Со денешната прес-конференција пред јавноста, директор на ЈКП „Водовод“ Битола, Андреј Гинов рече дека сака да ги информира граѓаните дека се изнесени опасни лаги и манипулации од партиска говорница на една политичка партија, дека „ќе секнат чешмите во Битола“ и сака јавно да побарам од советничката од СДСМ Мирјана Захариевска- Ралевска да им се извини на битолчани и дека одговорно тврдам дека во ниту еден момент водоснабдувањето на Битола не ...

Напладне пред зградата на Општина Битола се одржа уште еден протест против изградба на регионална депонија. Беше кажано дека продолжува собирањето на потписи со кои официјално на локално ниво ќе го кажат својот став дека се против идејата за изградба на тој центар за управување со отпад, а ако тоа не вродело со плод ќе бараале референдумско изјаснување. Повикаа да им се приклучат и жителите од другите општини. За следната недела најавија нов ...

До крајот на денот времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Во текот на ноќта ќе преовладува претежно ведро време со слаб до умерен северен ветер. Утре претежно облачно и студено со врнежи од дожд, а во повисоките места од дожд и снег. На планините врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува умерен до засилен северен ветер (наместа над 70км/ч.) Минималната температура ќе биде во интервал од ...

АД ЕСМ успешно ја привршува првата фаза од капиталниот проект за изградба на потребната инфраструктурна топлификациска мрежа на подрачјето на градот Битола. Оваа фаза, која вклучуваше интензивни теренски активности за инсталација на подземната мрежа, е од клучно значење за воведување на еколошки и ефикасен систем за греење во градот, велат од ЕСМ. Во изминатиот период, реализацијата на проектот предизвика привремени измени во сообраќајниот ...

Претседавачот на Општинскиот совет за превенција од детско престапништво м-р Жанета Ристевска, заедно со членовите на ова тело, денес имаа средба со градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, на која се разговараше за изготвената Програма на овој Совет и планираните активности за 2025 година. На средбата, беше потенцирана важноста од континуираното делување во насока на проценка на состојбата со малолетничко престапништво на ...

Завршните сметки и извештаите за работа за 2024 година на јавните претпријатија во Битола беа на седницата на Комисијата за финансии и буџет, пред да одат на пленарната седница. Директорот на „Комуналец“ зборуваше и за финансиската состојба и за она што е сработено ланската година. И направи паралела. Собрале повеќе средства. „Споредбено со минатата година сме собрале скоро 20 милиони денари повеќе финансиски средства од изминатата година, ...

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените на угостителските услуги во март 2025 година, во споредба со февруари 2025 година, е зголемен за 1.0 %. Индексот на цените на угостителските услуги во март 2025 година, во однос на истиот месец од претходната година, е зголемен за 6.9 %. Кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги за периодот јануари – март 2025 година, во однос на истиот период од минатата ...

По вчерашната прес конференција на СДСМ, каде битолска „Нискоградба“ беше обвинета дека ништо не работела, денеска директорот на ова јавно претпријатие Зоран Талевски, реагираше и објасни што и како се работи. Тој вели дека асфалтната маса и временските услови прават ограничени можности за интервенција. „Сакаме да ги информираме граѓаните за почетокот на градежната сезона од 16.03.2025 година до денес дека претпријатието посветено работело на ...

Почина пациент од пожарот во дискотеката во Кочани, кој беше испратен на лекување во Литванија. Тој е 60-тата жртва во трагедијата во Кочани. Министерот за здравство Арбен Таравари ја потврди веста за смртта на 60-тиот починат од дисокотеката „Пулс“ во Кочани. Министерот информираше дека овој пациент бил еден од најкритичните пациенти со 40% на изгореници на телото и дијализа поради откажување на бубрезите. Таравари потврди дека има уште ...

„Имавме добар и конструктивен состанок со премиерот. Јасно е дека до него стигна пораката, барањето на граѓаните за некаква форма на заедничка работа во сфери коишто се битни за подобрување на квалитетот на нашето живеење“, изјави Венко Филипче претседателот на СДСМ по средбата со премиерот Христијан Мицкоски. На средбата начелно беше договорено формирање заеднички тела или работни групи кои ќе работат на спроведувањето на реформската агенда, ...

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски оствари средба со претседателот на СДСМ Венко Филипче. Во соопштението од Владата се вели дека беше истакната потребата да се работи на заедничката иднина за граѓаните, како и да се работи на консензус меѓу различните страни за клучните прашања за државата и добробит на сите граѓани. „Во тој контекст неопходно е да се мобилизираат сите напредни поединци и структури кој можат да дадат придонес на ...

Студенти и членови од академската заедница на Србија тргнаа со велосипеди од Нови Сад во акција – „Тур до Стразбур“ со цел дополнително да ги информираат европските претставници за ситуацијата во Србија, која се соочува со криза по бранот протести по трагедијата на железничката станица во Нови Сад во ноември лани, јави дописникот на МИА од Белград. Со нив заминаа и новинари од неколку белградски медиуми. Во новата акција 80 студенти со ...

