Министерството за образование и наука го објави конкурсот за упис во средни училишта во учебната 2026/2027 година. Со конкурсот се предвидени над 25.000 слободни места во сите 109 јавни средни училишта во државата. Од нив, повеќе од 17.000 се во стручното образование, речиси 6.000 во гимназиското и 570 слободни места во уметничкото образование. Учениците ќе се пријавуваат електронски преку порталот Uslugi.gov.mk со посебна најава за ученици ...

Силен земјотрес го потресе поширокиот регион на Токио, соопштија денеска локалните власти, додавајќи дека нема опасност од цунами. Епицентарот на земјотресот со магнитуда од 5,0 степени бил во префектурата Ибараки, во соседство на Токио, на длабочина од околу 50 километри, соопшти јапонската метеоролошка агенција. Геолошкиот институт на Соединетите Држави (USGS) ја процени магнитудата на 4,9 степени. Засега нема извештаи за штети или ...

Американскиот државен секретар Марко Рубио денеска изјави дека Вашингтон е задоволен од напредокот постигнат во Венецуела во последните три месеци и повтори дека планот на Соединетите Американски Држави предвидува стабилизација на земјата, економско закрепнување и политичка транзиција со слободни избори. Рубио во интервју за Фокс њуз изјави дека првата цел на стратегијата на САД е да се стабилизира ситуацијата во Венецуела со цел да се спречи ...

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Б.Т.(40) и М.Д.(43), двајцата од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „уцена“. На 07.02.2026, првопријавената, поранешна вработена во угостителски објект во Куманово, го уценувала сопственикот дека ако не ја врати на работа или не ѝ даде 5.000 евра, на социјална мрежа ќе објави фотографии како доказ за несоодветно ракување со храната во објектот, со цел создавање ...

Државниот архив на Република Македонија денеска одбележува 75 години од основањето. На свеченоста што ќе се одржи во Порта Македонија, како што информираат од Државниот архив, ќе има обраќања и доделување благодарници на неговите верни поддржувачи и пријатели. -Овој јубилеј е момент да се потсетиме на значењето на Архивот како чувар на културната меморија и историското наследство, но и како институција што гради мостови кон иднината, се ...

Претседателката на Европската централна банка (ЕЦБ), Кристин Лагард, го критикуваше тврдењето на американскиот министер за финансии, Скот Бесент, дека економските последици од војната со Иран би биле краткотрајни, јави Блумберг. Таа за време на видео-повик зад затворени врати со гувернерите на централните банки, министрите за финансии и министрите за енергетика на Г7, истакнала дека последиците ќе се чувствуваат долго време „бидејќи толку ...

Москва соопшти дека 29 лица загинале кога руски воен авион се урна над црноморскиот полуостров Крим, кој е анектиран од Русија, пренесе ДПА. Тим за пребарување и спасување го пронашол местото на несреќата и известил за шест загинати членови на екипажот и 23 патници, јавија државните новински агенции, цитирајќи го руското Министерство за одбрана рано утрово. Според извештаите, се верува дека технички дефект ја предизвикал несреќата и оти ...

Први април, Денот на шегата, ширум светот се одбележува како ден посветен на хуморот, смеата и безопасните шеги. Во нашата земја, традиционално, најмладите маскирани во суперхерои, принцези, бубамари, пчелки, готвачи, лекари и ликови од цртани филмови дефилираат низ градот, создавајќи ведра и шарена атмосфера. Градот оваа година повторно ќе биде исполнет со детска радост на манифестацијата „Априлијада“. ЈУ Детски културен центар „Карпош“, под ...

Денеска (01.04.2026) околу 03:30 часот полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка и СВР Струмица ги лишија од слобода С.М.(31) осуден на казна затвор од пет години и М.М.(38) осуден на казна затвор од четири години, двајцата од Струмица. Лицата беа во бегство од КПУ Затвор Струмица, а претходно осудени поради сторено кривично дело по чл.236 ст. вв чл.45 од Кривичниот законик. Лицата се спроведени во КПУ Затвор ...

ЕВН Македонија АД известува дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа денеска без електрична енергија ќе останат жителите од неколку улици во Кисела Вода. Во периодот од 09:00 до 14:00 часот, без струја ќе бидат корисниците од улиците: Есенинова бр.8, Борис Трајковски бр.1 , дел од влез 1, и ул. Жил Верн бр.12. ЕВН Македонија АД известува дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа денеска без електрична енергија ќе ...

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, а сите патни правци се проодни. Снег провејува во Маврово и Крушево и на планинските премини Стража и Ѓавато. Намалена видливост до 20 метри поради магла има на патниот правец Попова Шапка-с.Лисец. На одредени патни правци кои поминуваат низ усеци и клисури можна е појава на поситни одрони. ЈП „Македонијапат“ апелира на внимателно управување со возилата, почитување на поставената ...

