Скопје
9ᴼ /
9ᴼ
Министерот за животна средина и просторно планирање, г. Муамет Хоџа, денеска оствари работна средба со амбасадорот на Република Косово во Република Северна Македонија, д-р Флоријан Ќехаја, на која се разговараше за актуелната состојба и перспективите на билатералната соработка во областа на животната средина и просторното планирање. За време на средбата, министерот Хоџа и амбасадорот Ќехаја ги оценија пријателските односи и одличната ...
Венецуелската влада денеска ќе ослободи уште 116 политички затвореници. Ослободувањето е во рамки на ветувањето дадено под притисок од САД, по апсењето на претседателот Николас Мадуро. Одлуката доаѓа во услови на растечко незадоволство кај семејствата на притворените, кои со денови очекуваат реализација на најавеното ослободување, објавија француските медиуми. Министерот за затвори Хулио Гарсија изјави дека мерката се однесува на лица ...
Вевчани е подготвено за годинешното издание на Вевчанскиот карневал, кој утре и в среда ќе ги исполни улиците со маски, хумор и традиција, информира градоначалникот Спасе Кочовски за МИА. Забавната програма започнува вечерва со настапи на Влатко Лозаноски, „Пука козметика“ и „Брас брадрс“, а утревечер следува фолк-вечер со Благоја Грујовски, Влатко Миладиновски со оркестар, зурлите и тапаните „Вевчани“, како и Перо Бели и групата „Вип“. ...
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски денеска соопшти дека остварил проштална средба со амбасадорката на Соединетите Американски Држави во Северна Македонија, Анџела Агелер, на која ѝ изразил благодарност за нејзиниот севкупен ангажман во унапредувањето на билатералните односи меѓу двете земји за време на нејзиниот мандат. „Изразив благодарност и за значајниот придонес во унапредувањето на политичката и ...
Министерот за животна средина и просторно планирање, г. Муамет Хоџа, денеска оствари работна средба со амбасадорот на Република Косово во Република Северна Македонија, д-р Флоријан Ќехаја, на која се разговараше за актуелната состојба и перспективите на билатералната соработка во областа на животната средина и просторното планирање. За време на средбата, министерот Хоџа и амбасадорот Ќехаја ги оценија пријателските односи и одличната ...
Со три месеци притвор се здоби сопственикот на барот во Кран Монтана, каде во пожар 40 лица го загубија животот. Сопственикот на барот претходно им кажал на истражителите дека вратата за помош на посетителите била заклучена одвнатре. Првите наоди укажуваат дека пожарот е предизвикан од контакт на прскалките со звучноизолационата пена поставена на таванот од подрумот на зградата. Истрагата, исто така, испитува присуство и достапност на ...
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), од полноќ се зголемуваат за 0,50 денари по литар. Цената на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) не се менува, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика. Новата ценал на литар ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 70,50 денари, ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава за 72,50, а Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) за 64,50 денари. За 0,668 ...
Стратегијата на ВМРО во три чекори: изолација, избори, па мигранти за пари! Денеска Бранко Героски Геро, во својот текст под наслов „Стратегијата на СДСМ во три чекори – деструкција, хаос и пуч!“, го потврди сето она што СДСМ веќе два месеци ја предупредува јавноста. Дека тендерската коалиција ВМРО-ЗНАМ води политика на изолација, анти-ЕУ и анти-американска ориентација, која ја води Македонија кон целосна изолација, црна точка на Европа. Овој ...
Постојаниот претставник на Меѓународниот монетарен фонд во Србија, Лев Ратновски, оценува дека земјата се соочува со сериозни надворешни притисоци и проблеми во енергетскиот сектор. Сепак, според него, високите девизни резерви и нискиот јавен долг ѝ даваат на Србија доволен маневарски простор за спроведување реформи, пишува „Нова економија“. Тој посочува дека интересот на инвеститорите ослабнал во текот на минатата година, како резултат на ...
Компанијата „Оне Македонија телекомуникации“, дел од унгарската групација „Фор-ај-џи“, е избрана за трет мобилен оператор на македонскиот телекомуникациски пазар, информираат од Агенцијата за електронски комуникации (АЕК). Како што соопштува регулаторот, „Оне Македонија телекомуникации“ била единствената компанија што поднела понуда на јавниот тендер за воведување трет мобилен оператор во земјава. За да може да започне со работа во наредните ...
