Американскиот претседател упати остри пораки до европските земји погодени од недостиг на гориво поради блокадата на Ормускиот теснец, сугерирајќи дека можат или да купуваат нафта од САД – или сами да си ја обезбедат. „Сите тие земји што немаат гориво поради Ормус, како Обединетото Кралство, имам предлог: купувајте од САД – имаме доволно, или соберете храброст и одете до теснецот и земете си сами“, напиша Трамп на социјалната мрежа Truth ...

Соединетите Американски Држави повторно ја отворија својата амбасада во Венецуела. Овој потег следува по политичките промени на почетокот на јануари, кога администрацијата на американскиот претседател го симна од власт поранешниот претседател Николас Мадуро. Според американскиот Стејт департмент, амбасадата во Каракас веќе функционира со вообичаени активности. Објектот бил затворен седум години и претрпел значителни оштетувања, поради што ...

Пратеничката група на движењето ЗНАМ, со поддршка од коалициското мнозинство, поднесе предлог-измени на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата. Главната новина е овозможување на возачите со „Б“ категорија да управуваат мотоцикли од категоријата „А1“ под одредени услови. Според предлогот на пратеникот Павле Арсовски, возачите ќе можат да управуваат мотоцикли со автоматски менувач до 125 кубика и јачина до 11 kW, доколку ги ...

Луѓето кои консумираат овошје и зеленчук со повисоко ниво на остатоци од пестициди имаат значително поголема концентрација на овие хемикалии во организмот, покажува најновата анализа на Environmental Working Group. Истражувањето ги поврзува податоците на американското Министерство за земјоделство со здравствени информации од речиси 2.000 испитаници и укажува дека изборот на намирници директно влијае врз изложеноста на пестициди. Иако тие се ...

Американскиот претседател истакна дека британскиот крал Чарлс III и кралицата Камила ќе престојуваат во САД од 27 до 30 април. – Меланија и јас со задоволство објавуваме дека нивните височества, кралот и кралицата на Велика Британија, ќе бидат во историска државна посета од 27 до 30 април на САД, која ќе вклучува величествена вечера во Белата куќа навечер на 28 април, напиша Трамп на својата социјална мрежа „Трут соушл“. Трамп истакна дека ...

Објавени се снимки од разговори меѓу рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и неговиот унгарски колега, Петер Сијарто. Снимките се добиени и потврдени од конзорциум истражувачки медиуми, вклучувајќи ги VSquare, Frontstory, Delphi Estonia, Insider и Центарот за истражувачко новинарство „Јан Куцијак“. Во еден од разговорите, одржан на 30 август 2024 година, помалку од еден час по враќањето во Будимпешта од Санкт Петербург, Сијарто ...

Во врска со објавените написи во дел од медиумите во кои се наведува дека студентите се „на удар“ на Управата за јавни приходи и дека им се бара плаќање данок за летна работа во Германија за период од последните пет години, Управата за јавни приходи цели кон транспарентно информирање на јавноста и студентите со цел да се избегнат несоодветни толкувања на нејзините активности. УЈП не наметнува нови обврски, ниту бара исполнување на обврски кои ...

Земјотрес од четири степени ја погоди денес јужна Грција, недалеку од Патра. Земјотресот се случил на длабочина од 17 километри. Недалеку од епицентарот, на седум километри, се наоѓа Гастуни, со население од 8.100 жители, и многу попознатиот Патрас, кој има 168.000 жители и се наоѓа на околу 65 километри. Засега нема информации за евентуална материјална штета. Земјотрес од четири степени ја погоди денес јужна Грција, недалеку од Патра. ...

Интернационалниот синџир супермаркети SPAR наскоро ќе влезе на македонскиот пазар, преку ребрендирање на постојните Кит-Го маркети, дознава 24инфо. Според информации од извори во индустријата, првиот маркет под брендот SPAR ќе биде отворен во Џевахир Мол во општина Аеродром, веќе во текот на април. Просторот веќе се уредува според стандардите на брендот, а вработените поминале обуки за работа по SPAR принципите. Ребрендирањето доаѓа откако ...

Во рамки на официјалната посета на црногорскиот претседател, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова и претседателот Јаков Милатовиќ одржаа заедничка прес-конференција. Сиљановска истакна дека за обајцата денеска беше ново, важно и инспиративно потпишувањето на Меморандумот за соработка меѓу Младинските совети и очекува овој меморандум да внесе свежина и креативност во нивните односи. ,,Што се однесува до економската соработка, господинот ...

Труењето со храна кај вработените во РЕК Битола е предизвикано од бактеријата Салмонела, покажаа анализите на надлежните институции по пријавените случаи на стомачни тегоби. Резултатите ги соопшти Центарот за јавно здравје, по спроведените испитувања во соработка со Институт за јавно здравје, Државен санитарен и здравствен инспекторат и Агенција за храна и ветеринарство. Инцидентот се случил на 24 март, кога околу 120 вработени во РЕК Битола ...

