Менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, прес-конференцијата на „Етихад“ после победата на неговиот тим над Брентфорд ја затвори на хумористичен начин и ги насмеа сите присутни новинари. Гвардиола ги прекрсти рацете како што тоа го прават фановите на Вест Хем поради амблемот на клубот, извика „Напред Чекани“ и набрзина стана и си замина. Со ова Шпанецот јавно си кажа дека утре кога ќе играат Вест Хем и Арсенал, ќе биде најголем фан на ...

Манчестер Сити уште еднаш покажа зошто е шампион кој никогаш не престанува да верува. По фрустрирачките деведесет минути против Евертон каде „граѓаните“ прокоцкаа сè, денеска на „Етихад“ видовме поинаква слика. Иако Брентфорд се покажа како „тврд орев“ кој го мачеше домаќинот во првиот дел, Пеп Гвардиола знаеше како да го пронајде клучот. Со три гола во второто полувреме, Сити го сопре налетот на „пчелите“ и се доближи на само два бода до ...