Скопје
11ᴼ /
11ᴼ
Ова нешто што се случи со Македонија во последните седум години никој не знае како да го нарече. Деспотизам? Мек државен удар? Хибриден режим? Политички абсурд? Се обидувам да најдам зборови за седумгодишното владеење на Заев и неговите „држалотворни“. И, само еден збор има моќ да го опише овој срамен период на нашата историја. Предавство. Предавство на нашата нација. Сега кога гледаме како изгледа крајот на социјалдемократите и пустошот што ...
„Градот убав пак ќе никне…“ И, никна, се разграни, се расцвета… Само до кога? До 2014 година. Годината кога му се смени личниот опис на Скопје, кога дојдоа „диви, избркаа питоми“. Чинам окупаторите во Втората светска војна не го повредија толку, не го изобличија, не го смачкаа Скопје како што тоа со еден „блиц криг“ преку ноќ го направи Груевски со неговата тајфа. А, скопјани заспани! Пишува: Ана ПАНОВСКА Кутро мое Скопје. Денес нема кој да ...
Законот на негативна енергија предизвикува многу од луѓето да живеат со симптом на недостиг и да бидат незадоволни од тоа што го имаат. Чувствуваат дека не им е доволна љубовта што ја добиваат, дека немаат доволно пари, дека не се доволно убави, паметни, исполнети итн. Таквата перцепција ги прави незадоволни од самите себе, предизвикувајќи им да живеат со законот на отпорот, со ниско ниво на самодоверба и со негативна ориентација кон нештата. ...
Трите статус кво клана СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ со народот правеа пичвајз. Ама, нели е во право и кога греши, како што глаголеше првиот политички премиер, народот почна од кримоси да прави власт. Таа и таква власт се вдаваа како рој скакулци и ја таманеа Македонија. Планот и одлуката за концентрација на политичка и економска моќ беше донесена во средината на 1990-те на „тајната вечера“ во владината вила во Охрид. Пишува: Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ ...
Национализмот, на пример, е фалсификат – колективизам (дури е и антитеза на претпоставениот вид на колективизам), бидејќи, енкапсулирајќи го колективот преку пропишување на етничноста / националноста, автоматски му го одзема фокусот од системот за вмрежување на колективот, сосе смислата на националната причина за колективизирање – социјалната. Емилија ЦЕЛАКОСКА На една приредба, гледам, децата се редат во форми на цифри. Се сеќавам дека во ...
Поранешниот министер за надворешни работи и порано зборуваше за ужасниот исход на разговорите на Груевски со Клинтон и Бајден и предлогот „Република Горна Македонија“. Еве повеќе детали за нив. Пишува Љупчо Поповски Поранешниот министер за надворешни работи, Антонио Милошоски, минатата недела посредно навести дека Македонија пропуштила голема можност да направи добар договор за името во 2011 година. При гостувањето на Милошоски во поткастот ...
Истражувањата покажуваат дека децата што посетуваат градинка постигнуваат подобри резултати во основното и средното образование. Градинката им помага на децата да развијат дисциплина, фокус и рутина, што е основа за академски успех. Децата учат како да споделуваат, соработуваат, комуницираат и решаваат конфликти што е особено важно за градење самодоверба и емпатија. Раното групно образование ги подготвува децата за работа во тимови и следење ...
Кога на почетокот од август Русите ме информираа дека во Скопје доаѓа заменик-министерот за надворешни работи, Виталиј Чуркин, со, како што најавија, носи порака, не знаев дека ја носи одлуката за признавање на Македонија од страна на Русија, која, на инсистирање на бугарскиот претседател Жељу Желев, ја донел Јелцин при посетата на Софија. Тоа беше важен момент во историјата на новата македонска држава. Пишува: Денко МАЛЕСКИ (Белешки од ...
Во Данска се разбрануваа духовите кога од сите државни институции беше побарано да ги избројат јарболите (flagstænger, на дански) пред неколку години. На социјалните мрежи случајот дури доби и име: „Flagstangs-gate“, со алузија на прочуената афера Вотергејт. За многумина било чудно дека од државните органи, од оружените сили и од универзитетите во земјата одеднаш било побарано да го пријават бројот на државните јарболи? Набрзо потоа, сепак, ...
Рена никогаш не знаела штрајк во Грција а таа да не го поддржува, никогаш не пропуштила митинг што нашата партија го поддржа. Но, во средата, на митингот по повод реткиот национален генерален штрајк, Рена не беше таму. Загрижен, ѝ се јавив. Не, ништо не се случило. „Едноставно не можам да си дозволам да изгубам еднодневна плата, не оваа недела“, рече таа, извинувајќи се. Откако го изгуби својот стан минатата година од фонд за мршојадци – ...
