Обрачот околу мигрантите со нерегулиран статус во Европа сѐ повеќе се стега. Законот за обврска за информирање и пријавување на азиланти и мигранти без довола за престој во Шведска, наречен од страна на критичарите „кодошки закон“, кој го предложи конзервативната влада, поддржана од екстрмно десничарската партија Шведски демократи, се очекува да биде усвоен во Парламентот-Риксдаг веќе на почетокот на 2025 година. Околу овој контроверзен ...

Многупати на овие страници сме тврделе дека парламентарните избори во Македонија, сета таа борба, сите тие пароли и ветувања, сета таа енергија и пари се влог за освојување на државниот буџет. Значи, целта е да се освои буџетот, паролите и ветувањата се само средство. Буџетот може да се прогласи како еден сладок десерт, подготвен од сите нас, од кој секој што може лапа, а ретко кој одговарал за тоа што се прејал. Ова можеме да го потврдиме со ...

Знам дека се повторувам секој 29 ноември пишувајќи за Југославија, мајката на македонската република, родилката што им вдахна живот и слобода да израснат и замавтаат со крилјата и на македонската нација и на македонскиот јазик и култура. Сосем ми е јасна залудноста и на овој ламент, зашто тие што ќе го читаат веќе ги знаат вистините што упорно ги повторувам заглушен од меќавата од лаги што со децении владее во јавниот простор, а тие што не ги ...

29/11/2024 09:28 - Либертас

Почитувани читатели, ќе ми дозволите да ги споделам со вас сеќавањата од моето рано детство, кога се стекнав со основните животни принципи, дека само со работа и посветеност може да се стигне до посакуваната цел. Од најраното детство, паралелно со растењето растеше и мојата поврзаност со куќата и семејството. Растев во куќата на моите, веќе починати, тетин Кочо и тетка Катерина-Тинка Стојменови од Гевгелија. Жешките лета, типични за климата ...

Се чини српско-македонските односи се движат во нагорна линија. Минатонеделната посета на премиерот Мицкоски на Бeлград резултираше со средби со српскиот претседател, но и со премиерот. Ова е втора средба на двајцата премиери за период од месец дена. Теми на разговор биле инфраструктурните проекти, посебно коридорот 10 и конекторското поврзување на Србија со гас, кој преку Македонија би доаѓал од Грција. Големи проекти, посебно за Македонија! ...

Јованка КЕПЕСКА Немало нации во времето на св. Кирил и Методиј и на св. Климент и Наум па не може од тој агол да се гледа македонската идентификација, е ставот на еден историчар и на некои претставници од други научни профили. Се поставува прашањето: ако немало нации, што е точно, зошто се приоѓа од тој агол на гледање за македонската идентификација во времето на св. Кирил и Методиј и на св. Климент и Наум. Што, истовремено, создава нејасен ...

Насловот на овој текст е слободна парафраза на името на филмот на Стенли Кјубрик од 1964 година – „Д-р Стрејнџлав или: Како научив да престанам да се грижам и ја засакав бомбата“. Приказната во оваа црна комедија, која е политичка сатира на најжешките моменти од Студената војна (како Кубанската криза), се однесува на еден непоколеблив генерал на воздухопловните сили на САД кој наредува превентивен нуклеарен напад врз Советскиот Сојуз. Филмот ...

Повеќе пати се обидувам да аргументирам колку е непотребно и дека со негативни конотации е употребата на терминот т.н. македонско прашање. Па кога тоа и понатаму не излегува и од устата и од текстовите на нашите најеминентни научници и најекспонирани политичари, кои сакале или не влијаат на оформување на општествената клима, на развојот и стабилноста на нашата држава, еве да го образложам моето спротивставување од неговата употреба. ...

Ристо Никовски Живееме во турболентни (не)времиња. По распадот на СССР, сите мислеа дека настапува долг период на општа безбедност, меѓународна соработка и развој. Фукујама гледаше дури и некаков крај на историјата. Ништо од сето тоа. Прашање е само дали војните по распадот на Југославија, беа зачетникот на распадот на светската идила, за некаква коегзистенција? Чекор, по чекор, светот почна да оди прудолу и никој не се ни обидуваше тоа да го ...

Сте се прашале ли зошто Македонците во својата севкупна национална историја последни во Европа добиле држава? Го употребувам грубиот израз ДОБИЛЕ наместо СЕ ИЗБОРИЛЕ затоа што единствениот период кога сме се бореле за своето е краток, но и најсветол момент од македонската понова историја – Народноослободителната војна од 1941 до 1945 година. Освен тој период, низ нашата историја не можеме да најдеме збор борба, ниту можеме да најдеме еден ...

Помина точно една година од убиството на 14-годишната Вања, а се уште не мачи помислата како некој воопшто можел да впери пиштол и да пука во невино девојче. Не дека е полесно да се разбере убиство на повозрасен маж, во случајот на Панче, но зошто да посегнат по животот на дете кое воопшто не го познавале? И тоа не да биде убиено при несреќен случај или некаква афектна состојба, туку со целосно сценарио, од грабнување, со врзување на рацете и ...

