Скопје
7ᴼ /
7ᴼ
Најавите за 100 нови електрични автобуси одамна останаа само предизборно ветување. Кој знае дали на него се сеќава и оној што го даваше. Ама ако е предизборно, речиси е правило за време на мандатот да не се оствари, иако дел од гласачите ги избрале токму тие политичари да ја водат државата, заради токму тоа ветување. За да биде подобро, оти досега јавниот превоз на Скопје само пропаѓаше, го немаше, дури беше сопрен и поради штрајк, првпат во ...
Празникот што го донесоа, (за да го злоупотребуваат) и посетата на Урсула фон дер Лајен, точно се поклопија, како стрелките на шафхаузенот. Покажуваат време на партизирани безбедносни институции; со умисла помилувани “револуционери”; замислени бизнисмени кои чекаат поврат на ДДВ; пратеници кои не знаат зошто повлекле закон, којшто сами го предложиле (јавни набавки); наставници кои учат дека 5% е поголемо од 12%; писмо за ЕУ кое никако да се ...
Идејата за создавање на човечка креација која би поседувала човечки особини не е нова. Со рапидниот развој на науките и на технологијата, почнувајќи од 17 век па наваму, оваа идеја од областа на митологијата и фантазијата преоѓа во сферата на научната фантастика, односно почнуваат да се јавуваат размислувања дека такво нешто е возможно со користење на современата технологија. Развојот на информатичките технологии во периодот после Втората ...
Ристо Никовски Добар беше потегот кога сегашната власт, тогаш опозиција, одлучно го одби бугарскиот диктат, подржан од Брисел, за промена на Уставот. Пораката беше јасна дека таквата политика не може да помине и ја постигна целта. Сега, меѓутоа, ситуацијата е целосно промената. Понудата за уставни промени, иако со одложено дејство, е спротивна на нашите суштински интереси. И да прифати Софија, што е речиси невозможно и незамисливо, одложеното ...
Духовитиот и уште повеќе саркастичниот оксиморон што се појави за време на владеењето на Леонид Брежњев со Советскиот Сојуз – „ние Русите живееме во земја со непредвидливо минато“, повторно стана актуелен во текот на владеењето на Владимир Путин. Во рускиот град Вологда сè е спремно за свечено поставување на споменикот во природна големина на Јосиф Џугашвили Сталин. Гувернерот на Вологдаската област Георги Филмонов го оправдува подигнувањето ...
По добиените материјали од страна на д-р Наташа Давчева на мојот мејл го поставувам следното прашање: Зарем ова е можно (за случувањата на овој Институт за судска медицина и тамошните проблеми, сум водел вонреден инспекциски надзор во период 2017 година) зошто до сега не се надминати и подобриле односите на овој Институт? И читајќи ги сите случувања и патешествија, мобинзи која ги добива од страна на раководителот на Институтот за судска ...
Ако на ваквиот наслов му е можеби потребен дообјаснувачки поднаслов, тогаш тоа може да биде: дали Европа за нас престана да постои? И тоа дефинитивно е дилема наметната после сите случувања со стапувањето на власт на новата коалиција. Иако тие не ја наметнуваат како таква. Ја диригираат други, токму оние разрешени контрабанди барајќи за тоа алиби во некои постапки на новата власт. Коишто, патем, да се појавеа, макар и случајно, во празните ...
Дарко ЈАНЕВСКИ Денес веројатно најголемиот број Македонци знаат зошто 23 октомври е неработен ден. Но, исто така, веројатно најголемиот дел од Македонците не знаат ни збор повеќе за настанот од празникот. Основачи на ВМРО? Можеби некој чул за Христо Татарчев, но најмногу затоа што пред повеќе години во Бугарија негов внук беше јавен обвинител. Иван Хаџи Николов? Кој е тоа? Можеби книжарот, со кого всушност ни почнуваат проблемите околу ...
Доктор Зоран Крстевски во книгата „Програмирање на умот“ предочува методи како да се заштитиме од негативните влијанија, како да постигнеме внатрешен мир, како да ја зајакнеме самодовербата и како да станеме свесни за потенцијалите што ги поседуваме. – Во книгата „Програмирање на умот“ се предочени позитивните методи за справување со стресот и со анксиозноста и се потенцирани начелата за хармонизирање и духовно напредување – вели д-р ...
Денес, битката не е со оружје, ниту пак е за слобода или права, туку пред сѐ е за економски стандард, квалитетен живот и перспектива. Пишува Никола Тодоров Кога пред 131 година, во Солун е поставен темелот на македонската револуционерна борба, Македонците немале своја држава, биле поробени, малтретирани, угнетувани, мачени. Немало друг избор освен македонскиот народ да се фати за оружје и со многу крв и страдање да ја плати цената за ...
