука за промена на имиња на улици во Тетово донесена од Советот на Општина Тетово во 2007 година. Одлуката за преименување на улиците во Тетово, која сега ја укина Уставниот суд никогаш не се ни спроведе во пракса – велат од Влен Реакција од Сојузот на борци Ви ја пренесуваме во целост: ...
„Никој не му се плаши на Мицкоски. Со заканите што ги упатува и со навредите само покажува колку е неспособен и колку е слаб. И тоа граѓаните секој ден сè повеќе го сфаќаат“, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во одговор на новинарско прашање. Филипче потенцираше дека заканите од премиерот се последица на немоќта на власта да покаже резултати и да одговори на проблемите со кои се соочуваат граѓаните. Тој посочи дека најавената ...
Владината реконструкција според премиерот Мицкоски е нова енергија и нова фаза во разојот на државата. Пред пратениците тој рече и дека 8 те мина министри кои беа разрешени не се луѓе кои не работеле туку напротив во различни околности, во различни ресори дале свој придонес во реализацијата на владината програма со која ја добија поодршката од граѓаните „Довербата што граѓаните ја дадоа пред нешто повеќе од две години не му припаѓа ниту на ...
Американскиот претседател Доналд Трамп потврди дека повторно ќе воведе блокада на иранските бродови во Ормускиот Теснец и дека ќе наплаќа такса од сите други бродови за премин. „Ормутскиот Теснец е ОТВОРЕН и ќе остане ОТВОРЕН, со или без Иран. Повторно ја воведуваме ИРАНСКАТА БЛОКАДА, така наречена затоа што ги спречува само иранските бродови или нивните клиенти да влегуваат или излегуваат. Сите други земји ќе имаат фер и слободен пристап до ...
Директорот на БЈБ, Александар Јанев, денеска од Кочани порача дека лично да се информирал за сите детали и околности поврзани со настанот од петокот, кога преку прозорот на полициската станица побегна приведениот Александар Лазаров. Јанев вели дека случајот сериозно ја наруши довербата во полициската служба. Бегството од полициската станица на лице познато на полициските служби е сериозен инцидент кој бара целосно расчистување на сите ...
Тројца членови на криминалната група Беланоца денеска се осудени на високи затворски казни за неколку кривични дела. Еден од нив доби 20 години затвор, а друг 11 години за злосторничко здружување поврзано со убиството на Орхан Бајрами Оки, лидер на спротиставената нарко банда Дуќанџик/Грчец, како и убиството на Пластичарска кога загина 29-годишниот Амар Исмани, млад пејач и блогер. Третиот обвинет е осуден на 4 години за кривичното дело ...
ДУИ на седница на Советот во Тетово побара да има точка за преименување на 67 улици,па ја напушти работата поради тоа што беше оставена за последна од дневниот ред. Неодамнешното укинување на одлуката од 2007 година за преименети улици од страна на Уставниот суд беше причина да даде ваков предлог. Локалната власт која од јануари води друг процес за преименување улици, ги обвини за вештачки тензии. Тензични над четири часа беа потребни само да ...
Таткото на Меланија Цветковска, младата девојка од Куманово која преку видео на социјланите мрежи јавно побара помош поради долгогодишно семејно насилство, е хоспитализиран во Психијатриската болница во Демир Хисар. Директорката Сузана Џамбазовска вели дека станува збор за принудна хоспитализација, откако лицето вчера беше спроведено од Кумановската болница. Во тек е законската процедура и се очекува судско решение, по што стручнен тим ќе ...
Полнењето резервоар од полноќ ќе чини повеќе. Регулаторна одлучи – поскапуваат горивата. Значително зголемување на цената ќе има кај дизелот од 5,5 денари и од полноќ литар ќе чини 88 денари. Поскапуваат и бензините – за денар и половина, па така 95 ќе се точи по цена од 87 денари за литар, а 98 цата за 89 денари за литар. Во соопштението од Регулаторната комисија за енергетика стои дека цените на нафтените деривати на светските берзи во ...
