Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип го објави Конкурсот за запишување студенти на прв циклус студии за академската 2026/2027 година. Првиот уписен рок ќе се реализира на 19, 20 и 21 август, а системот за електронско пријавувње веќе е отворен каде идните студенти ќе можат електронски да ги поднесат своите пријави за запишување. Според конкурсот, годинава на Универзитетот се предвидени 3.341 слободно место, од кои 1.629 се во државна квота, 972 ...

10 лица загинаа во руски напад врз товарен брод што превезувал жито во близина на Одеса. Бродот пловел под знамето на Гвинеја-Бисао и бил погоден со ракети, соопшти Украинската управа за морски пристаништа. Украинските власти го сметаат нападот врз цивилен брод за воено злосторство, пишува Украинска правда . Украинската управа за морски пристаништа објави детали за последиците од нападот. „Пребарувањето и спасувањето траеја цела ноќ, а ...

Прес конференција на Наташа Поповиќ – членка на извршниот одбор на СДСМ: Состојбата со труењето на граѓаните во Гостивар е алармантна. Над 2.000 граѓани веќе побарале лекарска помош поради симптоми поврзани со загадена вода за пиење. Институциите задоцнија со реакцијата. Епидемијата на гастроентеритис во Гостивар не избувна преку ноќ. Таа се развиваше со денови пред очите на надлежните институции, кои наместо навремена реакција, дозволија ...

Побарувачката за бакар расте побрзо од капацитетите за негово производство, а светската рударска индустрија предупредува дека претстои долг период на дефицит. Според проценките на инвеститорот Френк Џустра, дури и интензивното отворање нови рудници нема да биде доволно за да се задоволат идните потреби на индустријата. Во Македонија, пак, постојат значајни резерви на бакар, но тие сè уште не се ставени во функција. Стратегијата за минерални ...

Соопштение за јавност на СДСМ: ДПМНЕ залудно се обидува сопствената вина да ја претвори во пропаганда против Левица. Власта не беше немоќен набљудувач на процесот, туку негов организатор, предлагач и носител на парламентарното мнозинство. Затоа, доколку бара виновник за недонесувањето на Изборниот законик, треба најпрво да погледне во сопствените редови, сопствените недоследности и условите што намерно ги постави во последен момент за да го ...

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Тетово поднесе кривична пријава против службено лице вработено на Меѓународниот универзитет во Тетово, кое извршувало работни задачи како административен службеник – виш соработник за логистика и теренско работење, поради постоење основи на сомнение дека сторило кривични дела „Злоупотреба на службената положба и овластување“ од член 353 и „Фалсификување исправа“ од член 378 од ...

Одморот покрај вода повеќе не се доживува само како можност за релаксација, туку и како начин за подобрување на менталната благосостојба. Затоа, концептот Blue Mind, кој го истакнува благотворното влијание на морето и водата врз менталното здравје, денес се вбројува меѓу најбрзо растечките туристички трендови. Благодарение на своето илјадници километри долго егејско и медитеранско крајбрежје, Туркије нуди идеални услови за доживување на овој ...

Соопштение за јавност на ВМРО-ДПМНЕ: Коалицијата на СДС, ДУИ и Арбен Таравари за време на изборната кампања за последните локални избори, барајќи ја довербата, на граѓаните во Гостивар им ветуваа подобар живот и подобри услови. Гостиварчани им ја дадоа довербата, коалицијата СДС-ДУИ-Таравари ја предводи локалната власт, но тоа што им го донесоа е страв и неизвесност по нивно здравје и живот. Подобриот живот и услови за гостиварци станаа ...

Најмалку 930 луѓе починаа во епидемијата на ебола во Конго, а до саботата се потврдени вкупно 2.344 случаи на инфекција. Само во последните 24 часа се регистрирани 37 нови смртни случаи, што е еден од највисоките дневни бројки од почетокот на епидемијата, објави денес Министерството за здравство на земјата, пренесува АП . Епидемијата, која беше прогласена на 15 мај во источен Конго, е најбрзо растечката епидемија на ебола досега ...

Собранието денеска ќе ја одржи 115.седница, на чиј дневен ред е и Предлог одлуката за изменување на Одлуката за одобрување на продолжување на рокот за постоење на кризна состојба заради можност за настанување на пореметување на снабдување со нафта и нафтени деривати на територијата на Република Северна Македонија Владата на седницата одржана на 17 јули ја донесе одлуката за изменување на одлуката за одобрување продолжување на рокот за ...

Соопштение за јавност на ВЛЕН: ВЛЕН со загриженост ја следи состојбата во Гостивар, по зголемувањето на бројот на граѓани кои побараа медицинска помош и по прогласувањето на епидемија. Во овие моменти, најважно е да се заштити здравјето на граѓаните, да се обезбеди безбедна вода за пиење и јавноста навремено и точно да биде информирана за секој понатамошен развој. Ние не останавме со скрстени раце. Преку државните институции, на граѓаните на ...

