Скопје
3ᴼ /
3ᴼ
Четири лица загинаа откако хеликоптер се урна на планинска падина во американската држава Аризона. Несреќата се случила синоќа на околу 103 километри источно од градот Феникс, соопшти локалната канцеларија на шерифот. Загинати се сите кои биле во хеликоптерот – 59 годишниот пилот на хеликоптерот, две жени на возраст од 21 година и една на возраст од 22 години. Американската управа за цивилно воздухопловство и Националниот комитет за ...
Венецуелската влада соопшти дека „ја отфрла и осудува“ американската „воена агресија“ откако денеска во Каракас се слушнаа авиони и експлозии, Владата во Каракас ги обвини САД дека сакаат да „ги преземат стратешките ресурси на Венецуела, особено нејзината нафта и минерали, во обид насилно да ја уништат политичката независност на нацијата“. „Таквата агресија го загрозува меѓународниот мир и стабилност, особено во Латинска Америка и Карибите, ...
АМСМ утрово информира дека патот кон ХЕЦ Козјак е непрооден од голомразица, додека сообраќајот на регионалниот пат Дебар – Маврово е нормализиран. Сообраќајот на останатите државни патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува ...
Соопштение за јавност на СДСМ: 2026-та ќе биде тешка година за граѓаните, во буџетот нема пари за зголемување на платите на работниците, нема пари за минимална плата од 600 евра, нема пари за намалување на високите цени. Веќе недостасуваат 1 милијарда евра. Сè е поскапено, а поскапувањето на струјата ќе повлече зголемување и на другите цени. Бидејќи следуваат избори па мигранти оваа година Владата до изборите ќе се обидува со манипулации и ...
Денеска во 12:00 часот, претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски ќе присуствува на отворање на проширената детска градинка во населено место Таринци во Општина Карбинци. Вредноста на проектот изнесува 21.461.414 денари од кои 65% се обезбедени од страна на централната власт, а 35% од страна на општината. „Со зголемувањето на капацитетот на градинката од 50 на 100 деца, листата за чекање се сведува на ...
Екипа на Си-Ен-Ен тврди дека била сведок на неколку експлозии рано наутро во саботата во Каракас и објави дека некои делови од градот останале без електрична енергија. Првата експлозија е регистрирана околу 1:50 часот по локално време (6:50 часот по средно европско време). „Едната детонација беше толку силен што мојот прозорец се тресеше по неа“, рече дописникот на CNNE Осмари Хернандез. Неколку области од градот беа без струја, а новинарите ...
Метео анализа на Славчо Попоски: Викендов ни следува значителен пораст на температурите и тоа особено утре (Недела 4 Јануари) а сето ова ќе биде проследено со засилен до повремено силен ветер од јужен правец кој повремено и локално ќе достигнува брзина од над 60 км/час. Територијата на Македонија ќе биде под влијание на јужно воздушно струење и на потопол воздух од југ, но и под влијание на циклонска активност со центар западно и ...
Европската Унија има вкупно население од 453 милиони, а без миграција би можела да има 294 милиони во 2100 година, додека со миграција населението би броело 419 милиони. Порано минатата година беа објавени две карти што ја покажуваат проценетата популација на различни европски земји во 2100 година – едната карта ја покажува популацијата доколку се воведе политика без миграција, додека другата ја покажува популацијата доколку се задржат ...
Градоначалникот на Тетово, Биљал Касами, преку објава на Фејсбук ги предупреди граѓаните за сериозната состојба на патиштата поради ниските температури и појавата на мраз на улиците во градот и тетовските села. Како што информира Касами, патиштата се исклучително лизгави, а веќе се евидентирани и бројни сообраќајни несреќи, што претставува реален ризик по животите и безбедноста на граѓаните. Тој упати апел до сите жители да не ги напуштаат ...
Снимка со вознемирувачки сцени од кафуле во Гостивар денеска беше објавена на социјалните мрежи, на која се гледа како група луѓе физички се пресметуваат, по што се слушаат и истрели. Според порталот „Без цензура“, инцидентот се случил синоќа, на 1 јануари. На видеото се гледа како избива тепачка меѓу двајца луѓе и повеќемина гости во локалот. Во еден момент, еден од учесниците вади пиштол, по што во мешаницата јасно се слушаат најмалку ...
