Скопје
7ᴼ /
7ᴼ
На прашање на Си-Ен-Ен дали Вашингтон би ја исклучил употребата на сила за преземање на Гренланд, Стивен Милер, заменик-шеф на кабинетот на американскиот претседател Доналд Трамп, рече: „Никој нема воено да се бори против САД околу иднината на Гренланд“. Тој изјави дека островот треба да биде дел од САД, додавајќи дека Трамп јасно го искажал својот став уште од почетокот на неговиот мандат пред речиси една година. Милер тврди дека како ...
Рио Фердинанд, шесткратен шампион на Англија со Манчестер Јунајтед, предложи четири имиња за менаџери на „Олд Трафорд“ откако Рубен Аморим беше отпуштен. По 14 месеци на чело, Рубен Аморим беше отпуштен од Манчестер Јунајтед. За време на неговиот мандат, „Црвените ѓаволи“ забележаа 25 победи, 15 нерешени и 23 порази. Португалецот беше заменет како привремен менаџер од Шкотланѓанецот Дарен Флечер, поранешен играч од средниот ред на Олд Трафорд ...
Епицентарот на првиот земјотрес бил во источната префектура Шимане, објави агенцијата, додавајќи дека нема опасност од цунами. „Чугоку Електрик Пауер“, која управува со нуклеарната централа Шимане, оддалечена околу 32 километри, соопшти дека работењето на нејзината единица број 2 продолжува нормално. Јапонската агенција за регулирање на нуклеарната енергија објави дека немало неправилности по земјотресот. Вториот блок на централата беше ...
„Украина треба да ја зајакне својата внатрешна отпорност заради закрепнување, ако дипломатијата донесе резултати што е можно побрзо, и заради зајакнување на одбраната, ако, поради доцнењето на нашите партнери, ќе биде потребно повеќе време за да се заврши оваа војна“, напиша Зеленски на мрежата X. Фриланд е од украинско потекло и беше вицепремиерка на Канада помеѓу 2019 и 2024 година, како и меѓу водечките меѓународни застапници за испраќање ...
Полак е долгогодишен адвокат на основачот на „Викиликс“, Џулијан Асанж, и важи за еден од најискусните правници во Вашингтон. Тој денеска веќе поднесе известување до федералниот суд за негово појавување како застапник на Мадуро. Полак беше присутен во судницата кога Мадуро и неговата сопруга Силија Флорес се изјаснија за невини по обвиненијата за наркотероризам, заговор за увоз на кокаин во САД и поседување оружје и „експлозивни направи“. ...
- Мерката, која стапува во сила веднаш за период од четири години, има за цел да го спречи одливот на потенцијално нелегални стекнати средства и ги надополнува постојните санкции против Венецуела од 2018 година, се наведува во соопштението од швајцарскиот Парламент. Исто така се додава и оти замрзнувањето на средствата не ги засега членовите на сегашната венецуелска Влада, а Швајцарија посочи дека ќе ги врати сите средства на венецуелскиот ...
Мадуро и неговата сопруга, Силија Флорес, се изјаснија за невини по обвиненијата за трговија со дрога и оружје. За време на краткото појавување пред судијата Алвин Хелерштајн, Мадуро упати пркосни зборови, тврдејќи дека неговото приведување во текот на ноќта од страна на американските сили претставува „воено киднапирање“. Согласно правната стратегија на одбраната, адвокатот на Мадуро, Бери Полак, изјави дека одбраната примарно ќе ја оспорува ...
Одлуката е дел од серијата префрлања на персоналот на високо ниво во Украина, вклучително и замена на шефот на Кабинетот на претседателот. Зеленски напиша на „Х“ дека побарал од Малјук да се фокусира повеќе на борбените операции. „Треба да има повеќе украински асиметрични операции против окупаторот и руската држава, како и подобри резултати во елиминирањето на непријателот“, додаде тој. Малјук ја презеде функцијата во СБУ во 2023 година, а за ...
Португалскиот дефанзивец Жоао Кансело се враќа во Барселона. Каталонскиот клуб ќе го позајми 31-годишниот фудбалер од Ал-Хилал до крајот на сезоната за 4 милиони евра, објави инсајдерот Фабрицио Романо. Според „Мундо Депортиво“, Барселона ќе плати само дел од платата на Португалецот – 5 милиони евра. Кансело ќе биде регистриран како замена за повредениот Андреас Кристенсен, кој ќе отсуствува најмалку четири месеци. sportmedia.mk ...
Дефанзивецот на Интер, Давиде Фратези, се согласил да се пресели во Галатасарај. Според „Скај Спорт Италија“, турскиот клуб е подготвен да плати 5 милиони евра за позајмицата на Фратези, со задолжителна клаузула за ослободување од 30 милиони евра. Откако дефанзивецот ќе се согласи на трансферот, понудата мора да биде формализирана. Се забележува дека евентуалното заминување на Фратези нема да влијае на однесувањето на Интер на трансфер ...