Никола Жежов Календарот на празници поврзани со македонската државност и самостојност е краток и се сведува на 4 датуми во временски опсег од август до октомври. Тие 4 празници ја одредиле иднината на македонскиот народ и неговата државност која се движела од федеративен статус до независна држава. Македонските државни празници, четири на број, имаат хронолошко- тематска поврзаност и се надополнуваат помеѓу себе како во никоја друга ...
Среде вестите за забрзано гасење на слободите во Унгарија, примерот на „1%“ открива дека добри законски решенија носат добри резултати и во релативно „непријателска“ околина за независните медиуми. Отсуството на комерцијални, а уште повеќе на „државни“ извори за финансирање за медиуми кои се критички кон власта, ги тера медиумите да се обратат кон своите поддржувачи, кон публиката за помош и овозможување одржливост. Васко ЛАЗАРЕВСКИ* Според ...
Едно е сигурно: вакви хохштаплери и лицемери како Мицко и дружината, досега во Македонија немало! Цели 6 години ширеа хистерија за „национално предавство“, не’ именуваа како „северџани“, се закануваа, пцуеја, бараа линч за Заев, на сите јавни настани вриштеа „никогаш Северна“, за да сега, на Самитот на европските дипломати, најголемиот „антисеверџан“ изјави оти „Преспанскиот договор бил брилијантно ремек-дело на европската дипломатија“. И ...
Секое утро е исто. Бескрајни колони возила, гласни сирени, нервозни возачи, а јас повторно заглавен во сообраќајниот метеж. И утрово не беше ништо поразлично. Стојам заглавен на улицата кај „Кастм паб“, во строгиот центар на Скопје, на само неколку минути до градскиот плоштад. Меѓу сиот тој градски хаос, додека чекав да се вклучи зелено светло на семафорот кај „Палома бјанка“, вниманието ми го привлече еден брутален настан: глутница ...
Премиерот Мицкоски во неколку наврати изминативе недели, бранејќи го македонскиот став и интерес да се избориме за уставни измени со одложено дејство, а за да се спасиме од нови бугарски уцени, го посочи Преспанскиот договор кој СПОРЕД МЕЃУНАРОДНАТА ЗАЕДНИЦА бил „ремек дело“ како основ за ова наше барање, бидејќи и преспа важеше кај нас ПО РАТИФИКАЦИЈАТА во Грција. Иако оваа дипломатски одлична тактика нашата слабост (Преспа) да ја претвориме ...
Сподели Штирнер не спекулира дали живот без државата е можен, туку поаѓа од проверената аксиома дека отпорот против државата е нужен, од живото, искуствено сознание дека самосвесниот поединец тежнее да си го земе назад она што му припаѓа како негова сопственост, да го потчини Општото, кое произлегува од него, наместо да биде потчинет од него. Според него, дури тогаш, кога Општото ќе му служи на поединецот како средство, наместо да го ...
Во последните неколку години политичкиот говор во земјава сѐ повеќе ги засилува поларизацијата и поделбите во општеството. Toj се покажува како лесно средство за мобилизација и експлоатација на одредени групи во политички цели, а партиите го користат како „легитимно средство“ во борбата за власт. Жените и родовите малцинства често се наоѓаат на мета на дискриминаторски и насилен јазик што го опструира и потиснува нивното учество во ...
Почитувани читатели, денешнава колумна која вообичаено ја посветувам на стечајот на Еуростандард банка, ќе ја искористам да ја напишам сопствената биографија, својот животен пат, за да ја доближам до јавноста суштината за мене како човек, родител и родољуб. Ме поттикнаа оние т.н. ,,сезнајковци” ( озборувачи без аргументи) кои што поради моето перманентно присуство на социјалните мрежи, последните 4 години, си даваат за право да ме ...
На крајот од предизборната кампања во Бугарија, станува јасно дека има две конкретни идеи за владеење по изборите, кои пробно може да се наречат „план ПП-ДБ“ и „план Пеевски“. Инаку, сите други се колнат дека ќе формираат влада, но без да прецизираат како ќе се случи тоа. Како и на последните шест избори, Бојко Борисов е прв меѓу оние кои колнат, но засега само стана јасно дека не му се допаѓа „планот ПП-ДБ“. Логичарите би рекле дека штом го ...
Страшо АНГЕЛОВСКИ Врз тезите во статијата “Судир на цивилизации“, објавенa во 1993-та, Семјуел Хантингтон ја пишува монографијата “Судир на цивилизациите и осмислување на светскиот поредок“ (The Clash of Civilizations and the Remaking of World Order) во 1996 година, во која предвидува судир на различни цивилизации внатре во западните општества. Имено, тој предвидува судири внатре, во западноевропските држави, меѓу тамошното ...
