Скопје
9ᴼ /
9ᴼ
На 01.04.2026 околу 01:30 часот во скопско, полициски службеници од СВР Скопје го приведоа К.А.(27) затоа што агресивно се однесувал кон неговата 37-годишна сестра и ѝ упатувал закани. Истиот ден, околу 13:30 часот таа пријави дека на 31.03.2026 околу 22:30 часот била и физички нападната од нејзиниот брат, кој ѝ го оштетил и возилото. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава, наведуваат од МВР. На 01.04.2026 ...
На 01.04.2026 во 13:00 часот во СВР Скопје, од Казнено – поправната установа Затвор Идризово е пријавено дека околу 12:40 часот за време на редовната прошетка, осудениците Е.А.(32) и Ш.И.(35), од една страна и С.М.(26) од друга страна, со тврди предмети си размениле удари, а потоа Е.А. со остар предмет му нанел повреда на С.М., на кој му била укажана помош во амбулантното одделение, по што бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза”. ...
На 01.04.2026 во 08:10 часот во СВР Скопје е пријавено дек на бул.„Александар Македонски” во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „алфа ромео” со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Б.(59) од Скопје и патничко возило „шкода јети”, сопственост на МВР, управувано од Х.А.(42) од Скопје. Во незгодата со телесни повреди се здобил Х.А., констатирани во Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза” Скопје. ...
Близу 20 милиони евра досега се вратени кон 119 компании, кои во текот на 2023 година уплатија средства во Буџетот согласно Законот за данок на солидарност, информира Министерството за финансии Министерсвото за финансии согласно утврдениот модел, од минатата недела започна со исплата на првиот дел од уплатените средства во Буџетот и досега се вратени вкупно 1,219 милијарди денари. Компаниите во текот на 2023 година уплатија во Буџетот 3 ...
Прес конференција на СДСМ, Андреј Жерновски – член на извршниот одбор Добро рекол нашиот народ: кој лаже – тој краде. Зарем немате впечаток дека кога го кажувал ова, пред себе го имал ликот и делото на Христијан Мицкоски? Лажеше дека ќе го врати името, додека клечеше и молеше да се врати на власт. Лажеше дека со Европската Унија договорил нова преговарачка рамка. Лажеше дека со Брисел договорил уставни измени со одложено дејство. Лажеше дека ...
Министерството за одбрана денеска го објави новиот Јавен оглас за прием на 300 професионални војници во служба на македонската Армија. Општите услови (да се македонски државјани, да се полнолетни и да имаат посебна здравствена и физичка способност), посебните услови (да имаат завршено средно образование и да не се постари од 25 години на денот на завршувањето на огласот за прием на професионални војници), како и сите останати детали се ...
Во Основнот кривичен суд денеска продолжи судењето за трагичниот настан од 2 март, кога мајката Ивана и нејзината шестгодишна ќерка Катја си ги одзедоа животите со скок од зграда во населбата Тафталиџе. Клучен сведок на рочиштето беше наставничка на Катја, која откри дека институцијата била алармирана за насилството во домот уште на самиот почеток на учебната година. Наставничката посведочи дека уште на првата родителска средба на 3 ...
Во пресрет на Светскиот ден на здравјето, Општина Центар на 6 април (понеделник) организира бесплатни здравствени консултации за граѓаните, кои ќе се одржат во Општинскиот младински центар „Матично”, во период од 09:00 до 15:00 часот. Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, ги повика граѓаните да ја искористат можноста за бесплатни здравствени проверки и советувања со лекари. „Ги поканувам граѓаните да дојдат во Општинскиот ...
Соопштение за јавност на ВМРО-ДПМНЕ: Со внимание ја проследивме оставката на Ленче Ристоска, која до пред само еден месец самоуверено тврдеше дека дошло времето токму таа да застане на чело на обвинителството и да ја донесе толку посакуваната правда. Очигледно времето за кое зборувала, важело само доколку исходот од изборот е по нејзина мерка. Во моментот кога институциите постапија согласно закон и не ја потврдија нејзината кандидатура, ...
Соопштение за јавност на СДСМ: Генералниот секретар на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Александар Саша Димитријевиќ, на денешната прес-конференција соопшти дека СДСМ поднесе кривична пријава против гувернерот на НБРМ, Трајко Славески. Димитријевиќ посочи дека кривичната пријава е поднесена поради основано сомнение за сторено кривично дело – несовесно работење во службата, по член 353 в од Кривичниот законик. „Денеска поднесуваме ...