Медиумски здруженија повикаа на протест утре претпладне пред ,,Претседателството на Србија” поради напади врз новинари на 29 март, кога се одржаа избори во десет општини и градови во државата. Здруженијата истакнуваат дека со протестот сакаат да покажат солидарност со своите колеги кои беа нападнати на 29 март и да посочат на се потешката и опасната положба на новинарите на терен во Србија. „Нападите врз новинарите не се изолирани инциденти, ...

Граѓанската иницијатива „О.К. Млади“ најави масовен протест што ќе се одржи во петок во 12 часот пред бараките на Град Скопје, во Градскиот парк, револтирани од, како што велат, укинувањето на концептот „Скопје што се грижи“ и промените во раководството на ЈП Лајка. Од иницијативата посочуваат дека протестите нема да бидат еднократни, туку ќе продолжат и во наредните денови, сè до исполнување на нивните барања. „Ова не е само разрешување, ...

Снабдувањето со вода за пиење достигнува над 400 литри во секунда во Тетово. Од Јавното комунално претпријатие „Шарри“ велат дека главниот проблем е поврзан со загубите во застарената мрежа, како и со нелегалните приклучоци кои не се фактурираат, објави ТВ21. Според нив, загубите во мрежата се значителни и директно влијаат врз недостигот на вода во одредени делови. Директорот на претпријатието, Валон Зеќири, истакнува дека во моментов има ...

Механизми за рана интервенција во случаите на семејно насилство се неопходни за навремена заштита на жртвите, дури и кога тие формално не поднеле пријава, порача народниот правобранител Фатон Сељами на денешната прес-конференција по повод годишниот извештај за човековите права за 2025 година, доставен до Собранието. Според Сељами, најголем проблем во справувањето со семејното насилство останува ненавремената и несоодветна институционална ...

Денес на терен беа утврдени точките за проширување на булеварот „Митхат Фрашери”, со што се отвора патот за започнување на процедурите и реализацијата на градежните работи. Во текот на денот, претставници на Општина Чаир, заедно со комисијата на Град Скопје, излегоа на терен за утврдување на овие точки. Овој процес е дел од постапките за уредување на имотно-правните односи и започнување на експропријацијата, како предуслов за почеток на ...

Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, оствари средба со амбасадорот на Европската Унија во Северна Македонија, Михалис Рокас, при што беше потврдена заедничката заложба за заштита и одржлив развој на Преспанскиот регион. На средбата беше истакнато дека Европската Унија останува силно посветена на зачувување на Преспа Паркот, преку нови и засилени активности насочени кон заштита на неговиот уникатен екосистем. ...

Специјализираното одделение при Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) ќе ја испитува постапката на дури 39 полициски службеници во случајот со Стојанче Јовановски, кој се товари за семејно насилство врз својата сопруга Ивана и малолетната ќерка Катја. Известувањето за утврдени пропусти, подготвено од Министерство за внатрешни работи (МВР), веќе е доставено до обвинителството. Од таму информираат ...

ОВР Неготино, до Основното јавно обвинителство Кавадарци, поднесе кривична пријава против К.Н.(29) од Велес и Г.М.(54) со престој во Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени 11 кривични дела, од кои десет кривични дела „измама во обид” и едно кривично дело „измама” по член 247 од Кривичниот законик. Во изминатиот период лице од странство телефонски контактирало повозрасни лица, лажно им се претставувало и ги доведувало во заблуда ...

Пекарниците во Штип, Кочани, Прилеп и Битола од утре најавуваат зголемување на цената на белиот леб. Поскапување на белиот леб се очекува од утре во пекарниците во Штип, Прилеп и Битола. Граѓани велат дека сецканиот бел леб, веќе во одредени продажни места го купуваат по повисока цена. Пекар од Штип за тв Телма вели дека лебот одамна не добил нова цена, а трошоците за производство се значително зголемени. Проблеми очекуваат сега и со новите ...

На 30.03.2026 во 16:50 часот во Скопје, на подрачјето на Шуто Оризари, полициски службеници од СВР Скопје го приведоа М.С.(47) од Скопје, затоа што агресивно се однесувал кон полициски службеници, кои извршувале службени дејствија. Додека, неговиот малолетен син физички нападнал полициски службеник, по што побегнал, но подоцна сам се пријавил во полициска станица. Со него е извршен службен разговор во присуство на родител и адвокат. По ...

Со сослушување на двајца сведоци – полициски службеници од Кочани предложени од одбраната, денеска во Основниот кривичен суд Скопје продолжи судењето против тројцата обвинети полицајци за постапувањето при контролите во дискотеката „Пулс“. Станува збор за случај поврзан со трагичниот пожар од 16 март минатата година, во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени. Еден од сведоците, Борче Иванов, вработен во МВР како главен советник во ...

По повод 31 март – Денот на македонското правосудство, министерот за правда Игор Филков упати честитка до сите носители на правосудните функции и до сите вработени во правосудниот систем. ,,Овој ден е потсетник дека правдата не е само принцип, туку обврска – кон граѓаните, кон државата и кон иднината. Вие, како судии, јавни обвинители, адвокати, нотари и извршители, ја носите таа одговорност секој ден, со вашата работа и со вашите одлуки. ...

