За време на традиционалниот огномет по повод Денот на независноста на Соединетите Американски Држави, настана пожар на познатиот Бруклински мост во Њујорк. Голем пламен и густ облак чад се издигнаа над мостот, пред противпожарните екипи брзо да интервенираат и целосно да го локализираат огнот. Според информациите на новинската агенција „Асошиејтед прес“, во инцидентот нема повредени лица. Од њујоршката противпожарна служба соопштија дека во ...

Денеска во Македонија ќе преовладува сончево време со мала до умерена локална облачност, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, кој на одделни места повремено ќе се засилува и ќе достигнува брзина до 50 километри на час. Утринските температури ќе се движат од 8 до 21 степен, додека максималната дневна температура ќе биде меѓу 23 и 33 Целзиусови степени. Во Скопје времето ќе биде ...

Игор Ивановски, по повеќе од една деценија без јавни настапи на политички теми, во интервју на Тема на денот на Сител остро проговори за состојбите во СДСМ и за лидерството на Венко Филипче. Тој нагласи дека нема ништо лично против Филипче, но направи јасна разлика меѓу неговата професионална кариера и неговата улога како претседател на СДСМ. „Јас Венко Филипче го знам од моите седумнаесет години и немам ништо лично против него. Напротив, ...

На Универзитетската клиника за инфективни болести и фебрилни состојби лабораториски се потврдени два случаи на западнонилска треска, информира директорот на клиниката, Фадил Цана. Според информациите, двајцата пациенти се хоспитализирани, се наоѓаат под постојан медицински надзор и се лекуваат согласно современите медицински протоколи. „Нивната здравствена состојба внимателно се следи“, соопшти Цана. Западнонилската треска е вирусно ...

Премиерот Христијан Мицкоски ги демантираше информациите дека Димитар Димовски ќе биде именуван за секретар за добро владеење во Владата. Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски појасни дека Владата ќе има посебен секретар за добро владеење, но нагласи дека тоа нема да биде истото лице кое е задолжено за следење на реализацијата на владината програма. „Јас никаде не кажав кој ќе биде тој што ќе го управува делот за добро владеење. Реков ...

Физичка пресметка меѓу три лица избувнала по претходно недоразбирање во сообраќајот на подрачјето на скопската населба Ѓорче Петров, информира Министерството за внатрешни работи. Според полицискиот билтен, случајот бил пријавен на 2 јули 2026 година во СВР Скопје. Околу 15:30 часот, по расправија во сообраќајот, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу 30-годишната М.Ѓ. од една страна и 51-годишната А.Д. и 21-годишната С.Ј. ...

Министерството за внатрешни работи информира за повеќе одделни случаи на насилство во Скопје, во кои се инволвирани малолетници, а во два од нив бил употребен и остар предмет. На 3 јули во 14:53 часот од ЈЗУ „Св. Наум Охридски“ – Скопје било пријавено дека кај нив со повреди нанесени со остар предмет бил донесен 12-годишник од Скопје. Според информациите, повредите му ги нанел друг малолетник истиот ден околу 13:00 часот на подрачјето на Шуто ...

Во текот на изминатото деноноќие, полициските службеници на територијата на целата држава лишиле од слобода четворица возачи поради безобѕирно управување со моторно возило. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека двајца од приведените, по еден во скопскиот и тетовскиот регион, управувале возила без возачка дозвола. Останатите двајца, по еден во Скопје и Гостивар, биле затекнати како возат под дејство на алкохол. По целосното ...

СВР Скопје го расчисти случајот со физичкиот напад врз 10-годишно девојче што се случил на подрачјето на Центар, а за кој на социјалните мрежи беше објавена и видеоснимка. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 3 јули 2026 година во 22:30 часот, 45-годишната Н.П.Ц. од Скопје пријавила дека претходниот ден, на 2 јули околу 17:00 часот, нејзината 10-годишна ќерка била физички нападната од постаро машко лице. Веднаш по ...

Апелацискиот суд во Скопје донесе правосилна одлука со која ја потврди затворската казна од 12 години за Стојанче Јовановски. Судот ја оцени неговата жалба како неоснована и по одржана јавна седница ја потврди пресудата што во мај годинава ја донесе Основниот кривичен суд Скопје. Според правосилната пресуда, Јовановски е прогласен за виновен бидејќи по долгогодишно семејно насилство ги навел својата сопруга Ивана и нивната ќерка Катја да ...

Претседателката на ЛДП и пратеничка Моника Зајкова остро реагираше по одлуката на МВР, 11 дена по нападот врз 14-годишното момче во Ченто, да поднесе кривична пријава за кривичното дело „насилство врз дете“. Во објава на Фејсбук, Зајкова посочува дека иако ваквиот напад може да содржи елементи на ова кривично дело, останува отворено прашањето дали во конкретниот случај постојат и елементи на потешки кривични дела, како што се тешка телесна ...