Во периодот од 01.03.2026 до 31.03.2026 од страна на системот „Безбеден град“ на подрачјата на градовите и Коридорите каде се поставени камери, регистрирани се вкупно 26.241 прекршок. Од вкупниот број на регистрирани прекршоци за минување на затворен сигнал (црвено светло) констатирани се 70 прекршоци што претставува намалување на 68.2% во споредба со месец февруари, најголемиот број се за управување на возило со брзина поголема од ...
Обвинителката Ленче Ристоска денеска поднесе оставка од функцијата јавен обвинител, образложувајќи дека не гледа простор за работа во согласност со принципите за кои, како што наведува, се залагала во текот на целата своја кариера. Во својата јавна изјава, Ристоска посочува дека обвинителската функција отсекогаш ја доживувала како можност за придонес кон подобрување на системот, општеството и животот на граѓаните, а како особено значајни ги ...
Соопштение за јавност на Левица: Во вчерашното гостување на Телма, Александар Николоски повторно го посочи прстот кон Левица како виновник за растот на цените на квадратот, тврдејќи дека поради нашата ʼхистеријаʼ квадратот ќе достигнел и над 5.000 евра. Ова е чист обид да се замагли реалноста со апсурди алиби за неспособноста на ДПМНЕ да ја раскине врската со урбанистичката мафија. Го потсетуваме Николоски и јавноста: Во Македонија секој трет ...
„Артемис II“ се вивна во вселената а зад себе остави прашања на илјадници љубопитни граѓани. Меѓу најчесто поставуваното прашање е што екипажот на мисијата ќе јаде додека орбитира околу Месечината? Менито на НАСА има 189 различни јадења, вклучувајќи повеќе од 10 видови пијалоци, пет лути сосови и 58 тортиљи. Еве го менито: Кафе Зелен чај Смути од манго и праска Чоколаден пијалок за појадок Пијалок за појадок со ванила Лимонада Сок од јаболко ...
На 01.04.2026 полициски службеници го приведоа С.Р. (45), вработен во Секторот за општи и заеднички работи на МВР. При вршење на физичка регулација на сообраќајот на крстосницата од ул. „Јордан Мијалков“ со ул. „Димче Мирчев“ во Скопје, полициски службеник од СВР Скопје запрел патничко возило „мерцедес“, управувано од С.Р., кој се движел во спротивна насока и воедно претекнувал колона на возила. Откако му бил побаран документ за ...
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, во рамки на работната посета на Париз, Франција, оствари средба со министерот делегиран за Европа, Бенџамин Адад. На средбата стана збор за натамошно унапредување на билатералните односи, продлабочување на политичкиот дијалог и зајакнување на соработката на владино ниво, со посебен фокус на економската соработка. Министерот Муцунски нагласи дека европската интеграција е ...
Секторот за компјутерски криминал при БЈБ во рамки на Министерството за внатрешни работи утрово спроведува обемна акција во неколку градови во Македонија, насочена кон сузбивање на сериозни кривични дела поврзани со злоупотреба на деца преку интернет. Акцијата се реализира во соработка со одделенијата за компјутерски криминал при СВР Битола, СВР Охрид и СВР Струмица, при што се вршат претреси на вкупно седум различни локации низ државата. ...
Амбасадата на САД во Тирана издаде безбедносно предупредување за своите граѓани, предупредувајќи дека групи поврзани со Иран може да ги таргетираат субјектите поврзани со САД во Албанија. Амбасадата ги повика американските граѓани да бидат внимателни. „Групите поврзани со Иран може да ги таргетираат субјектите поврзани со САД или елементите на иранската опозиција во Албанија. Тие исто така може да ги таргетираат вообичаените локации, како што ...
АМСМ информира дека сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози. Намалена видливост поради појава на магла до 50м. има во Крушево. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и ...
Доцна синоќа по европско време, НАСА ја започна мисијата „Артемис II“, првиот лет со екипаж до Месечината по повеќе од половина век, додека четворица астронаути полетаа од Флорида на 10-дневно патување околу Месечината. Ракета од системот за вселенско лансирање (SLS) со капсула Орион беше лансирана од Вселенскиот центар „Кенеди“ во Флорида, со екипаж од тројца американски астронаути и еден Канаѓанец: Рид Вајсман, Виктор Гловер, Кристина Кох и ...