Кога освоив награда на натпреварот Ludi Juveniles во 1942 година (отворен конкурс задолжителен за млади италијански фашисти – односно за сите млади Италијанци), имав десет години. Со реторичка виртуозност се осврнав на темата: „Дали треба да гинеме за славата на Мусолини и бесмртната судбина на Италија?“ Мојот одговор беше потврден. Бев бистро момче. Потоа во 1943 година го открив значењето на зборот „слобода“. Таа приказна ќе ја раскажам на ...

Крај на колумната Се замолува Младен Чадиковски сега да оди на состанок кај Живко Мукаетов и Дуле Големиот и да им објасни дека ова се’ што го зборува Виктор Грозданов е така, ама не е баш така. А, Виктор Грозданов заедно со Антони Пешев, и тоа со документи, не на памет, само докажуваат дека измените во законот за животна средина кои ги презентирав носат само бркање на 100.000 работници на улица и пренос на целиот бизнис во соседните држави, ...

Да потрошиш, буквално, цели 11 минути во централните вести на една национална телевизија на „конгрес“ на сдсм (малите букви се… знаете веќе што) којшто ефективно не траел повеќе од половина час и на којшто се избрани само Централен одбор и заменик претседателка (од која не слушнавме ни збор!), а притоа најважната светска вест за Самитот за климатските промени да добие само 4-5 минути на крајот на вестите, е чиста бласфемија и врв на ...

Не знам зошто, ама цело време додека ги следев вестите од кралско-премиерската посета на Самоа, на памет ми доаѓаше онаа реплика од филмот „Џери Мекгваер“, каде што Том Круз, во обид да го задржи како спортски клиент Буба Гулдинг, е натеран по телефон да вика сè погласно и погласно „покажи ми ги парите“ или „да ги видам парите“. Можеби поради мојата бујна фантазија (семејно докажано) или поради тоа што голем број земји на самитот на ...

На секои десет минути убиена е по една жена. Секој ден, 140 жени и девојчиња ширум светот ги губат своите животи од рацете на својот партнер или од член на своето семејство. Само во 2023 година, 85.000 жени и девојчиња биле намерно убиени. Ова не се статистики без идентитет – тоа се жени и девојчиња кои го живеат својот живот, ќерки, сестри, мајки и пријателки; активни членки на нашите заедници чии напори ги изградија и беа дел од грижата за ...

Путин и Медведев добиваат доза од својот „лек“: спремност на Америка и нејзините сојузници, барем на зборови, да употребат нуклеарно оружје, ако треба. Кога почна инвазијата на Украина, двајцата руски политичари, му упатија порака на Западот дека ако интервенираат во процесот на распарчување на соседот, Русија ќе одговори со нуклеарно оружје. Сега, кога Русија бара да запре испораката на ракети со долг достре, Западот одговара дека и натаму ...

Зошто Македонија да мрдне напред и да се обиде да се извади од тињата во која е? Зошто? Па, толку ни беше убаво цели седум години заглавени во кал до гуша… море и преку глава. Ниту нешто се градеше, ниту некаде се инвестираше. Се крадеше на едро, што би рекле нашите источни соседи. Седум години ниту еден сантиметар автопат, на пример. Се плаќаа милионски суми евра за обврските кои тајно ги договори владата на СДСМ предводена од Димитар ...

Во Данска се разбрануваа духовите кога од сите државни институции беше побарано да ги избројат јарболите (flagstænger, на дански) пред неколку години. На социјалните мрежи случајот дури доби и име: „Flagstangs-gate“, со алузија на прочуената афера Вотергејт. За многумина било чудно дека од државните органи, од оружените сили и од универзитетите во земјата одеднаш било побарано да го пријават бројот на државните јарболи? Набрзо потоа, сепак, ...

Вистински потег е да кажете браво Шекеринска, честито, фала што сѐ имаш направено, што правиш за оваа земја. Затоа што именувањето за заменичка на генералниот секретар на НАТО не е само нејзино влегување во историјата, туку и создавање на една голема историја на оваа мала земја, изгубена и пропадната во корупција, алчност и уништени соништа. Македонците се бескрајно гневен народ, памтат и говорат само за неправди, секогаш се гледаат како ...

Во опширниот говор на годинешниот состанок на дебатниот клуб „Валдај“ во ноември, рускиот претседател Владимир Путин се обиде да ја изнесе својата визија на светот. Говорејќи за глобалното „малцинство“, која ги гуши амбициите на „малцинството“, тој сакаше да поверуваме дека Русија ѝ припаѓа на другата група. Сепак, кога оваа есен на Самитот на ОН, Русија проба да го наруши усвојувањето на завршното соопштение за иднината, земјите од ...

На 12 ноември напишав колумна за годишниот самит за климатски промени (СОР29) во која последната реченица гласи: „Иако конференцијата треба да трае до 22 ноември, вообичаено како во минатите години да се продолжи за еден до два дена заради усогласувања на различните ставови и барања, се прават компромиси за да се донесат заеднички заклучоци. Дали во во нив ќе има надеж или нова неизвесност ќе видиме по завршетокот на овој многу значаен ...

