Судскиот процес против Стојанче Јовановски продолжи со низа потресни сведоштва, кои откриваат сериозни наводи за долгогодишно семејно насилство. Во судницата, мајката на оштетената Ивана, Љубица Стојановска, детално говореше за, како што рече, „континуиран хорор“ низ кој поминувала нејзината ќерка. Според нејзиното сведочење, насилството не запрело ниту во моменти кога Ивана била во тешка здравствена состојба. Таа откри дека во јануари, ...

Министерството за спорт претставено од министерот Борко Ристовски и Синдикатот на администрација, државна управа и правосудство (САДУ), претставуван од претседателот Благоја Ралповски, денеска склучија Колективен договор за вработените во Министерството. Ова е историски прв колективен договор на Министерството за спорт склучен по неговото формирање во јули 2024 година. Со овој договор значително се унапредуваат правата на вработените, се ...

Британски трупи нема да бидат распоредени во Иран – изјави денеска премиерот на Велика Британија, Кир Стармер. Одговарајќи на новинарско прашање за евентуално испраќање војници во војната на Блискиот Исток, Стармер нагласи дека тоа не е британска војна и дека Лондон нема да дозволи да биде вовлечен во неа, пренесува Би-би-си. Тој додаде дека Велика Британија ќе продолжи да ги брани своите интереси и активно ќе работи на повторното отворање ...

Основното јавно обвинителство Кавадарци донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 27-годишник од Росоман осомничен за кривично дело – Убиство согласно член 123 став 2 точка 2 од Кривичниот законик. Осомничениот со умисла, при вршење семејно насилство, ја лишил од живот сопствената мајка. Додеката жената спиела во една од собите, тој ја прободел со кујнски нож во вратот, нанесувајќи и смртоносни повреди. Јавниот обвинител до ...

Шведските обвинители денес поднесоа обвиненија против 62-годишен маж за отежнато подведување, напад и повеќекратни силувања. Тој е обвинет дека ги продавал сексуалните услуги на својата сопруга на повеќе од 120 мажи. Мажот бил уапсен кон крајот на октомври минатата година откако неговата сопруга го пријавила во полиција во северна Шведска и оттогаш е во притвор, објавува „Euronews“. Според обвинението, мажот со години профитирал финансиски ...

Најмалку 45 лица загинаа во поплавите предизвикани од поројните дождови што изминативе неколку дена зафатија повеќе делови на Пакистан. Како што соопштија денеска пакистанските власти, најмногу жртви има во провинцијата Кибер Пактунква во северозападниот дел на Пакистан, каде загинале 20 лица. Покрај ова, шест лица ги загубиле животите во јужната провинција Балуџистан, а 19 во реонот на градот Карачи. Во Белуџистан под притисокот на големото ...

По повод Денот на деловна соработка меѓу Унгарија и Македонија, денес во Будимпешта беше организиран настан на кој учествуваше и директорот Гоце Димовски, каде пред претставници на унгарската бизнис заедница ги презентираше инвестициските потенцијали и можностите што ги нуди државата и ТИРЗ за странските инвеститори. Воведни обраќања на настанот имаа премиерот Христијан Мицкоски и министерот за европски прашања на Унгарија, Јанос Бока, кои ...

Продажните цени на производителите на индустриски производи во февруари годинава вкупно се зголемени за еден отсто во однос на претходниот месец и за 4,2 процента во однос на истиот месецлани, соопшти Државниот завод за статстика. Како што информира, продажните цени на производителите на индустриски производи на странските пазари во февруари 2026 се зголемени за 1,1 отсто во однос на претходниот месец и за 4 проценти во однос на истиот месец ...

Првиот потпретседател на Иран, Мохамед Реза Ареф, упати остро предупредување дека секој што ќе се обиде да го заземе островот Харг во Персискиот Залив ќе се соочи со „одлучна и немилосрдна одмазда“. Во официјално соопштение, Ареф нагласи дека вооружените сили на Исламската Република се во состојба на целосна подготвеност за одбрана на државните граници и територијалниот интегритет. Тој потенцираше дека секој агресор што ќе посегне по ...

Денеска, во Собранието се одржа средба на Комисијата за буџет и финансирање со претставниците на Мисијата на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), шефот на Мисијата, Ник Гигинешвили, Јуан Хијао и Фатон Сулејмани. Потпретседателката на Комисијата, Јованка Тренчевска, им посака добредојде и изрази задоволство поради можноста за реализирање на оваа средба. Таа истакна дека ММФ е важен партнер на Република Северна Македонија во справувањето со ...

На 29.03.2026 во 19:30 часот во Скопје, во Спортскиот центар „Јане Сандански”, каде се одржувал кошаркарски натпревар помеѓу КК МЗТ Скопје и КК Работнички-Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги приведоа Д.Н.(45), Ф.С.(18) и А.В.(46), сите од Скопје, затоа што Д.Н. и А.В. фрлале предмети во салата, а Ф.С. носел „пејпер” спреј. По целосно документирање на случајот, ќе следуваат прекршочни пријави од Законот за спречување на насилството ...