ОВР Неготино до Основното јавно обвинителство Кавадарци поднесе кривична пријава против А.С.(67) од Велес поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама”. На 19.02.2026 во Неготино, пријавениот од 76-годишен неготинец побарал 4.000 евра за да му ги покаже на друго лице, со цел да докаже дека еврото е валидна валута во земјава, по што не му ги вратил парите. Набргу, по преземени мерки пријавениот е пронајден и лишен од ...

Соопштение за јавност на Левица: ДПМНЕ на иницијативата за формирање специјална анкетна комисија за трагедијата во Кочани одговори со условување и разводнување – инсистирајќи да се опфатат трагедиите од модуларната болница, „Дурмо турс” и „Беса транс”. Собранието ги прифати инфантилните однесувања на парламентарното мнозинство и изгласа формирање на комисијата на 3 декември 2025. Денес, речиси четири месеци подоцна, таа така и остана – само ...

На 30.03.2026 во 19:10 часот во село Сулдурци, радовишко, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш ја лишија од слобода А.К.(38) од истото село. Според пријавеното, таа во 17:18 часот отишла во дворното место на нејзината јатрава П.К.(46) во село Сулдурци и физички ја нападнала, удирајќи ја со остар предмет во пределот на главата. П.К. била пренесена во Медицински центар Штип, каде и е констатирана телесна повреда, а А.К. е задржана ...

Два контејнерски брода во сопственост на „Коско“, кинескиот бродски гигант кој ги прекина своите услуги до и од Персискиот Залив на почетокот на март поради војната на Блискиот Исток, денес успешно поминаа низ Ормутскиот теснец, според податоците на „Марин Трафик“. Контејнерскиот брод CSCL Indian Ocean го премина теснецот околу 7 часот наутро во понеделник, а CSCL Arctic Ocean 27 минути подоцна, според веб-страница за следење на бродови. Тие ...

Прес конференција на СДСМ, Јон Фрчкоски, член на Извршниот одбор Предавникот Христијан Мицкоски отиде кај својот пријател Виктор Орбан да се договара за Никола Груевски и нивните бизниси. Кога оди Мицкоски кај Орбан? Во време на огромни корупциски скандали што ја тресат Унгарија пред изборите. Последниот скандал: Најдобриот другар на Орбан од водоводџија станува еден од најбогатите луѓе. Како? Па преку државни тендери. Дури 14% од сите ...

Министерот за правда Игор Филков заедно со Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани ( УПОЗ) и Синдикатот на администрација, државна управа и правосудство (САДУ ) го потпишаа Колективниот договор со кој административните службеници ќе добијат етапно зголемување на платите кое до 2028 година ќе достигне вкупно 21%. Според договорената динамика, зголемувањето ќе се реализира во три фази: 7%зголемување ...

Бехтел и Енка е над законот во оваа држава, порачаа граѓани на протестот, обраќајќи се и кон полициски службеник кој сакал да им го ограничи движењето и местото на протестирање. Граѓаните тврдат дека на просторот каде што протестирале, има девет извори и дека токму од тие извори околу 30 проценти од количината на питка вода се слева кон Прилеп, кој, како што наведоа, и онака има сериозен проблем со водоснабдувањето. Во нивното обраќање, ...

weather icon

Скопје

8ᴼ / 8ᴼ
1.03
93%
1017
weather icon

Белград

13ᴼ / 10ᴼ
3.13
88%
1015
weather icon

Загреб

11ᴼ / 6ᴼ
1.54
85%
1016
weather icon

Софија

9ᴼ / 9ᴼ
1.03
87%
1021
weather icon

Сараево

14ᴼ / 14ᴼ
0.94
89%
1015
weather icon

Љубљана

8ᴼ / 5ᴼ
2.06
90%
1016
weather icon

Атина

19ᴼ / 17ᴼ
1.34
60%
1016
weather icon

Тирана

11ᴼ / 11ᴼ
0.0
71%
1013
weather icon

Подгорица

12ᴼ / 12ᴼ
0.0
76%
1015
weather icon

Букурешт

14ᴼ / 12ᴼ
2.06
88%
1015
weather icon

Будимпешта

13ᴼ / 11ᴼ
1.54
90%
1015
weather icon

Истанбул

17ᴼ / 14ᴼ
0.51
60%
1018
Currency

61.6317

Currency

52.5532

Currency

71.2398

Currency

37.9518

Currency

38.4742

Currency

67.3374

Currency

7.72826

Currency

0.70417

Currency

0.335

Currency

0.5252

Currency

1.16067

Currency

0.55767

Алуминиум

3.53

Платина

66744.95

Цинк

0.00

Родиум

319899.93

Злато

152465.86

Калај

52.70

Сребро

2534.46

Рутениум

51376.89

Кобалт

45.39

Бакар

12.46

Иридиум

253540.09

Паладиум

49351.40