Нови средби меѓу премиерот Христијан Мицкоски со коалициските партнери деновиве а до крајот на неделата и финална одлука за тоа кој од владините функционери ќе остане во Владата а кој ќе биде сменет. Ова е планот на премиерот Христијан Мицкоски за тоа што ќе донесе долгонајавуваната владина реконструкција по првичните средби со лидерите од ЗНАМ и Вреди. Не исклучи и промена на ресорите. ТОНСКО Христијан Мицкоски, премиер 02591 14 18 - 14 41 ...
Размена на ресори меѓу коалициските партнери најверојатно ќе има во најавената владина реконструкција. По викенд средбите на премиерот со претставниците на ВРЕДИ и ЗНАМ, Мицкоски рече дека постои и таква опција. Рече дека средбите поминале во конструктивен амбиент, но рече дека тука не бил крајот на разговорите во владината коалиција. „Ќе имаме сега во текот на оваа недела повторно средби. Јас очекувам тоа да бидат завршни. Во текот на ...
Опозициската СДСМ реагира дека најавената реконструкција на Владата претставува, како што велат, козметичка промена без суштински политички или кадровски реформи, при што останува истата структура и истите политики, со единствена разлика во нови персонални решенија. Во реакцијата, партијата оценува дека промените во владините редови не носат реална одговорност ниту нов правец во управувањето, туку само формално прераспределување на функции во ...
Лидерот на ЗНАМ, Максим Димитриевски, еден од коалициските партнери во Владата на Христијан Мицкоски, кажа дека утре ќе се донесе конечната одлука за реконструкција на Владата. Тој веќе имал разговори со премиерот и работните групи, но клучната средба ќе се одржи утре. „Утре ќе имаме нова средба, кога ќе биде донесена конечната одлука. Како и да е, односите помеѓу коалициските партнери се на највисоко ниво и сметам дека многу објективно ги ...
Нови имиња на министри и ротација на ресори е рамката во која деновиве во финална фаза влегуваат разговорите на владините партнери околу реконструкцијата на Владата. Но, иако имињата и комбинациите и натаму во најголем дел остануваат тајна, дел од членовите на владиниот кабинет веќе почнаа да откриваат каде можат да следат промените. Меѓутоа, за конечните ќе треба уште да се почека. Премиерот Христијан Мицкоски денеска одново повика на ...
Во тендер коалицијата владее хаос. Партијата ЗНАМ повеќе не постои. Преостанати се само двајца – Максим Димитриевски и Горан Минчев. ВМРО стои зад Минчев, додека Максо си бара подобра позиција за себе, се вели во соопштението од СДСМ, кое ви го пренесуваме во целост: -Сите знаат дека им преостануваат уште само неколку месеци за тендери, пред Мицкоски да распише избори. Состојбата во ВМРО не е подобра. Министерот за внатрешни работи е во ...
ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ и по синоќешните интезивни разговори не постигнале договор околу тоа кого да реконструираат и во кои ресори. Викендов треба да има уште еден круг разговори, по што, најверојатно, на почетокот од идната недела процесот би требало да се заокружи како формален предлог што премиерот Христијан Мицкоски би го доставил до законодавниот дом. денес и спикерот на Собранието, Африм Гаши потврди дека предлог од владата се уште нема и ...

