Редовните ажурирања се неопходни за секој уред, со цел да се инсталира нов софтвер. Но, сега се појавија три безбедносни закани, па на корисниците на iPhone им се советува да ги ажурираат своите уреди што е можно поскоро. Според Форбс, корисниците на iPhone и iPad треба да ги ажурираат своите уреди со најновиот софтвер, iOS 16.5. Со тоа ажурирање, корисниците ќе бидат заштитени од три безбедносни закани. Овие закани може да влијаат и на моделите ...

Откако го презеде Giphy, компанијата на Закерберг објави дека пребарувачот GIF сепак ќе биде достапен за сите, но ниту тоа не им помогна во борбата со регулаторите. Пред три години тогашниот Facebook плати 400 милиони долари за Giphy, пребарувач за анимирани GIF и налепници, кој беше многу популарен меѓу корисниците на социјалните мрежи. Неговата популарност е сè уште многу висока, па според достапните податоци, бројот на пребарувања на Giphy е ...

52-годишен jутјубер од Јапонија е првиот маж кој е приведен во таа земја затоа што заработил од видео на кое е прикажан крајот на една игра. Јапонија можеби е либерална земја, но не толку либерална за да ви биде дозволено да „расипете“ игра стара 12 години. Како што објави Japan Today, 52-годишен маж од Нагоја бил уапсен поради нелегално објавување на три клипови од Steins;Gate: My Darling’s Embrace на YouTube, вклучувајќи го и крајот на играта. ...

Никој не сака веб-страници и услуги со реклами, но рекламирањето во Gmail беше релативно незабележливо со текот на годините. Меѓутоа, неодамна тоа се промени кај некои луѓе. Сега, кога ќе ја отворите апликацијата Gmail на вашиот телефон, најверојатно ќе видите неколку реклами на врвот на табот Updates на вашето сандаче, со таб што открива дека станува збор за оглас, но инаку изгледа како обична е-пошта. Тоа се само две реклами и во моментов се ...

Од минатиот викенд, обожавателите на стримерката и изведувач на перформанси, под името Amouranth, можеа да комуницираат со нејзината верзија со вештачка интелигенција наречена AI Amo. Исто како и индустријата за видео игри, пандемијата беше незаборавен период на голем раст за инфлуенсерите и стримерите. Но, после тој период, гледаноста на Twitch и слични платформи опадна, па можност за дополнителна заработка се бара во други трендови. Вештачката ...

Microsoft неодамна објави ново ажурирање за Windows 10, а деновиве корисниците известуваат дека тоа предизвикува многу проблеми. Корисниците на Windows 10 се соочуваат со различни проблеми по најновата надградба на овој оперативен систем. Станува збор за ажурирање со број KB5026361 за мај годинава, кое беше објавено пред неколку недели. Најголемите проблеми се однесуваат на „паѓањето“ на компјутерот и извештаите за Blue Screen of Death (BSoD) ...

Microsoft никогаш не додаде изворна поддршка за форматот RAR на Windows, но тоа наскоро ќе се промени. Еден од најпопуларните формати на архиви со децении е RAR. Неговото име е акроним за Roshal Archive, бидејќи е создаден пред 30 години од руски инженер по име Евгениј Рошал. Тој, исто така, го создаде популарниот архив на датотеки WinRAR две години подоцна во 1995 година. Оттогаш, тој постојано се ажурира, вклучително и бета ажурирање минатата ...

Словачки експерти од безбедносната компанија ESET ги предупредија корисниците дека апликацијата за снимање екран, која инаку ги помина сите безбедносни проверки од Google, стана една од оние што не ги сакате на вашиот уред со нејзиното ажурирање. Апликација за снимање на екранот на Android, наречена iRecorder Screen Recorder, се појави во Google Store како уште една во низата со оваа намена, но речиси една година откако беше објавена, со ...