Во последните 24 часа најмногу дожд 27 л/м2 наврнаа во Прилеп, Тополчани, 16 Пожаране, 15 Маврови Анови, 14 Струмица, 12 Берово, Пожар, 9 Тетово, 6 Крива Паланка, 5 Скопје-Зајчев Рид, Виница, Крушево, 3 Гевгелија, 2 Куманово, Штип, Попова Шапка, 1 Велес, Кавадарци, Лазарополе, Демир Капија. Времето денеска променливо облачно со повремени врнежи од дожд, пообилни во источните делови (над 15 л/м2). Ќе дува слаб до умерен ветер од северен ...

За програмата за зимската служба беше планирано дека ќе изнесува 17.226.142 денари, а се реализира, крајот на 2024 и сега до 15-ти март 2025, реализирано е 14.791.054 денари, рече раководителката на оддението за комунални дејности во Општина Битола, Маријана Спасевска, на седницата на Комисијата за јавни и комунални дејности. „Од тие пари над 14,7 милиони денари, 12.288.355 денари отпаѓаат на градежна оператива, значи она што го работеше ...

Симулациска вежба за брза евакуација и однесување во кризни ситуации спроведе СВР Битола во ООУ „Стив Наумов“ во Битола. Денеска полициски службеници од СВР Битола во соработка со Општинската организација на Црвениот Крст од Битола, Територијалната противпожарна единица Битола како и екипа на Итна медицинска помош Битола во основното училиште „Стив Наумов” во Битола, за учениците од ова училиште спроведоа симулациска вежба на тема: „Начин на ...

На седницата на Комисијата за јавни и комунални дејности една од точките беше извештајот за реализиација на програмата за користење и одржување на уличното осветлување во општината за ланската година. За СДСМ имало лошо планирање на средствата. „Во поправки и одржување на улично осветливање од 4 милиони, 4 милиони, поправки и одржување на улично осветлување во рурални средни од 3,5 милиони, 3,4 милиони, поправки и одржување на тековно ...

Секторите за внатрешни работи спроведуваат интензивни сообраќајни контроли како една од мерките за зголемување на безбедноста на патиштата. Во првите два дена од овој месец на ниво на држава биле фатени 1.296 сообраќајни прекршители. Во првите два дена од овој месец продолжувајќи со засилените сообраќајни контроли на патиштата низ земјава, полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи издале вкупно 1.296 платни налози за сторени ...

Ред дупки, ред крпенки. Така некако изгледаат битолските улици деновиве. А, Коњановски и ВМРО ДПМНЕ се јавуваат како автори на хаосот кој Битола ја претвори од најградски град во најкалливо село, рече на денешната прес конференција Анета Сердарова, портпаролка на битолската СДСМ. „Впрочем и нема потреба многу да ви објаснуваме каков ни е градот моментално. Гледате. Ни пешки се оди, ни со автомобил. Со точак па, никако. Денес улицата – ...

Премиерот Христијан Мицкоски, во одговор на новинарско прашање за усвоената информација на седницата на Владата, која се однесува на потребата од набавка на еколошки автобуси за јавен превоз на ЈСП-Скопје и единиците на локалната самоуправа, појасни дека станува збор за донесена одлука за отпочнување на постапка за набавка на 120 автобуси. „Владата на седницата донесе одлука за отпочнување на постапка за набавка на 120 автобуси. Од тие, 80 ќе ...

Американскиот претседател Доналд Трамп и Белата куќа ги објавија реципрочните царински стапки на САД што ќе ги почувствуваат повеќе од 180 земји и територии според неговата нова сеопфатна трговска политика. Во графикони објавени на социјалните мрежи, Белата куќа ги прикажува ефективните царински стапки за кои тврдат дека другите земји ги наметнуваат на американските производи, вклучувајќи ги и оние преку „манипулација со валутите и трговски ...

Народен театар – Битола започна со пробите за својата најнова претстава, познатата битова драма на Васил Иљоски, „Чорбаџи Теодос“. Истата ја режира Дамјан Димовски. Драмата напишана во 1937 година, којашто се смета за врвно уметничко дело на македонскиот драмски писател, е комедија на интрига инспирирана од анегдотата за присилното кумство. Дејството се случува во Скопје, во турско време. Драмата е составена од три чина, а драмското дејствие ...

Oпштество во кое секој е почитуван и ценет! Tоа го бараат лицата со аутистичен спектар на нарушувања во развојот. Во својата годинешна порака македонското научно здружение за аутизам(МНЗА) констатира дека „предолго стереотипите и недоразбирањата ги обликуваат наративите околу аутизмот“. „Предолго, стереотипите и недоразбирањата ги обликуваа наративите околу аутизмот, создавајќи бариери за поединците од спектарот “– вели годинешната порака на ...

