Скопје
7ᴼ /
7ᴼ
Маглата до 100 метри на патниот правец Струмица – Валандово ја намали видливоста. Останатите патни правци низ земјата се проодни. Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози. Снег со слаб интензитет провејува во Маврово – Пресека – Ресен – Буково и Крушево, но во моментов не се задржува на коловозот. На одредени патни правци кои поминуваат низ усеци и клисури можна е појава на поситни одрони. ЈП ...
Протест се организира денес од страна на француските земјоделци поради договорот меѓу ЕУ и јужно американската организација Меркосур. Земјоделците поставија околу 20 трактори на нормандискиот мост. и ги блокираа двата правца. „Целта на оваа акција е да се проверуваат камионите кои превезуваат свежи производи, за да се утврди потеклото на стоката и да се види што циркулира по нашите француски патишта“, објасни претседателот на здружението ...
Премиерот Христијан Мицкоски истакна дека одржал состанок за реформската агенда со својот владин тим. Како што пишува на својот фејсбук профил Мицкоски, борбата за критериумите на ЕУ продолжува и покрај наметнатиот билатерален спор. – Саботен состанок за реформска агенда. Борбата за критериумите на ЕУ продолжува и покрај наметнатиот билатерален спор. Силно сме фокусирани кон стандарди за подобар живот на граѓаните. Таа борба продолжува, ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски најави дека разговара за можен договор за слободна трговија со Соединетите Американски Држави, кој би овозможил нула царини за одредени индустриски региони на Украина. Договорот е дел од поширокиот „план за просперитет“ за повоената обнова на земјата и би можел да привлече инвестиции и бизнис во Украина. Зеленски изјави дека планира да ги разгледа деталите со американскиот претседател Доналд Трамп и ...
Се организира протест во Струмица против аерозагадувањето од страна на граѓанската иницијатива ,,Здрава Котлина”. Протестот ќе се одржи на 24 јануари, со цел да се изврши притисок врз институциите за преземање ефикасни мерки за заштита на здравјето на граѓаните. Според најавата, протестот ќе започне во 12:00 часот, а граѓаните ќе се соберат на раскрсницата кај ТЦ „Глобал“. Од „Здрава Котлина“ велат дека Струмица со години се соочува со ...
Американската FCC одобри на СпејсИкс да лансира уште 7.500 сателити од втората генерација за Старлинк, со што вкупниот број на одобрени сателити достигнува 15.000. Дополнителните сателити ќе овозможат побрз интернет и директна поврзаност со мобилни уреди низ светот, како и подобрена покриеност во САД. Компанијата мора да лансира половина од новите сателити до 2028 година, а преостанатите до 2031 година. Во 2026 година, Старлинк планира и ...
Jавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе кривична постапка против 41-годишник од Велес со непријавено престојувалиште во Скопје, поради кривично дело телесна повреда, согласно член 130 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Според обвинителството, осомничениот при вршење семејно насилство со умисла ја повредил својата вонбрачна партнерка. Инцидентот се случил додека жртвата ја подготвувала нивната ќерка за ...
Соединетите Американски држави и Европа гледаат со кого Мицкоски и Стоилковиќ се стратешки партнери: со путиновите „Ноќни волци”. Како офицер за врски, вицепремиерот на Мицкоски, Иван Стоилковиќ бил на прослава во Република Српска со „Ноќните волци” на Путин. Кои се другите „стратешки парнери” освен бизнис партнерите од СНС? Тука е и Никола Селаковиќ, српскиот министер за култура обвинет за скандалот со Генералштабот, откако зетот на Трамп, ...
Илјадници ирски земјоделци денеска протестираа против трговскиот договор меѓу Европската Унија и јужноамериканскиот блок Меркосур. Протестот се организира еден ден по одобрувањедто на договорот од земјите членки на ЕУ, и покрај противењето на Ирска и Франција. Колони трактори се движат низ улиците на градот Атлон, каде демонстрантите носат транспаренти со пораките „Стоп за ЕУ–Меркосур“ и знамиња на ЕУ со натпис „распродажба“. Протестите ...
Најмногу врнежи од дожд се регистрирани попладнево во Маврови Анови, 13 литри на метар квадратен. На Попова Шапка пак се измерену 43 сантиментри снег. Според УХМР, 12 литри на метар квадратен наврнале во Охрид, Претор и Крушево, 11 во Пожаране, 10 во Тетово, 7 во Битола и 6 во Попова Шапка. Во Прилеп се измерени 5 литри, а по 4 литри на квадратен метар во Скопје-Зајчев Рид, Струмица и Ѓуриште. Во Гевгелија и Тополчани, пак, измерени се 3 ...