WhatsApp во последно време редовно објавува ажурирања и нови функции за својата платформа. Сега се подготвуваат нови опции. WABetaInfo известува дека WhatsApp подготвува промени на изгледот на профилот, вклучувајќи ја и опцијата за промена на корисничкото име. Ажурирањето на Android бета споменува ново поле во делот на профилот на апликацијата, кое бара од корисниците да изберат свое единствено корисничко име. Опцијата за креирање корисничко име ...

Компанијата OpenAI, која го произведе генеративниот систем за вештачка интелигенција ChatGPT, ќе ја напушти Европа доколку не може да се усогласи со најавената регулатива на ЕУ. Шефот на OpenAI, Сем Алтман, изјави на настан во Лондон дека неговата компанија прво ќе се обиде да се усогласи со идниот закон на ЕУ за вештачка интелигенција (AI), пренесува Ројтерс. „Сегашниот нацрт-закон на ЕУ за вештачка интелигенција премногу ја регулира оваа ...

Microsoft објави дека нивниот оперативен систем Windows 11 во иднина ќе биде збогатен со таканаречениот Copilot – систем за вештачка интелигенција кој ќе служи како личен асистент за корисниците. Во деновите кога серијата Halo на Xbox беше „жешка“ тема на пазарот, Microsoft се обиде да вметне виртуелен асистент во Windows по моделот на ликот на Cortana од игрите Halo. Денес, Halo не е толку популарен како порано, а Cortana штотуку падна, исто ...

Изгледот на популарниот прелистувач може да се прилагоди според преференциите на корисникот со помош на редизајниран и интуитивен интерфејс. Google Chrome има ново ажурирање кое овозможува полесно уредување и персонализација на изгледот на прелистувачот, велат од Google. Chrome со години ја има опцијата „Customize Chrome“ на дното на екранот, а новитетот доаѓа во форма на нова странична табла која ќе ја олесни процедурата за промена на изгледот. ...

НЕПТУН Македонија и годинава организира голем гејминг настан, со високо професионална техничка поддршка, кој ќе се одржи пред продавницата на Нептун во Ист Гејт Мол, на 10-ти и 11-ти јуни. За сите присутни ќе биде организирана супер забава и дружење, ќе бидат доделени многу вредни награди за сите натпреварувачи. Сите гејмери, сите „зависници“ од адреналин, а особено фудбал фановите, се повикани на предизвикот од Нептун, ФИФА 2023. Главна награда ...

Вештачката интелигенција „во најдобар случај ќе биде само бледа копија на човек“, вели футурологот Хорст Опашовски, кој оваа недела ја претставува својата нова книга – „Да живееш подобро, а не да имаш повеќе“. Вештачката интелигенција не мора да претставува опасност, иако носи одреден „фактор на ризик“, изјави германскиот футуролог Хорст Опашовски. „Вештачката интелигенција никогаш нема да ја замени човечката интелигенција, во најдобар случај ...

Сопствениците на конзолите Xbox Series X и Xbox Series S се заканија дека ќе ги продадат своите конзоли и ќе го бојкотираат Xbox доколку Microsoft ја имплементира контроверзната функција во игрите на Xbox. Во новото интервју за Rolling Stone, Сара Бонд од Microsoft рече дека Xbox зборува за имплементација на огласи и реклами во играта, слични на игрите за мобилни телефони. „Разговаравме за тоа како експериментираме со други модели, на пример што ...

Нетфликс минатата година објави дека во текот на 2023 година, фокусот на компанијата ќе биде ставен на ставање крај на можноста за користење на еден профил од голем број луѓе на оваа стриминг платформа. Сега тој план почна да го спроведува во дело. Популарната услуга сега истакна дека на сите корисници кои нема да платат за споделување на лозинката со сопственикот на сметката, ќе им биде забрането да користат Netflix. Компанијата откри и детали ...