Федерико Киеза во наредните денови би можел да се врати во Торино. Јувентус ја отвори првата рунда разговори со Ливерпул во врска со евентуалното враќање на Федерико Киеза во Торино, а клучната вест доаѓа од Италија: самиот играч се согласил. „Бјанконерите“ веќе воспоставија првичен контакт со актуелните шампиони на Англија откако добија зелено светло од италијанскиот репрезентативец, кој е подготвен да се врати на местотот каде што го играше ...
Славната манекенка Хајди Клум повторно ја изненади јавноста со свое голо издание. Но, се чини дека овој пат имала добра причина за тоа... Хајди го прослави последното зајдисонце во 2025 година во романтично расположение, во друштво на својот сопруг Том Каулиц. Таа ги објави сончевите фотографии на Инстаграм, но токму нејзиното издание привлече најголемо внимание. Позната по своите голи фотографии, германската убавица овој пат одлучи да ги ...
Дефанзивецот на Манчестер Сити, Јошко Гвардиол, ја скрши ногата на натпреварот против Челзи. Хрватот беше заменет во 51-та минута од натпреварот од 20-тото коло на Премиер лигата (1:1). Денес, од Сити објавија дека Гвардиол има фрактура на тибијата на десната нога. Дефанзивецот ќе биде опериран оваа недела. Временскиот период за закрепнување на Јошко е нејасен. Типично, закрепнувањето од вакви повреди трае помеѓу 3 и 6 месеци, во зависност од ...
Младиот напаѓач на Реал (М), Бразилецот Ендрик, кој оваа зима замина на позајмица во Олимпик Лион, изненадувачки изјави дека првите шест месеци од оваа сезона биле најдобрите во неговиот живот. Во првата половина од сезоната, Бразилецот одигра еден натпревар во Ла Лига, играјќи 11 минути против Валенсија (4-0). Тој исто така одигра 77 минути против Талавера во Купот на Кралот (3-2). „Искрено, им кажувам на сите околу мене дека ова беа ...
По Мароко, Сенегал, Египет, Камерун и Мали, вечерва, Нигерија си ја заврши рутинската работа и го совлада Мозамбик со резултат од 4:0 со што се приклучи во четвртфиналето на Купот на Африканските нации. Ова беше меч со најмалку драма, и уште од самиот почеток беше јасно дека Нигерија без поголеми проблеми ќе се најде меѓу осумте најдобро. Виктор Осимхен постигна гол во втората минута за водство на Нигерија, но ВАР системот го поништи. Сепак, ...
Денеска отпуштениот менаџер на Манчестер Јунајтед, Рубен Аморим, изјави дека не планира да се врати на работа оваа сезона. Според португалските медиуми, Аморим не сака да започне со работа на нов проект барем до јуни. Рубен им кажал на блиските дека сака да земе малку одмор во наредните месеци и внимателно да размисли за следниот чекор во својата кариера. Неговите планови би се промениле само ако добие „понуда што не може да ја одбие“. ...
Селтик го отпушти менаџерот Вилфред Нанси по само 33 дена на чело на тимот и шест порази во осум натпревари. Селтик објави дека го раскинал договорот со францускиот тренер и дека неговиот тренерски штаб и шефот на фудбалските операции Пол Тисдејл исто така го напуштиле клубот. Ненси го замени Брендан Роџерс на клупата и ги загуби првите четири натпревари, вклучувајќи го и финалето на Лига купот против Абердин, а тимот од Глазгов загуби шест ...
Познатата актерка, режисерка и хуманитарка, имено, го продава својот имот „Сесил Б. Демил“ во Лос Анџелес, вреден 25 милиони долари, каде што живее од 2016 година и веќе го покажува на потенцијални купувачи, пишува „Пејџ сикс“ (Page Six). Главната причина за заминувањето на Џоли, која е на самиот почеток од шестото десетлетие од својот живот, е нејзиниот мачен развод од поранешниот сопруг Бред Пит (62), со кого конечно постигна спогодба на ...
Иако Реал Мадрид не крие дека сака по секоја цена да го доведе Нико Шлотербек уште во текот на овој зимски преоден рок, Флорентино Перез на Дортмунд му нуди дури петтмина играчи, последните вести говорат дека сега и Барса е заинтересирана. Тоа и беше за очекување ако се знае каква “војна“ водат двата најголеми клубови во светот на фудбалот. Тој е голема желба на Ханси Флик. Информациите од Италија говорат дека Украинецот Артем Довбик, кој е ...
Фудбалската репрезентација на Египет е петтиот патник во четвртфиналето на Африканскиот куп на нации, откако вечерва во Агадир победи по продолженија против храбриот Бенин со 3:1, откако во регуларниот дел резултатот беше 1:1. Со еден од помоќните напади во првенството на „црниот континент“, играчите на Египет влегоа во натпреварот како големи фаворити, но прописно се намачија за да визираат четвртфинале. Египет поведе во 70-тата минута кога ...
