На 17.02.2026 во 20:00 часот во СВР Тетово е пријавено дека на локалниот пат Тетово- с.Требош, 40-годишната З.М. од с.Требош, тетовско, управувајќи патничко возило „голф” со тетовски регистарски ознаки, излетала од патот и удрила во метална ограда. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила З.М., констатирани во Клиничка болница Тетово. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Тетово. На 17.02.2026 во 20:00 часот во СВР Тетово е ...

Канцеларијата за воени односи со јавноста при АРМ, потврди дека на полигонот Пенуш во Кривлак се случил инцидент помеѓу војници како што претходно пишуваше 24инфо.мк „Во врска со Вашето прашање, Ве информираме дека при изведување на обука дошло до недоразбирање помеѓу двајца припадници. За инволвираните лица поради нарушување на воената дисциплина веќе се преземени соодветни мерки согласно важечките прописи и Законот за служба во Армијата. ...

Струмичките пожарникари денеска уште во раните утрински часови имаа три интервенции. Во 06.55 часот, во излетничката населба Суви Лаки, запалена викендица, интервенирано со едно противпожарно возило и 4 пожарникари-спасители и ТППЕ Берово со едно противпожарно возило и 4 пожарникари-спасители. Во 08.12 часот, на улица Бетовенова, запалена куќа, интервенирано со три противпожарни возила и 8 пожарникари-спасители. Во 09.48 часот, во село ...

Утре, во текот на ноќта, и в петок, под влијание на нов влажен бран, ќе има повремени врнежи од дожд, на повисоките места од дожд и снег, а на планините од снег. Врнежите ќе бидат пообилни во западните делови (до 25 литри на квадратен метар), а локално ќе има услови за појава на грмежи – соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Во деновите од викендот времето ќе биде променливо облачно и постудено со умерен до засилен северен ветер. Од ...

На 17.02.2026 во 21:55 часот во село Бучим, радовишко, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш ги лишија од слобода Е.С.(36) од село Бучим и М.Р.(29) и Б.У.(24), двајцата од Радовиш. Лицата се затекнати во паркирано патничко возило „форд“ со радовишки регистарски ознаки во момент кога вршеле купопродажба на марихуана. Кога им пристапиле полициските службеници, Е.С. на подот од возилото фрлил повеќе пакувања со марихуана, кои се ...

Американскиот претседател Доналд Трамп го одложува гласањето за двопартискиот закон со кој ќе се заострат санкциите врз енергетскиот сектор на Русија, предупредија двајца високи демократски сенатори, објави Yahoo News. Зборувајќи во Киев по викендот на Минхенската безбедносна конференција, сенаторот Ричард Блументал рече дека мерките за санкции што ги предложил со сенаторот Линдзи Греам ќе извршат „економски притисок“ врз рускиот претседател ...

Прес конференција на СДСМ, Богданка Кузеска – портпаролка Се уште нема одговори колку чинеше луксузирањето на Мицкоски со владиниот авион и кој бил со него. Но, луксузирањето на Христијан Мицкоски врз грбот на граѓаните и летањето со владин авион на Јадранско море го откри неговото вистинското лице и лицето на неговата расипничка власт. До толку се опиени од моќта, од аздисаноста, државата ја сметаат за нивна приватна сопственост, шанса за ...

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, денеска имаше свое обраќање на меѓународната конференција „AI for Society & Smart Governance“, во организација на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, каде што истакна дека вештачката интелигенција, освен што е технолошка тема, претставува и прашање на политики, институционален капацитет и одговорност кон граѓаните. „Во обраќањето нагласив дека клучното прашање не е дали ќе ја ...

Германскиот канцелар Фридрих Мерц негодуваше поради овациите што ги доби американскиот шеф на дипломатијата Марко Рубио на Минхенската безбедносна конференција, велејќи дека неговиот настап всушност е политиката на Доналд Трамп во „попријателски пакет“, пренесува ДПА. „Не бев во салата, а дури и да бев, тешко дека ќе станев“, рече Мерц во политичкиот поткаст Machtwechsel, што ќе биде објавен во целост подоцна денеска. Мерц во него забележа ...

Соопштение на Левица: Изминатиот период сѐ повеќе граѓани нѐ информираат дека одреден период Фондот за здравствено осигурување не врши навремена исплата на средства кои им следуваат по основ на привремена спреченост за работа поради болест, а кои средства за многумина претставуваат единствен извор на приход во периодот додека се на боледување и им се нужно неопходни. Пред само два месеци, од страна на Фондот информираа дека исплати од нивна ...

Собранието денеска во рамки на 85. седница ги констатираше оставките на претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад Марко Бислимоски и на членот на Државната комисија за спречување на корупцијата и судир на интереси Цвета Ристовска. По усвојувањето на дневниот ред, започнаа двочасовните опозициски прашања до премиерот и министрите. На дневен ред на 85. седница се Предлог – ...

