Скопје
15ᴼ /
15ᴼ
Врховниот совет за национална безбедност на Иран рано утрово објави дека преговорите со претставниците на САД ќе започнат во петок во Исламабад, ќе траат до 15 дена со посредство на Пакистан и ќе потврдат ограничена пауза во непријателствата меѓу двете страни, јавува Анадолу. Во соопштението за медиумите, советот изјави дека Иран се согласил да започне преговори во рок од две недели откако, како што опиша, ќе ги постигне своите цели на ...
Пекинг ги поздрави напорите направени од пакистанската страна, изјави портпаролката на кинеското Министерство за надворешни работи, Мао Нинг, за време на редовната прес-конференција во Пекинг, одговарајќи на прашање од агенцијата Анадолија. Кина „се залага за прекин на огнот и решавање на конфликтите преку политички средства за да се постигне долгорочна стабилност во регионот на Заливот и Блискиот Исток“, рече Мао. Пекинг „вложи свои напори ...
Задачата на Руте е да го убеди Трамп за важноста на останувањето на САД во НАТО, а посетата се одвива во услови на тензии околу одбивањето на европските сојузници да ја поддржат американско-израелската воена кампања против Иран, пишува „Еуроњуз“. Средбата на Руте со Трамп во Белата куќа е закажана за среда, а на неа ќе присуствуваат државниот секретар Марко Рубио и министерот за одбрана Пит Хегсет. Пристигнувањето на генералниот секретар ...
Снимките од местото на настанот покажаа запалени американски и израелски знамиња, вообичаена глетка на прорежимските митинзи во Иран. Други мавтаа со ирански знамиња и носеа фотографии од врховниот лидер на Иран Моџтаба Хамнеи и неговиот убиен татко, поранешниот врховен лидер ајатолах Али Хамнеи. „Американците сакаат да купат време за Израел“ „Америка досега се докажа сто пати, двапати седнавме на преговарачка маса, а тие нè нападнаа“, рече ...
„Одличен ден за светскиот мир! Иран сака тоа да се случи, доста им е! И сите други сакаат! САД ќе помогнат со зголемениот сообраќај во Ормутскиот теснец. Ќе има многу позитивни акции! Ќе може да се заработат многу пари. Иран може да го започне процесот на реконструкција. Ќе се снабдуваме со залихи од секаков вид и само ќе се опуштиме за да се осигураме дека сè оди добро. Сигурен сум дека ќе биде така. Исто како што го доживуваме во САД, ова ...
Изјавата беше дадена во телефонски повик за време на говорот на потпретседателот на САД, Џејмс Дејвид Венс, на предизборен митинг во Будимпешта. „Господине претседателе, како сте, здраво. Можете ли да ми дадете секунда, воа“, рече Венс, проследен со силен аплауз. „Господине претседателе, разговарате со околу 5.000 унгарски патриоти. Мислам дека ве сакаат, дури и повеќе отколку што го сакаат Орбан“, додаде Венс. Потоа Трамп се обрати на ...
Карло Анчелоти ќе го продолжи договорот и ќе остане селектор на Бразил до крајот на Светското првенство во 2030 година, со рекордна плата од 10 милиони евра по сезона. По турбулентниот период од Светското првенство во Катар во 2022 година, кога Бразил беше елиминиран во четвртфиналето, а потоа смени дури четири селектори, челниците на тамошната федерација решија да му ја дадат довербата на италијанскиот стручњак на долг рок. Анчелоти седна на ...
Американскиот инвеститор Бил Акман има намера да ја преземе најголемата музичка компанија во светот, „Јуниверзал мјузик груп“ (Universal Music Group - UMG), за околу 56 милијарди евра (65 милијарди долари), соопшти неговата инвестициска фирма „Першинг сквер“ (Pershing Square). „Першинг сквер“ веќе поднела официјална понуда за преземање на „Јуниверзал мјузик“, чие корпоративно седиште е во Холандија. Компанијата поседува ексклузивни договори ...
„Генералниот секретар ја поздравува објавата за двонеделен прекин на огнот од страна на Соединетите Американски Држави и Иран“, изјави неговиот портпарол Стефан Дижарик. Дижарик додаде дека генералниот секретар „ги повикува сите страни во тековниот конфликт на Блискиот Исток да ги исполнат своите обврски според меѓународното право и да се придржуваат кон условите на прекинот на огнот, со цел да се отвори пат кон траен и сеопфатен мир во ...
„Ова е победа за САД, овозможена од нашиот претседател, Доналд Трамп, и нашата неверојатна војска“, напиша Ливит на Икс рано утрово. Како што изјави таа, успехот на американската војска „создаде максимална моќ“, што им овозможи на претседателот Трамп и неговиот тим да се вклучат во тешки преговори кои сега го отворија патот за дипломатско решение и долгорочен мир. Таа нагласи дека, покрај тоа, Трамп го донесе и повторното отворање на ...