Соопштение за јавност на СДСМ: Епидемијата на гастроентеритис во Гостивар не избувна преку ноќ. Таа се развиваше со денови пред очите на надлежните институции. Она што започна со поединечни случаи, брзо прерасна во стотици заболени дневно, со речиси 2.000 жители кои побараа лекарска помош поради симптоми поврзани со загадена вода за пиење. Институциите уште во раната фаза имале информации и сомнежи за небезбедноста на водата и за ...

Соопштение за јавност на ДУИ: Во само еден ден, Град Скопје двапати отворено ја прекрши законската обврска за употреба на албанскиот јазик. Скопје е двојазичен град и неговите институции имаат јасна законска обврска албанскиот јазик да го користат во официјалната комуникација. Пред очите на јавноста, и покрај реакциите на граѓаните, Град Скопје продолжи да го игнорира законот, албанскиот јазик и албанската заедница, покажувајќи целосно ...

АМСМ информира дека на граничните премини „Богородица“ и „Дојран“ се бележи зголемена фреквенција на возила. Времето на чекање за излез од државата е околу 40 минути, додека пак на преминот „Табановце“ времето на чекање за влез во државата е околу 40 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ укажува дека на грчката страна од премините времето на чекање постојано ...

Трагично заврши потрагата по тројцата патници кои од саботата вечер се водеа како исчезнати. Нивното возило е пронајдено превртено во близина на границата со Косово, а во него биле пронајдени телата на сите тројца патници. Според информациите на Алсат, станува збор за автомобил „мерцедес“ со германски регистарски таблички, кој излетал од патот под засега неразјаснети околности. Животот го загубиле Ејуп Тернава, Џенет Тернава и Фатмире Шабани. ...

Шпанската фудбалска репрезентација е нов светски шампион, откако по продолженија ја совлада Аргентина со 1:0 во големото финале на Светското првенство. Херој на „црвената фурија“ беше Феран Торес, кој го постигна единствениот гол во 106. минута и ѝ ја донесе втората светска титула на својата селекција. Финалниот натпревар започна претпазливо од двете страни. Ниту Шпанија, ниту Аргентина не сакаа да ризикуваат во воведните минути, па повеќе ...

Фудбалот одамна не е само спорт, туку и индустрија вредна милијарди евра. Вредноста на националните тимови денес најдобро го покажува квалитетот на играчкиот кадар, потенцијалот на младите ѕвезди и силата на домашните и европските првенства во кои настапуваат репрезентативците. Според најновите проценки на специјализираниот портал Transfermarkt, највредна фудбалска репрезентација во светот е Франција, чиј состав се проценува на неверојатни ...

Трендот на новопријавени случаи со стомачни тегоби во Гостивар не опаѓа, а дневно се регистрираат меѓу 250 и 300 нови пациенти, изјави министерот за здравство Сашко Клековски. Според него, бројот на заболени останува висок и во последните 24 часа, додека резултатите од анализите на водата се очекуваат утре. „Вчера имаше околу 100 прегледи на Детското одделение и 160 на Инфективното одделение. Денеска бројката е слична на Детското одделение, а ...

Соопштение за јавност на СДСМ: ВМРО-ОКГ обвинува дека проблемот со Охрид на УНЕСКО листата на загрозено наследство постои 35 години и дека за две години не можат да го решат. Сега бараат уште 6 години. Ова е класичен пример на неспособност и лицемерие. ВМРО-ОКГ со децении ја управуваше Македонија, вклучително и Охрид. Само во времето на Никола Груевски, 10 години, потрошија над 1 милијарда евра за споменици во Скопје, додека за заштита на ...

Агенцијата за храна и ветеринарство на 17.07.2026 година издеде забрана за употреба на водата за пиење од гостиварскиот водоводен систем поради основано сомнение дека истата е загадена и небезбедна за употреба. Поради времената забрана за употреба на водата за пиење од градскиот водовод во Гостивар, на граѓаните им се препорачува да ги почитуваат следните мерки до добивање на официјално известување дека водата повторно е безбедна за употреба. ...

На 18.07.2026 во 21:35 часот во СВР Скопје 36-годишен маж пријави дека на 18.07.2026 околу 18:00 часот, на подрачјето на Центар бил физички нападнат од неговата 35-годишна поранешна сопруга. Исто така, на 19.07.2026 во 02:00 часот 35-годишна жена пријави дека била физички нападната од нејзиниот 36-годишен поранешен сопруг. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. На 18.07.2026 во 21:35 часот во СВР Скопје 36-годишен маж пријави ...

На 18.07.2026 во 21:30 часот во СВР Куманово, 72- годишна жена од Куманово пријави дека во нивниот дом, била физички нападната од нејзината 13- годишна внука. Исто така, според пријавеното, малолетничката и упатувала и закани со остар предмет на пријавителката и на други членови од семејството Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР На 18.07.2026 во 21:30 часот во СВР Куманово, 72- годишна жена од Куманово пријави ...