Украинскиот дрон што вчера се урна во Финска носел неексплодирана бојна глава – објави денеска финската полиција. Финска вчера соопшти дека два украински дрона паднале на југоистокот од земјата, првпат од почетокот на војната меѓу Русија и Украина. „Дронот што падна северно од Кувола е пронајден и, според прелиминарните резултати, носел неексплодирана бојна глава“, објави полицијата. Леталото подоцна било уништено во контролирана експлозија, ...

Соопштение на СДСМ: Додека политичката сцена во Унгарија се менува, а поддршката за Виктор Орбан драматично опаѓа, Христијан Мицкоски останува тера со своите политики на изолација, корупција и одработување за туѓи интереси. Орбан, кој веќе е исвиркан и од сопствените поддржувачи на митинзи, е симбол на една политика која Европската Унија веќе не ја толерира. Коруптивна политика која служи на бизнис и руски интереси, наместо на европските ...

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска потпиша Меморандум за соработка со градоначалниците на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска и Општина Илинден, Александар Георгиевски, за изградба на нови полициски станици во овие две општини со цел унапредување на безбедноста и подобрување на услугите кон граѓаните. Со Меморандумот се уредува начинот на меѓусебна соработка помеѓу институциите, со акцент на поефикасно ...

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, во рамки на посетата на Будимпешта, Унгарија, оствари средба со премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, а се обрати и на настан организиран од „Mathias Corvinus Collegium” (MCC), престижна научна, образовна и истражувачка институција. На средбата со премиерот Орбан беше потврдена заедничката определба за продлабочување на стратешкото партнерство меѓу двете држави. Разговорите се одвиваа во ...

Соопштение на Левица: Под силен притисок од јавноста, Орце Ѓорѓиевски ретерираше и ја повлече скандалозната најава дека од 1 април, сите станари како и физичките и правните лица со издадена дозвола, ќе можат да паркираат исклучиво во зоната за која ја поседуваат дозволата, а во останатите зони ќе мора да плаќаат паркинг по 25 денари од час. До промена на одлуката на Георгиевски доаѓа за помалку од 24 часа и тоа под силен притисок од ...

Американскиот претседател, Доналд Трамп, изјави дека никој во историјата не ја заслужува Нобеловата награда за мир повеќе од него, тврдејќи дека тој спречил неколку големи војни низ целиот свет. „Без разлика дали луѓето го сакаат Трамп или не, јас решив осум војни. Големи. Некои траеја 36 години, 32 години, 31 година, 28 години, 25 години. Некои сè уште не започнаа, како Индија и Пакистан. Осум авиони веќе беа соборени. И го решив тоа многу ...

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, денеска се обрати на бизнис форумот во Будимпешта, на тема „Ден на деловна соработка помеѓу Унгарија и Македонија”, настан кој обедини претставници на институциите и деловните заедници од двете земји со цел продлабочување на економските односи, размена на искуства и отворање нови инвестициски перспективи. Во своето обраќање, премиерот Мицкоски истакна дека ваквите форуми не се само платформа за ...

Раководството на лидерот во македонскиот ракометен шампионат, РК Вардар, одлучи, влезот за дербито со ГРК Охрид да биде бесплатен. – На 2 април, во 18 часот, во големата сала на СЦ „Јане Сандански“, клубот го очекува натпревар кој може да биде клучен во трката за шампионската титула. На тој натпревар влезот е слободен за сите. Клубот упатува апел до сите кои го поддржуваат, дека ова е моментот кога тимот има потреба од секој глас, од секоја ...

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Ненад Савески, Претседателот на Синдикатот на УПОЗ Трпе Деаноски и Претседателката на Синдикалната организација при јавните обвинителства Изабела Илиева денеска го потпишаа Колективниот договор за вработените во Јавното обвинителство на Република Северна Македонија. Ова е првпат правата на вработените во јавнообвинителската служба да се гарантираат со поединечен колективен договор, кој меѓу ...

Иран преку посредници добил пораки кои укажуваат на подготвеноста на САД, но американските предлози се „нереални, нелегални и прекумерни“, изјави денеска портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багеи. „Нашиот став е јасен. Изложени сме на воена агресија. Затоа сите наши напори и сили се фокусирани на самоодбраната“, рече Багеи на прес-конференција, пренесе „Тасним“. Според неговите зборови, Иран никогаш не водел ...

На 29.03.2026 во 12:00 часот во СВР Тетово, 35-годишник од Тетово пријави дека бил измамен од негов познаник А.Х.. Според пријавеното, тој побарал да му го позајми неговото возило „бмв”, а откако го зел го известил дека има дефект и го оставил кај механичар. Како што е пријавено, по неколкудневни обиди да стапи во контакт и да го добие возилото назад, на 28.03.2026 се соочил со механичарот кој признал дека возилото го однел на отпад во ...