Редно е македонската јавност да слушне објаснувања, а веројатно и извинувања, од актерите на една многу грда приказна од нашата понова политичка историја, за која до скоро се шепотеше со половина уста, но сега веќе се зборува отворено и јавно. Во едно цивилизирано и демократско општество, какво што Македонија сака да биде, ваквите скандали мора да завршуваат со преземање морална, политичка, а кога е тоа неопходно и – законска одговорност. ...

Здружението ИКУАЛИТИ на 22 ноември успешно го спроведе и Четвртиот менторски форум за млади лидери од Општина Куманово, од вкупно пет менторски форуми, во рамки на проектот „Зен 2.0 Караван – Млади лидери на заедниците”. (Скопје, 25.11.2024) Млади лидери учествуваа во рамки на 4-от менторски младински форум во рамки на проектот Зен 2.0 Караван, организиран од Здружението Икуалити. На форумот земааа учество 7 лица на возраст од 16 до 24 ...

Според истражувањето на Националниот демократски институт (НДИ), во првата половина на 2024 година биле идентификувани 3.380 коментари со сексистички говор против жените во политиката, што е изразено особено во периодот пред изборите. Проблемот се влошува поради недостаток на соодветната регулација на гореспоменатите социјални платформи, кои честопати не успеваат ефективно да ги адресираат тековните прекршувања што се случуваат врз жените во ...

Страшо АНГЕЛОВСКИ На прв поглед насловот на текстов изгледа шеговито и неповрзано. За жал, станува збор за премногу сериозен момент во кој, како во режирана едночинка, живееме, а, во едночинката, главни јунаци се Рада (Радмила Шеќеринска), Биби (Бенјамин Нетанјаху), Џо (сенилниот Џозеф Бајден, претседател на САД во заминување), НАТО (првично замислена како воена организација за окупација на Германија) и, “Орешник“, “лешник“, на македонски ...

„Нема претерување во тврдењето дека ако во милениумот во кој зачекоруваме, нашава цивилизација биде уништена, тоа, најверојатно, нема да биде резултат на ненадејна епидемија или драматичен недостиг на храна, како што бил случај во претходни времиња, туку на погрешно водена надворешна политика. Имено, опстанокот на човештвото, во голема мерка, ќе зависи од поведението на државите . Ќе зависи, меѓу другото, од тоа како тие ќе ги решаваат ...

Пишува: Весна ЌИРАЏИЕВА Актуелните политички елити, кои претендираат или практикуваат власт, имаат доверба од четири години и во овој кус временски распон мора практично да работат, бидејќи го немаат луксузот на филозофите, професорите и демагозите за да експериментираат со теории за поделба на моќта на половите и нивното влијание врз Македонија за 500-1.000 години од денес. Актуелни политички елити, кои претендираат или практикуваат власт, ...

Високото образование во нашата држава, кое е на многу ниско ниво на познатата Шангајска листа се соочува со опасни предизвици. Надвор од образовните кабинети, оние кои се во удобните министерски фотелји и нивните тимови со огромна леснотија пуштаат во оптек интересни информации и планови. Како на пример, информација дека има листа на факултети кои ќе се затворат и тоа од највисокото тело – Националното координативно тело за реформи на ...

Победата на Доналд Трамп отвора простор за расправа на неколку подрачја: економско, политичко и културолошко. Откако поминаа неколку денови од американските избори, па слегнаа впечатоците, се врежа мислењето што постојано се повторува, дека за победата на контроверзниот републикански кандидат била клучна економијата. Слоганот „It’s economy, stupid“ е уште од 1992 година, а со него сега на едноставен начин се објаснува што, всушност, се ...

weather icon

Скопје

11ᴼ / 11ᴼ
1.54
82%
1005
weather icon

Белград

10ᴼ / 9ᴼ
1.54
82%
1006
weather icon

Загреб

11ᴼ / 10ᴼ
0.51
80%
1006
weather icon

Софија

7ᴼ / 5ᴼ
2.57
86%
1006
weather icon

Сараево

6ᴼ / 6ᴼ
1.39
93%
1006
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 7ᴼ
2.57
96%
1006
weather icon

Атина

17ᴼ / 15ᴼ
3.09
66%
1006
weather icon

Тирана

14ᴼ / 14ᴼ
3.09
63%
1008
weather icon

Подгорица

10ᴼ / 10ᴼ
0.51
93%
1008
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 5ᴼ
4.63
86%
1004
weather icon

Будимпешта

7ᴼ / 6ᴼ
4.12
82%
1005
weather icon

Истанбул

12ᴼ / 10ᴼ
2.57
75%
1006
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Злато

159231.39

Платина

67162.91

Цинк

3.25

Калај

46.91

Родиум

336779.07

Рутениум

45750.51

Алуминиум

3.03

Кобалт

64.04

Паладиум

546.56

Сребро

2460.50

Иридиум

221848.72

Бакар

11.69