Скопје
3ᴼ /
3ᴼ
На 02.01.2026 околу 09:30 часот во с.Лажани, општина Долнени, полициски службеници од Полициското одделение Ропотово ги лишија од слобода М.С.(36) и С.Б.(29), двајцата од с.Лажани. М.С. со возило „фиат хрома” со прилепски регистарски ознаки и Б.С. со возило „мерцедес” со германски национални ознаки биле дел од колона возила за семејна веселба и притоа од возилата испукале повеќе куршуми од огнено оружје. Притоа, од М.С. се одземени гасен ...
Младиот Стивен Ивановски, кој беше исчезнат во пожарот во Кран – Монтана, е пронајден починат. Неговото тело е идентификувано врз основа на ДНК анализа. Информацијата за МИА ја потврдија и од македонската Влада. – Има потврда од Берн, телото е идентификувано. За жал, станува збор за починато лице. Член на семејството потврдило согласно ДНК. Изразуваме длабоко жалење и сочувство – велат од Владата. Ивановски се водеше за исчезнат по пожарот ...
Отворена е кривична истрага против двајцата сопственици на барот што изгоре во швајцарскиот ски-центар Кран-Монтана, при што загинаа 40 лица, соопшти денеска полицијата. – Тие се обвинети за убиство од небрежност, предизвикување телесни повреди од небрежност и предизвикување пожар од небрежност, соопшти полицијата на кантонот Вале, каде што се наоѓа Кран-Монтана. „Треба да се напомене дека презумпцијата на невиност се применува сè додека не ...
Почетокот на новата година претставува природна можност за резимирање на животните достигнувања и поставување нови цели. Сепак, додека многумина се фокусирани на личен напредок, како што се подобрување на навиките во исхраната, физичка активност или стекнување нови деловни вештини, клучен елемент на личната благосостојба – квалитетот на партнерскиот однос – често се занемарува. Наместо новогодишните одлуки да останат исклучиво индивидуални ...
Американскиот претседател Доналд Трамп зборува за Фокс Њуз каде на прашањето дали ќе ја поддржи лидерката на опозицијата Марија Корина Мачадо, која моментално е во Норвешка, да ја преземе Венецуела, рече „ќе мора веднаш да го разгледаме тоа“. – Тие (Венецуела) имаат потпретседател, како што знаете. Не знам какви избори беа тоа, но, знаете, изборот на Мадуро беше срам, рече Трамп. Апсењето на Мадуро „испраќа сигнал дека повеќе нема да бидеме ...
Планинар од Прилеп кој претпладнево беше пријавен за изгубен на подрачјето на Националниот парк „Пелистер“ е пронајден, жив и здрав, и се наоѓа во населеното место Ниже Поле, изјави за МИА Иванчо Тошевски, директор на ЈУ Национален парк „Пелистер“. Тошевски потврди дека планинарот најверојатно избрал друга патека на движење низ планината и пристигнал во селото Нижо Поле. -Планинарот беше достапен на телефон во еден период, а потоа сигналот ...
Поради пад на температурите дојде до замрзнување на коловозите во северозападниот регион на државата во текот на изминатото деноноќие. Беа примени поголем број пријави од возачи и граѓани, информираат денеска од Центарот за управување со кризи (ЦУК). – Од ПС за ВПС – Тетово се регистрирани четири сообраќајни незгоди со материјална штета. Две на автопатот Тетово – Гостивар – една верижна сообраќајна незгода со учество на 10 возила, потоа една ...
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека за време на американската воена операција во Венецуела, во која беше уапсен Николас Мадуро, имало неколку повредени припадници на американските сили, но немало загинати. Во своите најнови коментари за воздушните напади и апсењето на венецуелскиот претседател, Трамп за „Фокс Њуз“ изјави дека американските сили претрпеле мал број повреди, но дека операцијата била спроведена без смртни случаи на ...
Премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски изјави дека од новиот државен јавен обвинител очекува да застане на страната на правдата. – Многу важно е што ние не сакавме да бидеме како дел од минатите влади, односно да се однесуваме насилнички и да менуваме обвинители, туку да му дадеме шанса на државниот јавен обвинител да се размавне и да покаже што знае. И еве после година и половина конечно отпочнуваме процес во кој стариот ...
Американскиот државен секретар Марко Рубио денеска изјави дека Николас Мадуро не е претседател на Венецуела, туку претседател на нарко-картел кој ја презеде контролата врз земјата. – Мадуро не е претседател на Венецуела и неговиот режим не е легитимен. Мадуро е шеф на Картел де лос Солес, нарко-терористичка организација која ја презеде контролата врз земјата, напиша Рубио на мрежата X. Тој поосчи дека Мадуро е под обвинение за трговија со ...
