Скопје
10ᴼ /
10ᴼ
Во насока на зголемување на безбедноста на капачите и учесниците во пловидбата, а заради заштита на човечките животи и непречено користење на езерските води, Владата на предлог на Министерството за транспорт донесе Одлука за ограничување на пловидба на пловни објекти на Охридското, Преспанското и Дојранското езеро. Имено со Одлуката се ограничува: Пловидба на скутери во период од 1 јули до 31 август 2026 година од 11 часот се до 19 часот. ...
Заменик-градоначалникот на Општина Карпош, Неделчо Крстевски, на денешното свечено отворање на новиот базен во Карпош, најави дека Општината ќе обезбеди бесплатни часови по пливање за сите деца од прво до трето одделение. Влезот на базенот за учениците од Карпош ќе биде, исто така, бесплатен. Базенот е широк девет метри, долг е 25 метри, а длабочината му е од 0,8 до 1,2 метри „Го преземаме како Општина Карпош овој, слободно кажано, маркантен ...
Со панихида за паднатите за ослободувањето на Македонија и со научна конференција во Македонскиот дом во Софија на 1 јуни беше одбележан Свети Дух- Денот на Македонија и беше одбележана 80-та годишнина од погромот врз ВМРО по 9 септември 1944 г. од страна на комунистичката власт во Бугарија. Програмата започна во 10.30 часот со панихида за паднатите за ослободувањето на Македонија во храмот „Св. Недела“ во Софија. Во 11.30 часот во ...
Козметички промени нас не не интересираат. Кој и да го стават, знаеме кој вистински води и каде оди. Мицкоски и неговата криминална група водат во изолација. Продолжува кражбата додека народот осиромашува, истакна Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ. Неговата влада, додаде таа, е иста како и партијата, само фан-клуб на Мицкоски. Затоа, вели сеедно е дали тој седи и потпишува или некој друг. „Други имиња, иста приказна. А кој работеше ...
Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, денеска испрати порака за потребата од поинтензивна регионална соработка во справувањето со климатските предизвици, обраќајќи се на министерскиот панел „Пат кон COP31: Министерски дијалог Западен Балкан-Турција“, одржан во рамки на Македонскиот енергетски форум (МЕФ) 2026. На панелот, коорганизиран од Министерството за животна средина и просторно планирање, на кој учествуваа ...
Каде е градоначалникот на Карпош, Сотир Лукровски? Еден месец го нема а нема ниту одговор. Општината е оставена без градоначалник, а последиците од неодговорноста и погрешните кадровски решенија на ВМРО ги трпат граѓаните, реагира Панче Милевски, претседател на Општинската организација Карпош од СДСМ. Општината, додава тој, се гуши во смет, јавните услуги се влошуваат, а граѓаните се оставени сами да се справуваат со проблемите. „Од Лукровски ...
Со минута молк во 11:00 часот по локално време (12:00 ч. бугарско) пред барелјефот на Христо Ботев на зградата на бугарската амбасада, дипломати од Амбасадата на Република Бугарија во Скопје, претставници на Бугарскиот културно-информативен центар и на бугарските здруженија во Република Северна Македонија му оддадоа почит на Ботев и на загинатите за слободата на Бугарија, јавува БТА. „Секој од нас има лична мотивација да биде тука и во своите ...
СВР Куманово поднесе кривична пријава против Ф.Ф.(52) и Л.Т.(52), двајцата од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „оштетување или уништување на добра под привремена заштита или културно наследство и природни реткости“, „бесправно градење“, „узурпација на недвижности“ и „несовесно работење во службата“. Првопријавениот, во 2023 година, срушил и уништил куќа- заштитен објект на културно наследство, на кој била ...
СВР Куманово поднесе кривична пријава против С.А.(36) од село Черкези, кумановско поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „демнење“. Пријавениот подолг временски период вршел психичко насилство, ја следел и ја вознемирувал од различни телефонски броеви неговата поранешна партнерка, а притоа ѝ упатувал и закани. СВР Куманово поднесе кривична пријава против С.А.(36) од село Черкези, кумановско поради постоење основи на ...
„Уште еден од проектите кои се довршуваат и се пуштаат во функција, во употреба. Нормално дека човек не може да не биде задоволен кога ќе направите нешто добро, корисно за заедницата. Гледате дека веќе има и млади луѓе кои што го користат овој објект“, кажа премиерот Христијан Мицкоски на отворањето на новиот училишен базен во општина Карпош. „Јас посакувам уште многу вакви проекти во периодот кој што следи да ги отпочнеме и оние кои што се ...
