Скопје
15ᴼ /
15ᴼ
Премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, утре во Клубот на пратениците ќе одржи лидерска средба со претседателите на парламентарните партии кои имаат пратенички групи во Собранието. Од опозициските партии, засега учество на средбата потврди само Левица. Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, го одби повикот за лидерска средба посветена на укинување на техничката влада, обвинувајќи дека Мицкоски „бара алиби за распишување ...
Ангел Димитров од Организација на работодавачите и менаџер на текстилна фабрика во Свети Николе смета дека македонската текстилна индустрија ја изгуби својата конкурентска способност во однос на земјите од Далечниот Исток. Тој истакна дека следи потешка година за овој сектор. Димитров посочува дека странските партнери, поради ниските трошоци, своето производство го имаат префрлено во Бангладеш и други земји во Далечниот Исток, а во нашата ...
Четири танкери за нафта управувани од грчки компании денеска беа погодени од неидентификувани дронови додека пловеа низ Црното Море кон терминалот на Конзорциумот за касписки гасовод (CPC) покрај рускиот брег, јавуваат руските медиуми. Сè уште не е јасно кој стои зад нападите, а ниту Украина ниту CPC не коментирале за инцидентот. Ова не е прв пат да се изврши напад на инфраструктурата на CPC на 29 ноември украински сили со дрон погодиле едно ...
Во Кавадарци и Неготино регистрирани се два одвоени случаи на педофилија. Во првиот, во Кавадарци две лица на 57 и на 40 години се осомничени дека сториле две кривични дела. Тие имале сексуални односи пред малолетниик кој ги снимал со телефон, и силувале дете кое имало 14 години. „Тие имале сексуални односи пред малолетно дете, кое ги снимало со мобилен телефон. Во јули лани, додека детето имало 14 години, еден од двајцата осомничени повеќе ...
Американскиот претседател Доналд Трамп на својата социјална мрежа „Тру соушал“ напиша дека дека американската сојузна држава Минесота се соочува со „денот на пресметката и одмаздата“. „Дали луѓето од Минесота навистина сакаат да живеат во заедница каде што има илјадници веќе осудени убијци, дилери на дрога и зависници, силувачи, насилно ослободени и избегани затвореници, опасни луѓе од странски ментални институции и лудници и други ...
Разрешен е министерот за одбрана Денис Шмихал, кој треба да ја преземе функцијата министер за енергетика. 265 пратеници гласаа за одлуката, додека пратениците од Европска солидарност и дел од партијата Холос (Глас) се воздржаа од гласање. Шмихал беше назначен на функцијата министер за одбрана во јули 2025 година. Разрешен е министерот за одбрана Денис Шмихал, кој треба да ја преземе функцијата министер за енергетика. 265 пратеници ...
Владата на денешната 141-ва седница ја усвои листата на кандидати за позицијата судија во Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП). Според предлогот на Комисијата за избор, кој беше презентиран од Министерството за надворешни работи, номинирани се тројца кандидати: Јордан Апостолски, Наташа Бошкова и Сашо Георгиевски. Со ова, постапката влегува во следната фаза. Министерството за надворешни работи сега има обврска да побара мислење од ...
Поради леденото време аеродромите се затворија а летовите се откажаа во делови од Европа. Аеродромите во Будимпешта, Унгарија, Братислава, Словачка и Виена, Австрија, мораа привремено да бидат затворени во вторник наутро поради временските услови. Дебел слој мраз се формирал на пистите во Виена и постојано замрзнувал додека се водеа напори за негово отстранување, изјави портпаролот на аеродромот. Летовите се пренасочуваат кон други ...
Полициски службеници од ОВР Струга рано утринава го привеле 45-годишниот А.Р. од Струга, откако бил затекнат како управува возило под дејство на алкохол. Инцидентот се случил на 13 јануари 2026 година, околу 01:16 часот, на локацијата позната како „Кореа“. При рутинска сообраќајна контрола, полицијата запрела патничко возило марка „Опел“ со струшки регистарски ознаки, кое го управувал А.Р. По извршеното алкотестирање било утврдено дека ...
Неесенцијалниот персонал во француската амбасада го напушти Иран во изминатите два дена, потврдија за агенцијата „Франс прес“ два извори запознаени со ситуацијата. Засега не е објавено колку лица ја напуштиле земјата. „Заштитата на нашиот персонал и нашите граѓани е приоритет“, изјави функционер на француското Министерство за надворешни работи за АФП. Во исто време, неколку европски земји ги повикаа иранските амбасадори на разговори поради ...
