Скопје
5ᴼ /
5ᴼ
„Неисплатливо е за секој регион да имате депонија“ рече лани во интервју за Тера телевизија, тогашната министерка за животна средина Каја Шукова, која сега е една од потпретседателките на СДСМ. „Ние не зборуваме за градење на регионани депонии по теркот на овие што ги имаме, како што се комуналните или општинските депонии кои што се апсолутно незаштитени, по никакви стандарди, не се третира отпадот како што треба. Зборуваме за софицистирани ...
Кварталниот извештај за извршувањето на буџетот во четвртиот квартал од ланската 2024 година, предлог завршната сметка за 2024 година и предлог годишниот извештај на општината за 2024 година се дел од точките кои ќе се најдат на пленараната редовна седница на советот на Општина Битола. Претходно на Комисијата за финансии и буџет се најдоа и овие точки. „Во текот на 2024 година се донесени две одлуки за проширување на буџетот, две одлуки за ...
Владата на 57-ма седница го донесе предлогот на Закон за изменување и дополнување на Законот за медиуми. Во соопштението од Владата се вели дека предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за медиуми има за цел да ја зајакне конкурентноста во медиумскиот простор и да ги реши постојните проблеми со интернет порталите, преку поставување на правна рамка која ги препознава како такви, односно јасни правила за нивно основање и ...
Државниот завод за статистика излезе со податоците за бројот на туристи кои во првиот месец од годината ја посетиле нашата држава по разни основи. Најмногу не посетувале Турци, спиеле по хотели. Ниту еден државјанин на Исланд не ја посетил Македонија во јануари 2025 година. Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во јануари 2025 година изнесува 49 870, од кои 36.8 % се домашни туристи, а 63.2 % се странски ...
Oхриѓанецот Будимир Соколовиќ ја промовира македонската држава преку оживување на древниот начин на правење вино – со стари сорти и во амфори. На најстрмната улица во Охрид, што од централниот плоштад ве носи до црквичето „Мал Климент Охридски“ се произведува вино како пред 2000 години. Овој начин во 21 век го оживеа Будимир Соколовиќ, по професија машински инженер, кој сета своја љубов и енергија ги внесува во производството на вино по ...
Соединетите Американски Држави „веднаш ќе ја укинат суспензијата во размената на разузнавачки информации и ќе ја обноват безбедносната помош за Украина“, се вели во заедничката изјава на САД и Украина, објавена од американскиот Стејт департмент. Украина е подготвена да ја прифати американската иницијатива за итен, привремен 30-дневен прекин на огнот по денешните мировни преговори во Џеда, Саудиска Арабија. Овој предлог за прекин на огнот ќе ...
На 10.03.2025 спроведена е полициска акција од страна на Министерството за внатрешни работи во координација со ОЈО за ГОКК, при што врз основа на обезбедени наредби од Основен кривичен суд извршени се претреси на повеќе локации на подрачје на Скопје, Битола и Кичево, кај правни и физички лица, во врска со сторени кривични дела поврзани со сомнителни набавки на деривати, соопшти денеска портпаролот на МВР, Гоце Андреевски. Во рамки на акцијата ...
Претседателот на Владата Христијан Мицкоски заедно со министерот за спорт Борко Ристовски ги прими македонските ракометни репрезентативци кои настапија на Светското првенство во ракомет што се одржа во Република Хрватска. Премиерот Мицкоски им честита за борбеноста, пожртвуваноста и претставувањето на Македонија на ова престижно натпреварување. „Во име на Владата и во мое лично име, сакам од срце да им честитам на нашите ракометари за ...
Општина Битола како центар на Пелагонискиот плански регион, по препорака на Министерството за животна средина и просторно планирање, ќе организира одлагање на кабастиот отпад и градежниот шут, во периодот од 15-ти до 20-ти март. Истата акција, која еднаш веќе беше спроведена во месец февруари, ќе продолжи и во месец април, стои во денешното соопштение од Општина Битола. Во наведените термини, граѓаните ќе можат да го доставуваат отпадот во ...
На вонредната седница на Советот на Општина Битола на која се разговараше за проектот за регионален систем со управување со отпад, односно регионалната депонија, присутна беше и Ана Каранфилова- Мазневска, експер од министерството за животна средина. Пред седницата, таа во изјава за медиуми кажа за што се работи и што предвидува овој проект, како и за состојбата со посточките депонии, односно локации каде што се одлага отпадот. „Секако дека ...
