Јас сум тимски играч и верувам дека само со добар тим од квалитетни луѓе може да се стигне до подобри резултати, подобра програма и до подобра партиска структура во СДСМ, порача претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, во вечерашното интервју во централниот дневник на МТВ 1. Филипче посочи дека по објавувањето на предлог-програмата, има зголемен интерес од млади луѓе и експерти кои сакаат да се приклучат и ...

На 02.04.2026 во ОВР Кавадарци е пријавено дека на локален пат Кавадарци-село Ресава, кавадаречко, патничко возило „даеву ланос” со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од И.Д.(19) од село Бегниште, кавадаречко, се превртело на коловозот. Во несреќата со телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Општа болница Кавадарци, каде е задржан на лекување. По преземени мерки и извршени проверки било констатирано дека И.Д. го управувал ...

Во Секторот за внатрешни работи Велес 60-годишен велешанец вчера пријавил дека бил измамен за сума од 12.400 денари од едно лице кое го запознал во декември 2025 година во Велес и кој се претставил како полициски инспектор во Скопје. Истото лице во два наврати го измамило и неговиот син. Како што информираат попладнево од СВР Велес, според пријавеното, лицето побарало од него на договорено место во Велес да преземе пакет со брендирана облека ...

Унгарскиот премиер Виктор Орбан ја повика Европа веднаш да ги укине санкциите врз руската енергија за да ја заштити својата економија од една од најтешките економски кризи во нејзината историја, што е последица на војната во Иран. Како одговор на предупредувањето на полскиот премиер Доналд Туск дека неодамнешните активности на Трамп и Орбан се како „планот од соништата на Путин“, унгарскиот премиер двојно ги зголеми своите повици за проруска ...

На Светскиот ден за подигање на свеста за аутизмот се потсетуваме дека зад секоја дијагноза стојат индивидуи со уникатни способности и семејства кои секојдневно вложуваат љубов, труд и посветеност во нивниот развој, истакна претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, по повод 2 април – Светскиот ден за подигање на свеста за аутизмот. Претседателката посочува дека аутизмот е комплексен и хетероген спектар на искуства што ја проширува нашата ...

Околу седум милиони Иранци се подготвени доброволно да се мобилизираат за да се борат против можна копнена инвазија на САД врз Иран, објави денеска претседателот на иранскиот Парламент, Мохамед Багер Калибаф. „Во моментов, за помалку од една недела, силната национална кампања што ја зафати земјата привлече околу седум милиони Иранци кои веќе се јавија и изјавија дека се подготвени да се вооружат и да застанат во одбрана на нашата нација“, ...

Драматична сцена попладнево во скопската населба Влае, каде што опожарено возило беше забележано на кружниот тек на булеварот „Партизански одреди“, во правец кон Ѓорче Петров. Според фотографиите што пристигнаа до редакцијата, возилото целосно изгорело и е оставено на тротоарот, додека густ црн чад се издигал високо над местото на настанот, предизвикувајќи вознемиреност кај граѓаните. Засега нема официјални информации за причините за ...

Портпаролот на австриското Министерство за одбрана, Михаел Бауер изјави дека Австрија од почетокот на судирите на Блискиот Исток ги одбила сите барања на САД за воени прелети над австриската територија, повикувајќи се на својата неутралност. – Имаше барања и ние ги одбивме од самиот почеток. За секој прелет мора да се поднесе барање и секогаш кога станува збор за земја во војна, тоа се одбива, во овој случај во координација со Министерството ...

СВР Штип поднесе кривична пријава против Б.Х.Ј.(45) од Штип. Тој се сомничи за сторени кривични дела „лажно претставување“, „одземање на моторно возило“ и „тешка кражба на дрзок начин“. На 09.03.2025 на ул.„Рибник” во Штип, пријавениот сопрел патничко возило „пежо“ во сопственост на правен субјект, претставувајќи се лажно како полициски службеник, при што го одзел возилото и си заминал од местото. Истиот ден, на ул.„Сутјеска”, додека ...

Русија е подготвена да придонесе за решавање на конфликтот со Иран, соопшти Кремљ, наведувајќи дека Владимир Путин за тоа разговара со лидерите на земјите од Блискиот Исток. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денеска изјави дека претседателот „продолжува со контактите“ и дека Москва е подготвена да помогне за да може воената ситуација да се пренасочи кон мирно решение што е можно поскоро. Коментирајќи го говорот на американскиот ...

Ново истражување посочува дека повеќето нови зборови на некој странски јазик се складираат во истите области каде што се собира знаењето од мајчиниот јазик, но поединечните зборови се „малку поместени“ во зависност од нивното значење и контекст. Написот е објавен на страницата „Сајнекс“ (Scinexx), којашто се повикува на научен труд објавен во американскиот Зборник на трудови на Националната академија на науките (Proceedings of the National ...

Иранските власти погубија младо момче кое било поврзано со антивладините протести што избувнаа во јануари, објавија државните медиуми. Амирхосеин Хатами (18) беше еден од 11-те мажи кои, според Амнести Интернешнл, биле подложени на тортура и малтретирање во притвор пред да бидат осудени на она што тие го нарекуваат „грубо неправедни судења засновани на принудни признанија“. Според иранската агенција Мизан, за време на испрашувањето тој ...