Двајца мажи се осомничени за полов напад и силување на малолетна девојка во липковско, а против нив Основното јавно обвинителство Куманово ќе поведе истражна постапка и побара определување мерка притвор. Според обвинителството, првоосомничениот спротивно на јасно изразената волја на девојчето извршил полови дејствија, а потоа ја принудил на полови дејствија и со второосомничениот. Покрај ова, тој се товари и за кривично дело уцена. По ...
Организациите за заштита на граѓанските слободи и правата на имигрантите најавија масовни протести низ Соединетите Американски Држави овој викенд, по инцидентот во кој активистка во Минесота беше застрелана од агент на федералната служба за имиграција. Според најавите, планирани се повеќе од 1.000 собири на различни локации, со барање да се прекине масовното распоредување на припадници на Бирото за имиграција и царина (ICE), мерка наложена ...
Гласањето на болните и немоќните лица, како и на лицата кои се на издржување казна затвор за повторните локални избори се одвива без проблеми и на секој гласач му е овозможено непречано да го оствари своето право на глас, соопшти Државната изборна комисија (ДИК). Според податоците пристигнати до ДИК до 15.30 часот, од вкупно 94 пријавени лица за гласање во казнено-поправните установи, гласале 44 лица. Од вкупно пријавени 249 болни или ...
Земјоделците од цела Грција денеска одржуваат состанок во областа Никеа кај Лариса. На состанокот тие ќе ја одредат делегацијата што во Атина ќе се сретне со грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, како и темите и барањата што ќе ги покренат на средбата во вторник Во вторник Мицотакис ќе ја прими делегацијата на земјоделците во Премиерската палата. Ставот на Владата е дека се отворени за дијалог, но дека нема простор за нови мерки за поддршка, а ...
Тајванските власти почнаа со проширување на одбранбените капацитети на клучната инфраструктура и енергетските објекти на островот, воведувајќи поостри мерки против беспилотни летала и зголемувајќи го домашното производство на муниција. Потегот доаѓа во време на засилен воен притисок од Кина и растечка неизвесност околу долгорочната поддршка на Соединетите Американски Држави за одбраната на Тајван. Вицепремиерката Ченг Ли-чун изјави дека ...
Јавното сообраќајно претпријатие Скопје ги извести корисниците на јавниот превоз дека поради ниските температури и најавите за можни снежни врнежи во главниот град и околината, во наредните денови можно е привремено редуцирање на одредени автобуски линии. Од ЈСП посочуваат дека поради евентуална непроодност на патиштата, дел од линиите ќе сообраќаат до локации кои ќе бидат оценети како безбедни и проодни, согласно проценките на надлежните ...
Со запалени свеќи и во тивка, достоинствена атмосфера, попладнево во Кочани се одржа мирен собир под мотото „Два града – иста болка“. Граѓани, млади и стари, се собраа за да изразат сочувство и солидарност со семејствата на жртвите од трагедијата во Кран Монтана. На собирот присуствуваа и родители на децата кои загинаа во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Тие испратија порака дека длабоко ја разбираат болката, загубата и празнината ...
“Ѕвездата” со поминат рок, квислингот Деспотовски во партнерство со Геро и Максо, вели дека има десетици илјади поддржувачи. Јован Деспотовски има десетици илјади поддржувачи? Дали Геро му ја пишувал реакцијата на соопштението на СДСМ? Со оглед на тоа што имаат ист спонзор. Граѓаните гледаат дека повторно излегуваат објави на истите портали кои постојано се дел од мрежата на кујните на ВМРО кои се во кампања против СДСМ. И повторно ...
Етиопиан Ерлајнс денеска го започна градежниот проект вреден 12,5 милијарди долари.Според функционерите, овој проект ќе резултира со изградба на најголемиот аеродром во Африка до 2030 година во етиопскиот град Бишофту. Државната авионска компанија доби договор за проектирање аеродром со четири писти во градот, лоциран околу 45 км југоисточно од Адис Абеба. „Меѓународниот аеродром Бишофту ќе биде најголемиот инфраструктурен проект за ...
Водостојот на реката Вардар во Скопје е зголемен. Ова е резултат на обилните врнежи што ја зафатија Македонија во последните денови. Од УХМР предупредуваат на зголемена претпазливост при движење во близина на речното корито, особено на пониските и слабо осветлени делови покрај кејот. Во следните часови нивото на реките ќе остане високо во Скопје и во горните делови на сливовите, иако се очекува постепено опаѓање во текот на ноќта. ...