Неименуван ирански функционер денеска изјави дека околу 2.000 луѓе загинале во протестите во Иран. Тој го кажа ова за Ројтерс и додаде дека „терористите“ се виновни за смртта на цивилите и припадниците на безбедносните сили. Иранските власти претходно ги обвинија САД и Израел за организирање масовни протести во земјата кои траат од 28 декември минатата година. Протестите, првично предизвикани од тешката економска состојба и девалвацијата на ...
Изборот за член на Судскиот совет од редот на судиите припадници на заедницата која е повеќе од 20% од населението ќе се спроведе на 29 јануари годинава. Судиите на непосредни избори ќе гласаат за еден од шестмината кандидати: Африм Јакупи (судија на Апелационен суд Гостивар), Садула Иазири (судија на Основен суд Тетово), Улбер Хасани (судија на Основен граѓански суд Скопје), Хасан Асани (судија/претседател на Основен суд Тетово), Џемали ...
Низ вевчанските улилици може да се видат групни и индивидуални маски. Според Ларс Алгел, претседателот на европски карневалски градови овој карневал е уникатен со вековна традиција. -Вевчанскиот карневал е нешто уникатно, традицијата е многу стара. Мислам дека е најстар Карневал во Европа. Бев овде минатата година и беше толку убаво. Моите сеќавања се прекрасни. Некои луѓе ме прашуваат што е најдобро? Најдобро е да се има уникатен карневал и ...
Вооружените сили на Украина денеска соопштија дека извршиле успешен напад врз фабрика за дронови во Ростовската област во Русија. „Уништувањето на овој објект ќе ја намали способноста на непријателот да произведува беспилотни летала и ќе го спречи рускиот агресор да нанесува удари врз цивилни објекти на украинска територија“, стои во соопштението објавено на телеграм-каналот на украинската војска. Истовремено, руската армија погоди ...
На турскиот државјанин Кадир Кара, кој призна вина за убиството на негов сонародник во кафуле на Градскиот плоштад „Слобода“ во Штип му е изречена казна затвор од 17 години и протерување од државата, откако ќе ја издржи казната во македонски затвор. Портпаролот на Основниот суд во Штип, Сашко Георгиев денеска информираше дека по рочиштето на 19 декември 2025 година во Основниот суд во Штип, на кое Кара призна вина, судот ја има донесено оваа ...
ВРЕДИ ќе учествува на утрешната лидерска средба во Клубот на пратеници, во Скопје, свикана од премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Како што информира на денешната прес-конференција координаторот на пратеничката група на ВРЕДИ, Беким Ќоку, коалицијата на лидерската ќе биде претставена од Биљал Касами. -Ние ја прифативме поканата и одлучивме да одиме на таа лидерска средба. Таму ќе присуствуваме јас како координатор и Биљал ...
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, оствари проштална средба со амбасадорката на Соединетите Американски Држави во Република Северна Македонија, Ангела Агелер. На средбата, претседателот Гаши изрази благодарност за нејзината лична посветеност, професионален пристап и поддршка на демократските процеси во државата. Посебно беше нагласена нејзината улога во јакнењето на институционалната соработка, градењето доверба и унапредувањето на ...
Шпанскиот тренер Чаби Алонсо поднесе оставка од функцијата главен тренер на Реал Мадрид, според новинарот Пепе Алварез. Шпанските медиуми пишуваат дека една од причините за оваа одлука била однесувањето на играчите. Алонсо бил исцрпен од себичноста во соблекувалната, која се интензивираше по поразот од 3:2 од Барселона во финалето на шпанскиот Суперкуп. Исто така, поддршката за тренерот од раководството на мадридскиот клуб била целосно ...
Во ноември 2025 година 77.570 туристи оствариле 146.605 ноќевања во државава. Од вкупниот број туристи, 25,7 проценти се домашни, а 74,3 отсто се странски туристи. Државниот завод за статистика денеска објави дека најмногу странски туристи во ноември имало од Турција – 12.401 по што следуваат Германија – 11.812, Србија – 3.793, Грција – 3506… Бројот на ноќевањата во ноември 2025 година изнесува 146.605, од кои 33,9 проценти се од домашните ...
Со спречување на пасивното пушење, значително ќе се намали бројот на несакани здравствени последици што можеби не се веднаш видливи, но, долгорочно, ќе придонесат за создавање поздрава нација, изјави за МИА, проф. др. Дејан Докиќ, пулмолог алерголог, кого го прашавме за коментар за најавениот нов закон против пушење. – Новиот закон за пушењето, морам да признам, е доста рестриктивен, но, гледам исклучиво позитивни ефекти и бенефити од ...
