Обука за психо-социјална интервенција во криза во услови на колективна траума одржа денеска психолошкото советувалиште на Универзитетот Св. Климент Охридски. Ваквиот пристап не само што е иницијатива на психолозите кои го водат ова советовалиште од 2019 година, ами, велат од Универзитетот е пример за микроквалификации поврзрани со кризна интервенција и менаџмент, својствена на концептот на Европската универзитетска алијанса КОЛОРС. Сите ...

Eден од поголемите христијански празници од пролетниот циклус верски и обичајни празнувања е славењето на споменот на четириесетте војници од Севастија. Празникот се нарекува и Младенци. Македонски е обичајот на 21 спроти 22 март да се одбележи празникот Младенци . Го празнуваат сопружниците во првата година од бракот, оние кои се венчале по 22 март претходната година. И, уште се верува дека ако на овој ден времето е убаво, убаво ќе биде и во ...

Се оджа вонредна седница на Советот на Општина битола. Советниците со едноминутно молчење оддадоа почит на трагично загинатите во пожарот во големата трагедија во дискотеката во Кочани. Претседателката на Советот Габриела Илиевска истакна дека е донесена одлука да се издвојат два милиони денари, од кои еден милион ќе бидат одвоени за семејствата на починатите, а еден милион ќе бидат наменети за повредените лица во пожарот. Градоначалникот ...

На одржаниот координативен работен состанок на градоначалникот на општина Битола Тони Коњановски со директорите на основните и средните училишта во Битола, како и со градинките, се разговараше за состојбите во битолските училишта и градинки. Од општината велат дека на терен се изведени и вонредни контроли во изминатиот период, бидејќи сигурноста на децата во овие институции за општина Битола е најважна. Проширените инспекциски надзори ...

Деновиве, во рамките на законските надлежности, истовремено во соработка со Државниот пазарен инспекторат и СВР Битола, општина Битола презема низа активности во однос на контрола на угостителските објекти во градот, соопштија од Општина Битола. 1.Општинскиот инспекторат од почетокот на работната недела на терен врши проверка на сите категоризирани објекти на физички лица што се под општинска надлежност дали ги исполнуваат минимално ...

Од противпожарната единица на Битола информираат дека изгаснат е пожарот кој вечерва гореше кај Брод-Гнеорино по течението на Црна река. Претходно од Центарот за управување со кризи соопштија дека гори големо стрниште и дека екипите на ТППЕ Битола се на лице место и дека нема никаква опасност. Огнот од стрништето се пренел и на трската и останатата вегетација покрај реката Црна поради што е видлив од далеку, а гаснењето било отежнато поради ...

Во денешната изјава за медиумите, министерот за здравство, Арбен Таравари информираше дека тројца пациенти се испишани и пуштени на домашно лекување, а за утре се планира уште тројца да бидат испратени дома. „Од идната недела се надевам дека ќе известуваме колку пациенти си одат дома и ќе известуваме за некои од пациентите кои полека ќе почнуваат да се враќаат од странските држави и ќе продолжуваат со лекувањето тука. Инаку, сите пациенти што ...

На Градските гробишта во Кочани денеска ќе бидат погребани триесетина загинати од пожарот во дискотеката „Пулс“ што се случи во неделата рано наутро. Погреби ќе има и во Скопје, во Штип и во Облешево. Погребот во Кочани е закажан за 12.00 часот, а на него ќе чинонаначaлствува Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан во сослужение со повеќе архиереи од МПЦ-OA. Од МПЦ – ОА замолуваат за достоинствено и христијанско ...

В петок Советот на Општина Битола ќе одржи вонредна седница на која ќе се носи одлука за финансиска помош на семејствата на настраданите во пожарот во Кочани, соопшти претседателката на Советот, Габриела Илиевска, а градоначалникот Тони Коњановски вели дека до петок ќе биде утврдена висината на сумата за помош на семејствата на настраданите и повредените лица во пожарот. Македонија тагува, тагуваме и сочувствуваме сите на свој начин, за една ...

Премиерот Христијан Мицкоски во своето гостување во „Тема на денот” во дневникот на Сител Телевизија истакна дека по извршените контроли во дискотеките утврдено е дека повеќето од половината кои имале лиценци, не исполнуваат услови, и потенцираше дека ќе има забрани за вршење на дејност за сите кои не исполнуваат услови. „Денеска пред да дојдам на ова интервју добив информација од Државниот пазарен инспекторат дека се провери повеќе од 60-70 ...

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски во обраќањето до јавноста вели дека живееме во време, во кое што последиците од немилиот настан во Кочани, засекогаш, трајно и болно, ќе бидат врежани длабоко во сите нас, од најмлад до највозрасен. „Во овие моменти, кога не обзема тагата, но и бесот дека пожарот можеше и да не се случи, треба да се внимава и да се постапува разумно. Овие моменти не смеат да бидат моменти на поделба, туку треба да не ...