Изминатиов вторник се навршија 1.000 денови од руската инвазија врз Украина. Меѓународно-правно нелегитимниот напад од страна на Русија, ја предизвика солидарноста на членките на НАТО, но и некој други држави, отворено да застанат на страната на Украина. На површината излегоа сите можни предизвици со кои се соочува човештвото, но и длабоката поделба помеѓу глобалниот Север и глобалниот Југ. Поделба која најјасно се гледа во завршниот документ ...
Често зборуваме дека имаме добри стратешки и плански документи, како и добри закони, кои имаат слаба имплементација. Констатацијата за слабата имплементација е точна, но сепак, не може да се каже дека сите стратешки документи се многу добри. Ова е случај и со Стратегијата за регионален развој на државата за периодот 2021 – 2031 година, која има бројни недостатоци. Најпрвин да напоменам дека оваа Стратегија е усвоена на само неколку месеци ...
Ретко каде еуфоријата по победата на Доналд Трамп во трката за 47. претседател на Соединетите Држави, надвор од САД, беше толку голема како во Белград и во Бања Лука. Во Белград осамнаа билборди со слика на Трамп и текст: „Честитамо Трампе Србине!“, а медиумите во Србија, меѓу другите, ги објавија и следните наслови: „Вучиќ, првиот европски лидер што му ја честита победата на Трамп: Заедно се соочуваме со сериозни предизвици што се пред нас“ ...
Конечно поместување на нештата од мртва точка каде што беше заглавен договорот со Бехтел и Енка. Истиот беше потпишан, пари се исплаќаа, но освен помпезни најави, апсолутно ништо не се мрдна цели година и пол, поради неажурност на претходната Влада. Во изминатите четири месеци со многу залагање и макотрпна работа нештата се помрднаа и работите започнуваат со турбо темпо. Главната мака, експропријација на оваа траса е готова, а за сите ...
Добро е. Чинам дека на ниво на фактографија некако се разбравме со земјоделскиот комбинат „Пелагонија“ и со неговиот доминантен сопственик Цветан Панделевски, со кого се познавам најмалку 30 години. Плусинфо го објави демантот на „Пелагонија“, ја повлече спорната објава и ги прецизираше информациите поврзани со предлогот на „Бетон“ од Штип да се поведе стечајна постапка за комбинатот. Кого го интересираат деталите за оваа наша преписка, тука ...
Исклучителниот филм „Зона од посебен интерес“ (The Zone of Interest) минатата година заслужено се накити со сите најпрестижни филмски признанија. Моќното уметничко дело на режисерот Џонатан Глејзер, бегло инспирирано од истоимениот роман на Мартин Ејмис, со неверојатна филмска акрибија го слика секојдневниот живот на семејството на Рудолф Хес, командантот на концентрациониот логор Аушвиц од мај 1940 до ноември 1943, и повторно од мај 1944 до ...
Ламбе Арнаудов Сé е полесно кога пријателите се тука. Пријателството е дар Господов и претставува флуиден и двонасочен однос со строго изразена лојалност и почитување од двете страни и јасно засекогаш потврдена верност. Пријателството, ги достигнува највисоките дострели, тогаш кога е воспоставено помеѓу, од една страна политичарите, водачите, народните трибуни и лидери, со еден збор власта, а од другата страна, народот. Од тука, секоја ...
Никола Жежов Македонија, есен, 2024-то Лето Господово. Студени и дождливи ноемвриски денови во главниот град на Македонија. Темни облаци се надвиснати над Скопје. Граѓаните на метрополата го живеат своето секојдневие исполнето со редовните работни обврски. Дождливото есенско време влијае врз расположението на луѓето и во долгите ноќи, во паузата помеѓу омилените телевизиски емисии, можеби понекој и ќе се сети на некои настани од поблиската ...
Ристо Никовски Веќе може да се оцени дека Владата ја враќа надежта. Отворени се многу фронтови и постигнати првични резултати, ама и очекувањата се огромни. Државата беше во голем хаос. Ништо не функционираше и насекаде имаше масовни злоупотреби и криминал. Катастрофа од општ карактер. Предизвици, меѓутоа, има премногу и приоритетите мора да се селектираат на многу внимателен начин. Борбата против криминалот и корупцијата е секако еден од ...
Петар Поп-Арсов Реизборот на Доналд Трамп за нов американски претседател очекувано наиде на бројни реакции ширум светот. Тоа се реакции со исклучително широк спектар кои одат од силно спротивставување и негодување, па се до фанатична поддршка, зачинета со надреален ентузијазам. Тоа беше сосема очекувано сценарио имајќи ја на ум сѐ поголемата поделеност која што е присутна во светот по многу основи, независно од политичките граници со кои ...
