Белград
9ᴼ /
8ᴼ
Законот за финансирање на американската федерална администрација во екот на најдолгата блокада на федералната влада во историјата на САД денеска ќе биде испратен во Претставничкиот дом на усвојување, откако во понеделникот беше усвоен во Сенатот со 60 гласа „за“ и 40 „против“, објавија американските медиуми. Претседателот на Претставничкиот дом, Мајк Џонсон, пред два дена им порача на пратениците да почнат да се враќаат во Вашингтон што е можно ...
Вкупно 1.680.000 парчиња цигари, односно 8.400 штеки, за кои не биле платени царини и даноци во вредност од над 340 илјади евра, содржела пратката од Дубаи откриена на атинскиот аеродромот „Елефтериос Венизелос“. Од Независната управа за јавни приходи на Грција (ААДЕ) соопштија дека станува збор за една од најголемите количини цигари без царина и даноци, што некогаш биле откриени во земјата, а во тек е прелиминарна истрага за да се идентификува ...
„Од почетокот на годината до крајот на октомври, 3.205 лица беа повредени во напади со беспилотни летала, меѓу кои и 195 малолетници. Вкупно 392 лица загинаа, меѓу кои и 22 малолетници“, рече Мирошник, а објави весникот „Известија“. Тој изјави дека од февруари 2022 година, убиени се вкупно 7.175 руски цивили, додека се повредени уште 17.617 лица. Според него, беспилотните летала неодамна станаа едно од главните средства за напад врз цивили. „До ...
Бесно викајќи демонстрантите бараа да им биде дозволено да влезат во комплексот на ОН, каде што илјадници делегати од земји од целиот свет присуствуваат на годинашниот климатски самит на ОН во амазонскиот град Белем, Бразил. Некои мавтаа со знамиња со пораки за правата на земјиштето, додека други носеа транспаренти на кои пишуваше „Нашата земја не е на продажба“. Лидерот на староседелците од заедницата Тупинамба од долниот тек на реката Тапајос ...
Градското собрание на Загреб вчера усвои резолуција со која го повикува градоначалникот да преземе мерки за спречување на употребата на фашистички и усташки симболи, слогани и пароли, вклучувајќи го и „За дом спремни“, на сите јавни површини и настани под надлежност на градот. Одлуката се однесува на површините управувани од градските институции и комерцијалните компании, како и на сите јавни површини за кои Градот издава дозволи за одржување ...
Изборната комисија наведе дека гласале повеќе од 12 милиони луѓе од нешто повеќе од 21 милион регистрирани гласачи. Овој неочекувано висок одѕив претставува нагло зголемување во споредба со историски ниските 41 процент од 2021 година, особено затоа што шиитскиот лидер Муктада ел Садр, чиј движење освои најмногу места на претходните парламентарни избори, овојпат повика на бојкот на гласањето. Граѓаните на Ирак вчера гласаа на парламентарни избори ...
Едно лице е убиено, а едно е рането во жестока пукотница. Според „Бота Сот“, напаѓачите пукале од возило кон луѓе во друг автомобил. Според полицијата, околу 14:20 часот, се случила пукотница на кружен тек во близина на аеродромот во Тирана. Се сомнева дека е пукано кон возилото во кое се превезувале М.Ш. (околу 40 години) и Г.Д. (околу 47 години). Во „Мерцедесот“ во кој се возеле, непознати лица пукале од „Тојота Јарис“, кој бил пронајден ...
Американскиот претседател Доналд Трамп пред два дена изјави дека има обврска да ја тужи британската Би-Би-Си за погрешно претставување на неговите коментари пред нападот врз американскиот Капитол на 6 јануари 2021 година во документарецот „Панорама“. „Па, мислам дека имам обврска да го направам тоа. Тие ја измамија јавноста и го признаа тоа. Дојде од земја која е наш сојузник“, рече Трамп во интервју со водителката на „Фокс њуз“, Лори Инграм. ...
Речиси две недели по неочекуваната изборна победа на центристот Роб Јетен, посредникот смета дека 38-годишниот политичар треба да соработува со партија од десниот центар за да го трасира патот напред. Многу расцепканиот политички пејзаж во Холандија доведе до тоа ниту една партија да не освои доволно места за апсолутно мнозинство во парламентот од 150 пратеници. Јетен се залага за четирипартиска коалиција меѓу неговата партија Д66 (26 места), ...
Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека средбата меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин во Будимпешта сè уште е на дневен ред, и оти разговорите меѓу руската и американската делегација моментално се во застој по прашањето на украинските територии. Орбан истакна дека Унгарија до одреден степен е вклучена во преговорите меѓу американската и руската делегација. Тој во интервју емитувано на Јутјуб ...