Претседателот на Венецуела Николас Мадуро, како што објави американскиот претседател Доналд Трамп, е отстранет од власт, заробен и изнесен од земјата. Но останува сосема нејасно што ќе се случи во Венецуела и како ќе изгледа земјата по падот на режимот – анализира „Би-би-си“. Вистинската цел за соборувањето на Мадуро Ова е најдиректната интервенција на САД во Латинска Америка од 1989 година, кога САД ја нападнаа Панама и го соборија тогашниот ...
Во Грција официјално од денеска започнува 35 – годишната концесија на најдолгиот автопат во земјата – Виа Игнација (Егнација Одос), за што грчката држава веднаш инкасираше околу 1,5 милијарди евра. Концесионерскиот договор опфаќа три дела, од кој еден е исплаќање на 1,5 милијарди, потоа одржување за над 1,5 милијарди и уште 420 милиони во чија рамка влегува и изградба на современ „затворен“ автопат кон нашата земја, прашање кое беше ...
Во периодот од 17 до 21 часот по македонско, односно од 18 до 22 часа по грчко време, по пауза од три дена поради празниците, грчките земјоделци повторно ќе го блокираат граничниот премин Евзони кон нашата земја за влез и излез од Грција за сите видови возила – јави дописничката на МИА од Атина. Земјоделците од северна Грција, кои од 1 декември поставија блокада на Евзони, претпладнево одржаа протест низ градот Килкис (Кукуш) и стигнаа до ...
Премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ истакна дека Владата останува цврсто посветена на подобрување на животниот стандард на граѓаните преку континуирано зголемување на платите и инвестиции во клучните сектори – образованието и здравството. Тој, во интервју за Вечер.мк, нагласи дека зголемувањето на платите во образованието и здравството се реализира согласно веќе потпишаните четиригодишни договори со репрезентативните синдикати. ...
На подрачјето на Националниот парк Пелистер, во близина на локацијата позната како „Антена“, пријавен е изгубен планинар. Лицето било телефонски достапно околу 10 минути, по што сигналот на мобилниот телефон бил изгубен. Потрагата првично била извршена со ратрак, но без успех. Случајот е пријавен во СВР Битола и во Национален парк Пелистер – Битола, по што екипи веднаш се упатени на терен. Поради непристапниот терен и густата магла, од ...
Македонецот Стивен Ивановски, кој се водеше како исчезнат во страшниот пожар во Кран Монтана е пронајден мртов, неофицијално дознава “Фокус”. Семејството и пријателите уште веднаш упатија итен апел до јавноста за помош, откако тој исчезнал за време на пожарот што избувна во барот „Ле Констелејшн“ (La Constellation) во познатиот зимски туристички центар Кран-Монтана, Швајцарија. На Нова Година, Швајцарија се разбуди со катастрофалната вест за ...
Соопштение на Левица: Левица најостро го осудува нападот на американската војска врз Венецуела, како и наводното киднапирање на нејзиниот демократски избран претседател и суверен лидер Николас Мадуро од страна на американските специјални воени сили. Овој кукавички чин претставува грубо кршење на меѓународното право на повеќе нивоа при што нападот врз Венецуела е блатантен напад врз суверена држава а киднапирањето на нејзиниот лидер е ...
Центарот за управување со кризи информира дек во текот на изминатото деноноќие (02/03.01.2025), во попладневните и вечерните часови, поради пад на температурите дојде до замрзнување на коловозите во северозападниот регион на државата. Во тој период како што наведуваат од ЦУК, биле примени поголем број пријави од возачи и граѓани. Од ПС за ВПС Тетово се регистрирани четири сообраќајни незгоди со материјална штета: Две на автопатот Тетово – ...
Покажавме дека возможно е да се владее на поинаков начин, да се носат одлуки, а истовремено да не се потклекнува пред никого и да ги зачуваме македонските национални интереси – истакна во интервју за ТВ Алфа, заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски. “Успеавме прв пат после децении газење да покажеме дека може да се чува македонското национално единство, дека можеме да се бориме за нашите интереси без да ...
На 02.01.2026 во 15:01 часот во СВР Штип е пријавено дека околу 06:00 часот настанал пожар на оџак во стан на ул.„9 Мај” во Штип, сопственост на С.А.(41) од Штип. Поради вдишување на чад, неговата мајка Д.А.(65) и неговата 39-годишна сестра С.Д., двете од Штип, биле спроведени во Комплекс клиники „Мајка Тереза” Скопје за укажување на лекарска помош. Од пожарот е зафатен и друг стан, сопственост на Л.К.(61) од Штип. Од екипа на ...
