Скопје
8ᴼ /
8ᴼ
На 30.03.2026 во 18:30 во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишија од слобода Љ.Ѓ.(39) од Гостивар. При претреси во неговиот дом и помошни простории на ул. „Балиндолска“ и во негов стан на ул.„Илинденска“, извршени со судска наредба, пронајдени се и одземени 13 кесички со бела прашкаста материја, дигитална вага, околу 150 парчиња муниција од различен калибар, еден сигнален пиштол, патрони за ловечка пушка и една воздушна ...
Власта свесно го блокира патот кон Европската Унија и нема намера земјата да ја внесе во ЕУ. Тоа е фактот и тоа е вистината. На Мицкоски му одговара да нема никаков надзор, му одговара да биде во земја која ја чувствува како своја приватна фирма, за да минуваат сите оние криминали и тендери за кои ние објавуваме”, рече портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, во гостувањето на 24 Анализа. Таа нагласи дека ваквата политика не е случајна, туку ...
Во Атина почна да функционира новиот систем со „паметни“ камери, а во првите два дена од неговата оперативна примена биле изречени 130 административни казни. Станува збор за пилот-проект во областа Атика, каде камерите со вештачка интелигенција се користат за автоматско евидентирање на сообраќајни прекршоци и за нивно дигитално испраќање до граѓаните. Според информациите објавени во грчките медиуми, системот официјално почнал да работи во ...
На 30.03.2026 во 11:25 часот во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода лицето А.А.(22) од с.Лисец, тетовско. Тој бил по потерница врз основа на судска наредба за издржување затворска казна во траење од една година за сторено кривично дело по член 216 од Кривичниот законик. Лицето е спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Тетово за издржување на казната. На 30.03.2026 во 11:25 часот во Тетово, ...
Записите од телефонските разговори на унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто, со рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, и други високи руски функционери покажуваат колку длабоко Будимпешта работела за интересите на Кремљ во рамките на Европската Унија, објави истражувачкиот портал „ Инсајдер“ со партнерски редакции. Во разговорите, Сијарто се слуша како им пренесува доверливи детали од Брисел на Русите, ...
Вториот, подеднакво важен столб во градење на економскиот суверенитет, е безбедноста во снабдувањето со храна, пишува екс министерот Кирил Миноски. Доколку ги погледнеме бројките и трендовите, пишува тој во анализата на социјалните мрежи, ќе видиме дека тука се наоѓа една од најсериозните слабости на македонската економија. „Наместо јакнење во изминатата деценија, сведочиме на системско слабеење на домашното производство на храна. Индексот на ...
Народната банка внимателно ги следи трговските и геополитичките тензии, особено по ескалацијата на кризата на Блискиот Исток и по блокадата на Ормутскиот Теснец, коишто ги зголемија светските ризици, создавајќи нов шок на страната на понудата и брз раст на цените на енергијата. Во услови на висока неизвесност, Народната банка е фокусирана особено на меѓународните и на домашните економски движења и е подготвена за соодветно реагирање. Ова беше ...
Републиканскиот гувернер на Флорида, Рон ДеСантис, денес потпиша закон со кој Меѓународниот аеродром Палм Бич ќе биде преименуван во Доналд Трамп, откако голем број згради, институции, владини програми, воени бродови и пари веќе се именувани по сегашниот американски претседател. Одлуката за преименување на аеродромот доаѓа откако Флорида минатата година одобри план за донирање недвижен имот во центарот на Мајами за локацијата на ...
Соопштение за јавност на ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Венко Филипче со историски најниска доверба од граѓаните. Лошиот ПР, небулозните и клеветнички соопштенија и прес-конференции, полни со навреди и непристоен речник, СДС и Венко Филипче ги донесе до рејтинг од 4,9% и 3,6%. Сепак, Филипче, не е загрижен за неговиот и на СДС лош рејтинг кој од анкета до анкета, во континуитет се топи, и што целосно потфрлија фалименто соопштенијата напишани од новиот ...
На 31.03.2026 во 01:50 часот во Гостивар, полициски службеници од Полициската станица Гостивар го лишија од слобода М.Д.(34) од Гостивар поради основано сомнение за сторено кривично дело „убиство”. Имено, претходно во 01:30 часот во Полициската станица Гостивар машко лице пријави дека се сомнева за убиство на член од неговото семејство. Полициски службеници веднаш излегле на местото на настанот и во куќата е пронајден починат К.Д.(63) од ...