Насер Селмани Еден од најпознатите лидери на српската опозиција од 90-тите години, Вук Драшковиќ, во интервју за српски медиум зборуваше за моделот на владеење на режимот на Слободан Милошевиќ. Според него, власта на Александар Вучиќ е продолжение на истиот систем, создаден од југословенската УДБА. Драшковиќ тврди дека Србија и денес е заложник на структури кои опстанале по распадот на Југославија и кои, според него, работат во интерес на ...
Вчера околу 11:40 часот во СВР Скопје, од Итна медицинска помош било пријавено дека во хотел на подрачјето на Бит Пазар бил пронајден починат З.Ј.(74) од Тетово. Човекот бил гостин во хотелот. Лекар констатирал смрт без видливи траги на насилство. Полицијата соопшти дека бил извршен увид, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција. Вчера околу 11:40 часот во СВР Скопје, од Итна медицинска помош било ...
Во СВР Скопје вчера во 20:40 часот, 44-годишен маж од Скопје пријавил дека во периодот од 27.05. до 01.06.2026 бил измамен од Д.П. за сума од 309.800 денари. Според пријавеното, тој со Д.П. се познавал од претходно, а бил измамен на тој начин што Д.П. требало да му посредува при земање на кредит од банка, односно во неколку наврати му ги дал парите за покривање за трошоците за подигање на кредитот. Полицијата соопшти дека се преземаат мерки ...
Општина Центар информира дека на 7 јуни (недела), со почеток во 20:00 часот, на отворената сцена во Парк на Франкофонијата ќе се одржи концертот „We Will Rock You“, во рамки на Програмата за култура на Општина Центар за 2026 година. Станува збор за уникатен музички настан со 120 минути програма и изведба на 29 композиции на најпознатите светски рок класици. Секој хит ќе биде интерпретиран од различен ученички бенд, со свежа енергија, нови ...
Целокупната трговија која транзитира низ РС Македонија од први јуни се одвива преку Новиот компјутеризиран транзитен систем Фаза 6, со што нашата држава целосно се усогласува со стандардите што се применуваат во Царинската унија на ЕУ. Воведувањето на НКТС Фаза 6 е дел од нашите обврски предвидени со Планот за раст, со што Царинската управа јасно ја потврдува својата посветеност на забрзаната интеграција во единствениот пазар на ЕУ. Со овој ...
Општина Центар вечерва, со почеток од 20:00 часот во Парк Капиштец, ја одржува првата филмска проекција на македонскиот детски филм „Мали промени – големи разлики“ во рамки на проектот „Патувачко кино“, што ќе трае од 2 до 13 јуни. „Ги поканувам децата и родителите на бесплатно кино под отворено небо. Филмската приказна, реализирана со поддршка на Општина Центар, е специјално наменета за младите и носи поуки за бонтонот, другарството и ...
Премиерот Христијан Мицкоски сè уште не може да каже дали назначувањето нов министер на местото на Арбен Фетаи, кој си даде оставка, ќе биде единствената измена во Владата. Одговарајќи на новинарски прашања по пуштањето во употреба на новиот базен во Карпош, тој најави промени и во партијата и во Владата. „Сега сум посветен на внатрепартиските поместувања, реструктуирање. Тоа отприлика планираме да го завршиме до средина на јуни и веќе ...
Државниот завод за ревизија (ДЗР) изразува неповолно мислење за финансиските извештаи и за усогласеноста на финансиските трансакции на Јавната здравствена установа Институт за јавно здравје на Република Северна Македонија за 2024 година. „Изразивме неповолно мислење во однос на вистинитоста и објективноста на финансиските извештаи и за усогласеност на финансиските трансакции со релевантната законска регулатива за 2024 година“, се нагласува во ...
Вчера во 17:00 часот, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода 50-годишниот Т.Џ. од Гостивар. Претходно, по добиена судска наредба, бил извршен претрес во неговиот дом во врска со кривични дела по член 237, 396 и 215 од Кривичниот законик. При претресот, во една од собите била пронајдена облека поврзана со кривично дело „разбојништво“ (член 237), додека на балконот била пронајдена саксија со две стебла од растението канабис. ...
Скандалозна, срамна и понижувачка за секоја жртва на семејно насилство е одлуката за условна казна за бодигардот на Мицкоски. Човекот кој ја претепа сопругата и призна вина за насилство, да добие условна казна е пораз за правдата, навреда за жртвите и јасен доказ дека блискоста до власта носи заштита од одговорност, истакна на прес-конференција Кети Штерјова од СДСМ. Ова, додава таа, е порака дека за криминалната ВМРО, Мицкоски и луѓето ...