По добиени информации од регионалните центри, како тешко проодни се евидентирани патните правци: Скопје – Тетово, Тетово – Гостивар, Маврово – Дебар, Кичево – Охрид, како и патниот правец Козјак – Скопје, како и повеќе регионални патишта во западниот дел на државата, информираат од Центарот за управување со кризи. На единствениот повикувачки број за итни случаи 112 се пријавени повеќе случаи на заглавени возила, како и едно излетување од ...
Сопственикот на барот „Констеласион“ во швајцарскиот зимски центар Кран-Монтана изјави дека инспекциските служби го прегледале неговиот објект само три пати во изминатите десет години и дека, според неговите зборови, „сè било направено според стандардите“. Во изјава за швајцарскиот дневен весник La Tribune de Genève, 49-годишниот Жак Морети рече дека по трагедијата „не е добро“, додавајќи дека во моментот на настанот не бил присутен во барот. ...
Центарот за управување со кризи (ЦУК) вечерва информира дека на одредени патни правци во земјава се забележуваат врнежи од ледени зрна, кои предизвикуваат брзо и ненадејно заледување на коловозите. Најкритични се повисоките и планинските предели, каде што условите за сообраќај се значително влошени. Од ЦУК апелираат до возачите да покажат зголемена внимателност, да ја прилагодат брзината на движење според состојбата на патот, да одржуваат ...
Голем број на регистрирани возила во Норвешка лани биле целосно електрични. Норвешка е голем производител на нафта, а нејзиниот забрзан премин кон возила на батерии е во спротивност со остатокот од Европа. Додека Норвешка брзо се префрла на возила на батерии, слабата побарувачка во Европската Унија го наведе Брисел минатата недела да се откаже од планираната забрана за автомобили со мотори со внатрешно согорување до 2035 година. Благодарение ...
Десетина возила учествувале во три одделни сообраќајни незгоди што се случиле во краток временски период на автопатот Тетово–Гостивар, на делницата кај таканаречената „Неготинска клучка“. Според првичните информации од надлежните служби, во незгодите е потврдено дека едно лице се здобило со повреди, но засега нема податоци за потешки последици. Поради настаните, сообраќајот на овој дел од автопатот се одвива забавено и со повремени застои. ...
128 новинари и медиумски работници се убиени во светот минатата година. Од нив, десет се жени, објаву меѓународната федерација на новинари. Листата објавена на 31 декември вклучува случаи во Појасот Газа, Танзанија, Перу и Гватемала, како и несреќа во која загинаа седум медиумски работници во Нигерија, еден таков случај во Бурунди и еден во Иран. На Блиски Исток и арапскиот свет убиени се 74 убиени новинари, од кои 56 во Палестинската ...
Распадот на Руската Федерација не е исклучен и претставува реално сценарио, имајќи ја предвид колонијалната структура на руската држава, оцени во изјава за „Укринформ“ претседателот на Паневропското движење во Австрија, Рајнхард Клоучек. Според него, Европа треба навреме да се подготви за таков развој на настаните. „Руската Федерација е де факто колонијална империја. Во случајот со Путин, имам јасен впечаток дека тој сонува да ја обнови таа ...
Семејството Аслани обвинува за полициска бруталност по смртта на нивното двегодишно дете, кое почина ноќта меѓу 31 декември и 1 јануари во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, по тешка повреда на главата од метален фрагмент. Во повеќе видео-материјали што денеска беа емитувани во живо, членовите на семејството покажаа модрици и други телесни повреди, за кои тврдат дека се последица на физичка сила употребена од полициски службеници. Тие ...
Крадци ја ограбија банката Шпаркасе во Гелзенкирхен, Германија. За време на грабежот испразниле 3.000 сефови од кои биле украдени злато, пари и накит во вредност од 90 милиони евра. Потпаролот на полицијата за медиумите изјавил дека кражбата била долго планирана операција. Полицијата се уште нема траги и сторителите се во бегство. Германската полиција објави дека сака да ги засили напорите во истрагата, поради што е формирана специјална ...
Најмалку 25 лица се повредени во руски ракетен напад на Харкив кој погодил стамбена зграда. Спасувачките тимови пребаруваат под урнатините. „Ракетните напади во центарот на Хaркивречиси целосно ја уништија петкатницата“, изјави гувернерот на регионот, Олег Синиегубов, за украинската телевизија. Според прелиминарните информации, зградата ја погодиле две балистички ракети. Тој истакна дека најмалку 25 лица се повредени, од кои 16 се ...
