Минималните утрински температури се под нулата во повеќе места, со најниска измерена температура од -3 степени во Скопје-Петровец и Пожаране, соопшти утрово Управата за хидрометеоролошки работи. Во Скопје-Зајчев Рид, Струмица, Гевгелија и Ѓуриште измерени се -2 степени, -1 во Куманово, Кавадарци, Велес, Тетово, Крива Паланка и Попова Шапка, 0 во Берово и Штип, 1 во Демир Капија и Виница, 2 во Mаврови Анови, Kрушево и Охрид, 4 во Претор и ...

Центарот за управување со кризи (ЦУК) соопшти најнови информации за последиците од обилните врнежи на територијата на Македонија – состојба заклучно со 09:00 часот. Кочани и Штип Кај Оризарска река во село Грдовци има излевање. Водостопанство Брегалница интервенира со багер гасеничар. Механизацијата е сѐ уште на терен. Од понеделник ќе започне чистење на речното корито на Оризарска река од Грдовци кон Оризари со цел да се спречат идни ...

Северна Кореја соопшти дека Јужна Кореја лансирала дрон во нејзиниот воздушен простор на 4 јануари, кршејќи го нејзиниот суверенитет, објавија државните медиуми. Дронот, кој полетал од остров во близина на јужнокорејскиот град Инчеон, прелетал осум километри пред да биде соборен во севернокорејскиот воздушен простор, објави КЦНА, повикувајќи се на портпарол на севернокорејската војска. Дронот наводно бил опремен со камери за надзор за ...

САД се виновни за „трансформирањето на мирните протести во насилство, субверзија и широко распространет вандализам“ во Иран, изјави постојаниот претставник на Исламската Република во ОН пред Советот за безбедност. Иран го осудува „континуираното, нелегално и неодговорно однесување на САД во координација со израелскиот режим во мешањето во внатрешните работи на Иран преку закани, поттикнување и намерно промовирање на нестабилност и насилство“, ...

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози. Сите патни правци се проодни. На одредени патни правци кои поминуваат низ усеци и клисури можна е појава на поситни одрони. ЈП Македонијапат апелира на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација, како и прилагодување на брзината спрема условите на патот. Сообраќајот на државните патишта се одвива во ...

Метео анализа на Славчо Попоски: Поради продор на многу ладен воздух од север, врнежите кои ги имаме во следните часови ќе се интензивираат а снежната граница полека ќе се спушта па така врнежите од дожд ќе преминат во врнежи од снег и на пониските места (градовите) а сето ова ќе биде проследено со повремено засилен ветер од јужен а потоа и од северен правец (повремено и локално со брзина од над 60 км/час). Температурите во следните часови ...

ОВЕН Викендот кај Овните носи силна потреба за акција и јасност. Ќе чувствувате дека мора да расчистите нешто што подолго време ве оптоварува, особено во личните односи. Можно е да се отвори тема што досега сте ја избегнувале, но овојпат ќе имате храброст да ја кажете вистината. Во љубовта, страстите се засилени, но и нетрпеливоста, па важно е да внимавате на зборовите. Слободните Овни може да влезат во ненадејна, силна привлечност која брзо ...

Протестите против американската Служба за имиграција и царина (ICE) продолжија денеска по смртоносното пукање врз 37-годишна жена во Минеаполис, а демонстрациите се проширија во неколку други американски држави, објави ДПА. Според извештаите на медиумите, десетици студенти се приклучија на протести во Минеаполис (Минесота), протестирајќи против присуството на службениците за имиграција. Стотици протести и митинзи се најавени низ целата земја ...

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД мора да го „поседуваат“ Гренланд за да ги спречат Русија и Кина да го преземат, велејќи дека тоа ќе се направи „на лесен или на тежок начин“. Острата изјава доаѓа по неодамнешните сигнали од Белата куќа дека администрацијата размислува да ја купи полуавтономната територија од Данска, но не ја исклучува опцијата за присилна анексија, пишува Би-Би-Си. И Данска и Гренланд цврсто ја отфрлија ...

Според статистики на Акуведер (AccuWeather), Јапонија се издвојува како најснежна земја во светот, поточно, три јапонски градови со над 100.000 жители се на врвот на листата на најснежни места. Градот Аомори, на најголемиот јапонски остров, е лидер по снежни врнежи- секоја година во просек тука паѓаат 7,9 метри снег. Дебелата снежна покривка ги покрива улиците од ноември до април, а тротоарите се оградени со наноси снег и мраз што стануваат ...

Најстариот син на Дејвид и Викторија Бекам, Бруклин, побарал од родителите да го контактираат исклучиво преку неговите адвокати. Според извори блиски до семејството, адвокатските тимови на Бруклин и неговите родители размениле правни писма во кои е нагласено дека комуникацијата треба да биде формална и посредувана преку правни застапници, јавува британскиот „Дејли мејл“(„Daily Mail“). Бруклин посебно нагласил дека не сака јавни изјави на ...

