Скопје
12ᴼ /
12ᴼ
Седумнаесет лица се повредени во голем пожар што избувна рано утрово во седумкатна зграда во населбата Нојкелн во Берлин, соопшти противпожарната служба, објави Шпигел. Пожарот избувнал на приземјето од зградата, а станот каде што избувнал веќе бил целосно зафатен од пламен кога пристигнале службите за итни случаи. Вкупно 27 лица биле спасени. Шеснаесет лица биле полесно повредени и им била пружена медицинска помош на местото на настанот, ...
Оваа пролет, Општина Чаир спроведува вистинска офанзива во градежната инфраструктура, јасно покажувајќи дека работата и посветеноста не се само празни зборови. Во моментот, 22 инфраструктурни проекти се во активна фаза на реализација, додека над 10 други проекти се во почетна фаза, допирајќи до секое населено место и секоја населба во општината. Граѓаните се соочуваат директно со конкретната работа на терен, гледајќи реални промени и ...
Турската агенција за катастрофи соопшти дека земјотрес со јачина од 5,2 степени ја погоди источната покраина Ван денеска. Нема непосредни извештаи за жртви или штети, соопшти агенцијата АФАД во соопштението, додавајќи дека теренските проценки се во тек. Земјотресот го погоди округот Тушба во 8:52 часот наутро на длабочина од седум километри, а потресите се почувствуваа и во блиските покраини, додаде Агенцијата. Потресот следува по разорните ...
Ракометарите на Охрид денес ќе го одиграат реваншот од четвртфиналето на Европскиот Куп со Олимпијакос. Во Атина пред една недела, охриѓани победија со 31:26 и се во одлична позиција за пласман во полуфиналето во третото по квалитет клупско европско ракометно натпреварување. Билетите за салата „Билјанини извори“ се распродадени па сигурно е дека македонскиот претставник ќе има голема поддршка од трибините. Раководствата на двата клуба во ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска изврши увид во градежните активности на нова училишна зграда во ООУ „Гоце Делчев“ во населбата Илинден. Тој при тоа упати честитки за вклученоста на сите институции за зголемувањето на капацитетот на овој наставно образовен објект, односно на ова основно училиште, проект којшто, потенцира ќе значи многу за Општина Илинден. -Да му честитам на градоначалникот, на министерката за образование, на советниците ...
Иран веројатно нема да ја отвори Ормуската Теснина наскоро, според неодамнешните извештаи на американските разузнавачки служби, бидејќи контролата врз преминот е единствената значајна предност на Техеран во однос на САД, соопштија три извори. Извештаите сугерираат дека Иран би можел да продолжи да го ограничува транзитот низ теснецот за да ги одржи високите цени на енергијата и да изврши притисок врз американскиот претседател Доналд Трамп да ...
Американската војска распореди високо обучени падобранци (ПП) на воздухопловните сили за операција за пребарување и спасување на исчезнатиот член на екипажот на борбениот авион Ф-15Е соборен над Иран, изјави аналитичарот за национална безбедност Арон Меклин. Меклин, ветеран од морнаричкиот корпус, рече дека ПП се специјализирани за спасување пилоти во непријателски зони и имаат обемна обука за преживување, избегнување и отпор кон ...
Со вечерашното гостување на Црногорско народно позориште од Подгорица и претставата „Другата страна” на сцената на МНТ од 20 часот ќе биде заокружено роденденското одбележување на 81 година од постоењето на Македонскиот народен театар. Режисер на претставата е Борис Лијешевиќ. Драматургијата е на Стела Мишковиќ и Стефан Бошковиќ. Улогите ги играат: Александар Радуловиќ, Лазар Ѓурѓевиќ, Кристина Обрадовиќ, Зоран Вујовиќ, Сања Вујисиќ, Тихана ...
Министерката за образование и наука Весна Јаневска откри сериозни неправилности во функционирањето на дел од приватните високообразовни институции, посочувајќи дека еден институт бил регистриран во простории на кладилница. Одговарајќи на новинарско прашање за прилагодувањето на приватните универзитети кон новиот Закон за високо образование, Јаневска изнесе загрижувачки детали од контролите спроведени од Министерство за образование и наука. ...
Астронаутите на мисијата Aртемис II ќе имаат богато и внимателно планирано мени од 189 различни јадења, прилагодено на нивните вкусови, нутритивните потреби и ограничувањата на вселенскиот брод, објави НАСА. На менито се најде сè, од зеленчук киш, брокула а’ла гратен и макарони со сирење, до манго салата и брускет од говедско месо. Тие исто така ќе имаат 58 тортиљи, кои се практични за јадење во микрогравитација и создаваат многу помалку ...