Лани државата собрала скоро 80 милиони евра повеќе од данок на личен доход споредено со 2024 година, покажуваат пресметките од годишните даночни пријави. Според податоците на Управата за јавни приходи, вкупниот пријавен доход во 2025 година изнесува речиси 10 милијарди евра, што е за 1,2 милијарди повеќе од 2024-та, а пресметаниот данок на личен доход сега е 647 милиони евра, за разлика од претходната година кога биле пресметани 568 милиони ...
За една година, зградата на Еуростандард „поскапела“ за 3,7 милиони евра и се уште е во сопственост на Фондот за осигурување на депозити., може да се пресмета преку одговорите кои до Телма ги достави Фондот. Во февруари 2024-та година, кога граѓанскиот суд ја предал зградата на Фондот како наплата на дел од побарувањата, централата на Еуростандард вредела според судот над 8,4 милиони евра. Но, фондот наредната година нарачал проценка која ...
Ново видео со врсничко насилство кружи на социјалните мрежи во Македонија. Овој пат локацијата е Куманово, а на снимката се гледа како три девојчиња тепаат и малтретираат една девојка којa речиси и да не се обидува да се брани. Според информациите на „Телма“ кои засега не се потврди од истражните органи, жртвата има 14 години, додека насилничките се на возраст од 14, 16 односно 19 години. Видеото прво е поставено на социјалната мрежа ...
Ниту Стандардите, ниту регулативата и процедурите биле почитувано при реконструкцијата и пренамена на објектот во кој ќе биде сместена дискотеката „Пулс”, покажало вештачењето на градежниот факултетет по пожарот во кочанската дискотека во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени. –Градежното вештачење за жал покажа недвосмислено дека во „Пулс“, системот, односно институциите и поединците целосни не функционирале. Не биле почитувани ниту ...
Пропадна и последниот обид да се постигне консензус за Изборниот законик. Откако партијата Левица вчера иницираше координативна средба на сите опозициски партии за да се формулира заеднички предлог, кој потоа би му бил доставен до владејачкото мнозинство, од опозициската СДСМ за Телма информираа дека состанок нема да има. Социјадемократите преку соопштение денеска го повторија својот став околу гласањето на дијаспората по електронски пат или ...
Премиерот на Албанија Еди Рама изјави дека Албанија нема да издава пасоши на етничките Албанци во Северна Македонија откако неговата земја ќе се приклучи на ЕУ, за разлика од она што го направи Бугарија. –Ние не сме земја што може да прави што сака, како сака, кога станува збор за прашања што се однесуваат на внатрешната хармонија на европското семејство. Бугарите го направија тоа откако станаа дел од Европската Унија, бидејќи нивниот пасош ...
Министерството за внатрешни работи распиша меѓународна потерница по 41 годишниот Александар Лазаров од Кочани од татко Методи и мајка Даринка. -Лицето е барано по централна и меѓународна потерница по барање од Основен суд Кочани за сторено кривично дело по член 215 став 1 вв.член 22 од Кривичниот законик-соопштија денеска од МВР. Инаку Лазаров, кој од денеска е на страницата на МВР и по кој е распишан меѓународна потерница во петокот успеал ...
Советот на јавните обвинители, Јавното обвинителство и Здружението на јавните обвинители изразија сериозна загриженост поради тоа што Уставниот суд сè уште не постапил по иницијативите за оценување на уставноста на законските измени со кои по третпат се намалуваат коефициентите за пресметка на платите на јавните обвинители. Според нив, ваквата состојба создава нерамноправен третман меѓу јавните обвинители и судиите и ја нарушува уставно ...
Над два тона, во мал камион со странски регистарски ознаки, инспекторите на Независната управа за јавни приходи на Грција откриле небезбедни млечни производи со потекло од Бугарија. Производите, како што пишуваат грчките медиуми, се пренесувале нелегално и во несоодветни услови, без потребната разладна комора, како што предвидува законската регулатива. Од ААДЕ соопштија дека во рамките на насочените контроли за сузбивање на нелегалниот ...