Во Народната банка се одржа 57. сесија на Клубот на истражувачите, платформа за презентација и разгледување научноистражувачки трудови на Народната банка, којашто ја поддржува научноистражувачката дејност во земјава во изминатите 13 години. На оваа сесија беше претставен научниот труд „Анализа на финансиската ранливост на домаќинствата кредитокорисници кај банките и штедилниците во македонската економија” од авторот Кирил Симеоновски. ...
Соопштение за јавност на СДСМ: Мицкоски ги продава македонските национални интереси – а кај Орбан отиде за да договара враќање на Никола Груевски и уривање на правниот систем. Му ги исполни сите ветувања, му се оддолжи на Орбан што го чува Груевски, не задолжи 1 милијарда евра, обезбеди влез на 4iG во телекомникациите, следува влез на ќерка-фирма на унгарската Status Energy KFT во енергетиката. Го расчисти патот во ВМРО-ОКГ и ги смени сите ...
Безбедносниот комитет на иранскиот парламент одобри нацрт-закон со кој се воведува систем на патарини за премин низ Ормутскиот теснец и се предлага ограничување на пристапот за бродови поврзани со земјите кои воведоа санкции против Иран. Предлогот ќе биде доставен за дискусија и гласање во парламентот, изјави членот на комисијата Моџтаба Сари за новинската агенција ФАРС. Ќе биде забранет премин и за бродови од ЕУ Според нацрт-законот, на ...
Соопштение за јавност на Левица: По одлуките на Советот на јавни обвинители после именувањето на новиот државен јавен обвинител, преку социјалните мрежи, реагираше пратеничката од Левица, Јована Мојсоска која одлуките ги оцени како системско политичко влијание врз обвинителството. Таа своите обвинувања ги темели на неколку спорни чекори. „Ја елиминираа обвинителката на ОЈО ГОКК која единствено ги гонеше корумпираните началници и полицајци ...
Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од североисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 5, а максималната ќе достигне од 10 до 15 степени, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со услови за повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ...
Иранските сили директно нападнаа кувајтски танкер за нафта додека бил закотвен во пристаништето Дубаи во Обединетите Арапски Емирати, објави синоќа кувајтската државна новинска агенција, повикувајќи се на Кувајтската нафтена корпорација, пишува „Њујорк тајмс“. Властите во Дубаи реагираа на инцидентот во кој дрон удри во танкер, предизвикувајќи пожар во емиратските води, соопшти канцеларијата за медиуми на владата на Дубаи. Ниту еден од 24-те ...
Македонски студенти кои учествувале во програмата „Work&Travel“ и работеле во Германија се соочуваат со неочекувани даночни обврски по враќањето во земјава. Како што информира студентската организација „Студентарија МК“, Управата за јавни приходи (УЈП) започнала да испраќа известувања со кои од студентите се бара да ги пријават своите приходи од странство и да платат данок иако тие веќе биле оданочени во Германија. Според информациите, ...
Пациенти со ретки болести во земјава остануваат без неопходната терапија поради доцнења во набавките, предупреди претседателката на здружението „Живот со предизвици“, Весна Алексовска, која денеска излезе пред Министерството за здравство со транспарент „Фалат лекови“. Таа истакна дека иако институциите тврдат дека постапките се во тек, реалноста на терен е поинаква и пациентите веќе трпат последици. Според неа, административните процедури, ...
Судењето против Стојанче Јовановски влезе во суштинската фаза, откако судот не го прифати неговото делумно признание на вина, оценувајќи дека исказот е контрадикторен и недоволен за процесно скратување на постапката. Обвинителката Адела Бојчевиќ остро реагираше на настапот на обвинетиот, оценувајќи го како „чиста манипулација“ со цел избегнување на кривична одговорност. Таа потенцираше дека признанието на вина мора да биде доброволно, јасно и ...
Италијанските медиуми денеска објавија дека од музеј во Парма украдени се три уметнички слики со вкупна вредност од околу девет милиони евра. Крадците влегле во музејот „Фондација Мањани-Рока“ и за три минути успеале да ги украдат сликите „Рибата“ на Пјер-Огист Реноар, „Чаша и чинија со цреши“ од Пол Сезан и „Одалиска на терасата“ од Анри Матис. Кражбата се случила пред повеќе од една недела. Италијанските медиуми денеска објавија дека ...