Екипажот на американската мисија „Артемис II“ успешно ја достигна средната точка на своето патување кон Месечината, означувајќи историски момент за човештвото и нова ера во вселенските истражувања. Вселенското летало Orion spacecraft се наоѓа на околу 228.500 километри од Земјата и 212.000 километри од Месечината, откако командантот Reid Wiseman и неговиот тим го извршија последното согорување на моторот, со што беа поставени на прецизна ...
Исполнети се условите да ги намалиме акцизите за дизелот за 4 денари, а на бензините за 2 два денара по литар, порача денеска премиерот Христијан Мицкоски од Општина Илинден и додаде дека за утре во 11 часот веќе е закажана седница на Владата за донесување на мерки за заштита од поскапувањето на горивата. -Берзата за нафтата се затвори во четвртокот заради велигденските преазници и нашите калкулации покажуваат дека дизелот требаше да поскапи ...
Вкупно седум американски авиони се уништени за време на конфликтот со Иран, вклучувајќи Ф-15 и А-10, соопштија официјални лица. Два Ф-15 беа соборени на 2 март во Кувајт, но сите пилоти преживеаја, а тројца се вратија во борбени операции против Иран, објави Си-Ен-Ен. Шест члена на екипажот беа убиени на 12 март кога танкер КЦ-135 се урна во Ирак за време на инцидент со друг авион како дел од операцијата „Епски бес“. Вториот авион слета ...
Иран како еден од условите за прекинување на конфликтот со САД и Израел постави почитување на неговото право на цивилна употреба на нуклеарна енергија, изјави дипломатски извор од Исламската Република, објавија руски медиуми. „Меѓу условите за прекинување на војната е траен мир во нашиот регион, а не само прекин на огнот, со кој веќе имаме горчливо искуство. Механизмот за постигнување траен мир вклучува осуда на агресорот, воени репарации за ...
Делегација од Министерство за образование и наука, Владата, Град Скопје и УНДП го посети ТУМО Центарот за креативни технологии во Ереван, Ерменија, водечки центар за едукација на млади во дигитални и креативни области. ТУМО нуди иновативен образовен модел – бесплатен пристап за млади од 12 до 18 години до знаења и вештини во програмирање, анимација, развој на игри, веб-дизајн и други современи области, преку комбинација на самостојно учење, ...
Вооружени полицајци кои го обезбедуваат градоначалникот на Лондон, Садик Кан, „оставиле“ торба со оружје пред неговиот дом, која ја пронашол еден граѓанин, јави ДПА. Еден маж изјави дека неговата девојка ја пронашла торбата на улица покрај тротоарот во јужен Лондон во вторникот вечерта. Внатре во торбата имало полуавтоматска карабина MP5 Heckler & Koch, пиштол Glock, тазер и муниција, објави весникот „The Sun“. Грифитс рече дека бил во ...
На прашањето на новинарот дали има надеж во Македонија, гостинката во емисија на 4ТВ, Билјана Ивановска, оцени дека надеж постои, но таа зависи од будењето на свеста кај граѓаните. „Мислам дека има надеж, затоа што народот се буди, можеби не толку брзо“, истакна Ивановска. Таа посочи дека серијата трагични настани и скандали во државата мора да се сфатат како сериозен аларм за општеството. „Овие шамари што ги добиваме, те ‘Дурмо турс’, те ...
Земјотрес со јачина од 5,9 степени го погоди брегот на Индонезија, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар. Епицентарот на земјотресот се наоѓал на 142 километри источно од градот Манадо, во покраината Северен Сулавеси, која има население од околу 451.000 жители. Земјотресот бил на длабочина од 49 километри. Нема веднаш извештаи за жртви и не е издадено предупредување за цунами. Во четвртокот, Индонезија беше потресена од силен ...
Во емисија на 4ТВ, гостинката Билјана Ивановска остро се спротивстави на ставот изнесен од премиерот во утринско интервју на јавниот сервис, дека иселувањето не е толку негативно како што се прикажува и дека младите се враќаат назад во земјата. „Не, не се враќаат“, децидна беше Ивановска, споделувајќи личен пример. Таа посочи дека нејзината ќерка, која работи како програмер во Берлин, имала можност за работа и во Македонија, но ја напуштила ...
СВР Струмица до Основното јавно обвинителство Струмица поднесе кривична пријава против Б.П.(68) од Струмица, поради постоење на основано сомневање дека сторил кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“ по член 215 од Кривичниот законик. На 02.04.2026 во Струмица од страна на полициски службеници од СВР Струмица при преглед на Б.П. и патничко возило со струмички ...