Изјава за медиуми, Сања Лукаревска – пратеничка на СДСМ Нема пари, задолжувањето оди во опасна насока. Власта трупа нови долгови врз грбот на народот. Во Собранието Владата поднела Предлог Закон за ново задолжување од 20 милиони евра, за изградба на фискултурни сали ама без информација за износот на каматната стапка. Нема пари за плати, нема пари за минимална плата од 600 евра, нема пари за нови мерки за поддршка на стандардот на граѓаните. ...
Во рамки на активностите во областа на надворешната трговија и економската дипломатија, министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Република Северна Македонија, Тимчо Муцунски, денеска, придружуван од директорот на Дирекцијата за технолошко-индустриски развојни зони, Гоце Димовски, оствари посета на организацијата „Македонија 2025″ и одржа средба со нејзиното раководство. Посетата е дел од серијата работни средби што министерот ...
Здравствените работници и студентите на медицина и стоматологија ќе може да се пријават и бесплатно да се вакцинираат со вакцина против хепатитис Б, кои Министерството за здравство му ги донира на Институтот за јавно здравје. Двете институции денеска потпишаа договори за донација на 7.500 вакцини, со кои ќе бидат опфатени 2.500 здравствени работници. Министерството за здравство донира и кутии за авионски и бродски транспорт на биолошки ...
Денеска (12.01.2026) во 12:40 часот на ул. „Кирил и Методиј“ во Скопје, полициски службеници од ЕВР Центар и Бит Пазар го лишија од слобода Ш.А.(54) од Скопје, затоа што вчера (11.01.2026) го оштети стаклото на влезната врата на амбасадата на Република Бугарија во Скопје. Веднаш по добиената пријава, беа преземени мерки и активности за пронаоѓање на сторителот и расчистување на случајот и Ш.А. е лишен од слобода, а по документирање на ...
На 11.01.2026 во 18:40 часот на наплатна станица Преод полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Б.П.(68) од Струмица, поради тоа што околу 17:50 часот на наплатна станица Миладиновци, откако полициски службеници го сопреле Б.П. кој управувал патничко возило „фиат браво” со струмички регистарски ознаки и се обиделе да го легитимираат, тој го стартувал возилото и удрил полициски службеник, а потоа го напуштил местото на ...
Поранешниот премиер и професор на Правниот факултет во Скопе, Владо Бучковски, презема фирма и стана бизнисмен. Професорот по римско право од пред Нова година е единствен сопственик на Хербос Дооел Скoпје, фирма регистрирана на почетокот од 2025 од Ристо Коруноски. Управител е Елисавета Коваческа Коруноска. Регистрираната дејност е трговија на големо со пијалаци, пишува Фактор.мк Булковски ја потврди информацијата за Фактор и рекол дека ...
На 11.01.2026 во 12:04 часот во ОВР Виница e пријавено дека во с.Блатец околу 11:50 часот настанал пожар во куќа и помошна просторија– работилница, сопственост на М.Д.(70) од истото село. М.Д. се здобил со тешки телесни повреди и со возило на Итна медицинска помош Виница е пренесен во Општа болница Кочани за укажување лекарска помош. Од страна на екипи од Територијалната противпожарна единица Виница и Територијалната противпожарна единица ...
Соопштение за јавност на Левица: „Левица предлага укинување на Регулаторна комисија за енергетика и префрлување на нејзините ингеренции на Министерството за енергетика” истакана Амар Мециновиќ, пратеник и потпарол на Левица на денешната прес-конференција, оценувајќи дека постојниот модел ја продлабочува енергетската сиромаштија и овозможува прелевање на јавни пари во приватни џебови. „Во период кога струјата постојано поскапува станува сѐ ...
Прес-конференција на Јон Фрчкоски член на ИО на СДСМ: Антикорупцискиот тим на СДСМ денеска објавува нова бомба, нов скандал за сомнителни тендери. Преку дигиталната платформа МИЦКО.мк до АКТ граѓани доставија нови информации за фирмата за која веќе еднаш говоревме и кои денеска ќе ги објавиме. Стаува збор за „Пирамид билдинг солушнс”. Фаворит, за добивање тендери по општините под контрола на ВМРО. Од 2022 година, периодот од минатите локални ...
Генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш ги повика иранските власти да покажат „максимална воздржаност“ во екот на масовните протести што ја потресуваат земјата, пренесува ДПА. „Шокиран сум од извештаите за насилство и прекумерна употреба на сила од страна на иранските власти против демонстрантите, што доведе до голем број смртни случаи и повредени во изминатите денови“, напиша Гутереш на социјалната мрежа „Икс“. Тој нагласи ...