Иранските вооружени сили соопштија дека војната против САД и Израел ќе трае сè додека непријателот не биде целосно поразен, доведувајќи ги во прашање тврдењата на американскиот претседател Доналд Трамп дека конфликтот би можел да заврши во следните неколку недели. Во соопштението објавено од полуофицијалната иранска новинска агенција Тасним, портпаролот на иранската војска предупреди против понатамошна ескалација. „Војната ќе продолжи сè до ...
Соопштение за јавност на СДСМ: Христијан Мицкоски секојдневно ги лаже граѓаните дека владата нешто следи и вели дека нема потреба да се преземат мерки. Ние предупредивме дека овој раст на цените на нафтата ќе повлече и ќе предизвика раст на цените на сите основни прехранбени продукти. И тоа се случи. Поскапува лебот, веќе се поскапени зејтинот, јајцата, млекото, пиперките, доматите, овошјето….Поскапувањата се од 5% па се до 300% кај овошјето ...
Во вонредно телевизиско обраќање синоќа Доналд Трамп изјави дека американската војска речиси ги остварила своите цели во Иран, но не понуди јасен рок за завршување на едномесечната војна и вети дека ќе ја бомбардира земјата и ќе ја врати во „камено доба“. Соочен со американска јавност уморна од војна, пад на рејтингот и притисок од некои сојузници да ги објасни попрецизно и поконзистентно своите воени цели, Трамп рече дека САД ги уништиле ...
Метео анализа на Славчо Попоски: Почнувајќи од понеделник 6 април 2026 територијата на Македонија ќе потпадне под влијание на стабилна, сува и значително потопла воздушна маса од југ која позначително ќе предизвика температурите да бидат во пораст и тие ќе бидат вистински пролетни а времето ќе биде стабилно и суво со многу сонце. Температурите преку ден во Македонија во текот на следната седмица на многу места ќе се искачат и ќе надминат 20 ...
Сериозно сме посветени на инвестициите, Буџетот во моментов е во одлична кондиција, а Министерството за транспорт е рекордер во работење годинава со 65 % реализација на капиталните инвестиции до сега, истакна во гостувањето на “Топ Тема” на ТВ Телма, заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски. “Буџетот е во одлична кондиција и доколку се соочиме со ситуација на продолжена воена криза, со добро планирање ќе ...
Во атмосфера исполнета со солзи, болка и тишина, денеска во судницата се одвиваше едно од најпотресните сведочења поврзани со трагедијата на Ивана Стојаноска и нејзината малолетна ќерка. Очевидецот на настанот, Мартин Саздов, нивниот близок пријател, со тешкотии зборуваше за моментите што засекогаш му го промениле животот. Сведокот, видно вознемирен, во повеќе наврати прекинуваше, борејќи се со солзи и силна физичка реакција.Пред судот ...
Конечната цена за изградба на автопатот Кичево – Охрид достигнува 13,5 милиони евра по километар, што значи дека вкупната вредност на проектот ќе се движи меѓу 760 и 770 милиони евра, изјави вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски. Според него, градежните работи треба да бидат завршени до крајот на годинава, а најдоцна до мај се очекува издавање на употребна дозвола. Николоски посочи дека во минатото често се случувало ...
Во културно информативниот центар – Скопје ќе се одржи промоција на монографијата „Време на прекршувања – време на Голи Оток “ од Виолета Ачкоска, во издание на издавачката куќа ,,ПАНИЛИ“, на 6. април 2026 година во 19:19 часот Салон 19:19. Разговорот со авторката ќе го води Богдан Илиевски. делови од книгата ќе чита актерот Крсте Јовановски. Монографијата Време на прекршувања – време на Голи Оток е резултат на повеќегодишни истражувања и во ...
Светот на кибер-безбедноста е во состојба на висок аларм по откривањето на масовен напад врз глобалниот синџир на снабдување. Севернокорејски хакери успеаја да вметнат малициозен код во популарниот софтвер со отворен код Axios, кој го користат илјадници американски компании, вклучувајќи ги секторите за здравство, финансии и криптовалути. Прозорец од три часа со фатални последици Нападот бил изведен со хируршка прецизност.Хакерите презеле ...
Значителен раст на бројот на патници и отворање на нови авиолинии бележат македонските аеродроми, што според заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски е резултат на актуелниот модел на субвенционирање. Во гостување во “Топ Тема”, тој посочи дека наместо формирање национален авиопревозник, Владата се насочила кон политики кои веќе носат конкретни резултати – зголемен број на патници и десетици нови авио ...