Во соопштение објавено на социјалните медиуми, групата истакна дека нападот е одмазда за „христијанските провокации во Дамаск“. Групата се закани со нови напади, вклучително и самоубиствени. Таа група претходно им се закануваше на христијани, алавити, друзи и шиити. Таа ја презеде одговорноста за нападот врз селото Арзех во покраината Хами во февруари и им се закани на луѓе поврзани со Сириската опсерваторија за човекови права од Велика ...

Малку познатата џихадистичка група Сараја Ансар ал-Суна (Бригада на сунитските поддржувачи) ја презеде одговорноста во вторникот за смртоносниот самоубиствен бомбашки напад врз црква во јужен Дамаск, во кој загинаа 25 лица, а 63 други беа повредени, пренесува N1. Во соопштение објавено на социјалните мрежи, групата посочи дека нападот е одмазда за „христијанските провокации во Дамаск“. Таа се закани со нови напади, вклучително и ...

Тимови на експерти од Велика Британија, Бразил и САД работат заедно за да ја спасат оваа уникатна птица од истребување. Изведбата на младенчињата се случила во птичјиот парк Parque das Aves во Бразил, каде што се спроведува програмата за размножување. „Да се видат овие мали гулаби е навистина возбудливо. Секое изведено младенче е вистинска шанса за опстанок на видот. Тоа е голема радост, но и огромна одговорност,“ изјави Палома Босо, ...

Веста за неговата смрт беше објавена на официјалната веб-страница на Bad Company во понеделник, пренесува Danas. Ралфс доживеал мозочен удар неколку дена по својот последен настап со бендот во лондонската О2 Арена во 2016 година, по што останал прикован за кревет. Не се објавени дополнителни детали за околностите на неговата смрт. Во ноември годинава, Ралфс требаше да биде примен во Куќата на славните на рокенролот како член на Bad Company. ...

Колку калории согоруваме зависи од: За личност тешка 70 кг, потрошувачката изгледа вака: Колку време е потребно за да се согори 1 килограм масти? Секако, не мора (ниту треба) сето ова да го правите одеднаш. Најдобро е активноста да се распредели во текот на неделата, според вашата кондиција и здравје. Најефикасна стратегија? Комбинација од исхрана и движење: Со ваков пристап, ќе губите околу 1 килограм неделно – здраво, одржливо и без ...

Трката беше воедно и државно првенство во скајранинг, а резултатите уште еднаш потврдија дека македонските планини растат со генерации на сѐ поиздржливи и страствени атлети. Победници во машка конкуренција: Во рамки на државното првенство: Победнички во женска конкуренција: Во рамки на државното првенство: Организаторите упатија благодарност до сите учесници, волонтери и поддржувачи, кои со својата енергија, навивање и пожртвуваност ја ...

И покрај тоа, иранскиот министер за надворешни работи Абас Аракчи изјави дека „во оваа фаза нема договор за прекин на огнот“ и дека иранските сили „ќе продолжат да се борат до последната минута“. Тој додаде дека Иран е подготвен за примирје, но само ако Израел ја запре, како што ја нарече, „нелегалната агресија врз иранскиот народ“ најдоцна до 4:00 часот по иранско време. За време на ноќта, Иран истрелал ракети врз израелска територија, при ...

Целта е да се воспостави посилна соработка меѓу активните чинители, да се споделат искуства и идеи и да се креираат идни заеднички иницијативи за поеколошка и поодржлива урбана мобилност. Според „Гоу Грин“, интересот за велосипедизмот постојано расте – се повеќе градови инвестираат во велосипедска инфраструктура, се нудат субвенции за велосипеди, а локалните заедници организираат се повеќе настани посветени на оваа зелена форма на движење. ...

Според препораките, јајцата треба да се чуваат на полиците во внатрешноста на фрижидерот, каде што температурата е постабилна и постудена. Дополнително, не треба да се чуваат во близина на производи со силни мириси, бидејќи иако се во лушпа, јајцата лесно впиваат мириси од околината. Доктор Стјуарт Фаримонд посочува дека чувањето јајца во вратата може да влијае и врз квалитетот на јадењата кои се подготвуваат од нив. Според него, тресењето ...

На 24 јуни, кога се навршија точно 100 дена од трагедијата во Кочани, низ центарот на Скопје и пред клучни институции беа поставени 100 пораки на незадоволство – по една за секој ден во кој институциите молчат, не преземаат одговорност и не обезбедуваат помош. Акцијата беше гласен и видлив потсетник дека: родителите и преживеаните сè уште не добиле никаква поддршка; надлежните молчат и ги замолчуваат тие што преживеаја; обвиненијата ...

Во нивната објава се наведува дека, наместо итно и соодветно делување, Собранието си земало двонеделна пауза по трагедијата, иако, според Уставот, е во постојано заседание. Надзорната расправа за случајот била изгласана дури по трет обид, и тоа без консензус меѓу политичките партии, што Иницијативата го смета за срамен однос кон трагедија од ваков обем. „Пратениците од собраниската говорница направија политички спектакл од трагедијата, ...