Легендарниот тренер на Реал Мадрид, Милан, Рома, Јувентус, италијанецот, Фабио Капело во опширно интервју за шпанската „Марка“ се осврна на повеќе теми, а јавноста најмногу ја заинтригира неговото мислење околу фудбалските судии, и нивната работа последните години. Тој воопшто ја нарече судиската организација „мафија“ која што е сериозно моќна. Тој смета дека во најновата ВАР технологија мора да бидат вклучени и бивши играчи во процесот на ...
Суд во Париз денеска прогласи десет лица за виновни за дигитално насилство, односно онлајн малтретирање на првата дама на Франција Брижит Макрон, осудувајќи ги на казни кои се движат од задолжителна обука за кибер насилство до условни затворски казни од осум месеци. Судот, како што јави „Монд“, изјави дека обвинетите објавиле „особено понижувачки, навредливи и злонамерни“ коментари, врз основа на лажни тврдења за наводен трансродов идентитет ...
Сега веќе е јасно. Толку беше од Рубен Аморим. Пречекан со големи соништа, ама ништо од тоа. И дефинитивно се покажа дека Португалецот не е ниво на тренер кој би дигнал заспаниот џин од “Олд Трафорд“. Секако дека е точен заклучокот дека овој Јунајтед на Аморим е убедливо најлошиот Јунајтед во поновата историја. Еве зошто:Аморим го напушта „Олд Трафорд“ по 14 месеци на функцијата, во кои оствари само 24 победи во 63 натпревари, со 18 нерешени ...
Генералниот секретар на НАТО Марк Руте, претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен и претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта ќе учествуваат на утрешната средба во Париз на т.н. „Коалиција на подготвените“, посветена на Украина, соопштија прес-службите на трите институции. Од НАТО појаснија дека средбата ќе биде копретседавана од францускиот претседател Емануел Макрон и британскиот премиер Кир Стармер, а по ...
Дебатата во Советот за безбедност откри длабоки поделби меѓу светските сили по апсењето на венецуелскиот претседател Николас Мадуро и неговата сопруга, Силија Флорес. Амбасадорот на Кина во ОН, Фу Конг, ги обвини САД за грубо кршење на меѓународното право. „Како постојана членка на Советот, САД ги игнорираа сериозните загрижености на меѓународната заедница, безгрижно ги погазија суверенитетот, безбедноста и легитимните права и интереси на ...
Состанокот го побара Венецуела, а барањето го поддржаа и две постојани членки на СБ – Русија и Кина. Венецуела на 3 јануари испрати писмо до СБ, во кое формално бара состанок, при тоа Каракас ги обвини САД за спроведување на серија „брутални, неоправдани и еднострани вооружени напади“ врз цивилни и воени цели во земјата. Венецуела исто така, го обвини САД за кршење на Повелбата на ОН. Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш денеска изрази ...
Николас Мадуро Гера го нарече својот татко „претседател Мадуро“, а неговиот говор беше дочекан со силен аплауз од пратениците. Синот на Мадуро рече дека Америка го киднапирала неговиот татко и првата дама на Венецуела, Силија Флорес. Пратениците повторија дека извршната потпретседателка Делси Родригез ја презеде функцијата привремен претседател и се очекува наскоро да положи заклетва. Николас Мадуро Гера го нарече својот татко „претседател ...
Мексиканската претседателка Клаудија Шајнбаум на денешната прес-конференција ја осуди американската интервенција во Венецуела и соборувањето на претседателот Николас Мадуро, истакнувајќи оти Мексико е против мешање во внатрешните работи на други држави. - Ставот на Мексико за каква било форма на интервенција е цврст, јасен и историски. Мексико повторно го потврдува принцип кој не е ниту нов, ниту предмет на двосмисленост: Категорично отфрламе ...
Додека Доналд Трамп подготвувал воена сила за притисок врз венецуелскиот лидер, висок член на кралското семејство на Обединетите Арапски Емирати служел како таен посредник во преговорите. Сепак, Мадуро не учествувал во разговорите, туку неговата потпретседателка Делси Родригез и нејзиниот брат Хорхе, што покрена сомнежи дека соборувањето на Мадуро е всушност внатрешно прашање, тврди британскиот Дејли Телеграф. Според изворите на порталот, ...
Додека Доналд Трамп подготвувал воена сила за притисок врз венецуелскиот лидер, висок член на кралското семејство на Обединетите Арапски Емирати служел како таен посредник во преговорите. Сепак, Мадуро не учествувал во разговорите, туку неговата потпретседателка Делси Родригез и нејзиниот брат Хорхе, што покрена сомнежи дека соборувањето на Мадуро е всушност внатрешно прашање, тврди британскиот Дејли Телеграф. Според изворите на порталот, ...