Министерот за здравство на австралиската држава Нов Јужен Велс, Рајан Парк, вечерва потврди дека 16 лица починале како резултат на денешниот терористички напад во Сиднеј. Во разговорот во емисијата „Today Show“ утрово, Парк рече дека меѓу загинатите има едно дете. Парк им се заблагодари на првите реагирачи и службите за итни случаи кои пристигнаа на местото на настанот синоќа. „Ова е апсолутно ужасно за заедницата како целина, а особено за ...

Според последните информации, осомничените терористи биле татко и син. 50-годишниот татко загинал на лице место, додека пак 24-годишниот син е во стабилна состојба во болница Вкупниот број на жртви од терористичкиот напад на познатата плажа Бонди во Сиднеј, Австралија се искачи на 16, соопшти министерот за здравство на Нов Јужен Велс, Рајан Парк. Во изјава за телевизијата Еј-Би-Си тој рече оти меѓу загинатите има и 12-годишно дете, како и ...

Американскиот претседател Доналд Трамп го осуди вчерашниот напад врз еврејската заедница на плажата Бонди во Сиднеј. Тој го опиша нападот како „чист антисемитски напад“, додавајќи дека Евреите во САД не треба да се плашат да ја прослават Ханука. – Тоа беше јасно антисемитски напад, рече Трамп за време на божиќната прослава во Белата куќа. Во исто време, американскиот претседател нагласи дека Евреите во САД кои ја слават Ханука не треба да се ...

Фудбалер на македонскиот клуб Рокдејл Илинден, 27-годишниот Ден Елкајам, е убиен во терористичкиот напад во Сиднеј на плажата Бонди во Сиднеј, објави клубот на социјалните мрежи. „Со екстремен шок и така соопштуваме дека нашиот фудбалер Ден Елкајам е жртва на страшните, трагични и бесчуствителни настани кои се случија на Бонди плажата во недела на 14 декември 2025 година. Ден беше интегрален член на нашиот тим, кој беше екстремно талентиран и ...

Бројот на жртвите во терористичкиот напад за време на прославата на еврејскиот празник Ханука на плажата Бонди во Сиднеј се искачи на 16 лица, соопштија австралиските власти. Нападот го извеле татко и син, а меѓу убиените има деца и возрасни – најмладата жртва имала 10, а најстарата 87 години. Според официјалните информации, напаѓачите отвориле оган врз група луѓе кои го одбележувале првиот ден од Ханука. Постариот напаѓач бил убиен на лице ...

Вчера на плажата Бонди во Сиднеј се случи терористички напад во кој загинаа 16 лица, а десетина беа повредени. Меѓу жртвите е и Ден Елкајам, фудбалер на македонскиот клуб „Рокдејл Илинден“, што беше потврдено и од самиот клуб. „Ден беше интегрален член на нашиот тим, екстремно талентиран и омилен меѓу соиграчите. Наша најголема тага и сочувство до неговата фамилија, пријателите и сите кои го познаваа. Ќе ни недостасува. Нека почива во мир“, ...

Бројот на загинати во терористичкиот напад на плажата Бонди во Сиднеј, Австралија, се зголеми на најмалку 15, а 27 лица се повредени. Најмалата жртва е десет годишно девојче, а најстарата е маж на 87-годишна возраст, кој го преживеал Холукаустот. Напаѓачите пак биле татко и син. Таткото, кој имал 50 години е убиен за време на нападот, а 24-годишниот син е уапсен и хоспитализиран со тешки повреди. Нападот беше насочен кон еврејската заедница ...

Ахмед ал Ахмед (43), татко на две деца, муслиман по вероисповед, е херојот во терористичкиот напад на еврејската заедница на плажата Бонди во Сиднеј, Австралија. Тој го ризикуваше својот живот за да спаси многу луѓе откако успеа да го земе оружјето на еден од напаѓачите, при што беше ранет. Тој има две прострелни рани и моментално е во болница. Ахмед продава овошје и зеленчук, а по потекло е од Сирија. За него во тек е кампања на „ГоуФандМи“ ...