Соопштение за јавност на ВМРО-ДПМНЕ: Поминаа повторените локални избори во државата на кои кланот Дубаи доживеа уште еден дебакл и пораз. Со победата на Онер Јакупоски во Маврово и Ростуше со повеќе од двојна разлика во гласови, ВМРО-ДПМНЕ освои 56 општини, а СДС остана на досега минимални 6 општини. Овие локални избори извадија на површина една болна вистина за опозициската СДС на чело со Венко Филипче. Се што можеше да загуби Филипче, како ...
Министерството за надворешни работи на Кина издаде соопштение во врска со американските претензии кон Гренланд , нагласувајќи дека Арктикот е од клучно значење за целата меѓународна заедница. Во својот одговор, министерството, исто така, ги критикуваше САД, велејќи дека не треба да „ги користат другите земји“ како изговор за сопствените интереси, според кинеската новинска агенција Синхуа. „Арктикот се однесува на општите интереси на ...
Поради уличен дефект, без вода од 09:00 часот се корисницоте од улиците „Дрезденска“, „Њуделхиска“, „Алжирска“, „Каирска“, „Бахар Моис“, дел од „Атинска“, „Римска“, „Панче Пешев“, „Наум Евро“ и дел од „Багдатска“, информира ЈП Водовод и канализација – Скопје. Прекинот во водоснабдувањето ќе трае до санација на дефектот Поради уличен дефект, без вода од 09:00 часот се корисницоте од улиците „Дрезденска“, „Њуделхиска“, „Алжирска“, ...
Соопштение за јавност на ВРЕДИ: ВЛЕН е апсолутен победник на локалните избори, со 10 освоени општини, силно потврдувајќи ја граѓанската доверба и широката поддршка што Албанците ја дадоа за промените. Го поздравуваме официјалното завршување на локалниот изборен процес, кој заврши вчера со повторените избори во Гостивар и Врапчиште. Во оваа пригода, им честитаме на кандидатите на опозицијата, Валбон Лимани и Исен Шабани, за нивната победа. ...
Пишува: Салим Кадри Керими, историчар – дипломат во пензија „Доколку САД нападнат друга членка на НАТО, тоа би значело крај на тој воено –политички сојуз“ Во период кога сè позачестено се зборува за заканите на актуелната администрација на САД за анексија на Гренланд–аутономна територија на Кралството Данска, чувствувам морална и професионална одговорност за произнесување во врска со наведеното прашање. Изјавите и сè позачестено обновуваните ...
Цената на јајцата во малопродажбата од денеска е сериозно намалена, или поточно кажано е вратена на претходното ниво пред вртоглаво да се зголеми. Дел од маркетите веќе од денес ја имаат намалено цената за околу 60 до 80 денари за табла од 30 јајца, односно за 30-40 денари за табла од 10 јајца, додека според најавите од добавувачите дел од маркетите цената би ја ревидирале во наредните денови. Па така табла од 30 јајца која се продвала за ...
Русија извршила голем напад врз Украина преку ноќ со 156 ударни дронови од типот „Шахед“, „Гербера“ и други. Од вкупниот број, околу 110 авиони беа камикази дронови „Шахед“, соопшти Командата на украинските воздухопловни сили, како што објави „ Украинска правда“ . Според прелиминарните податоци објавени до 8 часот утрово, украинските сили за воздушна одбрана успеале да соборат или електронски да блокираат 135 руски беспилотни летала. ...
Русија првпат употреби нов јуришен дрон Geran-5 во Украина Руски сили на почетокот на годината првпат употребиле Geran-5 нов јуришен дрон со млазен погон соопшти украинската воена разузнавачка служба HUR. Дронот е инспириран од иранскиот дрон Karrar но има конвенционална аеродинамика. Должината е шест метри а распонот на крилјата пет и пол метри и носи боева глава тежка деведесет килограми и има домет речиси илјада километри што му ...
Центарот за управување со кризи излезе со најновиот пресек за состојбата по обилните врнежи на територијата на Македонија Пелагониски регион Битола, Могила и Новаци: Во подрачјата каде што имаше излевање на реките, водата постепено се повлекува од поплавените површини. Нивото на река Црна кај с. Новаци во 18:00 часот изнесува 320 см. Демир Хисар: Поради оштетување на мостот на Боишка река, локалниот пат кон село Мренога е затворен за ...
Бројот на жртви во антирежимските протести што го тресат Иран се искачи на најмалку 544, според американска организација за човекови права што ги следи жртвите во земјата, пишува CNN. Според најновиот извештај на Новинската агенција за човекови права (HRANA), најмалку 544 лица, вклучувајќи осум деца, се убиени во изминатите 15 дена од демонстрациите. Агенцијата, исто така, наведува дека повеќе од 10.681 лица се префрлени во затвори откако ...