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче на прес конференција рече дека слушајќи го алармот на граѓаните предлага концепт за нов општествен и политички дијалог „После големата трагедија во Кочани, ја видовме реакцијата на граѓаните, револт, на места и бес. Би рекол сосема оправдано, бидејќи тоа што во изминатите 3 децении, тоа што се нарекува реформи, тоа што се нарекува транзиција, очигледно не го даде посакуваниот резултат. Системот на многу ...

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека е подготвен на средба со лидерот на опозициската СДСМ, Венко Филипче доколку, како што изјави денеска, навистина има план и желба да помогне. По денешниот повик од Филипче за политички и општествен дијалог Мицкоски во одговор на новинарско прашање рече дека стои на располагање во секое време и ќе го усогласи распоредот за да го слушне планот на Филипче и да се види дали во тој план може нешто да се реши. ...

Пред зградата на Општина Битола се одржа уште еден протест против идејата за изградба на регионална депонија во близина на Битола, односно на територијата на Општина Новаци. Беше речено дека е потребно формирање на координативнио тело кое ќе дефинира насоки на дејствување, за да не се случи, како што кажаа од протест во протест да има помалку луѓе. Беа поделени анкетни листови, како и петиција за потпишување, а од присутните граѓаните беше ...

Градоначалникот на Oпштина Битола, Тони Коњановски, беше во посета на СОУ “Таки Даскало”, каде оствари средба со директорот на училиштето, Ристо Грујовски, кој го информираше околу реализацијата на крупните инфраструктурни проекти кои се финансирани со поддршка на Општината Битола. Станува збор за фотоволтаична централа, со јачина од 40 kW, која е поставена на покривната конструкција на училиштето. Вкупната вредност на проектот изнесува ...

Tехничкиот факултет од Bитола по третпат го организираше саемот за вработување, практиканство и стипендирање на кој присуствуваа студени, претпријатија и средношколци.Вваквите саеми на кои младите генерации и носителите на бизнисот се запознаваат се практика воведена токму од универзитетот св. климент охридски и досега, се покажале успешни. Денеска на Техничкиот факултет во Битола Саем за вработување, практиканство и стипендирање. Ова е ...

Под сводовите на домот изграден за офицери кои чекореа низ градот во почетокот на минатиот век силно одекна поетско-музичкиот рецитал насловен „создателот на мирот, заштитник на куќата на зборот“ посветен на Св. Климент Охридски, патронот на НУ Универзитетска библиотека во Битола. Иако во сенка на трагедијата во Кочани којашто оваа генерација македонски граѓани, како што рече претседателката Гордана Силјановска Давкова, ќе не следи цел ...

При инспекциски надзор од страна на одделението за градежна инспекција при Општина Битола, за три објекти утврдени се неправилности и преземени се соодветни мерки. Два од објектите се наоѓаат на патот за Ниже поле, а еден кај населбата Довлеџик, се вели во денешното соопштение од Општина Битола. Во соопштението стои дека кај последниот објект констатирани се работни активности за монтажа на настрешница – челична конструкција, без претходно ...

Одбележувањето на 80годишнината од постоењето на Библиотеката „Св. Климент Охридски во Битола ја поттикна претседателката Гордана Силјановска Давкова да сподели со нас своја размисла за трагедијата со која Македонија живее последните две недели, а во контекст на творештвото и паметењето на трагедијата, размисла која може и можеби треба да прерасне во иницијатива. „Болката што ја носиме сите со која се соочуваме сите мислам дека ќе влијае на ...

weather icon

Скопје

21ᴼ / 21ᴼ
6.69
28%
1013
weather icon

Белград

20ᴼ / 18ᴼ
5.66
36%
1017
weather icon

Загреб

22ᴼ / 20ᴼ
4.12
36%
1019
weather icon

Софија

16ᴼ / 12ᴼ
5.66
48%
1014
weather icon

Сараево

19ᴼ / 19ᴼ
2.16
51%
1014
weather icon

Љубљана

21ᴼ / 21ᴼ
1.54
42%
1018
weather icon

Атина

22ᴼ / 20ᴼ
7.15
32%
1011
weather icon

Тирана

25ᴼ / 25ᴼ
3.6
25%
1010
weather icon

Подгорица

24ᴼ / 24ᴼ
3.6
19%
1013
weather icon

Букурешт

19ᴼ / 18ᴼ
3.09
48%
1014
weather icon

Будимпешта

21ᴼ / 19ᴼ
2.57
33%
1018
weather icon

Истанбул

16ᴼ / 16ᴼ
9.77
48%
1012
Currency

61.6417

Currency

52.0908

Currency

70.7221

Currency

37.5504

Currency

38.1321

Currency

66.93

Currency

7.63742

Currency

0.68824

Currency

0.33015

Currency

0.52478

Currency

1.16158

Currency

0.56347

Бакар

12.22

Алуминиум

3.56

Паладиум

49576.45

Родиум

324722.54

Рутениум

55395.74

Калај

49.91

Платина

67516.57

Кобалт

45.39

Иридиум

253540.09

Сребро

2598.11

Злато

155293.22

Цинк

0.00