„Работниците имаат право да бараат повисоки плати и нивните протести заслужуваат максимална поддршка, не само од опозицијата, туку и од власта, затоа што сме една од земјите во регионот со најниски примања, а инфлацијата оди само нагоре”, рече пратеничката на СДСМ, Бисера Костадиновска-Стојчевска, во гостување во емисијата „Само Вистина” на Канал 5 телевизија. Костадиновска-Стојчевска нагласи дека трошоците за живот и сметките постојано ...

Најмалку 10 скијачи се водат како исчезнати, а шест други се заробени и чекаат спасување во тешки снежни услови откако лавина вчера погоди оддалечена патека во планините Сиера Невада во Калифорнија, соопштија властите. – Часови по несреќата, додека автопатот во близина е затворен поради нулта видливост поради зимската бура, спасувачите сè уште не стигнале до местото на лавината – изјави капетанот Расел Грин од канцеларијата на шерифот на ...

Билатералната соработка во борбата против организираниот криминал, како и заедничките патроли на српски и грчки полицајци во Србија и Грција, биле во фокусот на средбата на министрите надлежни за полицијата на двете земји – министерот за заштита на граѓаните на Грција, Михалис Хрисохоидис, и министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, јави дописничката на МИА од Атина. Од Министерството за цивилна заштита на Грција соопштија дека ...

На 21 февруари во Крива Паланка по третпат ќе се одржи манифестацијата „Сусурига 2026″, која како автентичен обичај ја оживува вековната традиција на маскирање и палење оган во чест на празникот Прочка. Во духот на прошката, заедништвото и обновувањето, градскиот плоштад ќе се претвори во живо средиште каде генерациите се спојуваат околу обиччајните вредности што со векови се пренесуваат од колено на колено. Маскираните поворки, обредните ...

Поради засилениот ветер и неповолните временски услови, на повеќе локации низ градот беа регистрирани паднати и оштетени дрвја. Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски извести дека градските служби веднаш излегле на терен и постапуваат со целосна мобилизација, со цел отстранување на опасностите и обезбедување безбедно движење за граѓаните. „Се сечат и расчистуваат паднатите дрвја, се отстрануваат скршените гранки и се нормализира сообраќајот таму ...

Нивото на реката Вардар во Тетовско е намалено во однос на претходните три дена и во моментов нема опасност од излевање, а патниот правец од селото Тумчевиште до селото Чегране сè уште е затворен за сообраќај поради безбедносни причини, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК). -Во текот на ноќта, во селата Нераште и Глоѓи, Општина Теарце паднати се две бандери од Телеком. Во село Нераште бандерата е падната покрај патот и не го ...

Министерството за транспорт започна постапка за склучување спогодба за воздушен сообраќај со Кралството на Саудиска Арбија, со која што, како што соопшти денеска, ќе се воспостави правна рамка што ќе овозможи отворање на редовни авиолинии со таа држава. Меѓу двете држави досега не се одржувал воздушен сообраќај и се очекува воспоставувањето редовни авиолинии да придонесе за зголемување на економската соработка, туризмот, трговската размена и ...

Иран и Русија утре ќе одржат заеднички поморски вежби во Оманскиот Залив, во северниот Индиски Океан, објави иранската новинска агенција „Фарс“. Маневрите, како што се наведува, ќе се одржат само неколку дена откога Корпусот на Исламската револуционерна гарда (ИРГК) почна воени вежби во Ормутската Теснина. „Меѓу главните цели на оваа заедничка вежба е да се изгради компатибилност и координација во заедничките мерки за спротивставување на ...

„Имаше една дилема што опозицијата се обиде да ја искористи за политички поен. Верувам дека, во состојба на безидејност, немање креативност и конкретни предлози, се обидуваат набрзина да остварат политички поени. Пласираа информација дека се скратени 40 милиони евра од Програмата за субвенции, што го отфрлам, тоа не е точно”, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски во гостување во радио „Лидер”. „Во ...

Поради силен ветер летна лимената конструкција од покривот на СОУ „Јосиф Јосифовски“ во Гевгелија. Настанот, како што информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК), е пријавен на единствениот број за итни повици 112. Според информациите, нема повредени лица. Побарана е интервенција од службени лица од МВР, како и од надлежните институции. -За настанот се известени ТППЕ Гевгелија, ЕЛС Гевгелија и ПС Гевгелија, кои ќе преземат ...

Кандидатот за државен јавен обвинител Владимир Панчевски, кој не доби позитивно мислење од Советот на јавни обвинители, најави дека ќе поднесе кривична пријава против членовите на Советот на јавни обвинители за злоупотреба на службена положба. „Врз основа на чл.272 од Законот за Кривична постапка до МВР и Јавното обвинителство на РМ, по пат на допрен глас, јас Владимир Панчевски од Скопје, поднесувам, КРИВИЧНА ПРИЈАВА против: 1. Башким Бесими ...

Центарот за граѓански комуникации ги објави истражувањето и базата на податоци за капацитетите на Јавното сообраќајно претпријатие Скопје. Нивното истражување покажува дека: – Само за десет години, бројот на превезени патници со автобусите на ЈСП Скопје е намален за 30 милиони годишно – во 2015 година се возеле по 52 милиони патници годишно, а сега бројот на превезени патници е сведен само на 22 милиони годишно. – ЈСП располага со вкупно 341 ...

