Скопје
9ᴼ /
9ᴼ
ОВР Неготино, до Основното јавно обвинителство Кавадарци, поднесе кривична пријава против Д.М.(56) од Неготино поради постоење основано сомнение за сторени кривични дела „проневера во службата“ и „несовесно работење во службата“ и против К.М.(33) од Неготино поради постоење основано сомнение за сторени кривични дела „проневера во службата“, „несовесно работење во службата“, „уцена“ и „попречување на правдата“. Имено, во периодот од 2021 до ...
„Вие ме прашавте пред некое време зошто ние не гласавме во парламентот, некој од вашите колеги еве зошто не гласавме и не му дадовме поддршка. Затоа што работи по диктат на Христијан Мицкоски. Има ли поголем доказ од ова да се спасат предметите предметите во коишто ВМРО-ДПМНЕ е предмет на истражување и судски процеси. Па има ли поголем доказ? Ова е само дел од востановената пракса уште од почеток од на владата кога се инсталираа и членови од ...
Британскиот премиер Кир Стармер ги карактеризира како „обичен шум“ изјавите на американскиот претседател Доналд Трамп дека размислува за повлекување на САД од НАТО, пренесува ДПА. Трамп, кој исто така тврдеше дека Обединетото Кралство нема морнарица, ги нападна сојузниците дека не му се приклучиле во војната против Иран. Прашан од весникот „Телеграф“ дали ќе го преиспита членството во алијансата, Трамп одговори: „О, да, би рекол дека тоа е ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска го потврди предавството на македонските национални интереси, нагласи претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешниот брифинг со новинари. Филипче посочи дека политиките на власта јасно укажуваат на тоа дека владата на ВМРО-ДПМНЕ не сака Македонија да биде членка на Европската Унија. „Мицкоски денеска го потврди предавството на македонските национални интереси. Денеска потврди дека не сака земјата ...
Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска изјави дека јавноста треба да знае како се одвивале одредени процеси поврзани со „оживувањата“ на предметите на СЈО кога поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева беше веќе во затвор, како десетици луѓе беа судени за тероризам, а заштитени сведоци под присила давале искази за случувањата на 27 април во Собранието, но и за пренесувањето на ингеренциите за пожарот во модуларната ...
Злоупотребата со дополнителното работно време од одредени лекари е административно и треба да се реши, истакна денеска на прес-конференција министерот за здравство Азир Алиу, нагласувајќи дека не се работи за клиничка злоупотреба и оти со споменувања на имиња на доктори и институции не треба да се прави сензација, која нема да помогне за решавање на проблемот. Одговарајќи на новинарски прашања кажа дека имал редовни месечни средби со ...
Американскиот претседател Доналд Трамп во интервју за британскиот весник „Дејли телеграф“ изјави дека сериозно ја разгледува можноста за повлекување на САД од НАТО. Како главна причина за ваквиот чекор Трамп го наведе одбивањето на сојузниците во алијансата да ги поддржат САД во заедничката војна со Израел против Иран. Тој повторно го употреби својот описен термин за НАТО нарекувајќи ја организацијата „тигар од хартија“. Според весникот, ова ...
Централната банка на Турција продала вкупно 44,3 милијарди долари од своите девизни резерви од почетокот на војната на Блискиот Исток, со цел да ја стабилизира турската лира во услови на зголемена пазарна нестабилност, покажуваат податоци на банката за периодот од 28 февруари до 30 март, пренесува порталот „Туркије тудеј“. Гувернерот на банката Фатих Карахан изјави дека во овој период институцијата користела девизни свопови и злато за да го ...
Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани, учествуваше на настанот „Традиции што нè поврзуваат: Градејќи ја иднината заедно”, кој се реализира во рамки на програмата „Суперучилишта” – иницијатива на земјите од Западен Балкан насочена кон зближување на младите, нивно поврзување надвор од границите и создавање трајни пријателства. Настанот се одржа во СУГС „Јосип Броз Тито” – Скопје, како училиште домаќин, во ...
„Денешниов ден има особено значење за жителите на Ченто, како и за многубројните чинители кои работат и живеат за културата. Чувствувам особено задоволство што денес присуствуваме на свеченото отворање на реконструираниот и современо уреден Дом на културата „11 Октомври” во населбата Ченто, значаен културен објект во рамките на Општина Гази Баба. Денешниов настан претставува повеќе од отворање на еден објект, тој е симбол на нов почеток, на ...
Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги спроведе вонреден програмски надзор врз Вториот телевизиски канал на Јавниот радиодифузен сервис врз музичката програма „Фестивал на детска песна – Билбилите на Кораб“ емитувана на 28 март 2026 година. Констатациите од надзорот се дека со изведбата на песната „Албански територии (Trojet Shqiptare)“ се поттикнува и шири нетрпеливост врз основа на национална и етничка припадност преку ...
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарски прашања во однос тоа дали ќе се продолжи мерката намалено ДДВ од 18 на 10% за горивата и дали можеби ќе се интервенира во акцизата, бидејќи се чека предолго со оглед на тоа што се поскапени горивата без разлика што се поевтини од оние земји во регионот, дали ќе се прогласи кризна состојба на пазарот со електрична енергија, како и ...
Во Кривичниот суд во Скопје денеска продолжува судењето на Стојанче Јовановски за смртта на неговите сопруга и ќерка, Ивана и Катја. Сведокот Мартин Саздов одговараше на прашања во врска со обвинетиот Стојанче и сега починатите Ивана и Катја. – Од тој датум кога починаа, како животот да ми застанал. Немам мотив за живот – рече Саздов. Во 2021 година се запознале со Стојанче во Противпожарната, каде што се вработиле, се дружеле со него и ...
Денеска на рочиштето преотв Стојанче Јованоски, сведочеше Мартин Саздов, поранешен пријател на обвинетиот. Саздов изнесе нови и шокантни детали за однесувањето на Јовановски и страдањата на Ивана и Катја. Сведокот истакна дека Стојанче се дрогирал уште откако го познавал, додека работеле заедно во пожарната, а дека Ивана и Катја страдале во негово присуство. Според Саздов, по еден инцидент кога Стојанче бил фатен со дрога од страна на ...
Прес конференција на Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ: Прорускиот бизнис партнер на Заев, Миодраг Давидовиќ – Дака, е човек со контроверзно минато, и е човек кој е на црната листа на САД, поради сомнежи за корупција и злоупотреба на влијание на Балканот, вклучително и Македонија. Дака стана познат за македонската јавност во времето на Заев, кога во 2020-тата година, излегоа аудио снимки за тоа како Зоран Заев земал пари за да се види ...
Лидерката на француската десничарска партија „Национален фронт“, Марин Ле Пен, потврди дека планира да се кандидира за претседателската функција на изборите предвидени за наредната година. Ле Пен во интервјуто за весникот „Паризјен“ вели дека не ја интересира премиерската функција како „утешна награда“. „Договорено е меѓу мене и Жордан (Бардела) дека, ако правосудниот систем не ме спречи, ќе бидам кандидат на претседателските избори, а тој ...
Обвинителството е подготвено и нема да дозволи застои во судските постапки поврзани со пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, во кои се обвинети полициски службеници за тешки дела против општата сигурност, изјави денеска обвинителката Спасенка Андонова по одложувањето на главната расправа против 13-те полицајци во Основниот кривичен суд Скопје -Застои во поглед на постапувањето по сите предмети нема да има, без оглед на тоа кој се јавува ...
Македонскиот идентитет нема простор повеќе да биде распродаван, а овие мекотелни политичари, кои се дел од мекото ткиво на македонскиот идентитет, јас сум убеден дека по следните парламентарни избори, ќе заминат во историјата и никогаш повеќе нема да ни се повторат, изјави денеска премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, коментирајќи ги обвинувањата на опозицискиот СДСМ поврзани со евроинтегративниот процес. – Тоа е позната ...
Прес конференција на СДСМ, Богданка Кузеска – портпаролка и членка на Извршниот одбор Огромен скандал е доделувањето бизнис на компанија чиј сопственик е на црната листа на САД. Компанијата на Миодраг Давидовиќ-Дака „Хронос сум” од јануари годинава Божиновска ја ставила во Годишниот план за изградба на енергетски објекти за 2026 година. За ВМРО-ОКГ сѐ е бизнис и ниту црната листа на САД не е пречка. Сега кога јавно ги фати живи ...
Појасна слика за степенот на спроведување на законите, подзаконските акти, протоколите и политиките за превенција и заштита од семејно насилство и насилство врз жените, начинот на постапување на надлежните институции во рамки на нивните законски овластувања, нивото на координација меѓу институциите и капацитетите на системот во кадровска, организациска и буџетска смисла, постоењето на евентуални системски слабости во практичната примена на ...