Федерално истражно биро потенцијален терористички напад за новогодишната ноќ во Северна Каролина. Осумнаесет годишник имал намера да нападне луѓе со ножеви и чекани во супермаркет и ресторан за брза храна во Минт Хил. Уапсеното момче било американски државјанин и дејствувало само, пренесува германската агенција. Осомничениот ја изразил својата лојалност кон таканаречената Исламска држава (ИД) и признал дека сакал да убива Американци на ...
Новиот чешки премиер, Андреј Бабиш, остро ги критикува политичарите кои предупредуваат на можноста Русија да започне војна во Европа, оценувајќи ги како неодговорни бидејќи ширењето страв не е решение, а нивна должност е да работат на прекин на конфликтите. „Наместо да бараме начини што водат кон пацификација, сè повеќе слушаме приказни дека војната е неизбежна, дека ќе избувне за две или три години. Ова не е одговорна политика. Политичарите ...
Антикорупциските служби во Хонг Конг приведоа 21 лице поради сомневања за коруптивни активности поврзани со реновирање на две станбени населби, информираа надлежните институции. Апсењата доаѓаат во рамки на засилената борба против корупцијата, започната по трагичниот пожар кон крајот на ноември, во кој беа оштетени седум високи станбени згради и животот го загубија повеќе од 160 луѓе. Градскиот лидер Џон Ли минатиот месец формираше независна ...
Загинаа лицата кои беа во возилото кое падна во реката Радика во близина на Бигорскиот манастир. – Од 18:30 часот, сообраќајот на регионалниот пат Маврово -Дебар е во прекин поради извлекување на ПМВ од сообраќајната незгода со загинати лица од водите на реката Радика во близина на Манастирот св.Јован Бигорски, информира АМСМ. Според информациите од Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) Тетово, возилото се движело со поголема ...
Шефот на службите за безбедност во швајцарскиот кантон Вале, Стефан Ганцер, соопшти дека барот во Кран Монтана, во кој за време на новогодишната ноќ избувна катастрофалниот пожар, бил опремен со повеќе излези за евакуација. Сепак, како што посочи, во моментите на паника голем дел од посетителите не успеале да ги лоцираат и се обиделе да го напуштат објектот исклучиво преку главниот влез. Во пожарот животот го загубија 40 лица, а повредени се ...
На граничните премини кон Хрватска од Босна и Херцеговина и од Србија во моментов се бележат значителни застои, по воведувањето на новиот систем на Европската унија за влез и излез – Entry/Exit System (EES). Системот собира биометриски податоци од сите државјани на трети земји при секое преминување на границата, со цел да се зголеми безбедноста, но значително го забавува процесот на проверка. Новиот систем на ЕУ за влез и излез (EES) ...
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, а коловозите се претежно суви, соопшти Автомото-сојузот на Македонија (АМСМ). Слаб снег провејува на Попова Шапка, но во моментов не се задржува на коловозот. Од 15 ноември 2025 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба, која ќе трае до 15 март 2026 година. Интензитетот на сообраќајот надвор од ...
Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, денеска оствари работна посета на Полициското одделение Маврово, Полициското одделение Ростуше и Полициската станица за граничен надзор Жировница. Тој се запозна со тековните активности, условите за работа и конкретните предизвици со кои се соочуваат полициските службеници на терен. „Во ПО Маврово ќе се изготви посебен план за претстојната зимска туристичка сезона, со цел овозможување подобар ...
Инвестицијата на „Туркиш ерлајнс“ ќе изнесува 100 милијарди турски лири, што е приближно две милијарди евра. Авиокомпанијата соопшти дека изградбата на карго терминал и угостителски објект ќе создаде 26.000 нови работни места. Сепак, компанијата не објави на која локација ќе биде изградениот карго терминал и ресторанот. Седиштето на „Туркиш ерлајнс“, една од најголемите авиокомпании во светот, се наоѓа во Истанбул. Компанијата поседува 514 ...
Транснафта а.д. Панчево објави тендер за изградба на нафтовод од границата со Унгарија до Нови Сад, објавија српските медиуми. Тендерот се однесува на градежни работи и стручен надзор за реализација на проектот. Во документацијата се наведува дека изградбата на главниот нафтовод меѓу Унгарија и Србија е од национален интерес, со цел да се обезбеди диверзификација на увозните правци и побезбедно снабдување на домашниот пазар. Во моментов, ...