Предметен јавен обвинител од Специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворска полиција, донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против седум полициски службеници. Според дејствијата опишани во наредбата постои основано сомнение дека осомничените сториле кривично дело Тешки дела против општата сигурност, соопшти Јавното обвинителство. „Kако службени лица ...

Деновиве, Кочани минува низ тешки моменти. Семејства се соочуваат со загуби, домови се уништени, а целата заедница е погодена од оваа трагедија. Во вакви времиња, најголемата сила лежи во човечноста, солидарноста и заедничката поддршка. Како компанија што гради поврзаност и ја става заедницата во свјот фокус, МТЕЛ верува дека секој гест на добрина има моќ да направи разлика. Сега е моментот да покажеме дека сме заедно, дека подадената рака ...

Министерот за здравство, д-р Арбен Таравари во денешната изјава за медиумите истакна дека нема ниеден починат од повредените лица во пожарот во Кочани. Од вкупно 178 повредени пациенти, 64 се третираат во јавните здравствени установи во државата, 13 пациенти во приватните, а 101 пациент се третираат во странски медицински центри. „Пациентите се во релативно стабилна состојба. Јас лично вчера заедно со министерот за надворешни работи ги ...

Портпаролката на Владата, Марија Митева на прес конференција соопшти за преземените активности на надлежните институции по завршување на владина таседница, а кои се однесуваат на две точки: Првата е на преземените активности од страна на Државниот пазарен инспекторат и втората во однос на информацијата за состојбата за сместувањето на семејствата на оние коишто се хоспитализирани надвор од државата. На територија на државата извршени се околу ...

Во дворот на Ректоратот на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, се одржа комеморативна церемонија во знак на почит кон жртвите од трагедијата во Кочани. Нив им се приклучија и средношколци од гимназијата Јосип Броз Тито и градоначалникот Тони Коњановски. Настанот започна со едноминутно молчење, што го предводеше претседателот на Универзитетското студентско собрание, Димитар Атансовски. Спремни со цвеќе во рака, пред споменикот на ...

Пожарот во дискотеката во Кочани од европските медиуми се бележи како втор најголем пожар на европско тло во последната деценија. Имаше бројни трагични инциденти во ноќните клубови кои доведоа до стотици жртви низ европските земји. И токму вакви ситуации ги натераа државите да ги зајакнат законите, зголемат казните и да ги избираат инспекторите според нивниот интегритет и отпорноста на корупција. Различни пожари во ноќните клубови од ...

Од јавното претпријатие „Водовод“ Битола информираат дека во текот на утрешниот ден 19.03.2025 (среда), поради изведба на јазел во водоводната мрежа, со прекинато водоснабдување од градот ќе бидат следните корисници: -Булевар „1 Мај“ (од „Васко Каранѓелевски“ до Црн Мост) и над „Илинденска“ до „Христијан Карпош„, ул. „Широка“. – Ул.„ Охридска“, од „Васко Каранѓелевски“ до „Стив Наумов“. Прекинот ќе трае од 09:00 часот до завршување со ...

Министерот за здравство Арбен Таравари, денеска во раните утрински часови заедно со министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски и д-р Илир Вела, пристигнаа во Солун со цел да ги посетат и да се информираат за здравствената состојба на хоспитализираните пациенти. „Ги посетивме Општата болница Папаниколау и Воената болница во Солун и во овој момент можам да информирам дека сите пет пациенти примени во овие установи се во стабилна состојба. ...

Во земјава и денеска е ден на жалост за настраданите во несреќата во Кочани. За време на седумдневната жалост што ја прогласи Владата, знамињата се на половина копје, откажани се сите музички, забавни активности и настаните во установите од областа на културата, а прилагодена е и програмата на медиумите. Отворени се книги на жалост во Собранието, во МНР и во македонските амбасади низ светот. Во знак на сочувство за настраданите во пожарот во ...

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози во западните и југозападните делови од државата, на некои повисоки места со остатоци од кашест снег на коловозот. Во останатите делови од државата коловозите се претежно суви. Врнежи од снег со променлив интензитет се бележат на Попова Шапка, во Маврово, Крушево, на планинските превои Стража, Буково, Ѓавато и Пресека. Забраните за сообраќај за тешки товарни возила на патните правци ...

На плоштадот „Магнолија“ битолчани денеска оддаваат почит на трагично загинатите во големата трагедија во Кочани. Цвеќиња, испишани пораки, свеќи се оставаа пред споменикот на плоштадот. Во Македонија е прогласена седумдневна жалост за трагично загинатите лица во дискотеката во Кочани. Во Битола и народниот театар и библиотеката соопштија дека се одложуваат сите културни настани кои беа на нивниот репертоар, односно програма за оваа ...

Од Владата соопштија дека премиерот Христијан Мицкоски денес имаше координативен состанок со директорот на Државен пазарен инспекторат Влатко Стојаноски и министерот за економија и труд Бесар Дурмиши на кој се разговараше за досегашните постапки кои се преземани од надлежните институции и опсежната анализа за сите субјекти регистрирани како кабаре или дискотеки, ноќни клубови итн. „Воедно, Ве информираме дека во текот на утрешниот ден ...