Од Обвинителството на БиХ за „Детектор“ потврдија дека нивни службеници продолжуваат да ја истражуваат аферата во која, како што се тврди, руски инструктори обучувале државјани на Молдавија во Република Српска. „Обвинителството на БиХ пред неколку месеци, преку институтот за меѓународна правна помош, се обрати до партнерските институции во Молдавија во врска со наводите за активности на државјани на Молдавија на територијата на БиХ и за наводни ...
Иако информациите денес ни се повеќе достапни од кога било, многу историски митови сè уште живеат - дури и откако беа научно побиени. Човечката историја е долга, сложена и полна со интересни приказни, но многу од нив биле искривени низ вековите и станале толку вкоренети што сè уште ги прифаќаме како факт. Еве пет од најпознатите историски лаги во кои многу луѓе сè уште веруваат. Митот за сендвичот на Гаврило Принцип Поводот за атентатот поради ...
Киран Хамфрис (33) бил оставен да се грижи за синот на Саскија Вудбриџ (19), за бебе по име Арчи, додека таа накратко отишла да си ги средува ноктите, објави Дејли Меил. Додека таа беше отсутна, Хамфрис го изгубил трпението со шестмесечното бебе на кое му растеле заби и „го зграпчи и го протресе силно“. Потоа монструмот се обидел да „си ја спаси кожата“ убедувајќи ги другите, вклучително и неговата „наивна“ млада девојка, да тврдат дека не бил ...
Тензијата во Реал Мадрид помеѓу Чаби Алонсо и Винисиус Жуниор продолжува да расте. Бразилскиот лев бек му кажа на претседателот на клубот Флорентино Перез дека повеќе не може да се сложува со шпанскиот тренер и изјави: „Или јас или тој!“ Доколку наследникот на Карло Анчелоти остане, тогаш играчот на „белите“ ќе одбие да го обнови договорот, кој истекува во 2027 година. Сериозниот конфликт што се појави на дербито со Барселона создаде непоправлив ...
Еден од конкурентите за место во првиот тим на Наполи на нашиот Елиф Елмас, Словакот Станислав Лоботка се жали на високите барања на Антонио Конте, кои според него се брутални. Неговиот агент изјавил дека Лоботка се чувствувал исцрпен. Исклучително тешкиот тренинг процес и стил на игра на тренерот на Наполи, Антонио Конте, му отежнува на играчот од средниот ред да продолжи да игра на исто ниво, па наводно тој ќе бара да го напушти клубот на ...
Есента е идеално време да си поиграте со слоевите, кроевите и текстурите, особено ако сакате да ги нагласите вашите облини и да изгледате повитко. Модата за жените со облини никогаш не била поинтересна, а со неколку трикови секоја комбинација може да изгледа како од модна писта. „Плус сајз“ модата не е криењето, туку во славењето на облините. Со вистинските кроеви, бои и став, оваа есен ќе изгледате и ќе се чувствувате одлично, токму како Ешли ...
Штабот на полицијата во Диселдорф го потврди извештајот на „Келнер Штадт-Анцајгер“ за RTL, според кој властите го пријавиле службеникот за обид за измама и покренале дисциплинска постапка. „Можно криминално однесување“ Според медиумските извештаи, полицаецот наводно сакал повторно да го промени својот регистриран пол по унапредувањето и да се ожени како маж. „Тој активно, експлицитно и впечатливо неколку пати на различни места во компанијата ...
Гинеколог од армијата на Тексас е обвинет за тајно снимање на жени за време на интимни прегледи, според тужбата што ја виде CBS, додавајќи дека американската армија, исто така, ги отфрлила претходните обвинувања против него додека служел на Хаваи. Според тужбата, мајорот Блејн Мекгроу, акушер-гинеколог во медицинскиот центар Карл Р. Дарнал во Форт Худ, „ја злоупотребил својата позиција на доверба за сексуално да експлоатира, манипулира и тајно ...
Фудбалската асоцијација (ФА) го обвини фудбалерот на Барнли, Ханибал Мејбри за непристојно однесување, откако наводно плукнал кон навивачите на Лидс за време на натпреварот. Фудбалерот на Барнли ризикува да биде санкциониран од Англиската фудбалска асоцијација со суспензија на неколку натпревари. ФА објави дека Тунижанецот е обвинет за плукнување кон или во правец на навивачите на Лидс во 67-мата минута кога Барнли гостуваше кај Лидс на 18 ...
Белгискиот репрезентативен голман Тибо Куртоа ќе ги пропушти последните два квалификациски натпревари од групата Ј за Светското првенство против Казахстан и Лихтенштајн поради повреда, објави Белгиската фудбалска асоцијација. „Тибо Куртоа попладнево беше на медицински прегледи од страна на медицинскиот персонал на Фудбалската асоцијација на Белгија. Тој нема да биде достапен за претстојните меѓународни натпревари и ќе се врати во Реал Мадрид на ...