За службеноста на албанскиот (и турскиот) јазик низ нејугословенска призма Употребата на јазиците не е новост во историскиот развој на нашата уставност и тоа не е партиско прашање. За почеток, да се согласиме со констатацијата на Мицкоски од Приштина дека (парафразирано) „политичари без понуда отвораат етнички теми“. Со неа потврди дека ВМРО-ДПМНЕ зборуваше за „јазична федерализација“ паралелно со „бугарски диктат“ – за југословенско Скопје ...
Лидија Топузовска Најважно е прво да се расчисти сиот расфрлен отпад по автопатите и градовите, особено во туристичките места и главниот град на државата, бидејќи кога се канат гостите дома најпрво се чисти. Повод за овој текст е иницијативата на Владата да се интегрираат културата и туризмот во едно министерство, што сметам дека е одлична иницијатива која се надевам ќе овозможи подобра интеграција и координираност во двата сектори, кои се ...
Два пати едноподруго за изборот на Радмила Шекеринска за заменик генерален секретар на НАТО. Да не е тоа малце многу. И да и не… Вчера пишував за значењето на ова несомнено историско достигнување на еден македонски политичар на меѓшународен план и посебно за значењето на фактот што владата на Христијан Мицкоски ја поддржала кандидатурата на Шеќеринска. Шеќеринска во НАТО, или – македонски час по државничка зрелост и политичка култура Но, овој ...
Изборот на Радмила Шекеринска за заменик на генералниот секретар на НАТО не е само добра вест за Македонија, туку и важна порака за нас, за соседите и за ЕУ. Со нејзиниот избор на земјава ѝ се оддава признание за сѐ што направи на трнливиот пат кон членството во алијансата. Шекеринска како министер за одбрана понесе голем товар во процесот на уривањето на пречките и опструкциите на тој пат. Беше грубо нападната од „уставобранителите“ кои ...
Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп е решен да води значително поинаква американска политика, која по вторпат започнува на 20 јануари во 2025 година. Уште додека траеше кампањата, тој најави дека ќе дојде до големи промени во областа на трговијата на земјата. Тоа не треба да зачудува ако се знае дека Трамп пред сè е „трговец“. Другите важни теми се однесуваат на војната во Украина, промените во областа на царините и секако, ...
Се виде дека кредитните услови и цената на кредитот не ѝ се јасни ни на самата власт, која се задолжува со милијарда евра од една држава, а не од некоја меѓународна финансиска институција, што влегува во политичката сфера на односи и ја мати дури и водата во која сме запливале, односно усогласувањето со банкарската регулатива и начин на работа со европскиот. Власта на големи ѕвона се пофали дека каматата на тој кредит ќе изнесува 3,25%, но ...
На едната страна е Радмила Шекеринска, заменик генерален секретар на НАТО и потпретседател на Партијата на европските социјалисти. На другата страна Христијан Мицкоски, премиер и претседател на ВМРО-ДПМНЕ. После денешното назначување за втор човек на НАТО, Радмила на социјалната платформа „Х“ ќе напише: „Посветена сум на работата со сите сојузници кон уште посилна и побезбедна Алијанса“. Мицко, пак, по повод Меѓународниот ден на студентите, ...
Живееме во време во кое секојдневно секој од нас е бомбардиран со информации од сите страни. Социјалните мрежи, сајтовите и интернет комуникацијата направија не само да бидеме подложни на притисокот од мас информирањето, туку и истото да влијае врз одредени ставови, тенденции и видувања кај обичниот човек. До пред само 30 години се’ се сведуваше на два три дневни весници, кои за да бидеш информиран требаше да ги купиш, радио се слушаше или ...
Бугарските медиуми со неверица и со видливо разочарување, а некои и со кисели и зајадливи коментари, ја дочекаа одлуката на Брисел заменичка на генералниот секретар на НАТО Марк Руте да биде Радмила Шеќеринска од Македонија. На Бугарите никако не им влегува во глава како тоа Руте се определил за „поранешната“ македонска министерка, наспроти бугарската фаворитка Марија Габриел, која наводно имала многу посилни референци од Шеќеринска. Ништо не ...
Оние кои ја паметат Јосипа Лисац сигурно се сеќаваат и на нејзиниот хит „Магла“: магла, магла, секаде околу нас, од далечината одвај чујно допира твојот глас. И кога и да ја слушнам, ме асоцира на Македонија и нејзиниве три децеии „демократски развој“, на „бранителите“ на таа „демократија“ и продавачите на таа демократска магла, на уставобранителите, евробранителите, бранителите на западните и нато „вредности“… и уште едно чудо такви ...