Скопје
8ᴼ /
8ᴼ
Германија падна на 11-то место меѓу најиновативните земји во светот, објави Светската организација за интелектуална сопственост (WIPO) во Женева, пишува Германската новинска агенција (dpa). Откако беше осма во 2023 година и деветта минатата година, сега падна од листата. Генералниот директор на WIPO, Дарен Танг, рече дека малите годишни флуктуации на рангирањето не се причина за загриженост. „Германија останува иновативна сила“, рече Танг. ...
Започнувањето сопствен бизнис често се поврзува со големи инвестиции, што ги обесхрабрува многу млади луѓе, но постојат бизниси што можат да се започнат со само 1.000 евра. Сепак, има сè повеќе примери што покажуваат дека дури и со 1.000 евра почетен капитал, можете да направите сериозен чекор кон претприемништвото и да започнете профитабилен бизнис. Еве неколку бизнис идеи што не бараат големи почетни инвестиции: Онлајн продажба и рачно ...
Бош, компанија синоним за германска прецизност и сигурност, е во сериозна криза и планира да отпушти илјадници работни места во наредните години Речиси нема домаќинство на Балканов кое не поседува еден од уредите на Бош, кој со децении е синоним за квалитет, особено кога станува збор за домашни апарати, електрични алати или автомобилска технологија. Но, зад името кое со години е симбол на германска прецизност и сигурност, сега се крие ...
Надоврзувајќи се на стратешкото унапредување на системите за тестирање на дизел горивото од почетокот на годинава, ОКТА ја потврдува својата посветеност на квалитетот на горивото и еколошката одговорност преку нова инвестиција во напредна аналитичка технологија. Најновата набавка — ултрасовремен UV флуоресцентен анализатор — претставува продолжение на патот на модернизација и дигитална трансформација на компанијата, зацврстувајќи го ...
Лозарите да не стравуваат ќе се откупат сите произведени количини на грозје во земјава и оние дополнителните. Договорени се неколку винарници кои ќе ги откупат дополнителните количини, изјави денеска министерот за земјоделство Цветан Трипуновски по средбата со лозарите во Кавадарци. Годинава приносите на грозје се повисоки од договорените количини за откуп, па лозари се плашат дека дополнителните количини на грозје нема да им бидат откупени. ...
Во српското селото Мазгош кое се наоѓа во близина на Димитровград ќе се отвори рудник или отворен коп за експлоатација на јаглен. Деталниот план за регулирање на полето Мазгош, вклучува 21,9 хектари и речиси 200 парцели земјиште, кои се главно ниви, ливади, овоштарници и пасишта, објавија српските медиуми. Изработката на овој план беше одобрена од Општинското собрание на Димитровград во 2024 година, а на иницијатива на инвеститорот „Вуковиќ ...
Хуманитарна трка на ЕВН која ја надминува спортската димензија! Во Скопје се одржа седмото издание на хуманитарната трка „EVN RUN 2025“, на која учество зедоа речиси 400 вработени во групацијта ЕВН Македонија. Учесниците заеднички истрчаа 2 142 километри, со што беше собрана рекордна сума на средства за донирање. Оваа година собраните средства се наменети за поддршка на лица со дијабетес, за активности кои промовираат здрав живот, како и ...
Високи цени на пазарите и маркетитие, мал ќар за земјоделците. Статистиката објави дека влезните трошоци за земјоделско производство се зголемиле за 2,3 отсто во август во споредба со истиот месец лани. Но, крајната цена е повисока за над 12%. За една година најмногу поскапел компирот – скоро 80%, овошјето и грозјето – над 30. Од Националната земјодолска мрежа прстот го вперија во трговците, за кои велат дека ставаат енормни маржи. Килограм ...
Во јули годинава преку Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) се исплатени 1.022.217.192 денари (16,5 милиони евра) на конзорциумот „Бехтел“ и Енка“, изведувач на автопатските делници на коридорите 8 и 10д (Тетово-Гостивар, Гостивар-Букојчани и Прилеп-Битола ). Според Извештајот од надзорот за прогрес на работите, во тек се работи на пет мостови, четири надвозници и два подвозници. До крајот на јули годинава, извршени се ископувања на ...
„Rheinmetall“ постигна договор за преземање на воената дивизија на бродоградбената компанија „Luerssen Group – NVL“. Овој потег е дел од стратегијата на германскиот одбранбен концерн за проширување на своите активности во Европа. Најголемиот производител на муниција на Стариот континент го презема овој потег во време кога долгоочекуваната консолидација во германскиот поморски сектор добива на интензитет. Во оваа позадина, производителот на ...