Генералот Есмаил Каани, командант на елитните сили „Ал Кудс“ во составот на Иранската револуционерна гарда, во ретко јавно обраќање го поздрави „новиот регионален поредок“ воспоставен преку дејствувањето на вооружените групи поддржани од Техеран. Во пораката споделена на социјалните мрежи, Каани истакна дека желбата на „маченички убиените команданти“ е остварена преку создавање на единствен команден центар на фронтот на отпорот. Тој ...
Израелскиот Парламент денеска усвои закон со кој се воведува смртна казна за Палестинци кои ќе бидат осудени за убиство на Израелци, што претставува значајна победа за екстремната десница во земјата која силно се залагаше за ваква мерка. Премиерот Бенјамин Нетанјаху лично присуствуваше во Парламентот и гласаше за усвојување на законот. Според неговите одредби, за Палестинци од Западниот Брег кои ќе бидат осудени за убиства на национална ...
Повеќе од три милиони државни службеници во Индија ќе го спроведат пописот на населението во најнаселената земја во светот, задача која беше одложена поради пандемијата на Ковид-19. Пописот, кој вообичаено се спроведува на секои десет години, требаше да се одржи во 2021 година. Процесот ќе започне на 1 април годинава, а граѓаните ќе имаат можност и претходно да се регистрираат онлајн. Потоа, попишувањето ќе се одвива во две фази преку ...
Германија планира да го укине повеќедеценискиот закон кој им дозволува на малолетници на возраст од 14 и 15 години да конзумираат пиво и вино во присуство на нивните родители, пренесува ДПА. Предлог-законот предвидува целосна забрана на „консумација под родителски надзор“ за оваа возрасна група. Германија моментално има едни од најлибералните закони во Европа, каде што самостојното купување и консумирање на лесен алкохол е дозволено од 16 ...
Фудбалската репрезентација на Косово доби денеска награда во износ од 500.000 евра од Владата на Косово за пласманот во финалето од плејофот за Светското првенство 2026. Репрезентацијата на Косово се пласираше во финалниот бараж, откако во четвртокот во полуфиналето ја победи Словачка со 4:3 во Братислава. Косовските фудбалери утре во Приштина ќе играат против Турција, а победникот ќе избори пласман на Мундијалот што ова лето ќе се одржи во ...
Едно 13-годишно момче е убиено, а најмалку осум лица се ранети откако тинејџер отвори оган во училиште во аргентинскиот град Сан Кристобал. Напаѓачот, 15-годишен ученик, веднаш бил приведен од страна на полицијата. Според сведоштвата на учениците, напаѓачот излегол од тоалетот вооружен, по што меѓу децата настанала паника и тие почнале да викаат. Во тој момент, тинејџерот почнал неселективно да пука во нив. Локалните власти соопштија дека ...
Град Скопје донесе одлука за разрешување на директорката на ЈП „Лајка“, Радмила Пешева, што предизвика остри реакции кај здружението за заштита на животни Анима Мунди, од каде велат дека станува збор за неочекуван и нетранспарентен потег. Од организацијата соопштија дека Пешева, која е активистка на Анима Мунди и долгогодишен борец за хумано и системско справување со проблемот со бездомните животни, за разрешувањето била известена телефонски, ...
Претседателот на Хрватска и копретседател на процесот Брдо-Бриони Зоран Милановиќ денеска го откажа состанок закажан за мај на иницијативата на Бриони поради политичките изјави и постапки на претседателот на Србија, Александар Вучиќ. Хрватска и Словенија, како членки на Европската Унија, го иницираа процесот Брдо-Бриони со цел подобрување на меѓусебната соработка и забрзување на процесот на европска интеграција на земјите од Југоисточна ...
Апелациониот суд Скопје ги одби како неосновани жалбите на обвинетите во случајот со велешката група за сексуална злоупотреба и изготвување порнографски материјал со дете-жртва и ја уважи жалбата на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Скопје, на начин што ја преиначи првостепената пресуда на Основниот кривичен суд Скопја и им ги зголеми затворските казни на сите 13 лица. Пресудата на Основниот кривичен ...
Балистичка ракета лансирана од Иран навлегла во турскиот воздушен простор пред да биде пресретната од воздушно-ракетните одбранбени сили на НАТО распоредени во источниот дел на Средоземното Море, соопшти денеска турското Министерство за одбрана. Министерството наведе дека се преземаат сите неопходни мерки одлучно и без двоумење против секоја закана насочена кон турската територија и воздушен простор. Инцидентот е четврти ваков од почетокот ...