Нашата цел е заеднички да градиме здраво општество преку исполнување на даночните обврски и истовремено нашето општество да има исполнителни млади луѓе кои даваат сопствен придонес во заедничките цели. Ова е заклучокот од денешната средба на директорката на УЈП Елена Петрова со претседателката на Универзитетското собрание на студенти при УКИМ (УСС – УКИМ), Ангела Василевска и заменик претседателот на УСС – УКИМ Адам Стојановски. Во тој ...

Во Основниот кривичен суд во Скопје денеска продолжи судењето против Стојанче Јовановски, обвинет за наведување на самоубиство на неговата сопруга Ивана, при што беа изнесени нови вознемирувачки детали што фрлаат светлина врз односите во семејството и наводното долгогодишно насилство. Потресните сведоштва на братот на жртвата и на сосетката открија наводи за системско насилство, економски уцени, контрола врз комуникацијата, но и шокантно ...

Вештакот Давор Радославевиќ од Србија денеска во Основниот кривичен суд во Скопје, одговараше на вкрстени прашања на одбраната на поранешниот директор на Клиниката за онкологија, Нино Васев, кој заедно со уште двајца онколози е обвинет за несовесно лекување пациенти. Тој при тоа укажа на пропусти во лекувањето и недоволно следење на пациентите, додека одбраната тврдеше дека не му била доставена целосната документација. Радославевиќ, кој го ...

Полициски службеници од СВР Тетово вчера во 19:10 часот го лишиле од слобода А.Д. (31) од тетовско, по пријава за сериозни закани кон неговата невенчана партнерка. Според информациите од полицијата, 36-годишна жена од Тетово пријавила дека мажот ѝ се заканувал и барал од неа да му купи стан и автомобил, во спротивно, како што навела, ѝ се заканил дека ќе ја убие. „Полициските службеници постапиле по пријавата и веднаш презеле мерки, при што ...

Wizz Air организира отворен ден за пилоти следната недела, со цел поддршка на растот во Скопје. Настанот, закажан за 9 април во главниот град на Северна Македонија, им нуди на кандидатите можност да се приклучат на една од најбрзо растечките авиокомпании во Европа. „Овој отворен ден во Скопје е осмислен за да се поврземе со таленти во секоја фаза од нивната авијациска кариера“, изјави Вера Јардан, Менаџер за корпоративни комуникации во Wizz ...

Учениците од основните училишта по неколку часа на ден поминуваат со мобилен телефон – така на анкета одговориле 36 проценти од 703 прашани четвртоодделенци и 63 проценти од 585 прашани осмоодделенци. Истражувањето во кое биле анкетирани вкупно 1288 ученици од четврто и од осмо одделение е спроведено од тим на Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања (ИСППИ) на УКИМ, а податоците ги соопшти неговиот директор, проф. д-р Петар ...

Наставничката на шестгодишната Катја, сведочејќи во Основниот кривичен суд Скопје, го опиша последниот ден на девојчето на училиште, нагласувајќи дека таа била расположена, весела и без никакви знаци на вознемиреност. „На 2 март, понеделник, бев прва смена. Катја ја донесе нејзината баба, мајката на Ивана. Влезе во училницата, го предаде ранецот, а соучениците веднаш ја прегрнаа – сите многу ја сакаа“, изјави наставничката. Таа раскажа дека ...

На 4 и 5 април, во спортскиот центар „Борис Трајковски“ ќе се одржи меѓународниот таеквондо турнир „Скопје Опен – Рамус Г1″. На турнирот ќе настапат над 900 натпреварувачи од повеќе од 40 земји, вклучувајќи ја и светската таеквондо елита, која ќе донесе врвен квалитет, атрактивни борби и вистинска демонстрација на врвниот олимписки спорт. Турнирот е во организација на Таеквондо клуб Бутел и Македонската таеквондо федерација . Станува збор за ...

Вечерва во емисијата „Ноќно студио“ на 4ТВ ќе се отвори едно од клучните прашања за иднината на државата дали Македонија може да стане функционална држава и како да се стигне до тоа. Гости во емисијата се универзитетскиот професор и научник Миодраг Лабовиќ и поранешната претседателка на Државната комисија за спречување на корупцијата, Билјана Ивановска. Професорот Лабовиќ ќе претстави конкретен план за системски реформи, кој опфаќа уставни ...

Со воена свеченост во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец, Првата пешадиска бригада (1.пбр), најголемата борбена единица во составот на Командата за операции, го одбележа Денот на единицата. На свеченоста присуствуваа: министерот за одбрана Владо Мисајловски, началникот на Генералштабот на Армијата генерал-мајор Сашко Лафчиски, заменик-министерот за одбрана Адмир Шабани, заменикот на началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор ...