Двонеделниот план за прекин на огнот меѓу САД и Иран предвидува Иран и Оман да наплаќаат такси за премин на бродовите низ Ормускиот теснец, тесниот влез во Персискиот Залив, изјави денеска регионален функционер вклучен во преговорите. Според неговите наводи, Иран планира собраните средства да ги искористи за обнова по конфликтот, додека не е познато за кои цели Оман ќе ги насочи приходите од таксите. Ормускиот теснец се наоѓа во ...
Американскиот претседател се огласи на својот профил на социјалните мрежи Truth Social малку повеќе од еден час пред рокот што го постави, велејќи дека се согласил да ги суспендира нападите врз Иран за две недели. „Врз основа на моите разговори со премиерот Шахбаз Шариф од Пакистан и фелдмаршалот Асим Мунир, за време на кои тие побараа да ја одложам употребата на деструктивна сила планирана за вечерва против Иран, и под услов Исламската ...
Во изјава во име на Врховниот совет за национална безбедност на Иран (SNSC), Абас Арагчи рече дека привременото повторно отворање на теснецот ќе биде во „координација со вооружените сили на Иран и со должно внимание на техничките ограничувања“, објави Скај Њуз. Тој исто така рече дека Иран ќе ги запре нападите доколку нападите против него престанат. Во изјавата на SNSC се вели дека Иран доставил план од 10 точки до САД преку Пакистан, кој ...
Тренерот на Јувентус, Лучано Спалети, предложи тимовите од Серија А да мора да играат со еден играч помлад од 19 години. Во Италија се бараат логинчи објаснувања за очајната низа на италијанската репрезентација која повторно не успеа да избори место на Светското првенство. „Треба да го заштитиме талентот што се раѓа и секогаш ќе се раѓа. Јас го предлагам следново: што ако ги обврземе сите тимови од Серија А да играат со еден играч под 19 ...
Остатоци се откриени во неделата попладне во паркот Де Форест во Лонг Бич, соопшти градската полициска станица. Откритие во близина на планинарска патека Службениците подоцна потврдија дека черепот е човечки, а Канцеларијата на судскиот испитувач на округот Лос Анџелес соопшти дека е пронајдена и вилична коска. Остатоци се пронајдени во близина на планинарска патека, објави NBC. Не се објавени детали Портпаролката на полицијата во Лонг Бич, ...
Додека полицаецот лежел на земја, Пончо се стрчал кон него и веднаш започнал со постојани, ритмични компресии на градниот кош со шепите, внимателно следејќи ја својата обука и инструкции. Прецизноста, брзината и усогласеноста на неговото реагирање оставија силен впечаток кај гледачите ширум светот. Снимката, која ја објави општинска полиција во Мадрид, пренесе една важна порака која многумина не ја сфаќаат, а тоа е дека кучињата за помош ...
Германија и Холандија ги повикаа своите граѓани веднаш да ги напуштат Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) доколку нивниот престој во земјата не е неопходен. Холандската амбасада ги потсети своите граѓани во земјата дека издала портокалов код за предупредување за патување на почетокот на војната - предупредување против сите патувања освен неопходните. „Ве молиме размислете дали вашиот престој во ОАЕ е сè уште неопходен. Ако тоа повеќе не е ...
Со голот на Луис Диаз, фудбалерите на Баерн (М) имаат предност од 0:1 на гостувањето во Мадрид против екипата на Реал во првиот четвртфинален натпревар од Лигата на шампионите. Во полувреме во кое баварците имаа повеќе од играта и шансите, оваа предност е повеќе од заслужена. Реал (М) се обиде да му парира на противникот, кој наметна агресивна игра со цврст блок на средината и не му дозволи на домашниот тим да организира акции во средниот ...
Постигнат е одреден напредок во преговорите меѓу Соединетите Американски Држави и Иран во последните 24 часа, но договор за прекин на огнот до крајниот рок што го постави американскиот претседател Доналд Трамп вечерва во 20 часот по источноамериканско време (02:00 часот по наше време) се уште е малку веројатен, пишува Аксиос. Тоа е оценката на еден американски и еден израелски функционер, како и два други извори запознаени со преговорите. ...
Државната новинска агенција ИРНА објави дека целта на воздушниот напад бил железнички мост во близина на градот Кашан, во централниот дел на земјата. Две лица загинаа, а три се повредени. Обемот на штетата сè уште не е познат. Пустинскиот град Кашан, популарна туристичка дестинација, е на околу три часа возење јужно од главниот град Техеран. Израел издаде предупредување Нападот се случи откако израелската војска ги предупреди Иранците да ...
