Кошаркарите на ТФТ Скопје ja продолжуваат победничката серија во Суперлигата, откако славеа огромен триумф над Чаир 2030 со конечни 111-91 во натпреварот од четиринаесеттото коло. Проследивме многу ефикасен натпревар, а тоа се потврди и по првото полувреме, кое домашниот тим го доби со резултат 59-55. Слична слика видовме и во следните две четвртини, но ТФТ беше екипата што го направи конкретниот исчекор кон победата. Чаирчани се распаднаа ...

Само два дена по настапот во АБА2 лигата, денеска ТФТ во крајно невообичаен “утрински“ термин од 12 часот, во меч од 14.коло во нашата елитна лига, успеа да дојде до победа против составот на Чаир. На крајот резултатот гласеше 111:91 за големиот фаворит на овој натпревар кој се одигра во салата во Маџари. Гордон со 25 и Ташовски со 22 поени се истакнаа кај домашните, додека Стардивант кај тимот на Чаир запиша 24 поени. Треба да се каже дека ...

Во еден од најефикасните натпревари во досегашниот дел од сезоната, кошаркарите на ТФТ дојдоа до уште една победа овојпат против Чаир 2030 со 111-91. „Црно-белите“ имаа постојана резултатска предност, но потврдата за новиот успех ја дадоа во последните десет минути, во кои направија недостижна предност за гостите од Чаир. Џастин Гордон беше прв стрелец во екипата од Тафталиџе со 25 поени. Три помалку реализираше репрезентативецот Ташовски, ...

Кошаркарите на ТФТ ја оправдаа фаворитската улога и забележаа убедлива победа против Чаир во натпреварот од 14. коло на Суперлигата. Тимот од Тафталиџе славеше со 111-91 и без поголеми проблеми стигна до нов триумф во домашното првенство. Домаќините уште во првата четвртина покажаа дека нема да дозволат изненадување, создавајќи двоцифрена предност и контрола врз играта. Иако Чаир успеа делумно да се врати во вториот период, на полувреме ТФТ ...

Кошаркарите на ТФТ ја потврдија фаворитската улога во дуелот со Чаир Во последниот натпревар од 14.коло на Супер лигата, вицепрвакот ТФТ со 111-91 го совладаа Чаир. Дека фаворитот од Тафталиџе нема да дозволи изненадување, потврди уште во првиот квартал. ТФТ имаше двоцифрена предност, а го доби периодот со шест разлика. Само еден поен надополни Чаир во вториот период, па на одмор ТФТ замина со предност од 59-54. Гордон со 24 и Ташковски со 22 ...