Министерството за здравство на Турција подготвува законски измени со кои ќе се забрани пушењето и во деловите на кафулињата и рестораните што имаат подвижни (отворени) покриви, јавуваат турските медиуми. Оваа „празнина“ во сегашното законодавство често се користеше за заобиколување на забраната за пушење во затворени простории. Министерот за здравство Кемал Мемишоглу нагласи дека новите измени ќе ги направат мобилните инспекциски екипи ...
Основниот кривичен суд Скопје информира дека главната расправа за предметот за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, закажана за утре, се одлага по барање на бранителката на еден од обвинетите, адвокатката Сузана Јошевска-Анастасовска. Барањето, како што информираат од Кривичниот суд, е од причина што во текот на вчерашниот ден бранителката е избрана за членка на Судскиот совет, па поради исполнување на правото за ангажирање нов бранител и ...
Основното јавно обвинителство Гевгелија донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице од Богданци за кривично дело Убиство од член 123 став 2 точка 1 и 2 од Кривичниот законик. Осомничениот, на 11 јануари, при вршење семејно насилство, на свиреп начин ја лишил од живот сопствената мајка. Во станот во Богданци каде што живееле под закуп, мајката и синот започнале расправија околу лекувањето на осомничениот. Во еден момент ...
Агенцијата за катастар на недвижности продолжува со заложбите за доближување на услугите до граѓаните и правните лица, преку подобра територијална покриеност, поефикасни постапки и рамномерен регионален развој. Во таа насока, директорот на Агенцијата за катастар на недвижности, Иван Живковски, денес заедно со градоначалникот на Општина Ново Село официјално ја отворија новата подрачна канцеларија на Агенцијата – уште еден значаен и конкретен ...
На 12.01.2026 во 11:30 часот во СВР Тетово, 70-годишен маж од тетовско село пријави дека тој и неговиот брат биле измамени за сума од 15.000 евра од Л.Н. од Тетово. Според пријавеното, во текот на 2024 година лицето му понудило нему и на неговиот брат дека може да им помогне да примаат пензија од странска држава бидејќи двајцата имале остварено работен стаж. Како што е пријавено, тој во неколку наврати им ги барал парите како депозит, за што ...
Од 11 часот по македонско (12 часот по локално време) во прекин е сообраќајот за сите возила на граничниот премин Евзони кон нашата земја за влез и излез од Грција поради блокадата на грчките земјоделци, што, според информациите на дописничката на МИА од Атина, ќе трае до 15 часот по наше, 16 часот по грчко време. Земјоделците од северниот дел на Грција, кои од 1 декември своите трактори ги имаат паркирано на грчката страна од границата, се ...
Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека делегацијата на Европскот парламент не е повикана од никого во државата и тој нема да има средба со нив, но никого не избегнува. Вучиќ, кој е во Абу Даби за Неделата на одржливост, вели дека „оние што ја мразат Србија рекле дека на 20 и некој јануари ќе дојдат во Белград“. – Тие никого не прашаа, ниту нè информираа. Никој не ги покани и тие доаѓаат непоканети. Тие самите одлучија да дојдат ...
Водостоите на речиси сите реки во земјава бележат благо намалување во споредба со вчера, покажуваат последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Исклучок се реките Струмица на мерното место Сушево каде има зголемување на водостојот од четири сантиметри во споредба со вчера и Црн Дрим кај Ложани каде нивото е повисоко за 31 сантиметар во споредба со вчерашното, како и Бабуна на мерното место Богомила каде ...
Нуркачите од Нуркачкиот центар „Амфора“ од Охрид денеска во водите на Охридското Езеро кај Музејот на вода го запалија василичарскиот оган, со што го најавија доаѓањето на Стара нова година. Со ова нуркачите од АМФОРА на православните христијани им ја честитаат Стара нова година и Василица и се вклучуваат во организација на Охрид во празнување на претстојните празници Богојавленије Водици и Св. Јован крстител – денот на рибарите. ...
Поради влошената безбедносна состојба во Исламска Република Иран, Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија апелира до македонските граѓани кои се наоѓаат на територијата на оваа држава, истата да ја напуштат во прва можна и безбедна прилика. Истовремено, се апелира да се одложат сите патувања кон Иран кои не се неопходни. Министерството за надворешни работи ги има ставено на располагање сите свои капацитети за ...