На 29.03.2026 во 16:47 часот во СВР Скопје е пријавено дека во напуштен објект на подрачјето на општина Аеродром бил пронајден починат М.К.(38) од Скопје, а до него бил пронајден пиштол. Од страна на лекар била констатирана смрт. Имено, тој на 03.03.2026 бил пријавен дека се оддалечил од домот. Извршен е увид, а по насоки на јавен обвинител телото на починатиот е дадено за обдукција. На 29.03.2026 во 16:47 часот во СВР Скопје е ...

Обвинителката Адела Бојчевиќ денеска, по рочиштето во Основниот кривичен суд Скопје против Стојанче Јовановски, изјави дека исказот на обвинетиот не ги исполнува законските услови за признание на вина, поради што судот не го зел предвид и постапката продолжила со изведување докази. Законската застапничка на оштетените, адвокатката Неда Чаловска, изјави дека очекува обвинението да биде прифатено во целост. Во изјава за медиумите, Бојчевиќ рече ...

Полицијата уапси 40 годишен гостиварец кој возел во спротивна насока на автопатот Скопје- Велес. Според информациите на МВР, вчера 19:30 часот на автопатот Скопје-Велес, кај наплатна станица „Сопот“, полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата го лишиja од слобода Ј.Н.(40) од Гостивар, затоа што на автопатот управувал патничко возило „бмв“ со гостиварски регистарски ознаки во спротивна насока на ...

Министерот за животна средина и просторно планирање Муамет Хоџа, ја известува заинтересираната јавност дека започнува јавната расправа за прогласувањето на Белчишко Блато за заштитено подачје – Парк на природата. Министерството заедно во соработка со општина Дебрца, ја отвора расправата за граѓаните, претставници на граѓанскиот сектор, стручната јавност и медиумите, повикувајќи ги да земат учество по Нацрт-законот за прогласување на Белчишко ...

Мајката на починатата Ивана Јовановска, Љубица Стојановска, во сведочењето пред Основниот кривичен суд Скопје изнесе нови детали за, како што рече, долгогодишното физичко насилство што нејзината ќерка го трпела од сопругот Стојанче Јовановски. Таа наведе дека нејзината ќерка во 2025 година била нападната во нивниот стан, по што успеала да побегне, а случајот бил пријавен во полиција, иако подоцна, поради страв, Ивана не го потпишала ...

Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, денес го потпиша колективниот договор за вработените во Министерството за јавна администрација, со што се прави значаен чекор кон унапредување на статусот на вработените и зајакнување на социјалниот дијалог во институцијата. Со Колективниот договор се предвидува зголемување на платите на административните службеници, кое ќе се реализира во три фази, во периодот од март 2026 до март 2028 ...

Американскиот претседател Доналд Трамп објави заканувачка порака на својата социјална мрежа Truth Social за преговорите со Иран и евентуалното продолжување на воената операција. Во објавата, тој изнесе тврдења за напредокот на преговорите, но исто така се закани со понатамошна ескалација доколку не се постигне договор. „Соединетите Американски Држави се во сериозни разговори со НОВ И ЧУВСТВИТЕЛЕН РЕЖИМ за прекинување на нашите воени операции ...

Годинашното издание на Саем на мебел, кој се одржа од 25 до 29 март во комплексот Борис Трајковски под слоганот „Инспирација за секој дом”, привлече бројни посетители – над 15.000 љубители на дизајнот, ентериерот и иновациите имаа можност да ги откријат најновите трендови во уредувањето на домот. Во текот на петте саемски денови, манифестацијата ја потврди својата позиција како еден од најзначајните настани во областа на домувањето, дизајнот ...

weather icon

Скопје

8ᴼ / 8ᴼ
1.03
93%
1017
weather icon

Белград

13ᴼ / 10ᴼ
3.13
88%
1015
weather icon

Загреб

11ᴼ / 6ᴼ
1.54
85%
1016
weather icon

Софија

9ᴼ / 9ᴼ
1.03
87%
1021
weather icon

Сараево

14ᴼ / 14ᴼ
0.94
89%
1015
weather icon

Љубљана

8ᴼ / 5ᴼ
2.06
90%
1016
weather icon

Атина

19ᴼ / 17ᴼ
1.34
60%
1016
weather icon

Тирана

11ᴼ / 11ᴼ
0.0
71%
1013
weather icon

Подгорица

12ᴼ / 12ᴼ
0.0
76%
1015
weather icon

Букурешт

14ᴼ / 12ᴼ
2.06
88%
1015
weather icon

Будимпешта

13ᴼ / 11ᴼ
1.54
90%
1015
weather icon

Истанбул

17ᴼ / 14ᴼ
0.51
60%
1018
Currency

61.6317

Currency

52.5532

Currency

71.2398

Currency

37.9518

Currency

38.4742

Currency

67.3374

Currency

7.72826

Currency

0.70417

Currency

0.335

Currency

0.5252

Currency

1.16067

Currency

0.55767

Кобалт

45.39

Алуминиум

3.53

Злато

152465.86

Родиум

319899.93

Цинк

0.00

Паладиум

49351.40

Иридиум

253540.09

Платина

66744.95

Бакар

12.46

Рутениум

51376.89

Калај

52.70

Сребро

2534.46