Пожарникарите продолжија денеска да се борат со три големи пожари што избувнаа речиси истовремено на грчкиот остров Хиос втор ден по ред. Островските власти прогласија вонредна состојба, овозможувајќи централна координација на операциите за гаснење пожари и повикување на специјални единици од грчкото копно. Досега, 17 села и центар за прием на мигранти се евакуирани на егејскиот остров во близина на турскиот брег. Стотици луѓе се донесени на ...

Глобалната потрошувачка на пиво опаѓа, што е лоша вест за Франција, која сама произведува 30 отсто слад во светот, пишуваат француските медиуми, истакнувајќи дека Франција и понатаму има намера да ја задржи водечката позиција на пазарот како најголем извозник на основната состојка за производство на пиво. Како што јави BFM TV, Франција произведува 30 отсто од светскиот слад и е водечки извозник во светот речиси 50 години, со 14 фабрики и три ...

Откако Трамп поддржа израелскиот напад со масивни бомби врз иранските нуклеарни објекти во недела наутро, Иран упати низа закани за одмазда. И покрај тоа што продолжи со ракетни напади врз Израел, Иран сè уште не презеде директни мерки против САД — ниту со гаѓање на американските бази, ниту со таргетирање на околу 20% од глобалниот морски проток на нафта што минува во близина на неговиот брег кај устето на Заливот. „Господине Трамп, коцкару, ...

Амбасадата на САД во Катар ги советуваше на Американците таму да „се засолнат“, а другите западни амбасади го повторија предупредувањето откако Техеран се закани дека ќе возврати на американските напади извршени врз неговите нуклеарни централи. Во Катар се наоѓа најголемата воена база на САД во регионот – Ал Удеид. „Со голема внимателност, им препорачуваме на американските граѓани да се засолнат до понатамошно известување“, соопшти ...

Со години, овие институции не ги исполнуваат обврските за финансиско известување, предвидени со националното законодавство, што предизвикува сериозни прашања за транспарентноста и јавната отчетност. Според податоците, Македонската православна црква доставила само еден финансиски извештај во периодот од 2010 до 2023 година, и тоа без податоци за приходите. Исламската верска заедница, пак, во истиот период не доставила ниту еден извештај до ...

ЕУ се подготвува да одобри нови санкции против Русија до крајот на неделата, објави високата претставничка на Европската унија за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас, на прес-конференција по денешниот вонреден состанок на европските министри за надворешни работи во Брисел. Ќе видиме какви компромиси ќе бидат потребни за да се одобрат новите санкции, блокирањето од страна на Унгарија не е ништо ново, коментираше таа. Калас ...

Северна Америка забележа најголем пораст од 11,4 отсто, благодарение на силните финансиски пазари. Во азиско-пацифичкиот регион просечното богатство на возрасните се зголемило за 2,9 отсто, додека Европа, Блискиот Исток и Африка забележале пораст од само 0,4 отсто. На повеќе од половина од 56-те испитани пазари, вредноста на финансиските средства и недвижностите се намалила, посочуваат австриските медиуми. Германија пред Австрија На ниво на ...

Ова го изјави францускиот министер за надворешни работи, Жан-Ноел Баро, пред состанокот на Советот за надворешни работи на ЕУ во Брисел, јавува дописникот на Укринформ. „Синоќа, Русија повторно ја демонстрираше својата безгранична бруталност со намерно лансирање смртоносни ракетни и беспилотни летала напади врз цивилни цели“, нагласи Баро. Тој истакна дека руската економија сè повеќе страда од „колонијалната кампања“ што ја води диктаторот ...

Велика Британија е подготвена да го брани својот персонал и средства на Блискиот Исток, како и оние на своите сојузници, откако претходно овој месец премести опрема во регионот како мерка на претпазливост, изјави денеска британскиот министер за надворешни работи Дејвид Лами. Во обраќањето пред парламентот, Лами рече дека Велика Британија не е вклучена во нападите на САД врз Иран, исто како што не е вклучена во операциите на Израел против ...

Катарските власти привремено го суспендираа воздушниот сообраќај низ целата земја, соопшти попладнево Министерството за надворешни работи, откако Иран се закани со одмазда за американските напади врз неговите нуклеарни постројки. „Надлежните органи објавуваат привремено суспендирање на воздушниот сообраќај во воздушниот простор на земјата, како дел од низа мерки на претпазливост преземени врз основа на развојот на настаните во регионот“, ...

Американскиот претседател Доналд Трамп и Израел јавно шпекулираа за можен атентат врз врховниот лидер ајатолахот Али Хамнеи и за промена на режимот – потези што, според Русија, можат да го вовлечат целиот регион во деструктивен вооружен конфликт. Путин денес во Кремљ го прими иранскиот министер за надворешни работи Абас Аракчи, заедно со рускиот шеф на дипломатијата Сергеј Лавров, советникот за надворешна политика на Кремљ Јуриј Ушаков и ...