Времето денеска под влијание на циклонска активност ќе биде врнежливо, а наместа врнежите ќе бидат пообилни (над 20 l/m²). Поради спуштање на ладна воздушна маса, на планините и некои од повисоките места врнежите од дожд ќе преминуваат во снег. Ќе дува засилен повремено силен ветер кој наместа ќе достигнува и над 70 km/h. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 6, а максималната ќе достигне од 7 до 12 степени. Во Скопје времето ...

Репрезентациите на Босна и Херцеговина и Чешка се последните селекции кои обезбедија пласман на Светското првенство во САД, Канада и Мексико, откако по драматични пенал-серии ги елиминираа Италија и Данска. Во дуелот меѓу Италија и Босна и Херцеговина, „аѕурите“ поведоа рано, со голот на Мозес Кен во 15. минута. Сепак, текот на натпреварот се промени по исклучувањето на Бастони, по што Италија остана со играч помалку. БиХ ја искористи ...

Македонската фудбалска репрезентација одигра нерешено без голови на гостувањето во Даблин против Република Ирска, во натпревар меѓу две селекции кои неодамна беа елиминирани во полуфиналните баражи за пласман на Светското првенство. Избраниците на селекторот не успеаја да остават посериозен впечаток во нападот, продолжувајќи ја бледата форма од дуелот со Данска. Македонија упати само три удари кон противничкиот гол, без ниту една вистинска ...

Турската фудбалска репрезентација по цели 24 години повторно ќе настапи на Светско првенство, откако во драматичното финале од плеј-офот славеше на гостински терен против Косово со 1:0. Последниот настап на Турција на Мундијал датира од 2002 година, кога оваа селекција го освои третото место и го воодушеви фудбалскиот свет. По долг период исполнет со разочарувања, новата генерација предводена од селекторот Винченцо Монтела покажа зрелост и ...

Во Националната галерија, објектот Чифте амам, на 31 март 2026 година, традиционално ќе се одбележи Меѓународниот ден на лицата со аутистичиен спектар на нарушување. Ќе биде поставена изложба на графики во техника монотипија изработени на работилниците одржани во текот на месец март 2026 година. Изложбата ќе биде отворена во 11 часот, и истата ќе може да се посети до 5 април 2026 г. Ликовната уметност е важна за развојот на децата, ја развива ...

Венеција повторно воведува посебна такса за дневни посетители на пролет и лето оваа година. Целта е да се управува со огромниот прилив на туристи. Системот ќе биде активен од почетокот на април до крајот на јули, и тоа за 60 избрани денови. Таксата важи за посетители кои доаѓаат само на еден ден. Таксата се наплатува од 8:30 до 16:00 часот, а плаќањето најчесто се прави преку официјалниот систем со QR‑код, кој мора да се покаже на ...

Русија ќе одговори доколку другите земји ѝ дозволат на Украина да го користи нивниот воздушен простор за напади со беспилотни летала врз руските балтички пристаништа, соопшти денеска Кремљ. – Доколку се отстапи воздушен простор за спроведување непријателски, терористички активности против Руската Федерација, тоа ќе нè принуди да извлечеме соодветни заклучоци и да преземеме соодветни мерки, наведе портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. Тој ...

Лишени се од слобода шест возачи за безобѕирно управување со возило во Македонија во изминатото деноноќие. Од нив пет возеле без возачка дозвола, од кои двајца во Скопје и по еден во Куманово, Струга и Прилеп. Додека, еден возач управувал возило под дејство на алкохол во Велес и предизвикал сообраќајна незгода. По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги ...

Државниот јавен обвинител Ненад Савески ќе ги повлече овластувањата на обвинителите кои постапуваат по предмети надвор од своите матични обвинителства, со што директно ќе се рефлектира и врз случаите „Талир 1“ и „Талир 2“. Со оваа одлука, обвинителката Ленче Ристоска повеќе нема да ги води предметите поврзани со ВМРО-ДПМНЕ, кои се однесуваат на наводи за перење пари и незаконско финансирање на партиското седиште. Савески тврди дека станува ...

Според еврокомесарката за проширување Марта Кос инцидентите со насилство, закани и неправилности при гласањето на локалните избори одржани на 29 март во Србија се неприфатливи. Таа ги повика надлежните органи да ги истражат и да се процесуираат сите инциденти. „Распространетите инциденти на насилство, закани и неправилности при гласањето – она што го виде набљудувачката мисија на Советот на Европа за време на локалните избори во Србија – е ...

Проверка дали има необезбедени влезови на Филозофскиот факултет и неправилности во работата на Ректоратот, направија членови на одделот за кривични истраги, по наредба на Вишото јавно обвинителство во Белград во зградата на Ректоратот. Студенти и граѓани се собраа пред зградата на Ректоратот во попладневните часови, сообраќајот во таа област е блокиран, а присутни се и силни полициски сили. По повод инцидентот пред Ректоратот, Драган ...