Денес во Министерството за економија се одржа работен состанок на Групациите од мелничко пекарската индустрија на коморите и нивните членови (Стопанската комора, Сојузот на стопански комори на Македонија и Стопанска комора на Северо-Западна Македонија), со заменик министерот Марјан Ристески и со директорот на Државниот пазарен инспекторат, Влатко Стојкоски. На средбата беа донесени следните заклучоци: Денес во Министерството за ...

Денеска се одржа историски настан за македонскиот енергетски сектор со поставувањето на камен темелник на 400 kV далекуводот од ТС „Битола 2“ до македонско-албанската граница. Овој капитален проект е стратешка интерконекција која ја заокружува електроенергетската поврзаност на Северна Македонија со сите соседи и ја зацврстува позицијата на земјата како доверлив партнер во регионалната енергетика. На настанот присуствуваа: претседателот на ...

Јавното сообраќајно претпријатие Скопје ги известува корисниците на јавниот превоз дека, почнувајќи од 04.04.2026 година, стапува во примена нов возен ред за дел од линиите во рамки на единствената мрежа на линии во градот. Со наведените измени се врши усогласување на возниот ред со Одлуката за интегриран тарифен систем во линискиот превоз на патници во градот Скопје, со цел унапредување на организацијата и ефикасноста на јавниот превоз. ...

„Алкалоид“ АД Скопје од 1996 година е дел од Македонската берза, најпрвин преку Третиот неофицијален пазар, а од ноември 2002 година како котирано друштво на Првиот официјален пазар, на кој се етаблира како една од најликвидните и најтранспарентни компании. По повод одбележувањето на јубилејот 30 години од почетокот на организираното тргување со хартии од вредност во Македонија, Македонската берза организираше свечен настан на кој ...

Во светот денеска се одбележува Светскиот ден за подигање на свеста за аутизмот под темата „Аутизмот и човештвото – секој живот има вредност“. „Во време кога дезинформациите и регресивната реторика за животот на аутистичните лица повторно се појавуваат, овогодишниот виртуелен настан е повик за акција да се надмине ограничувачкиот наратив и да се препознае вроденото достоинство, еднаквите права и безусловната вредност на секое аутистично ...

Пишува: Мирослав Тлин, дипломиран економист во пензија Живееме во држава во која речиси секој граѓанин чувствува дека нешто суштински не е во ред, но сѐ помалкумина веруваат дека тоа може да се поправи. Сиромаштијата, корупцијата, непотизмот, клиентелизмот, селективната правда, заробените институции и масовното иселување повеќе не се поединечни појави – тие станаа нормализирана состојба. Со години слушаме за „реформи“, за „нови закони“, за ...

Оваа недела (05.04.2026) ќе се одржи 14. издание на „Авицена Женска Трка”. Стартот и целта на трката ќе биде во 10:00 часот од булевар „Илинден”, во близина на фонтана „Лотос”, додека должината на самата трка е 3 километри. Пред самиот почеток, во 09:40 часот, предвидено е и загревање со аеробик вежби. Во периодот од 09:00-11:00 часот ќе има посебен сообраќаен режим на булеварот „Илинден”. По истрчаните 3 километри ќе се прогласат ...

На 01.04.2026 околу 01:30 часот во скопско, полициски службеници од СВР Скопје го приведоа К.А.(27) затоа што агресивно се однесувал кон неговата 37-годишна сестра и ѝ упатувал закани. Истиот ден, околу 13:30 часот таа пријави дека на 31.03.2026 околу 22:30 часот била и физички нападната од нејзиниот брат, кој ѝ го оштетил и возилото. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава, наведуваат од МВР. На 01.04.2026 ...

weather icon

Скопје

11ᴼ / 11ᴼ
1.03
94%
1018
weather icon

Белград

16ᴼ / 15ᴼ
3.13
72%
1015
weather icon

Загреб

11ᴼ / 11ᴼ
0.51
94%
1016
weather icon

Софија

9ᴼ / 9ᴼ
1.03
87%
1019
weather icon

Сараево

17ᴼ / 17ᴼ
0.74
84%
1016
weather icon

Љубљана

10ᴼ / 9ᴼ
2.06
85%
1017
weather icon

Атина

20ᴼ / 18ᴼ
1.34
56%
1018
weather icon

Тирана

13ᴼ / 13ᴼ
0.51
72%
1016
weather icon

Подгорица

14ᴼ / 14ᴼ
0.51
77%
1017
weather icon

Букурешт

18ᴼ / 17ᴼ
2.24
76%
1016
weather icon

Будимпешта

15ᴼ / 12ᴼ
1.79
88%
1015
weather icon

Истанбул

14ᴼ / 14ᴼ
0.51
82%
1018
Currency

61.6417

Currency

52.5532

Currency

71.2993

Currency

37.8621

Currency

38.4775

Currency

67.3564

Currency

7.70223

Currency

0.70181

Currency

0.33535

Currency

0.52518

Currency

1.15978

Currency

0.55488

Алуминиум

3.53

Злато

152465.86

Сребро

2534.46

Кобалт

45.39

Рутениум

51376.89

Бакар

12.46

Родиум

319899.93

Паладиум

49351.40

Цинк

0.00

Платина

66744.95

Калај

52.70

Иридиум

253540.09