Силен земјотрес го погоди брегот на италијанскиот регион Калабрија во 0:12 часот наутро и беше почувствуван дури до Неапол, објави новинската агенција ANSA. Епицентарот на земјотресот беше во Тиренското Море, во близина на градот Козенца, околу 240 километри југоисточно од Неапол. #Earthquake (#terremoto) possibly felt 43 sec ago in #Italy. Felt it? Tell us via: https://t.co/QMSpuj6Z2H https://t.co/AXvOM7I4Th https://t.co/wPtMW5ND1t Automatic ...
Русија изврши масовен воздушен напад врз Украина синоќа. Ракети и беспилотни летала погодија многу градови, првенствено Киев. Според официјални лица, најмалку девет лица беа убиени, а 89 повредени низ целата земја. Украинската престолнина беше најтешко погодена од руските сили, пишува Киев Индепендент. Брутален напад врз Киев Првата експлозија во украинската престолнина се слушна околу 1:30 часот по локално време, непосредно пред воздушниот ...
Кина испрати тим медицински експерти во Демократска Република Конго за да помогне во контролирањето на тековната епидемија на ебола, која Светската здравствена организација (СЗО) ја прогласи за меѓународна криза во јавното здравство. Според кинеската државна агенција Ксинхуа, експертскиот тим го напушти Пекинг утрово и ќе соработува со кинескиот медицински персонал кој веќе е во Конго, како и со локалните здравствени и епидемиолошки служби. ...
Променливо облачно со сончеви периоди. Во попладневните часови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува засилен до силен ветер од западен правец, кој повремено во западните делови ќе надминува брзина од 60 km/h, известува УХМР. Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Попладне во делови од котлината ќе има услови за краткотраен пороен дожд и грмежи. Времето во наредните денови До крајот на ...
„Деаноски и Трендафилов да не молчат и да кажат дали синдикалните пари завршиле за наградување на привилегирани членови блиски до СДС? Работниците плаќаат членарина за синдикатот да ги штити нивните права, а не за раководството да организира скапи патувања, привилегии и забави за одбрани поединци“, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Јавноста заслужува одговор дали навистина биле потрошени околу 60.000 евра од синдикалните средства за спортски игри во Црна ...
Бугарија може да биде силна и единствена кога е доследна на идеалите на своите херои. Ова го изјави претседателката Илијана Јотова за време на свечената почесна стрелба во Враца по повод Денот на Христо Ботев и на загинатите за слободата и независноста на Бугарија, пренесе дописникот на БГНЕС од регионот. Пред многубројните граѓани, собрани на плоштадот „Христо Ботев“, Јотова им оддаде почит на бесмртниот поет и револуционер и на сите познати ...
Со положување венци и свежо цвеќе и со едноминутно молчење пред споменикот на 24-от црноморски пешадиски полк, жителите на Бургас го одбележаа Денот на Македонија и им оддадоа почит на загинатите за нејзината слобода. Заупокојна молитва пред воениот споменик беше отслужена од бургаското православно свештенство, јавува Burgas.bg. На церемонијата присуствуваа заменик-градоначалничката Дијана Саватева, претседателот на Општинскиот совет Михаил ...
За мнозина Словенија е популарна туристичка дестинација и иако денес тоа навистина е така, во 1945 година работите стоеле сосема поинаку. На територијата на Словенија партизаните на југословенскиот диктатор Јосип Броз Тито извршуваат некои од своите најужасни злосторства. Филмот на Агенцијата БГНЕС „Тито: Џелатот на ХХ век“ ги открива овие ужасни моменти од крајот на Втората светска војна. Продукцијата го води гледачот во местото Кочевски ...
Министерот за животна средина и просторно планирање Муамет Хоџа се обрати на отворањето на Македонскиот енергетски форум 2026, кој годинава се одржува како официјален партнерски настан на иницијативата „Road to COP31“. Во своето обраќање, Хоџа истакна дека енергетската безбедност и климатската отпорност денес се тесно поврзани предизвици и нагласи дека форумот претставува важна платформа за отворање на клучните прашања и за изнаоѓање ...
Вицепремерот за добро владеење Арбен Фетаи преку социјалните мрежи соопшти дека на премиерот Христијан Мицкоски му ја доставил неговата оставка од функцијата. Фетаи објави дека одлуката била донесена внимателно и произлегува од неговото убедување дека во актуелните околности тоа е најправилен и најдостоинствен чекор. „Драги пријатели и сограѓани, Денес ја поднесов мојата оставка од функцијата вицепремиер задолжен за добро управување до ...