Доналд Трамп верува дека војната во Иран наскоро ќе заврши, па дека другите држави можат сами повторно да го отворат Ормускиот теснец „Нема да бидеме таму уште долго. Во моментов ги разнесуваме, тоа е целосно уништување“, рече претседателот во телефонски разговор. „Но нема да мораме да останеме уште долго. Имаме уште работа додека не ја уништиме нивната офанзива, односно сите офанзивни способности што им останале.“ Трамп порача дека други ...

Владата на ОАЕ ги одредува цените месечно во согласност со меѓународните трендови, кои скокнаа поради војната со Иран и континуираната контрола на Техеран врз Ормускиот теснец Обединетите Арапски Емирати нагло ги зголемија цените на бензинот и дизел горивото за следниот месец, при што бензинот поскапе за повеќе од 30%, а дизелот за повеќе од 70%. Владата на ОАЕ ги одредува цените месечно во согласност со меѓународните трендови, кои се ...

На 31.03.2026 во 01:50 часот во Гостивар, полициски службеници од Полициската станица Гостивар го лишија од слобода М.Д.(34) од Гостивар поради основано сомнение за сторено кривично дело „убиство“. Имено, претходно во 01:30 часот во Полициската станица Гостивар машко лице пријави дека се сомнева за убиство на член од неговото семејство. Полициски службеници веднаш излегле на местото на настанот и во куќата е пронајден починат К.Д.(63) од ...

Магла го зафати патниот правец Маворово – Бунец при што е намалена видливоста до 20 метри. Од ЈП ,,Македонијапат” велат дека сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози и сите патни правци во државата се проодни. На одредени патни правци кои поминуваат низ усеци и клисури можна е појава на поситни одрони. ЈП „Македонијапат“ апелира на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна ...

На 30.03.2026 во 23:00 часот во Скопје, на подрачјето на Шуто Оризари, полициски службеници од СВР Скопје – Полициско одделение Шуто Оризари го лишија од слобода З.И.(49) од Скопје поради тоа што, најпрвин со тврд предмет оштетил полициско возило, а потоа и физички нападнал полициски службеник кој извршувал службени дејствија. По целосно документирање на случајот ќе следува кривична пријава по брза постапка за сторено кривично дело „напад ...

За да се обезбеди сигурно снабдување со нафта и да се избегнат мерки што би ја зголемиле потрошувачката на горива, европската комисија ги повика земјите – членки навремено да се подготват. „Сигурноста на снабдувањето на Европската Унија останува загарантирана. Но мора да бидеме подготвени за потенцијално долготрајни нарушувања во меѓународната трговија со енергија. Затоа мора да делуваме веднаш. И мора да делуваме заедно“, изјави ...

Издавачката куќа „Арс Ламина” со големо задоволство го најавува ексклузивното гостување на популарната американска писателка на психолошки трилери, Сара Пеканен, во Скопје на 25 април. Нејзиното доаѓањe беше најавено денес, во присуство на фанови на писателката, букстраграмџии и јавни личности, на платото пред aрената „Борис Трајковски”, каде што од 23 до 29 април ќе се одржи Саемот на книгата. Пеканен ќе биде дел од програмата на штандот на ...

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан денес изјави дека секоја одлука за прекин на агресијата што САД и Израел му ја наметнаа на Иран ќе биде донесена исклучиво врз основа на условите на Иран и националните интереси. На денешниот состанок на иранското државно раководство, со кој претседаваше Пезешкијан, се разговараше за моменталната состојба во земјата во воени услови и за перформансите на владините органи во одржувањето на основните ...

weather icon

Скопје

9ᴼ / 9ᴼ
0.51
93%
1017
weather icon

Белград

14ᴼ / 11ᴼ
3.13
86%
1016
weather icon

Загреб

11ᴼ / 7ᴼ
1.54
83%
1016
weather icon

Софија

7ᴼ / 7ᴼ
2.06
100%
1019
weather icon

Сараево

15ᴼ / 15ᴼ
0.8
91%
1015
weather icon

Љубљана

8ᴼ / 6ᴼ
1.54
89%
1017
weather icon

Атина

20ᴼ / 17ᴼ
1.79
61%
1017
weather icon

Тирана

11ᴼ / 11ᴼ
1.03
71%
1014
weather icon

Подгорица

12ᴼ / 12ᴼ
1.03
71%
1015
weather icon

Букурешт

14ᴼ / 12ᴼ
1.54
82%
1015
weather icon

Будимпешта

13ᴼ / 11ᴼ
2.06
91%
1014
weather icon

Истанбул

16ᴼ / 14ᴼ
1.54
58%
1017
Currency

61.6317

Currency

52.5532

Currency

71.2398

Currency

37.9988

Currency

38.4742

Currency

67.3374

Currency

7.72826

Currency

0.70417

Currency

0.335

Currency

0.5252

Currency

1.16067

Currency

0.55767

Цинк

0.00

Платина

66744.95

Алуминиум

3.53

Рутениум

51376.89

Паладиум

49351.40

Сребро

2534.46

Кобалт

45.39

Калај

52.70

Родиум

319899.93

Иридиум

253540.09

Злато

152465.86

Бакар

12.46