Американска воена база во Сирија беше нападната, пишува иранскиот „Мехр њуз“, а пренесува Еуроњуз. Извори велат дека целта била американска воена база во западната сириска покраина Хасака. Овие извори објавија дека по нападот биле преземени строги безбедносни мерки на главниот влез. Според арапската новинска агенција Ал Малома, инцидентот се случил утрово, кога зградата била погодена од минофрлачка граната. Засега нема информации за тоа кој ...

„Иран Интернешнл“ објави дека податоците од веб-страницата „МаринТрафик“ покажуваат дека бродовите „Мари Ц“ и „Ред Руби“, и двата во баласт и претходно на пат кон теснецот , се закотвиле во близина на Фуџаира , крај брегот на Обединетите Арапски Емирати. Третиот брод, „Кохзан Мару“, пловел во Оманскиот Залив , во близина на оманските води. Јапонските компании „Нипон Јусен“ и „Мицуи ОСК Лајнс“ објавија во понеделник дека им наложиле на своите ...

Во рамки на фестивалот „Скопско лето“, вечерва во Куршумли ан музичката група „Баклава“ ќе одржи концерт, со кој ќе одбележи две децении од своето музичко творештво. Како што е најавено, на концертот ќе бидат изведени песни од сите пет албумски изданија – „Баклава“, „Калемар“, „Ме манкас мучо“, „IV“ и „За Скопје со љубов“, како музичко патување низ љубовта, традицијата и урбаниот ритам. -Препознатлива по својот автентичен акустичен звук, ...

Во општество каде што различноста често се доживува како хендикеп, Гере Трипков избира да ја претвори во сила. Тој е гласот што не само што се слуша, туку и инспирира. Како активист, креативец, lifestyle coach и магистер по меѓународни односи на Варшавскиот универзитет, Гере секојдневно работи на рушење на бариерите што ги разделуваат луѓето. Преку своето здружение „Equality“ – Скопје, активно се залага за достоинствен третман, вклучување и ...

Грчкиот филм „Ривиера“ ќе го отвори овогодинешното издание на Неделата на Франкофонскиот филм. Овогодинешната Недела на Франкофонски филм ќе се одржи во Кинотека од 23 до 30 јуни 2025 година со богата филмска програма. Настанот е во организација на Францускиот институт во Скопје, Амбасадата на Франција во Скопје,и Кинотеката во соработка со Амбасадите на земјите членки на Меѓународната организација на Франкофонијата: Грција, Бугарија, ...

Папа Лав XIV повика на ангажирање на меѓународната дипломатија со цел да се запре конфликтот на Блискиот Исток, предупредувајќи дека во спротивно постои ризик од непоправлива катастрофа. За време на неделната молитва, папата истакна дека дипломатијата мора да ја замени војната, пренесе Ројтерс. „Ниту една воена победа не може да ги надомести болката на мајките, стравот на децата и украдената иднина. Нека дипломатијата ја замолчи стрелата, ...

Бројот на загинати во нападот на самоубиец со бомба во црквата „Свети Илија“ во Дамаск се искачи на 22 лица, додека 63 се повредени, соопшти денеска сириското Министерство за здравство. Според државната новинска агенција САНА, напаѓачот бил припадник на Исламската држава. Иако групата сè уште не ја презела одговорноста за нападот, сириските власти ја поврзуваат со инцидентот. Силите за безбедност воспоставиле безбедносен кордон околу местото ...

Американското Министерство за внатрешна безбедност (DHS) издаде предупредување за зголемено ниво на закана во земјата поради можни одмазднички напади од Иран, откако САД извршија воздушни удари врз ирански цели. Неколку дена пред нападите, безбедносни извори за CNN изјавија дека американските разузнавачки и безбедносни агенции повторно ги анализираат познатите или потенцијално поврзаните лица со либанската група Хезболах во САД, барајќи можни ...

weather icon

Скопје

3ᴼ / 3ᴼ
1.03
93%
1006
weather icon

Белград

7ᴼ / 5ᴼ
1.54
94%
1007
weather icon

Загреб

8ᴼ / 5ᴼ
0.51
91%
1007
weather icon

Софија

3ᴼ / 2ᴼ
1.54
82%
1010
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
0.21
95%
1006
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 5ᴼ
0.52
97%
1008
weather icon

Атина

15ᴼ / 13ᴼ
1.79
75%
1006
weather icon

Тирана

10ᴼ / 10ᴼ
2.06
87%
1007
weather icon

Подгорица

8ᴼ / 8ᴼ
1.54
100%
1007
weather icon

Букурешт

5ᴼ / 4ᴼ
2.57
94%
1004
weather icon

Будимпешта

4ᴼ / 2ᴼ
2.24
92%
1006
weather icon

Истанбул

12ᴼ / 9ᴼ
1.03
78%
1006
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Иридиум

215504.98

Рутениум

45750.51

Платина

67484.42

Родиум

336779.07

Злато

159436.20

Кобалт

64.04

Цинк

3.29

Бакар

11.83

Сребро

2497.79

Алуминиум

3.07

Паладиум

54077.56

Калај

46.06