Во август 2021 година, Кристијан Шмит ја презеде функцијата висок претставник во Босна и Херцеговина и оттогаш практично континуирано создава конфузија, во веќе збунетиот и шизофреничен политички контекст на Босна и Херцеговина. Шмит беше назначен на таа функција во моментот кога високиот претставник во заминување Валентин Инцко наметна закон со кој се забранува негирање и глорификација на злосторствата и геноцидот, оставајќи зад себе правен ...
м-р Нермин Теловска 22 Октомври е меѓународен ден посветен на зголемување на јавната свест за пелтечењето и се одбележува во светски рамки. Според Меѓународната статистичка класификација на болести и поврзани здравствени проблеми, пелтечењето (или тептавење) е дефинирано или опишано како: „Говорење што се карактеризира со чести повторувања или продолжувања на гласови, слогови или зборови, или со чести колебања или паузи со што го нарушуваат ...
Катерина Блажевска И на деновите на тетовскиот грав и компирот од Вејце им најдоа „мана“. Одредени медиуми народната песна „Распукала Шар Планина“ ја претставија како „националистичка“. Прочуениот квалитетен компир од Вејце се вари за 15 минути и е исклучително вкусен. Медиумските дезинформации тешко се варат, но лесно се пласираат – без факти и професионална одговорност. Ова го покажа односот на одредени медиуми кон фолклорниот дел од ...
Денко Малески Некои луѓе никако да разберат дека секој има право на свое мислење но не и на свои факти. Германската министерка за надворешни работи Бербок го споделува своето мислење со македонскиот министер велејќи дека треба да се исклучи ветото од процесот на одлучување за прием во ЕУ но дека тоа не го менува фактот дека ветото постои денес. Потоа советува на едногласноста во одлучувањето во ЕУ да не гледаме како на неправда туку како на ...
За секој кој ја следи македонската политика, не е вест дека политичките опонентии не се сакаат. Не само штo не се сакаат, се мразат без да можат да го прикријат презирот еден кон друг. Со години гледаме ниска точка во нашиот национален дискурс, што е кристализација на трендот што долго се развиваше: омразата кон спротивната страна. Ова не е ништо ново. Сепак, ова ниво на омраза – кое политиколозите го нарекуваат „негативна партизација“ – ...
Добивај вести на Viber Во Русија со нетрпение го очекуваат самитот на БРИКС во Казањ, главниот град на Татарстан. Во прв ред да се покаже дека, еве, домаќинот, рускиот претседател, Владимир Путин не е во изолација од светот и ќе угости дваесетина лидери од речиси сите континенти, а не помалку и да се види што се’ Русија има подготвила на гостите за продолжување на растот на БРИКС и решеноста за менување на светот. Самитот ќе се одржи од утре ...
Информациите за успесите на намалувањето на инфлацијата се мошне нејасни за обичниот граѓанин. Власта, намалувањето на општиот пораст на цените си го припишува на своја сметка, иако таа има најмала заслуга за тоа, освен што воведува некакви ограничувања на маржите што е неекономска мерка, која секогаш „пука“ кога компресијата ќе ги достигне максималните вредности. Граѓаните, и да ги прочитаат овие податоци, никако не им се совпаѓаат со ...
А нашава влада место да се усериози, да порасне, да го совлада детското воодушевување од моќта на власта што ја има, само парадира и бара изговори за тоа што треба да го сработи, а не знае како. Не е лесно да се води држава. А, бе малку достоинство се бара. Нема квичење. Никој не ги притиска, народот е кроток, нема протести, демонстрации, стрплив е, има разбирање за проблемите. Ама секојдневната изненаденост од „состојбите што ги нашле од ...
Сето она што на територијата на Република Македонија ние како резиденти, вклучително и странските инвеститори и други нерезиденти кои обавуваат некаква дејност, создаваме во вид на стоки и услуги за финална потрошувачка, во текот на една година, се нарекува Бруто домашен производ (БДП). Тој е извор за нашата лична потрошувачка, инвестициите на јавниот и приватниот сектор, јавната потрошувачка и нето извозот (извоз минус увоз). Некако природно ...
По една денешна, според мене, мошне „несреќна” објава на социјалната мрежа Фејсбук, дека во Зоолошката градина во Скопје е најдена „смртоносна бактерија птичји грип”, дека „зоолошката градина е затворена”, а „посетителите биле евакуирани”, „инспекторите влезени”… за да заврши со замолница „посетителите и колегите да се провереле”, секој обичен граѓанин не би можел да остане рамнодушен! Масло на огнот долеа соопштението на менаџментот на ...