Иако сè уште не е претставена серијата iPhone 15, се појавија рендери на најсилниот член на серијата iPhone 16, кој ќе пристигне следната година. Најмоќниот член на серијата iPhone 16 се очекува да се вика iPhone 16 Ultra, а не iPhone 16 Pro Max. Сепак, оваа информација е непотврдена во оваа фаза. Како и да е, овој модел се појави во рендери. Exclusive: First iPhone 16 Pro Max CADs visualize rumored larger display https://t.co/izpq9WvPmW by ...

Апликацијата WhatsApp ќе им овозможи на корисниците да уредуваат пораки во рок од 15 минути од испраќањето. Оваа новина се воведува со цел апликацијата да биде во чекор со своите конкуренти – апликациите Viber, Telegram и Signal, јавува Би-Би-Си. WhatsApp е дел од американскиот гигант Мета, кој ги поседува и Facebook и Instagram. „Од корекција на едноставна правописна грешка до додавање дополнителна содржина на пораката, возбудени сме што ќе ви ...

Некои корисници на популарната социјална мрежа Твитер пријавуваат необичен проблем кој го забележале на своите профили. За многумина од нив, пораките кои претходно ги избришале повторно се појавиле на нивните профили, предизвикувајќи збунетост и фрустрација. Овој проблем, кој зафати илјадници корисници, беше забележан и со ретвитовите. Корисниците забележале дека повторно се појавуваат ретвитови, кои претходно ги отстраниле од нивните профили, ...

Компанијата за социјални медиуми TikTok ја тужеше американската сојузна држава Монтана, првата што ја забрани апликацијата со закон. Во тужбата се вели дека законот е неуставно кршење на правата на слободата на говорот и се заснова на „неосновани шпекулации“ дека кинеската влада може да пристапи до податоците на корисниците. Тужбата на TikTok доаѓа веднаш по тужбата поднесена од пет други креатори на содржини кои ги делат истите аргументи дека ...

ЕУ изрече огромна казна на Мета, матичната компанија на Фејсбук, токму како што беше објавено. Како што пренесуваат странските агенции, станува збор за рекордна казна од 1,2 милијарди евра за непочитување на правилата за приватност на ЕУ. Ирската Комисија за заштита на податоците објави дека Мета ја прекршила Општата регулатива за заштита на податоците (GDPR) кога префрлила низа лични податоци на европските корисници на Фејсбук во Соединетите ...

Калифорниската компанија Vast Space планира да ја лансира првата комерцијална вселенска станица за нешто повеќе од две години. Светот влезе во нова ера на истражување на вселената, од хеликоптери кои летаат на Марс до промена на траекторијата на астероидите. Иднината на вселената е динамична, а технолошките достигнувања овозможуваат реализација на идеи инспирирани од научната фантастика. Следната генерација на вселенски станици е една од ...

На оддалеченост од 25 светлосни години од Земјата се наоѓа Fomalhaut, една од најсветлите ѕвезди на ноќното небо. Системот Fomalhaut го привлекува вниманието на астрономите со децении, но тие дури сега го разбираат подобро благодарение на вселенскиот телескоп James Webb. Во студијата објавена во списанието Nature Astronomy, група научници составена главно од астрономи од Универзитетот во Аризона и лабораторијата за млазен погон на НАСА, тврдат ...

Може да се занимавате со вашите вообичаени активности во новата игра Grand Theft Auto VI некаде следната година. Матичната компанија на Rockstar, Take-Two, ја објави својата проекција за иднината заедно со својот годишен извештај за заработка. Очигледно, се подготвува да објави проекти за кои верува дека „ќе ја доведат компанијата до уште поголем успех“. Компанијата очекува насловите што ќе ги објави во фискалната 2025 година да и помогнат да ...

Приказната за Android vs Apple секогаш ќе биде актуелна, а најновите бројки откриваат дека едната страна ќе биде многу позадоволна оваа година. Според последниот извештај што излезе од Consumer Intelligence Research Partners (CIRP), во последните 12 месеци Apple доби повеќе корисници од Android платформата отколку во кое било друго време во последните пет години. CIRP откри дека од март 2022 до март 2023 година, 15% од купувачите на iPhone ...