Соопштение на СДСМ: Луксузирањето на Мицкоски врз грбот на граѓаните и летањето со владин авион на Јадранско море го покажа вистинското лице на премиерот и на неговата расипничка власт. До толку се опиени од моќта и аздисаното грабање пари преку приватни бизниси и криминални тендери. Додека граѓаните едвај врзуваат крај со крај, додека владата одбива 600 евра минимална плата, им кратат 40 милиони евра на земјоделците, 5 милиони евра во ...

НАТО денеска ќе спроведе воена десантна вежба на балтичкиот брег на Германија. Маневрите се дел од тековната голема вежба на Северноатлантската алијанса „Непоколеблива стрела“. Војниците, оружјето и опремата ќе бидат префрлени на копно по преминувањето на морето преку воениот полигон Путлос во Шлезвиг-Холштајн. Вежбата во која ќе учествуваат околу 15 бродови и 2.600 војници ќе биде набљудувана од германскиот министер за одбрана Борис ...

Соопштение на ВМРО-ДПМНЕ: ВМРО-ДПМНЕ на страната на работникот. Во опозиција со давање јавна и недвосмислена поддршка на синдикатите за барањата за зголемување на платите, додека од позиција на власт со договори за конкретно покачување на платите. Како што ВМРО-ДПМНЕ ги поддржуваше синдикатите и работниците во опозиција кога протестираа во 2020 и 2024, така и сега, преку дијалог и разговори прави се во рамките на можностите платите да растат. ...

Во Домот на културата во Драчево синоќа е отворено ново кино. Проектот, реализиран во партнерство со „Киноверзум“, претставува втора филмска сцена на територијата на општина Кисела Вода. Свеченото отворање се одржа пред преполна сала, во присуство на претставници на Владата, Собранието, како и голем број уметници и културни работници. Настанот го водеше актерот Рубенс Муратовски, а вечерта беше заокружена со проекција на меѓународно ...

Во Вашингтон вчера е уапсено 18-годишно момче кое со наполнета сачмарка трчало кон зградата Капитол. Полицијата соопшти дека момчето носело тактички елек и ракавици. Тој го спуштил оружјето на наредба на полицијата. Инцидентот се случил помалку од три месеци откако еден војник на Националната гарда беше убиен, а друг ранет во заседа во близина на Белата куќа. Во Вашингтон вчера е уапсено 18-годишно момче кое со наполнета сачмарка ...

Три тиквешанки биле мета на измама, во рок од само неколку дена, потврдуваат од Секторот за внатрешни работи – Велес. Од полицијата апелираат на внимателност. Во два од случаите на повозрасни неготинки им биле барани по 20 илјади евра за наводна операција по скршеница, на внука, ќерка. Во третиот случај, кавадарчанка била измамена за сума од околу 3 илјади евра, при договарање за отпочнување заеднички бизнис, што не се реализирало. – На 10 ...

Полицијата во Велика Британија секој месец приведува околу 1.000 осомничени педофили, а заканата од сексуална злоупотреба на деца е сè поголема, предупреди Националната агенција за криминал (НЦА). Според податоците на НЦА, пред неколку години биле приведувани од 500 до 800 осомничени педофили месечно. Директорот на НЦА, Роб Џонс наведе дека онлајн групите доведоа до тоа сторителите да го оправдуваат своето однесување, бидејќи алгоритмите ги ...

weather icon

Скопје

10ᴼ / 10ᴼ
1.03
66%
1013
weather icon

Белград

11ᴼ / 10ᴼ
4.63
55%
1016
weather icon

Загреб

13ᴼ / 10ᴼ
2.57
54%
1017
weather icon

Софија

6ᴼ / 4ᴼ
0.51
57%
1017
weather icon

Сараево

8ᴼ / 8ᴼ
1.38
93%
1018
weather icon

Љубљана

10ᴼ / 8ᴼ
4.63
68%
1018
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
3.09
73%
1012
weather icon

Тирана

9ᴼ / 9ᴼ
2.57
76%
1014
weather icon

Подгорица

12ᴼ / 12ᴼ
5.14
54%
1014
weather icon

Букурешт

10ᴼ / 9ᴼ
3.6
70%
1015
weather icon

Будимпешта

12ᴼ / 8ᴼ
1.54
49%
1017
weather icon

Истанбул

10ᴼ / 8ᴼ
3.6
85%
1013
Currency

61.6317

Currency

53.2406

Currency

71.214

Currency

37.2056

Currency

38.7434

Currency

67.4118

Currency

7.73126

Currency

0.64691

Currency

0.3352

Currency

0.5235

Currency

1.20128

Currency

0.56975

Бакар

10.68

Кобалт

66.14

Родиум

350443.14

Цинк

3.07

Сребро

2840.84

Рутениум

56199.51

Злато

166450.52

Платина

60154.05

Иридиум

258288.78

Паладиум

45911.27

Калај

43.90

Алуминиум

3.18