Меѓународниот аеродром и пристаништето во јужниот јордански град Акаба се евакуирани поради „конкретна и веродостојна закана“, соопшти Американската амбасада во Аман. „Им советуваме на сите Американци да се воздржат од патување до аеродромот или пристаништето. Продолжете да ги следите сите безбедносни директиви од јорданските власти“, соопшти Амбасадата, без да даде дополнителни детали. Јорданските власти сè уште не издале соопштение во ...

Ферибот со 116 патници и членови на екипажот потона во текот на ноќта крај брегот на Гвајана. Досега се пронајдени и спасени само осум лица – соопшти министерот за јавни работи на земјата, Хуан Едгил. „Околу 15:15 часот по локално време вчера попладне фериботот ’Барима‘ (MV Barima) исплови од Џорџтаун со 116 патници и со членовите на екипажот кон Порт Кајтума во западниот дел на Гвајана. Во 23:01 часот беше примен повик за помош од бродот. ...

Најмалку 11 лица, меѓу кои брачен пар и три од нивните деца, загинаа во новите израелски напади врз Појасот Газа, и покрај примирјето меѓу Израел и Хамас што стапи во сила во октомври 2025 година, соопшти Службата за цивилна одбрана во енклавата. Петчленото семејство загинало вчера кога при воздушен напад бил погоден стан во северозападниот дел на градот Газа, соопшти службата, која работи под управа на палестинското движење Хамас. – ...

Првите пријави до ИЈЗ се доставени утрово, до денес се пријавени вкупно 140 заболени лица на пријава за заразна болест кои делумно се анкетирани, а дел се анкетираат во моментот од страна на епидемиолози од Гостивар и ИЈЗ. Се забележува пораст на стапката на заболени лица преку АЛЕРТ системот и надминување на трешхолдот на неделно ниво за територијата на Гостивар. Ова го истакна денеска за ситуацијата во Гостивар, д-р Драган Кочински, ...

ФИФА ќе објави рекордни приходи од 15 милијарди долари за Светското првенство во 2026 година, информира „Гардијан“. На 18 јули, претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, ги информирал националните асоцијации дека приходите од Светското првенство значително ги надминале очекувањата. Организацијата првично проектирала приходи од 11 милијарди долари. Се забележува дека значителен дел од приходите доаѓаат од продажба на билети и пакети за ...

До вторник во земјава ќе преовладува сончево и многу топло време со мала до умерена облачност, а во попладневните и вечерните часови ќе има услови за локална нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Според најавите на Управата за хидрометеоролошки работи, на одделни места можно е невреме со појава на град. Промена на временските услови се очекува од среда, кога поради продор на постудена воздушна маса од север и засилен ...

Денеска сме меѓу граѓаните на Гостивар. Ситуацијата е сериозна, над 1.500 граѓани се со симптоми, најмалку уште 5.000 граѓани кои не се јавиле на лекар. Околу 30% од населението е загрозено. Ова е сериозна здравствена ситуација која бара брза и одговорна реакција од институциите. Епидемиолозите, алармираат дека треба да се прогласи епидемија. Општинските организации на СДСМ од целиот регион се мобилизирани, се ставаме на располагање на ...

Европската Унија во 2024 година имала 15,7 професионални судии на 100 000 луѓе, што е намалување во споредба со 17,7 во 2014 година. Македонија, според податоците на Евростат, во 2024 година имала 20,1 судии на 100 илјади жители. И кај нас, исто како во ЕУ, бројот на професионални судии има тренд на намалување, и е намален за повеќе од четири споредено со 2019 кога имало 24,3 судии на 100 илјади жители. Меѓу земјите на ЕУ, Хрватска и ...

weather icon

Скопје

18ᴼ / 18ᴼ
9.26
59%
1005
weather icon

Белград

18ᴼ / 17ᴼ
5.66
61%
993
weather icon

Загреб

12ᴼ / 12ᴼ
4.12
92%
994
weather icon

Софија

18ᴼ / 18ᴼ
11.32
39%
1002
weather icon

Сараево

16ᴼ / 16ᴼ
5.0
74%
999
weather icon

Љубљана

12ᴼ / 11ᴼ
3.6
98%
994
weather icon

Атина

20ᴼ / 18ᴼ
4.02
81%
1015
weather icon

Тирана

18ᴼ / 18ᴼ
3.6
55%
1006
weather icon

Подгорица

18ᴼ / 18ᴼ
7.2
82%
1002
weather icon

Букурешт

14ᴼ / 11ᴼ
0.51
88%
999
weather icon

Будимпешта

10ᴼ / 9ᴼ
6.69
98%
989
weather icon

Истанбул

18ᴼ / 18ᴼ
11.32
94%
1012
Currency

61.628

Currency

55.489

Currency

73.794

Currency

37.968

Currency

39.005

Currency

66.781

Currency

8.3274

Currency

0.66984

Currency

0.34778

Currency

0.52433

Currency

1.1042

Currency

0.5918

Родиум

294983.10

Сребро

1620.38

Бакар

12.41

Цинк

3.79

Иридиум

324722.54

Алуминиум

3.01

Кобалт

33.53

Рутениум

61086.42

Паладиум

31700.64

Калај

47.40

Злато

124908.87

Платина

48836.98