Основната каматната стапка записи останува на ниво од 5,35%, а каматните стапки на депозитите преку ноќ и на 7 дена се задржуваат на нивоата од 3,95% и од 4%, информира Народна банка по седницата на Извршниот одбор за монетарна политика. Непроменета останува и понудата на благајничките записи на редовната аукција односно ќе изнесува 10 милијарди денари. – Со ваквата одлука се задржува внимателниот пристап при водењето на монетарната политика, ...
Проактивната отпорност кон предизвиците и кризите прерасна во потреба за Европската Унија во новата геополитичка реалност. Oва е заклучокот од минатонеделниот Извештај за стратешка предвидливост на Европската комисија, кој е предложен до Советот и до Парламентот. Во него се посочуваат конкретни чекори како да постапува Унијата во иднина. Делот посветен на мирот и безбедноста на континтентот предвидува и проширување со нови земји-членки, но во ...
На 16 септември 2025 година се одржа редовна седница на Извршниот одбор за поставеноста на монетарната политика на Народната банка. На седницата беа разгледани најновите податоци и информации за светската и за домашната економија и најновите случувања на меѓународните и на домашните финансиски пазари во контекст на поставеноста на монетарната политика. На седницата беше одлучено каматните стапки да останат исти, односно каматната стапка на ...
Повеќе од половина од здравствените работници во САД размислуваат да ги напуштат своите работни места, што го открива алармантниот притисок врз здравствениот систем кој и понатаму се соочува со последиците од пандемијата. Анкетата на „Харис“, спроведена од компанијата за образовни услуги „Стратеџик Едукејшн“, опфатила 1.504 здравствени работници од „прва линија“ и 304 работодавци во периодот меѓу 26 јуни и 21 јули оваа година. Резултатите ...
Вредноста на доларот во однос на кошничката валути на девизниот пазар падна на најниско ниво од почетокот на јули. Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути, утрово е околу 96,68 поени, додека вчера во ова време изнесуваше 97,23 поени. Во исто време, цената на еврото се зголеми од вчерашните 1,1775 на 1,1850 долари, блиску до највисокото ниво за четири години. ...
Финансии / Банкарство Банките во Словенија со намалена нето добивка 17.09.2025 Во првите седум месеци од оваа година, банките во Словенија остварија нето добивка од 615,1 милиони евра, што е за 10,9 проценти помалку во однос на истиот период минатата година. Добивката пред оданочување се намали за 12,6 проценти на 691,3 милиони евра. Според податоците од Банката на Словенија, добивката пред оданочување, иако се намали, сепак остана на ...
Бизнис ГРЧКИТЕ ВЛАСТИ ЌЕ ГО ПРОВЕРУВААТ „СИВОТО“ ИЗНАЈМУВАЊЕ НА АПАРТМАНИ ВО СОПСТВЕНОСТ НА ГРАЃАНИ ОД БАЛКАНОТ 17.09.2025 Граѓаните на Србија, Бугарија, Македонија и Романија покажуваат постојан интерес за купување недвижности во Грција. Главната причина е близината, која им овозможува да го поминат одморот во нова куќа или стан, но и да заработат дополнителни пари со издавање под наем на имотот кога не живеат таму. Процесот на купување е ...
Постојат работи што се достапни за секого и постојат моменти што се резервирани само за тие кои бараат повеќе. Искуства што не можат да се купат со обичен билет. Чувство дека припаѓаш во светот на привилегиите и луксузот. Задоволство што доаѓа со стил и префинетост. Овие детали ја прават разликата помеѓу обичното и извонредното. А овие моменти стануваат дел од твојата секојдневна реалност кога имаш вистински партнер покрај себе. Новата Visa ...
Две третини од родот на ресенското јаболко е уништен од пролетните мразови, а квалитетот на она што остана е понизок, но за овоштарите и годинава поголем проблем е бербата на родот бидејќи дома нема доволно сезонски работници кои сакаат да берат јаболка, па затоа се увезуваат работници од Албанија кои секоја година имаат сѐ поголеми барања. Овоштарите велат дека веќе со години има недостиг од сезонски работници, а тоа го користат работниците ...
Финансии / Банкарство Сите банки во Србија ги намалија каматните стапки на кредитите 16.09.2025 Сите банки во Србија ги намалија каматните стапки на потрошувачките, готовинските и станбените кредити до 15 септември, како дел од новите економски мерки, изјави денес генералниот секретар на Здружението на српски банки, Марина Пападакис, додавајќи дека половина од вработените, па дури и 90 проценти од пензионерите, се опфатени со поповолни ...