Атлетико Мадрид, сепак, утре ќе мора да се појави без првиот голман на клубот, Јан Облак, за дуелот со Барселона во четвртфиналето на Лигата на шампионите. Искусниот голман страда од повреда на мускулот поради која не играше во последните четири натпревари, а сè уште не се опоравил. Покрај Јан Облак, поради повреда на утрешниот натпревар ќе отсуствуваат и Џони Кардосо, Пабло Бариос и Хозе Хименез. sportmedia.mk Атлетико Мадрид, сепак, утре ...
Фудбалскиот свет вчерва остана шокиран од веста за смртта на легендарниот романски тренер Мирчеа Луческу, кој почина откако неодамна доживеа срцев удар. Информацијата ја објави романскиот новинар Емануел Росу, потврдувајќи дека искусниот експерт ги поминал последните денови во болница. Луческу беше итно хоспитализиран пред неколку дена откако доживеа срцев удар. Лекарите се бореа за неговиот живот, но за жал не можеше да ја добие најтешката ...
Проблеми на релација фанови – Ливерпул. Имено навивачката група „Духот на Шенкли“ (SOS) најави протести „внатре и надвор од Енфилд“ поради планираното зголемување на цената на билетите на клубот. Првиот протест ќе се одржи за време на домашниот натпревар против Фулам следната сабота. Организацијата, исто така, ги повикува навивачите да не трошат пари на стадионот и да го одложат обновувањето на сезонските билети за да „испратат порака“ до ...
Малку им се проблемите со Иран како и со наметнатите давачки од Доналд Трамп за одредени земји, сега организаторот а пред се ФИФА се соочува со нови проблеми. Пред се тука се мисли на заканите со штрајк на околу 2000 работници на стадионот во Инглвуд (ЛА) каде ќе се играат неколку натпревари. Синдикатот на готвачи, келнери и шанкери, кој брои 2.000 членови на стадионот СоФи во Инглвуд, во близина на Лос Анџелес, се закани со штрајк доколку ...
„Имаме средства во нашиот арсенал за кои сè уште не сме одлучиле да ги употребиме. Претседателот на Соединетите Американски Држави може да донесе одлука да ги употреби и ќе го стори тоа ако Иранците не го променат своето однесување“, изјави Венс за новинарите претходно денес во Унгарија, според Си-Ен-Ен. JD Vance doubles down on Trump’s new post threatening “a whole civilization will die tonight” and implies Trump might use nuclear weapons ...
Министерството за внатрешни работи потврди дека на раперот, познат и како Ye, вчера му е одбиена дозвола за патување врз основа на тоа дека неговото присуство нема да биде во јавен интерес. Одлуката следува по низа антисемитски, расистички и пронацистички изјави од страна на Вест во последните години, објавува Би-Би-Си. Раперот нуди средба Пред да биде објавена забраната, Вест изјави претходно денес дека ќе ја „цени“ можноста да се сретне со ...
„Доколку е можно, ве молиме останете во безбеден објект и држете се подалеку од прозорците. Обезбедете снабдување со храна, вода, лекови и други основни залихи“, објави Канцеларијата за конзуларни работи на американскиот Стејт департмент на мрежата X. Канцеларијата додаде дека амбасадата „ги суспендирала сите редовни конзуларни услуги“. Иранските напади го погодија Бахреин неколку пати за време на војната. Малата островска нација во ...
Години го чекаа да дојде во Мадрид, а сега се незадоволни од него. Имено шокантни вести доаѓаат од Шпанија. Невообичаениот бран критики против Килијан Мбапе во Реал Мадрид го достигна својот апсолутен врв. Разочараните навивачи на „кралскиот клуб“ создадоа посебна веб-страница наречена „Мбапе 2029“, чија единствена цел е да го одбројува времето до истекот на договорот на францускиот напаѓач во јуни 2029 година. Платформата не е ограничена ...
Јасно е дека кога играат титаните Реал Мадрид и Баерн Минхен, има и тоа како “закачки“. Се изјавува се и сешто, но се чини дека некогашниот дефанзивец на “баварците“ и репрезентацијата на Германија, Маркус Бабел отиде предалеку. Тој јавно кажа дека воопшто не може да го смисли “кралскиот“ клуб: „Реал Мадрид е најомразениот клуб во Европа и би било одлично ако Баерн оди натаму“. Поранешниот фудбалер го објасни својот став подетално. „Нивното ...
Арон Ремзи, еден од најважните фудбалери во историјата на велшката репрезентација и човек кој остави трага играјќи во Арсенал, одлучи да ја заврши својата професионална кариера. Овој 35-годишен фудбалер ја завршува својата кариера како играч на мексиканските „Пумас“. Тој ќе им раскажува на своите внуци колку бил важен во репрезентацијата на Европското првенство во 2016 година кога Велс играше во полуфиналето и кога беше во шампионскиот тим, а ...