Полицијата приведе 57-годишен скопјанец осомничен за разбојништво и насилничко однесување на автобуска постојка во скопската населба Центар. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 3 јули 2026 година околу 11:50 часот, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода А.Б. (57) од Скопје, по претходна пријава дека само пет минути претходно, околу 11:45 часот, на автобуска постојка на подрачјето на Центар одзел ...

Прес конференција на СДСМ, Јон Фрчкоски – член на Извршниот одбор Денеска објавуваме уште еден скандал. Реконструкцијата на Владата на Мицкоски е само театар, во суштина ништо не се менува во тендер-коалицијата. Новите имиња се само нова амбалажа за истото корумпирано владеење, кое продолжува да произведува нови скандали, нови криминални тендери и нови разочарувања за граѓаните. Газдата останува ист, Христијан Мицкоски. Антикорупцискиот тим ...

Дваесет и осумгодишен жител на Крива Паланка го загуби животот во тешка сообраќајна несреќа што ноќеска се случила на магистралниот пат А-2, кај селото Страцин, во општина Кратово. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, несреќата била пријавена околу 00:10 часот, кога патничко возило „Опел астра“ со кривопаланечки регистарски ознаки, управувано од Н.С. (28), излетало од коловозот и удрило во бетонски заштитен ѕид. Од ...

Грчевите за време на пливањето повеќе не се толку необичен феномен. Кога ќе се појават, оваа појава ја намалува способноста за пливање и може сериозно да го загрози пливачот. Што е мускулен спазам? Ова е ненадејно и неочекувано затегнување на еден или дури и повеќе мускули. Сепак, тие исчезнуваат по само неколку минути истегнување или масажа на погодената област. Тие можат да бидат предизвикани од различни причини, но она што може да „фати“ ...

Секој деветти маж барем еднаш во животот платил за да има секс. За некои плаќањето за интимност со жена е потег кој е под нивната чест, додека пак другите тоа не го кријат, но кои се мажите кои најчесто плаќаат за да имаат секс? Последните истражувања покажуваат дека работата на проститутките не изумира затоа што секогаш има нови клиенти кои најчесто се успешни, деловни мажи од 25 до 34 години. Резултатите од истражувањето покажале дека во ...

Американскиот претседател Доналд Трамп испрати силни политички пораки за време на прославата на 250-годишнината од независноста на Соединетите Американски Држави, предупредувајќи дека земјата повторно се соочува со, како што рече, „комунистичка закана“ и повикувајќи на заштита на американскиот идентитет и традиционалните вредности. Во 30-минутното обраќање пред планината Рашмор, каде се врежани ликовите на четворица американски претседатели – ...

Поранешниот функционер на СДСМ, Васко Кичевски, јавно го критикуваше актуелното партиско раководство поради односот кон новата политичка платформа, оценувајќи дека со своите постапки создава непотребни поделби во опозицискиот блок. Во објава на Фејсбук, Кичевски порача дека наместо дијалог со луѓето кои, според него, суштински припаѓаат на СДСМ, партијата ги оттурнува и ги претвора во политички противници. „Од група луѓе кои во суштина се ...

Овој викенд ќе биде исполнет со динамика, нови идеи и желба за промени. По напорната работна недела конечно ќе почувствувате дека имате простор да се посветите на себе и на луѓето кои ви значат. Можно е да добиете повик за дружење, кратко патување или семеен собир кој ќе ви донесе многу позитивна енергија. Во љубовта, зафатените Овни ќе имаат можност да ги надминат сите недоразбирања преку искрен разговор. Слободните припадници на знакот може ...

Последните статистички податоци уште еднаш потврдуваат дека Македонија не смее повеќе да ја одложува дебатата за развојот на рударството и искористувањето на сопствените минерални ресурси. Додека рударството бележи пад, а бројот на рудари постојано се намалува, нови инвестиции кои би можеле да го обноват секторот и да отворат нови работни места, како проектот „Иловица – Штука“, со години остануваат заглавени во административни и правни ...

Телото на 76-годишен жител на Неготино, кој претходно исчезнал во водите на реката Вардар кај селото Црвени Брегови, вечерва е пронајдено и извлечено од реката. Според информациите објавени од „Прес24“, повикувајќи се на Центарот за управување со кризи (ЦУК), по пријавата за исчезнато лице веднаш биле ангажирани службите за спасување. Од Регионалниот центар за управување со кризи – Велес информираат дека на терен интервенирале седум ...

Голема количина различни видови дрога е запленета при полициски претрес во стан во Скопје, а против две лица е поднесена кривична пријава. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека ноќта меѓу 2 и 3 јули, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје, по претходно добиена судска наредба, извршиле претрес во стан што го користеле М.Б. и Н.Ј., кои претходно биле лишени од слобода од полициски службеници ...