Претседателот на САД Доналд Трамп, ги повика американските компании да ги укинат кварталните деловни извештаи и да преминат на полугодишно известување, а Комисијата за хартии од вредност на САД (SEC) објави дека го разгледува овој предлог. Според американскиот претседател, оваа промена ќе им заштеди пари на компаниите и ќе им овозможи на менаџерите да се фокусираат на водењето на своите компании. Трамп, исто така, ја критикуваше практиката на ...
„Алфабет“ на 15 септември 2025 година стана четврта компанија во историјата чија пазарна капитализација ја надмина границата од три билиони долари. Со тоа „Гугл“ се приклучи на елитната група компании во која веќе се „Енвидија“, „Мајкрософт“ и „Епл“. Овој финансиски праг не е само симболичен. Тој ги одразува длабоките промени во технолошката индустрија и довербата на инвеститорите во иднината на вештачката интелигенција. Покажува и способност ...
САД се официјално најголемиот државен сопственик на Биткоин во светот, со вкупно 198.022 BTC во нивна сопственост, чија вредност на 31 јули 2025 година е приближно 23,5 милијарди долари. Ел Салвадор, пак, е првата земја во светот што го воведе Биткоинот како законско средство за плаќање, но моменталниот износ во нивните резерви е далеку помал од оној што го имаат големите сили. Ова е резултат на неколкугодишни заплени на криптовалути во ...
Цените во земјоделството во август 2025 година, споредени со цените во август 2024 година, бележат зголемување и кај аутпутот и кај инпутот. Во делот на трошоците (инпут), во август 2025 година, во споредба со август 2024 година, има зголемување кај тековно потрошени средства во земјоделството од 2,3 % и зголемување од 5,7% кај средствата наменети за инвестиции во земјоделството. Најголем раст на трошоците земјоделците имале за ветеринарни ...
Заменик министерот за економија и труд, Марјан Ристески, денес престојуваше во Делчево, каде што на средба со претставници од деловниот сектор ја следеше реализацијата на тековните мерки за вработување и економски прогрес за оваа година. Ристески потенцираше дека интересот за мерките е огромен, бидејќи оперативниот обем е зголемен за 7,5 милиони евра, односно достигнува речиси 40 милиони евра. Средствата, како што подвлече, се наменети не ...
Канцеларијата на Европскиот јавен обвинител (ЕППО) во Атина покрена обвиненија против 6 лица, вклучувајќи и двајца царински службеници, за нивна наводна вмешаност во криминални мрежи кои го преплавуваат пазарот на ЕУ со стока што измамнички се увезува од Кина, при што се избегнува плаќање царини и ДДВ, соопштија од Европското обвинителство. Обвинителството на ЕУ вели и додадоа дека на атинското пристаниште е „најголема заплена на контејнери ...
Интересот за мерките за вработување голем, бидејќи оперативниот обем е зголемен за 7,5 милиони евра, односно достигнува околу 40 милиони евра, изјави денеска заменик-министерот за економија и труд Марјан Ристески, за време на посетата на Делчево каде што на средба со претставници со бизнис секторот ја следеше реализацијата на активните мерки за вработување и економски развој за тековната година. Средствата, како што нагласи, се наменети не ...
Утринските часови се најпродуктивни. А кога се споени со совршено подготвен појадок – добивате рецептот за успешен ден. Во AURUM Kitchen & Bar, појадокот е повеќе од оброк – тој е искуство што се памети, и простор што инспирира.Ако барате место за утрински состанок, вип просторија, тишина за работа или едноставно начин да си го започнете денот убаво – AURUM го има сето тоа.На менито ќе најдете внимателно избрани комбинации за енергија и ...
Европската Унија ја лансира Директивата за транспарентност на платите, која ќе стапи на сила во јуни 2026 година, со цел намалување на родовиот јаз во платите и обезбедување целосно објавување на податоците за приходите. И покрај постојната Директива за еднаква плата, разликата во приходите меѓу мажите и жените сè уште изнесува просечно 13%, додека на раководни позиции достигнува дури 45%, што значи дека две жени со исти квалификации и ...
Љубителите на кампување низ Европа кои поседуваат возачка дозвола од Б категорија од 2028 година ќе можат да возат возила со тежина од 4,25 тони. Зголемувањето на носивоста на возилата кои ги возач возачите со оваа дозвола нема да важи за сите, туку само за оние кои го положиле возачкиот испит по 1999 година. Промената е дел од ревидираната Директива на ЕУ за возачки дозволи, усвоена во 2023 година. Земјите-членки имаат 10 години да ги ...