На 02.01.2026 во 17:45 часот во с.Стримница, тетовско, полициски службеници од Полициското одделение Групчин го лишија од слобода Ф.Б.(34) од селото, постапувајќи по претходна пријава дека околу 10:00 часот во просториите на општина Желино со остар предмет се заканувал на Б.С.(40) од с.копачин Дол, градоначалник на општина Желино. Тој е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена ...
Пишува: Мирослав Трлин, димпломиран економист во пензија Ниту една држава не пропаѓа затоа што нема ресурси. Пропаѓа кога граѓаните ќе престанат да чувствуваат дека таа е нивна. Кога ќе почнат да ја доживуваат како нешто туѓо, опасно или привремено. Како место од кое се бега, а не простор што се гради. Кога млад човек ќе донесе одлука да замине, тоа ретко е од економска причина сама по себе. Повеќе е од чувство дека системот не нуди ...
Москва е длабоко загрижена и го осудува „чинот на вооружена агресија“ против Венецуела извршен од страна на Соединетите Американски Држави, соопшти руското Министерство за надворешни работи. „Во сегашната ситуација, важно е… да се спречи понатамошна ескалација и да се фокусираме на наоѓање излез од ситуацијата преку дијалог“, се вели во соопштението на министерството. Министерството соопшти дека „на Венецуела мора да ѝ се гарантира правото ...
Управата за јавни приходи денеска информира дека во 2025 година во националниот буџет се собрани 4 милијарди и 426 милиони евра од даноци и социјални придонеси, што е 308,3 милиони евра повеќе во споредба со 2024 година. Од вкупниот износ, како што посочуваат од УЈП, даночните приходи изнесуваат 2 милијарди и 334 милиони евра, при што е остварен раст од 7,5 проценти, односно 163,2 милиони евра повеќе од лани. Нагласуваат дека порастот е ...
Соопштение за јавност на СДСМ: Социјалдемократскиот сојуз на Македонија денеска поднесе четврта по ред претставка до Здружението на новинарите на Македонија и Советот на честа при ЗНМ, поради повеќекратно прекршување на Кодексот на новинарите од страна на Бранко Героски. Последниот случај, колумна на Героски, објавена на 31.12.2025 година на порталот Плусинфо.мк со наслов „Скотови од кланот Дубаи, опасен сум и вооружен до заби – моите оружја ...
Додека светот се обидува да го разбере обемот на американската интервенција во Венецуела, протекуваат детали за самиот чин на апсење на Николас Мадуро, како и за збунетата реакција на военото раководство во Каракас. Американски официјални лица потврдија за Си-Би-Ес њуз дека операцијата за извлекување на Николас Мадуро ја извршиле припадници на Делта Форс (1-ви оперативен одред на специјалните сили – Делта), најелитната единица за специјални ...
Соопштение за јавност на ВМРО-ДПМНЕ: Почитувана СДС, среќни новогодишни и Божиќни празници. Иако се надевавме дека оваа година ќе го смените наративот, вие пак по старите стапки. Уште зборат за мигранти кои не постојат, за задолжувања кои не постојат, за дупки во Буџет кои не постојат. Но, знаеме дека на нив уште не им јасно дека ние државата не ја водиме како они што ја водеа. Ако они сакаа да носат мигранти во 2018 година, ние нема да ...
Доналд Трамп на социјалните мрежи објави дека САД извршиле „масовни воени напади врз Венецуела“ и дека „ги заробиле нејзиниот лидер, претседателот Николас Мадуро и неговата сопруга“. Трамп го објави ова во соопштение на неговата социјална мрежа Truth Social, чиј целосен текст е даден подолу. „Соединетите Американски Држави успешно спроведоа голем државен удар против Венецуела и нејзиниот лидер, претседателот Николас Мадуро, кој беше заробен ...
Соопштение за јавност на СДСМ: Антикорупцискиот тим на СДСМ внимателно го следи постапувањето на институциите. Случајот за којшто е покренато обвинение против „Марковски компани”, сопственикот на оваа компанија и други лица мора до крај да биде расчистен и секој што го прекршил законот да одговара. АКТ силно ги поддржува акциите против криминалот и корупцијата кои се транспарентни, издржани и поткрепени со докази. Но, јавно предупредуваме ...
Од месец октомври започнавме да работиме на планирање на пругата. До лето ќе завршиме и потоа првите багери ќе ги видиме на терен. Во 2031 година проектот брза пруга ќе биде завршен, а во меѓувреме еден колосек или до 2028 ќе биде функционален, изјави вицепремиерот Николоски, говорејќи за проектите во железницата. “Сeга го работиме најзначајниот дел што не е видлив за грaѓаните, а тоа е добро планирање. Сега го работиме планирањето и ...