Малопродажната цена на дизелот од полноќ се зголемува за 5,5 денари, а на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 се зголемуваат за 1,5 денари по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика. Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) поскапува за 4,5 за литар, а Мазутот М-1 НС за 0,938 денари за килограм. Новата цена на дизелот ќе биде 88 денари, Еуросупер БС-95 ќе се продава за 87, Еуросупер БС-98 за 89, Екстра лесното ...
Собранието на денешната 112. седница, на предлог на премиерот Христијан Мицкоски, ги разреши министрите за правда Игор Филков, за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски, за односи меѓу заедниците Игор Стоиљковиќ, за здравство Азир Алиу, за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани, за локална самоуправа Златко Перински, за култура, Зоран Љутков, како и Шабан Салиу од функцијата министер без ресор. Разрешени ...
Ново вознемирувачко видео од меѓуврсничко насилство кружи на социјалните мрежи. На снимката, која масовно се споделува на социјалните мрежи, се гледа како девојче е опколено од група врсници, а потоа изложено на физичко насилство. Девојчето е притиснато во ќош го тегнат за коса го маваат со клоци и шлаканици. Според новинарката Лиридона Вејсели која доцна синоќа го објави видеото делото се случило во Куманово. Информациите кои кружат во ...
Целосно изгоре ноќеска патнички автомобил „пасат“ со скопски регистарски ознаки во скопската населба Тафталиџе, при што пожарот оштети уште две возила и деловен објект. Aвтомобилот бил поврзан со судијата Ѓоко Ристов. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека случајот бил пријавен ноќеска околу 02:50 часот во СВР Скопје. „На 13.7.2026 околу 02:50 часот во СВР Скопје е пријавено дека во Скопје, на територија на Карпош, било ...
Возач е лишен од слобода, а возилото му е одземено откако со специјално возило пресретнувач било утврдено дека возел со брзина од 179 км./ч. на патот Тетово – Гостивар, пред клучка Врапчиште, каде е дозволено 80 км./ч. „На 12 јули во 19:35 часот на патот Тетово – Гостивар, поточно пред клучка Врапчиште од страна на полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за сообраќајни работи на МВР со ...
Три лица загинаа, а петмина се повредени во украински напад со беспилотно летало врз Московската област, соопшти регионалниот гувернер Андреј Воробјов. Според руските власти, жртвите настрадале по пад на дрон, а руската противвоздушна одбрана и системите за радиоелектронска борба собориле 81 беспилотно летало во текот на ноќта. Во исто време, руското Министерство за одбрана соопшти дека руските сили извршиле напади врз украински пристанишни ...
Левица обвини дека СДСМ избегнува да заземе јасен став за предлогот Македонија да стане една изборна единица, оценувајќи дека партијата наместо да учествува во суштинска дебата, темата ја пренасочува кон политички обвинувања. Од партијата велат дека одбивањето на координација меѓу опозициските субјекти претставува пропуштена можност за заеднички настап околу измените на Изборниот законик. Според Левица, СДСМ со години јавно се залагала за ...
Со години живеат со истата дијагноза, но повторно мораат да докажуваат дека се болни. Зошто лицата со траен инвалидитет минуваат низ бескрајни комисии и процедури? Дали системот им помага или им создава нов товар? Трајно болните повторно на комисии: неопходна контрола или непотребно понижување? АНКЕТА: Дали лицата со траен инвалидитет треба повторно да одат на комисии да ја докажат својата состојба? Да / Не Со години живеат со истата ...
Заврши годишното оданочување на граѓаните за 2025 година. Пријавени се над 612 милијарди денари, а вкупно пресметаниот данок на личен доход изнесува 39,8 милијарди денари. Управата за јавни приходи (УЈП) денеска соопшти дека, во споредба со 2024 година, вкупниот пријавен доход во годишните даночни пријави е зголемен за 74,1 милијарда денари, а пресметаниот данок на личен доход за 4,86 милијарди денари. Генерирани се 863.100 годишни даночни ...