Претседателот на Владата на швајцарскиот кантон Вале јавно реагираше со гнев откако беше откриено дека со години не биле спроведувани инспекциски контроли во барот каде во пожар загинаа 40 млади луѓе, додека обвинителството интензивно работи на утврдување на одговорноста. Градоначалникот на скијачкиот центар Кран-Монтана неделава соопшти дека угостителскиот објект „Ле Констеласион“ немал инспекциски надзор уште од 2019 година. Оваа ...
Најмалку 217 луѓе починале во шест болници во Техеран откако демонстратнтите биле застрелани во центарот на иранската престолнина, објавуваат западните медиуми. Невладината организација „Човекови права во Иран“ со седиште во Норвешка, пак, известува дека најмалку 45 демонстранти, меѓу кои и осум малолетници, се убиени во обидите за растерување на протестите, посочувајќи ја средата како најкрвав ден со 13 жртви. Американската организација ...
Патник во градскиот превоз бил физички нападнат од возач на ЈСП. Вчера околу 08:30 наутро во СВР Скопје било пријавено дека во село Бањани, 79 – годишното лице М.В бил нападнат од возач на автобус со број 61 со иницијали Г.Г. 79-годишниот скопјанец кој претходно се превезувал во автобусот, но откако се симнал од него настанала расправија, по што бил нападнат од Г.Г. и при тоа се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Градска општа ...
Инфлуенсерката Ина Многуфина преку свој статус на Фејсбук остро реагираше на состојбата со безбедноста во сообраќајот, нагласувајќи дека СМС-казните од системот „Сејф сити“ не можат да ги спречат трагедиите доколку зад воланот седи неодговорен и несовесен возач. Во објавата, таа посочува дека технолошките мерки не можат да го надоместат, како што вели, „интелектуалниот дефицит зад воланот“, ниту пак последиците од недостатокот на родителска ...
Министерот за транспорт и врски, Александар Николоски, денеска изврши увид во состојбата на патните правци во државата. При посетата на планинскиот превој Стража, тој истакна дека состојбата е добра и сите патишта во државата се проодни. „Гледате сите дека врне еден масивен снег. Би сакал да се заблагодарам на овие прекрасни луѓе од ‘Македонија пат’ коишто даваат сè од себе, сите патишта да се проодни и да се чисти“, изјави Николоски. ...
Белгија денеска е во фаза на жолт метеоаларм. Ова следува по бурата ,,Горети” која ја зафати земјата. Имаше обилни врнежи со силен ветер, што предизвикаа кршење на дрвјата и други материјални штети. Белгискиот Кралски метеоролошки институт, утрово прогласувајќи го жолтиот метеоаларм на целата територија на државата, предупреди на опасност од лизгави патишта и им порача на возачите внимателно возење. Во реонот на От Фање, долж границата со ...
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице поради тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот и неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода, додека уште две лица се осомничени дека му помогнале по извршувањето на кривичното дело. Станува збор за 18-годишно лице кое на 9 јануари, како учесник во сообраќајот на јавните патишта, не ...
Од утре ќе може да се скија на Попова Шапка. Скијачите ќе имаат прилика да ги користат сите четири ски лифтови Поток 1 и Поток 2, Аеродром и ГЕ како и жичарниците Свети Илија, Церипашина и новата шестоседна жичница. -Официјално се отвора зимската сезона 2026, ски-лифтовите ќе бидат во функција од 08:45 до 15:00 часот. Сите оние кои сè уште зеле сезонски билети, ќе можат да ги земат директно на билетарата на Попова Шапка, соопшти техничкиот ...
На 9 јануари 2026 година во 19:30 часот, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор „Охридско Езеро“, во рамки на Регионалниот центар за гранични работи Запад, ги лишиле од слобода Д.К. и Н.С., двајцата од селото Пештани, охридско. Апсењето е извршено при спроведување зајакнати мерки и контроли во водите на Охридското Езеро, за време на периодот на мрест и важечката забрана за лов на риби од видовите пастрмка, белвица и ...
Денеска на падините на скопската планина Водно беа забележани две диви кози, што претставува исклучително редок и необичен призор за ова подрачје. Дивите кози (дивокози) се заштитен вид и најчесто живеат во планински и карпести предели, на големи надморски височини, каде има стрмни терени и тешко пристапни места. Во Македонија нивното природно живеалиште се високопланинските области како Шар Планина, Кораб, Бистра, Јакупица и делови од ...