„Св. Сава“ е национален ден на Србите во Македонија. Веќе е традиција одбележувањето на овој празник во Битола од страна на Српската заедница со традиционалната Светосавска трпеза. На овој ден се прави обредот на примопредавање на кумството. Централната прослава на „Св.Сава“ во Македонија се одржа во Скопје со свечена академија, од која беа испратени многу пораки за соживот и економска, политичка соработка, но и духовно и црковно помирување. ...
Претседателката на српскиот Парламент, Ана Брнабиќ денеска изјави дека насилството во Србија никогаш нема да победи и ги повика студентите кои се во блокада да не користат насилство и да не се обидуваат да ги заземат институциите бидејќи токму тоа го сакаат сите оние кои не и посакуваат добро на Србија. Таа упати апел до студентите преку социјалната мрежа Х да се придржуваат до студентскиот едикт од Ниш што самите го донесоа и да обезбедат ...
Утрово 0 степени Скопје-Петровец, Берово, 2 Струмица, 3 Битола, Гевгелија, Крива Паланка, Претор, Лазарополе, 4 Маврови Анови, Попова Шапка, Тетово, 5 Велес, Штип, Кавадарци Прилеп, 6 Куманово, 7 Скопје-Зајчев Рид, Крушево, 8 Виница, 11 Демир Капија. Времето денеска променливо облачно и топло. Попладне и во текот на ноќта ќе има локален пороен дожд и услови за појава на грмежи. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од југоисточен ...
На денешната вонредна седница на Советот на Општина Битола се обрати градоначалникот на Битола, Тони Коњановски. Пред почетокот на седницата во изјава за медиуми кажа за што се работи и која е целта на овој проект. „Денес треба да разграничиме два термини. Едниот е ѓубриште кое го имаме во Битола, во градот, тоа е ткн. депонија „Мегленци“, која не ги исполнува критериумите по ниту еден стандард за депонија, другата страна е имаме можност за ...
Денеска вонредна седница на Советот на Општина Битола. Претседателката на Советот, Илиевска кажа дека ја свикала заради како што рече вознемиреност кај дел од јавноста, од како што рече неточно пренесување на информација. „Бидејќи Советот на Општина Битола на седницата на 28 февруари во ниеден момент не донесе одлука за формирање депонија на територија на Општина Битола, онака како што беше презентирано по социјалните мрежи, дел од медиуми и ...
Месец март за здравствените работници е месец за одбележуавње на битката со колоректален карцином. Годинава СЗО се фокусира на најсовремените достигнувања во третманот на колоно-ректалниот карцином, со посебен акцент на пристапот „директно до хирургија“ Колоректалниот карцином е вид на рак кој започнува во дебелото црево. Според Светската здравствена организација, (СЗО), колоректалниот карцином е трет најчест карцином во светот, со околу 10% ...
Судијката Жаклина Доведен ќе го води Апелациониот суд во Битола. Денеска судскиот совет на дневен ред имаше избор на неколку претседатели на судови и судии во основите судови низ државата. Избрани се и четворица нови судии за Основниот суд во Битола. Со едногласна поддршка на членовите на Судскиот совет на Македонија десет месеци по објавениот конкурс избран е првиот човек на битолска Апелација – судијката Жаклина Доведен. Изборот на ...
Oпштина Битола објав јавен повик за вршење на јавни работи и работно ангажирање на 15 лица без квалификација или ниска квалификација. Крајниот рок за пријавување е 17 март. Општина Битола објави јавен повик за вршење на јавни работи и работно ангажирање на 15 лица невработени ниско квалификувани и со средно образование кои ќе бидат ангажирани за средување на зелените и јавни површини во градот и руралните средини, средување на речното корито ...
Малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, се намалуваат во просек за 2,08%. Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалува за 0,50 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 07.03.2025 година и со тоа, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 74,50 ден/лит. ...
На 10.03.2025 во 11.55 часот во СВР Битола било пријавено дека на патот Битола -Прилеп се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „дачиа” со скопски регистарски ознаки, управувано од 37 годишно лице од Битола и товарно возило „ивеко” со битолски регистарски ознаки, управувано од 29 годишно лице од с.Обршани, Општина Кривогаштани. Како што соопшти СВР Битола бо несреќата, на местото на настанот починале возачот на патничкото возило ...
Малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, се намалуваат во просек за 2,08%. Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалува за 0,50 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 07.03.2025 година и со тоа, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 74,50 ден/лит. ...
Вчера околу 17.25 часот во Полициската станица Ресен било пријавено дека на магистралниот пат Битола – Ресен, кај место викано „Голема кривина Макази” се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф” со ресенески регистарски ознаки, управувано од 47 годишно лице од Ресен, патничко возило „пежо 2008″ со битолски регистарски ознаки, управувано од 51 годишно лице од Битола и патничко возило „бмв” со ресенски регистарски ...
Утрово -3 степени во Берово, -1 Тетово, Битола, Струмица, 0 Скопје-Петровец, Велес, Крива Паланка, Гевгелија, Лазарополе, 1 Куманово, Штип, Демир Капија, 2 Скопје-Зајчев Рид, Охрид, Прилеп, Претор, 3 Кавадарци, Попова Шапка, 4 Маврови Анови, 5 Крушево, 6 Виница. Времето денеска сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 18 до 24 степени. ...
Координаторите на советничките групи на ВМРО ДПМНЕ, Бојан Бојкоски и на СДСМ, Петар Николовски ни кажаа дека биле информирани од претседателката на Советот, Габриела Илиевска за закажување вонредна седница на Советот на Општина Битола за понеделник 10 март во 13:00 часот. На седницата ќе присуствува и градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски. Свикувањето на оваа седница е за темата околу регионалната депонија. Како што веќе ...
Со неколку настани, во Битола беше одбележана 82 годишнината од депортацијата на битолските Евреи, во организација на Еврејската заедница на Република Македонија, со поддршка на општина Битола, информираат од Општина Битола. По посетата не Еврејските гробишта и комеморативната програма во просториите на Советот на општина Битола, бројни делегации положија цвеќе пред Споменикот на жртвите на холокаустот од Битола и пред Споменикот на Естреја ...
На актуелност добива темата со изградбата на регионалната депонија во Пелагонија. За денеска е закажана вонредна седница на Советот на Општина Битола. На последата седница сегашниот координарот на СДСМ, Петар Николовски кажа дека тие не го виделе проектот и бараат дополнителни информации, а координаторот на ВМРО ДПМНЕ, Бојан Бојкоски кажа тој проект не е од вчера туку од многу поодамна. Во 2018 година советникот од СДСМ, Методија Илиевски во ...
Студентите од Универзитетот во Ниш кои се пријавиле дека пеш ќе одат на протестот што ќе се одржи во Белград на 15 март, денеска во 6 часот со автобус ќе заминат до манастирот Манасија кај Деспотовац, а потоа оттаму во текот на претпладнето ќе се упатат кон главниот град на Србија. Најавено е дека студентите ќе пешачат прво до Свилајнац, потоа до Смедеревска Паланка, Пожаревац, Смедерево, Баваниште, Панчево и до Белград. Студентите кои се ...
Обединетите нации реагираа на петочните руски напади врз Украина, нагласувајќи дека тоа е еден од најсмртоносните денови за цивилите оваа година. Според Набљудувачката мисија на ОН за човекови права во Украина, загинале 21 цивил, што го прави вчерашниот ден еден од трите најсмртоносни денови за цивилите од почетокот на годината. „Сите 21 загинати цивили и 79 од 81 ранети се случија на територија под контрола на Украина,“соопшти ОН, додавајќи ...
Новиот менаџерски тим на Националната и Универзитетска библиотека „Св Климент Охридски“ е пред многу предизвици, годинава одбележуваат 80 години од формирање, а треба да се среди тоа што во изминатиот период се пропуштило и да се трасира патот кон современа европска библиотека која има раритетни книги и намера да ги следи светските трендови во библиотекарството Еден месец по преземањето на раководството со 80 годишната национална и ...
Во пресрет на Меѓународниот ден на жената, УКЛО, со својата најнова иницијатива го обедини трудот на вработените од Ректоратот и студентите, создавајќи простор за растење и развој. Со оваа акција, која е осмислена како комбинација на практична работа и силна симболика, УКЛО се приклучува на глобалните прослави на 8 Март, потсетувајќи на важноста на жените и нивниот придонес во сите сфери на животот. Со шега, ведрина, малку мускули и малку ...