Околу 55 туристи останаа напуштени на патувањето, по инцидент на крстарење во Доминиканската Република, објави Дејли Меил. Во 12-метарскиот катамаран, наречен „Бока де Јума I“, со кој патувале туристите, одеднаш почна да протекува вода и брзо потона во заливот Самана. Јахтата се наполни со вода, а фотографиите од местото на настанот покажаа десетици туристи како пловат во морето облечени во елеци за спасување. Морнарицата, цивилната заштита и ...
Безбедносните камери го снимиле падот на момчето, како и реакцијата на преплашените родители. Соседите слушнале повици за помош Кога момчето се потпрело на вратата од лифтот, таа попуштила од непознати причини. Паднало во шахтата, а сè се случило толку брзо што родителите немале време да реагираат. Плашејќи се дека лифтот ќе тргне и ќе го згмечи малото дете, таткото скокнал во дупката, додека жената го вклучила светлото на телефонот, објавува ...
Во следната постапка, предлог-законот, кој беше поддржан на прво читање во Кнесетот вчера, ќе биде вратен во комисиите за понатамошна дискусија, а ќе треба да помине и на второ и трето читање на пленарната седница за да стане закон, објавува „Анадолија“. Во образложението на предлог-законот се наведува дека, бидејќи затворските казни не служат како доволен фактор за одвраќање на терористите, се предлага смрт да биде казна за терористите кои ...
Жимин Ќијанг (47) е осудена на 11 години и осум месеци затвор откако ја осмислила и извршила најголемата заплена на криптовалути во историјата на британската полиција, објави „Мирор“. Жената зад најголемата измама со криптовалути во историјата на британската полиција, во која биле измамени 128.000 жртви, е осудена на долг затвор. Жимин Ќијанг, позната и како Жанг од Жад, ја осмислила измамата што резултирала со најголемата заплена на биткоини во ...
Дел од пристапот до мостот Хонгчи и дел од трупот се урнаа, предизвикувајќи лизгање на земјиштето, објави Ројтерс. 🚨 BREAKING; The Hongqi Bridge in Shuangjiangkou, Sichuan Province, China, partially collapsed today. 🤯 pic.twitter.com/Al0g3v49tW — Globalpolitixs (@GlobalPolitixs) November 11, 2025 Мостот долг 748 метри е дел од националниот автопат што ја поврзува покраината со Тибет, а се вели дека пукнатините се појавиле поради обилните ...
Виралното видео прикажува момче кое ѝ подава букет цвеќе на својата девојка додека се подготвуваат за фотосесија. Но, токму кога позираа, Меси се појави во позадина. Облечен во фармерки и дуксерка со качулка и опкружен со телохранители, Меси помина покрај нив, несвесен дека токму го претворил нивниот состанок во сеќавање за цел живот. CINE DEL BUENO Queremos hablar con esta pareja 🙏🏻🙏🏻 pic.twitter.com/gxfSRBbUPz — Gerard Romero ...
Собраните на протест нагласија дека „нема мирно“ да го гледаат уривањето на тој комплекс и „газењето на Уставот и законот“.Тие додадоа дека ќе го „бранат со своите тела“ тој симбол на Белград, откако lex specialis беше усвоен во српскиот Парламент оваа недела, со што е овозможено негово уривање. Студентите и собраните граѓани формираа „жив ѕид“ околу комплексот, и нацртаа симболична црвена линија како порака дека нема да дозволат уривање.Според ...
Таа и Хесус Едуардо Севериано Гарсија биле заробени во својот автомобил по челен судир со камион што доаѓал од спротивната насока во петокот попладне. Кога екипите за итни случаи пристигнаа на местото на настанот, тие можеле само да ја потврдат смртта на двојката. Алисон, која трагично починала, беше крунисана за Мис Теокалтиче 2025 само осум дена претходно, на 30 октомври. Теокалтиче е општина во мексиканската држава Халиско. View this post on ...
Рафаеле Паладино е новото име на клупата на Аталанта. По отказот кој што го доби хрватот Јуриќ деновиве, менаџментот на клубот се одлучи да му ја додели довербата токму на Паладино. Паладино беше тренер на Фиорентина минатата сезона, но си замина во летото по несогласувања со раководството на клубот. Тимот од Бергамо освои само шест бода од последните осум натпревари во Серија А, што доведе до отпуштање на Иван Јуриќ. По 11 натпревари во Серија ...
Турските обвинители денеска побараа затворска казна до 2.352 години за градоначалникот на Истанбул, Екрем Имамоглу, речиси осум месеци откако опозицискиот политичар беше уапсен и суспендиран од функцијата, објави јавниот радиодифузен сервис ТНТ, повикувајќи се на ДПА. Обвинението го товари за основање и водење криминална организација, како и за поткуп и перење пари, меѓу другите обвиненија, соопшти канцеларијата на јавниот обвинител во Истанбул. ...