Пред утрешното гласање на повторените избори за градоначалник во општините Гостивар, Маврово Ростуше, Врапчиште и Центар Жупа, денеска избирачките одбори ќе им овозможат на болните и изнемоштените лица да го остварат својот глас во нивните домови, а ќе гласаат и притворените и затворениците, жители на овие општини. Од Државната изборна комисија (ДИК) за МИА посочуваат дека се е подготвено за повторените избори. Во Гостивар за гласање се ...

Времето денеска ќе биде променливо облачно, со повремени врнежи од дожд и снег во пониските предели, додека на повисоките места и на планините ќе врне снег. Поради продор на постудена воздушна маса од север, попладне и во текот на ноќта врнежите на целата територија ќе преминат во снег. Пообилни снежни врнежи се очекуваат во западните делови од земјата, каде снежната покривка на планините ќе се зголеми за околу 20 сантиметри, додека во ...

Малиот грчки остров Антикитера, со само 45 постојани жители, започна необична иницијатива за привлекување нови жители, нудејќи финансиска поддршка и обезбедено сместување за оние што се подготвени да се преселат. Целта на проектот е да се спречи целосното исчезнување на населението и да се даде нов живот на островот кој се соочува со сериозни демографски предизвици. Иницијативата, која ја организира Грчката православна црква на Китира, ...

Вечерва на автопатот Скопје–Велес, во близина на Петровец, се случи сообраќајна несреќа во која, според првичните информации, едно патничко возило излетало од коловозот и удрило во заштитната ограда (банкина). На местото на настанот веднаш интервенирале екипи на Брза помош, полицијата и противпожарната служба. Поради интервенцијата и спроведувањето на увидот, сообраќајот се одвива забавено, со повремени краткотрајни застои, но истиот не е ...

Почетокот на 2026 година носи големи можности и позитивни промени за неколку хороскопски знаци. Додека некои ќе влезат во новата година со обновена енергија и оптимизам, други ќе уживаат во поголема стабилност, емоционална рамнотежа и љубовна сигурност. Според астролошките прогнози, следните знаци можат да очекуваат особено поволен старт на годината. Лав За Лавовите, почетокот на 2026 година носи среќа и нови можности, благодарение на ...

Венецуелската влада почна да ја истражува можноста за проширување на дипломатските врски со САД, а се очекува претставници на американскиот Стејт департмент да отпатуваат во Каракас за технички и логистички проценки, соопштија двете земји во петокот. Стејт департментот соопшти дека американските претставници ја проценуваат „потенцијалната можност за продолжување“ на работата на амбасадите во јужноамериканската земја. Вашингтон и Каракас ...

Русија со дронови нападна два цивилни брода под странско знаме во регионот на Одеса, при што загина еден сириски државјанин, а еден е ранет, соопшти денеска заменик-претседателот на украинската Влада, Олексиј Кулеба. Еден од бродовите, кој пловел под знамето на Сент Китс и Невис, бил мета на нападот додека се движел кон пристаништето Чорноморск за да преземе жито. Вториот брод, под знаме на Коморските Острови, превезувал соја и бил нападнат ...

Американската технолошка компанија OpenAI воведе нова функционалност под називот ChatGPT Health, која им овозможува на корисниците да прикачуваат медицинска документација и здравствени податоци со цел четботот да дава попрецизни и персонализирани одговори. Сепак, како што пренесува BBC, новата алатка веќе отвори сериозни прашања поврзани со заштитата на личните и здравствените податоци. OpenAI ги охрабрува корисниците да прикачуваат ...

По повод именденот денеска поглаварот на МПЦ г.г. Стефан во својата резиденција ги прими претседателката на државата Гордана Силјановска Давкова, премиерот Христијан Мицкоски и претседателот на Собранието Африм Гаши. По приемот, со свое обраќање на социјалните мрежи излезе претседателката Давкова. „На покана на Архиепископот Охридски и Македонски, г.г Стефан, присуствував на празничниот ручек што традиционално го приредува по повод неговиот ...

Фудбалската репрезентација на Сенегал се пласираше во полуфиналето на Африканскиот куп на нации, откако го победи Мали со минимален резултат од 1:0 во првиот четвртфинален натпревар. Решавачкиот момент на натпреварот се случи во 27-та минута, кога Илиман Ндијаје го постигна единствениот гол на натпреварот. Напаѓачот на Евертон ја започна акцијата од десната страна, а потоа центаршутираше во шеснаесетникот без топка. По одземање и доза на ...

Бројот на жртвите во анти-владините протести во Иран се зголеми на најмалку 62 лица, јави американската новинска агенција „Активисти за човекови права“, Според агенцијата, која и во претходни бранови на насилство за време на протестите во Иран се покажала како точен извор, за време на демонстрациите биле уапсени најмалку 2.300 лица, пренесува БТА. Иранските власти денеска сигнализираа дека безбедносните сили ќе преземат репресивни мерки ...