Популарното списание Archaeology Magazine, едно од најчитаните во светот во областа на археологијата, објави прилог за неолитските антропоморфни модели на куќи од Македонија. Центарот за истражување на предисторијата соопшти дека вклучување македонски артефакти во списанието е врвна афирмација за нашето културно наследство. – Во најновиот број на Archaeology Magazine е објавен напис за древните модели на куќи во светот, со посебен осврт на ...
СВР Струмица поднесе кривична пријава против Ј.Т.(53) од Струмица поради постоење основи за сомнение за сторено кривично дело „лихварство“. Во периодот од 2023 до 2025 година, пријавената ја искористила тешката финансиска состојба на лица од Струмица, им давала пари на заем, при што за себе договарала и наплатувала несразмерно висока камата, со што стекнала противправна имотна корист. Машко лице во неколку наврати позајмувало пари од неа, но ...
Судењето против 13 полициски службеници, кои се товарат за тешки дела против општата сигурност, поврзани со пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, се одложи. Главната расправа закажана за денеска се одложи за 20 април по барање на бранителот на обвинетите Кире Богатинов и Кристина Николова, кој информирал дека истовремено имал обврска во друг притворски предмет со приоритет во Основниот суд Кочани. Судијата информира дека телефонски стапил ...
Енергетиката како двигател на развојот, младите како носители на иднината и партнерствата како клуч за успех – ова беа централните пораки од настанот „Енергија што поврзува: Северна Македонија – Австрија, партнерство за иднината“, што се одржа во Скопје, во организација на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, во соработка со Амбасадата на Република Австрија и австриската библиотека при Филолошки факултет „Блаже ...
Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, во соработка со Министерството за внатрешни работи, започнува национална превентивна кампања насочена кон унапредување на безбедноста на пешаците во сообраќајот. Пешаците претставуваат една од најранливите категории учесници во сообраќајот, а статистичките податоци укажуваат на потребата од континуирана едукација, подигнување на јавната свест и зајакнување на одговорното однесување ...
Со одигрувањето на финалните средби од баражите, познати се сите учесници на фудбалскиот Мундијал 2026. Ирак стана последен учесник на Светското првенство, откако рано утрово во Монтереј (Мексико) ја совлада Боливија со 2:1. Синоќа преку европските баражи, пласман на планетарниот собир изборија, Босна и Херцеговина по победата над Италија на пенали (4:1), Турција по триумфот над Косово (1:0), Чешка над Данска (на пенали 3:1) и Шведска над ...
Цената на нафтата денеска се спушти под 100 американски долари за барел, додека европските берзански индекси покажаа значителен раст. Оваа позитивна динамика следува по најавата на американскиот претседател Доналд Трамп дека американската војска би можела да ги заврши своите воени операции во Иран во рок од две до три недели. Дополнително, тој истакна дека одговорноста за повторно отворање на Ормушката теснина би била преземена од други ...
Соопштение на СДСМ: Денеска на Правниот факултет во Скопје се одржува заедничко предавање на претседателката на државата, Гордана Сиљановска Давкова и претседателот на Црна Гора – Јаков Милатовиќ. Но, на македонските професори од Правниот факултет во Скопје, МВР им оневозможи пристап на своите работни места, им забранани да влезат и на паркингот на Универзитетот, наводно поради безбедносни причини. Ова е повреда на автономијата на ...
Во интервју за ТВ 24, претседателот и пратеник на Левица, Димитар Апасиев, ја коментираше најновата одлука на државниот јавен обвинител Ненад Савески да ги одземе предметите од обвинителката Ленче Ристоска, при што Апасиев констатира дека се поизвесно е дека ќе застарат случаите „Талир 1″ и „Талир 2″, со кои партијата на Мицкоски се терети за перење пари и злосторничко здружување. „Новиот јавен обвинител Ненад Савески за 24 часа успеа да ...
Основното јавно обвинителство Гостивар донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице осомничено дека извршило кривично дело – Убиство од член 123 став 2 точка 2 од Кривичниот законик. При вршење семејно насилство во домот во гостиварската населба Дутлок осомничениот 33-годишник со умисла го лишил од живот сопствениот татко. Тие започнале расправија заради претходни меѓусебни недоразбирања, по што синот физички го нападнал ...