Органите и телата на СДСМ следната недела ќе расправаат за учеството на пратеничката и поранешна министерка за одбрана Славјанка Петровска на настанот „Разговори за иднината во 12:05“, на кој беше промовирана нова демократска платформа за општествена дебата. Ова го соопшти претседателот на СДСМ, Венко Филипче, одговарајќи на новинарско прашање дали ќе бара одговорност од Петровска поради нејзиното присуство на настанот и дали разговарал со ...

Единаесет дена по бруталниот напад во скопската населба Ченто, во кој 14-годишно момче беше избодено седум пати со нож, Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава против тројца осомничени, но не за „обид за убиство“, туку за кривично дело „насилство врз дете“. Од СВР Скопје информираат дека до Основното јавно обвинителство е поднесена кривична пријава против Ј.Ј. (19), В.С. (23) и В.А. (19), сите од Скопје, поради сомнение ...

Предлогот за разрешување и избор на нови членови на Владата официјално пристигна во Собранието на Република Северна Македонија. Претседателот на Собранието, Африм Гаши, веќе ја закажа седницата на која ќе се одлучува за владината реконструкција. Седницата е закажана за 13 јули (понеделник) со почеток во 11:00 часот, кога пратениците ќе расправаат и ќе гласаат за предложените кадровски измени во Владата. Согласно предлогот доставен од ...

Состојбата со пожарите во источниот дел од земјата попладнево дополнително се влоши, откако во Штип избувна и трет голем пожар, овојпат во близина на штипската млекара. Поради опасноста од ширење на огнот и густиот чад, итно беа евакуирани вработените од блиската фабрика „Албатрос“. На социјалните мрежи се појавија драматични видеоснимки на кои се гледаат десетици работници со заштитни маски како панично го напуштаат реонот, кој е целосно ...

Вкупно 18 возачи биле лишени од слобода во засилените сообраќајни контроли што полициските службеници ги спровеле во текот на изминатото деноноќие поради безобѕирно управување со моторно возило. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека најголемиот дел од приведените, односно 15 лица, управувале возила без да поседуваат возачка дозвола. Меѓу нив имало и двајца малолетници. Најмногу приведени се евидентирани во Гостивар, каде што ...

Тешка сообраќајна несреќа се случила на патниот правец Штип-Пробиштип, каде што две патнички возила директно се судриле, откако едното од нив во обид да избегне пламени наноси од пожар преминало на спротивната сообраќајна лента. Според првичните информации, возилото кое се движело во правец кон Штип, избегнувајќи го огнот покрај коловозот, навлегло во спротивната лента и директно удрило во друго возило кое се движело од спротивниот правец. ...

Во координирана полициска акција спроведена во текот на изминатото деноноќие, приведени се вкупно 23 лица во повеќе градови низ државата, откако кај нив или во нивните домови и возила била пронајдена различна наркотична дрога. Најголем број од приведувањата се реализирани во Скопје, каде што седум лица биле лишени од слобода поради поседување бела прашкаста и бела грутчеста материја, како и марихуана. Во Тетово, при претрес во дом на ...

Унапредување на граничното управување на граничните премини со Албанија преку поефикасни контроли и олеснување на трговијата, ќе овозможи забрзување на регионалната интеграција во ЕУ и оттука во фокусот на Царинските управи ќе биде унапредување на царинските процедури што ќе бидат дефинирани со новиот Протокол за спроведување на меѓудржавниот Договор за заеднички гранични премини. Делегации од двете Царински управи предводени од директорот ...

weather icon

Скопје

34ᴼ / 34ᴼ
2.39
24%
1014
weather icon

Белград

31ᴼ / 31ᴼ
3.19
30%
1018
weather icon

Загреб

32ᴼ / 32ᴼ
1.4
35%
1018
weather icon

Софија

29ᴼ / 29ᴼ
4.24
38%
1015
weather icon

Сараево

34ᴼ / 34ᴼ
4.66
34%
1016
weather icon

Љубљана

29ᴼ / 29ᴼ
1.9
46%
1018
weather icon

Атина

34ᴼ / 32ᴼ
8.49
44%
1012
weather icon

Тирана

37ᴼ / 37ᴼ
6.18
20%
1012
weather icon

Подгорица

34ᴼ / 34ᴼ
0.96
30%
1014
weather icon

Букурешт

28ᴼ / 28ᴼ
2.68
43%
1018
weather icon

Будимпешта

32ᴼ / 29ᴼ
2.68
31%
1019
weather icon

Истанбул

26ᴼ / 24ᴼ
7.9
100%
1013
Currency

61.5217

Currency

53.2154

Currency

71.7145

Currency

37.6073

Currency

38.1322

Currency

65.8479

Currency

7.88657

Currency

0.65224

Currency

0.33722

Currency

0.52479

Currency

1.11569

Currency

0.55892

Платина

56038.75

Злато

139576.04

Рутениум

53852.50

Сребро

2044.16

Калај

56.36

Бакар

13.23

Кобалт

56.29

Паладиум

43628.56

Алуминиум

3.28

Родиум

278103.96

Иридиум

252383.36

Цинк

0.00