Факултетите и Високата школа на УКЛО покрај книги на жалост ќе организираат активности што може да им помогнат на студентите да се справат со тагата и емоционалната вознемиреност. Во рамки на овие активности ќе се спроведат креативни работилници, дискусии и други методи кои ќе обезбедат простор за изразување на емоции и мисли. Студентите кои чувствуваат потреба за разговор или имаат потреба од советување по повод трагичниот настан, се ...

Широката истрага којашто од вчера се спроведува во пеплосаната дискотека „Пулс“ во Кочани говори за многу пропусти или неспроведени законски обврски од сите страни – и сопствениците на објектот и државните органи. Македонската законска регулатива има бројни правила и норми кои се наметнуваат врз сите угостителски објекти од секаков вид и големина, дополнети и со норми и стандарди кои мора да се почеитуваат. Дискотеката Пулс е објект изграден ...

„Дојдовме до информација дека за 2024 година се издадени вкупно 12 лиценци за кабареа, а вие сега можете да претпоставите колку клубови работат низ државата. Само 12 поседуваат лиценца, и тоа од тие не знаеме колку се се уште валидни бидејќи претпоставувам на некои рокот им е изминат, бидејќи тие се со важност од 1 година.”, вели претседателот на Владата Христијан Мицкоски одговарајќи на прашањето дали има информации колку вакви лиценци има ...

Од НУУБ „Св.Климент Охридски” – Битола информираат дека сите предвидени настани по повод одбележувањето на 80-годишниот јубилеј на НУУБ „Св. Климент Охридски” – Битола се одлагаат, поради трагичната несреќа што се случи во Кочани. Ова се однесува на следните настани: 17 март (понеделник) Панел-дискусија на тема: „Библиотеката – срце на заедницата: 80 години култура, знаење и иновации”, во Офицерски дом – Europe House Bitola, со почеток во ...

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска соопшти дека досега е извршена обдукција на околу 15 лица кои настрадаа во дискотеката во Кочани. Увидот уште се врши, рече Тошковски, а 45 лица се во критична состојба и се транспортираат во странство. Приведени се пет лица на територијата на СВР Скопје и СВР Тетово, меѓу кои и поранешен министер, како и 13 лица на подрачјето на СВР Штип од кои 11 се во краткотраен притвор од 48 часа. ...

Над 140 повредени во пожарот во дискотеката во Кочани се згрижени во текот на вчерашниот ден, 90 се наоѓаат во болниците во земјава, а 44 се прифатени во болници во странство. Уште осум повредени треба да бидат пренесени во Хрватска и во Романија, информира директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски. Клековски синоќа информора дека во Клинички центар се хоспитализирани 20 повредени, во ГОБ 8 септември – 20, во „Свети Наум ...

На вонредната владина седница по трагичниот настан во Општина Кочани каде при пожар на дискотека животот го загубија 59 млади лица, а над 100 луѓе се хоспитализирани и им се укажува лекарска грижа, Владата донесе одлука за прогласување на 7 дневна жалост на територија на целата држава. „Секој да се придржува до одлуката, бидејќи казните за непочитување ќе бидат ригорозни. Во овие денови Министерството за надворешни работи ќе отвори книга на ...

weather icon

Скопје

20ᴼ / 20ᴼ
6.69
30%
1014
weather icon

Белград

19ᴼ / 18ᴼ
5.14
36%
1017
weather icon

Загреб

23ᴼ / 21ᴼ
3.6
32%
1018
weather icon

Софија

18ᴼ / 14ᴼ
1.03
46%
1015
weather icon

Сараево

18ᴼ / 18ᴼ
2.0
52%
1014
weather icon

Љубљана

22ᴼ / 20ᴼ
1.54
42%
1018
weather icon

Атина

21ᴼ / 19ᴼ
4.92
36%
1011
weather icon

Тирана

25ᴼ / 25ᴼ
6.69
24%
1010
weather icon

Подгорица

24ᴼ / 24ᴼ
4.12
20%
1013
weather icon

Букурешт

15ᴼ / 12ᴼ
3.09
78%
1015
weather icon

Будимпешта

22ᴼ / 20ᴼ
3.09
32%
1017
weather icon

Истанбул

14ᴼ / 13ᴼ
9.77
61%
1013
Currency

61.64

Currency

52.3504

Currency

70.6646

Currency

37.5614

Currency

37.9943

Currency

66.7825

Currency

7.67855

Currency

0.68673

Currency

0.32998

Currency

0.52532

Currency

1.16158

Currency

0.56347

Сребро

2598.11

Кобалт

45.39

Злато

155293.22

Калај

49.91

Алуминиум

3.56

Паладиум

49576.45

Бакар

12.22

Платина

67516.57

Цинк

0.00

Рутениум

55395.74

Родиум

324722.54

Иридиум

253540.09