Управата за јавни приходи ја информира јавноста дека интензивно работи на реализација на проектот „е Фактура“ и во моментов во тек е тестирањето на системот за електронско фактурирање, односно на сервисите за директна интеграција (API) со системот за е-Фактура. Ги повикуваме сите компании кои досега не се вклучиле, а кои развиваат и одржуваат системи за фактурирање, како и компаниите кои користат системи за фактурирање кои можат да ги ...
Утре (05.04.2026), со почеток во 07:00 часот со затворање на сообраќајот во три временски интервали од по пет минути (од 07:00 до 07:05 часот, од 08:00 до 08:05 часот и од 09:00 до 09:05 часот), ќе се одржи трка во планинско трчање насловена „Водно-Матка Треилс 2026“, со стартно-целна позиција во комплексот „Македонско село“ и траса на движење по дел од јавниот пат од комплексот „Македонско село“ – село Горно Нерези (кај џамијата) по што ...
Соопштение на СДСМ: Цените на храната во Македонија и понатаму растат а Владата на Мицкоски не презема никави мерки. Чекањето е директен удар врз стандардот на граѓаните кои едвај врзвуваат крај со крај. Секое одење во маркет е нов удар врз семејниот буџет. Лебот поскапува, цените на зејтинот, млекото, јајцата, овошјето и зеленчукот веќе се зголемени, а платите не го следат тој раст. Во вакви услови, секоја одговорна влада би презела итни ...
Пишува: проф. д-р Иван Анастасовски Нема поубаво чувство кај секој еден поединец, секоја група или еден народ да чекори гордо и достоинствено со дигната глава, со силен личен интегритет и дигнитет, но дали тоа денес е возможно за нас македонците како мала нација која поминала силни политички премрежија и страдања. Патот на Македонија кон Европска Унија одамна престана да биде само надворешнополитичка цел. Тој стана огледало на нашата ...
Американската вселенска агенција НАСА сподели спектакуларни нови фотографии со висока резолуција од нашата планета. Добро утро, свету, – соопшти НАСА, објавувајќи снимки направени од астронаутите на Артемис II на нивното патување до Месечината. Фотографиите нудат уникатен поглед на Земјата низ прозорецот на вселенската капсула Орион. Ја гледаме нашата планета во целост, осветлена во спектакуларни сини и кафеави нијанси. Зелените поларни ...
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, за време на работната посета на збратимената општина Стари Град во Белград, оствари средба со својот колега и домаќин, градоначалникот Радослав Марјановиќ. Посетата се реализира по повод 150 години од формирањето на општината Стари Град. На средбата, делегациите на двете општини разменија искуства и разговараа за продлабочување на соработката во областа на културата, спортот, ...
Најмногу дожд 4 литри на квадратен метар во изминатите 24 часа наврна во Охрид, Тополчани и Крива Паланка, 2 во Маврови Анови, а по 1 во Виница, Куманово, Попова Шапка, Крушево, Струмица, Скопје – Петровец и Демир Капија. Највисока снежна покривка од 69 сантиметри утрово во 8:00 часот е измерена на Попова Шапка. Утринава најниска температура од 0 степени Целзиусови е измерена на Попова Шапка, 2 во Mаврови Анови, 3 во Kрушево, Радовиш Пожар и ...
Едно лице е убиено, а 47 повредени за време на навивачкиот собир на јужната трибина на стадионот „Алехандро Вилануева“ во Лима, пред фудбалското дерби помеѓу Универсидад де Депортес и Алијанза Лима, соопштија властите. Инцидентот се случил вчера околу 18 часот за време на навивачкиот собир познат како „бандеразо“, кога навивачите на Алијанза Лима мавтале со знамиња на стадионот познат како Матуте, во областа Ла Викторија, објави порталот ...
Гласањето закажано за вчера во Советот за безбедност на ОН за нацрт-резолуцијата поднесена од Бахреин за отворање на Ормуската Теснина, блокирана од Иран, е одложено до следната недела, објавија дипломати. Кина, која како постојана членка на Советот за безбедност има право на вето, јасно го искажа своето несогласување со употребата на сила. Состанокот за гласање за 15-те членки на Советот за безбедност, вклучувајќи ги и петте постојани – ...
Соопштение на ЛДП: Либерално-демократската партија (ЛДП) со жалење констатира дека беа потребни само неколку недели за јавноста да се увери во она за што ние гласно алармиравме: изборот на новиот Државен јавен обвинител не е чекор кон правда, туку обична замена на едно партиско влијание со друго. Оставката на обвинителката Ленче Ристоска е само последната потврда дека системот ги исфрла професионалците за да направи простор за егзекутори на ...