Кинеското вселенско летало без екипаж неодамна се врати на Земјата откако помина 276 дена во орбитата. Кинеската новинска агенција Ксинхуа објави дека „експерименталното“ вселенско летало се вратило во центарот за лансирање на сателити Џиукван во северозападниот дел на земјата, една од трите бази за вселенско лансирање во Кина. Мисијата во орбитата траеше девет месеци и се врати дома според планираното. Наводно, постигнат е важен напредок во ...

Ако сè уште користите Windows 10 верзија 21H2, треба да се подготвите за надградба на најновата верзија на ОС следниот месец. Microsoft автоматски ќе го ажурира софтверот на клиентите, дури и ако тие не сакаат, на верзијата 22H2 откако ќе заврши поддршката за верзијата 21H2. На 13 јуни, кога ќе пристигне безбедносното ажурирање од јуни 2023 година, верзиите на Windows 10 21H2 Home, Pro, Pro Education и Pro Workstation ќе ја изгубат поддршката, ...

„Инстаграм“ е во прекин. Корисниците на социјалната мрежа ширум светот пријавија бројни проблеми. Извештаите од корисниците покажуваат дека до оваа социјална мрежа пристапот е оневозможен Инаку, „Инстаграм“ е онлајн споделување фотографии и социјално вмрежување што им овозможува на корисниците да фотографираат, да применуваат филтри на нив и да ги споделуваат тие слики на неколку начини, вклучително и преку социјалните мрежи како што се Твитер и ...

Социјалната мрежа „Инстаграм“ повторно работи. Откако корисниците ширум светот пријавија проблеми, „Инстаграм“ беше недостапена апликација за користење. Сега на оваа популарна социјална мрежа може повторно да се пристапи без никакви проблеми. Инаку, „Инстаграм“ е онлајн споделување фотографии и социјално вмрежување што им овозможува на корисниците да фотографираат, да применуваат филтри на нив и да ги споделуваат тие слики на неколку начини, ...

Yandex LLC објави дека има имплементирано сопствена верзија на чат-бот со вештачка интелигенција во една од своите услуги. Популарниот руски пребарувач Yandex објави дека го имплементирал YandexGPT, комерцијална верзија на ChatGPT, во својот виртуелен асистент по име Алиса. Според соопштението на компанијата, четботот се уште е во фаза на тестирање. Во сегашната фаза на развој, може да пишува одредени видови документација и деловни писма, како и ...

weather icon

Скопје

2ᴼ / 2ᴼ
3.09
75%
1017
weather icon

Белград

0ᴼ / -3ᴼ
1.54
90%
1021
weather icon

Загреб

0ᴼ / -2ᴼ
0.51
92%
1020
weather icon

Софија

1ᴼ / 1ᴼ
2.71
80%
1019
weather icon

Сараево

3ᴼ / 3ᴼ
9.68
63%
1018
weather icon

Љубљана

0ᴼ / -1ᴼ
1.03
94%
1021
weather icon

Атина

14ᴼ / 11ᴼ
1.79
88%
1014
weather icon

Тирана

12ᴼ / 12ᴼ
3.09
67%
1014
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
5.66
93%
1014
weather icon

Букурешт

4ᴼ / 3ᴼ
5.66
83%
1015
weather icon

Будимпешта

0ᴼ / -1ᴼ
5.14
73%
1019
weather icon

Истанбул

10ᴼ / 9ᴼ
2.06
87%
1014
Currency

61.535

Currency

59.7709

Currency

73.4728

Currency

36.9307

Currency

41.4501

Currency

65.3198

Currency

8.14357

Currency

0.58771

Currency

0.37772

Currency

0.52538

Currency

1.68536

Currency

0.69417

Алуминиум

2 $

Иридиум

135048 $

Кобалт

466 $

Никел

491031 $

Рутениум

14887 $

Калај

30 $

Сребро

975 $

Злато

86476 $

Бакар

8 $

Паладиум

29871 $

Платина

31415 $

Цинк

90699 $