Министрите за одбрана на Украина и Велика Британија, Денис Шмихајл и Џон Хили, денес во Киев потпишаа план за спроведување на „Стогодишното партнерство“ во развојот на одбраната до 2026 година, објави украинската новинска агенција Укринформ. „Ова е важен чекор кон имплементација на големи проекти овозможени со Спогодбата за партнерство по повод стогодишнината меѓу Украина и Обединетото Кралство“, рече Шмихаљ. „Договорот за стогодишно ...

Швајцарските обвинители денеска соопштија дека е одреден притвор за еден од двајцата сопственици на барот во ски-центарот Кран-Монтана, кој изгоре во новогодишната ноќ. Во пожарот животот го загубија 40 лица, а локалните медиуми јавуваат дека налогот за апсење е веќе извршен. Обвинителството води истрага против сопствениците на барот „Ле Констеласион“, француските државјани Жак и Џесика Морети, под сомнение за сторени кривични дела кои ...

Европската комисија достави предлог за активирање на 7,5 милиони евра од Европскиот фонд за приспособување кон глобализацијата, со цел поддршка на 3.414 лица кои останаа без работа по затворањето на фабриката на „Ауди“ во Брисел. Погонот беше затворен во февруари минатата година, кога германската компанија го прекина производството на моделот „Q8 e-tron“ во белгиската престолнина. Како последица, работа изгубија сите 2.580 вработени во ...

Италијанската премиерка Џорџа Мелони денеска изјави дека се согласува со францускиот претседател Емануел Макрон оти Европската Унија треба директно да преговара со Русија доколку напорите на САД за посредување за мир во Украина не резултираат со договор, јави италијанската агенција АНСА. – Во тој случај мислам дека Макрон е во право. Време е ЕУ да разговара со Русија. Ако Европа одлучи да преговара само со една од двете страни, се плашам дека ...

Американските власти денес објавија дека го запленија танкерот „Олина“ во Карипското Море, што е петтиот брод запленет во акцијата на Вашингтон насочена кон ограничување на извозот на нафта од Венецуела. Се тврди дека „Олина“ пловел под лажното знаме на Источен Тимор, пренесува Ројтерс. Американската војска соопшти дека маринците од носачот на авиони „Џералд Форд“ ја зазеле Олина „без инциденти“, испраќајќи јасна порака: „Нема безбедно ...

Соопштение за јавност на СДСМ: Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на средба со членството во Гостивар информираше дека по разговорите е постигнат заеднички договор СДСМ да даде поддршка за кандидатот Валбон Лимани за градоначалник на Гостивар од опозициската Алијанса за Албанците. „Апелирам да ги мобилизираме што повеќе членовите и да му даеме поддршка на Валбон”, порача Филипче, додавајќи дека изборниот циклус ќе биде јасен индикатор за ...

Убиен е новинар во Поса Рика, Мексико. Убиството беше осудено од државната комисија за заштита и поддршка на новинарите и повика на темелна истрага. . Комисијата, согласно законот, го објави само името на убиениот новинар, но локалните медиум објавија дека загинатиот е Карлос Кастро, директор на порталот „Кодиго Норте Веракруз“, кој пишувал и за други регионални медиуми. Кастро, кој неодамна се вратил во Поса Рика откако неколку месеци ...

Лидерите на Велика Британија, Франција и Германија ја опишаа употребата на балистичката ракета со среден дострел „Орешник“ од страна на Русија во западна Украина како „ескалирачка и неприфатлива“, според резимето од нивниот повик објавено од канцеларијата на британскиот премиер Кир Стармер во петокот. Стармер разговараше за ситуацијата во Украина со германскиот канцелар Фридрих Мерц и францускиот претседател Емануел Макрон во петокот. Русија ...

weather icon

Скопје

7ᴼ / 7ᴼ
3.09
87%
999
weather icon

Белград

5ᴼ / 4ᴼ
4.63
77%
998
weather icon

Загреб

6ᴼ / 4ᴼ
0.51
93%
997
weather icon

Софија

4ᴼ / 4ᴼ
1.54
87%
1000
weather icon

Сараево

1ᴼ / 1ᴼ
2.22
99%
1002
weather icon

Љубљана

4ᴼ / 3ᴼ
1.03
97%
997
weather icon

Атина

14ᴼ / 11ᴼ
3.13
88%
1000
weather icon

Тирана

10ᴼ / 10ᴼ
2.06
76%
1000
weather icon

Подгорица

8ᴼ / 8ᴼ
1.54
93%
1001
weather icon

Букурешт

8ᴼ / 6ᴼ
4.63
91%
1001
weather icon

Будимпешта

8ᴼ / 6ᴼ
3.09
91%
997
weather icon

Истанбул

13ᴼ / 11ᴼ
3.09
64%
1002
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Цинк

3.33

Кобалт

64.04

Сребро

2457.28

Калај

48.47

Злато

157055.75

Родиум

336779.07

Алуминиум

3.07

Иридиум

221848.72

Платина

83354.78

Бакар

11.66

Паладиум

53434.54

Рутениум

45750.51