Нема што, убав гест на Шкендија. Имено единствениот наш преостанат претставник во Европа направи гест за респект. Првиот меч од 3.квалификациско коло во Лигата на Конференции во Единбург против Хиберниан, кој се игра на 6 август (четврток) од 21 часот, ќе може да се проследи низ директен пренос на МТВ 2 и тоа на големо задоволство домашната фудбалска и спортска јавност. Пофалбите за Шкендија се во тоа што самиот клуб ги платил ТВ правата и ...

Екипата на Шкендија предмалку и официјално пристигна во Шкотска, каде што утре со почеток од 21:00 часот го игра првиот од двата дуела против домаќинот, Хиберниан, во рамките од третото квалификациско коло од Лигата на Конференции. Тетовци со чартер лет заминаа за Островот, каде што секако се пречекани на перфектен начин, како што е тоа и обичај кога станува збор за мечевите во Европа. Шкендија посакува повторување на успехот од минатата ...

Вечерва во Единбург од 21 часот на “Истер Роуд“ стадионот, Шкендија во првиот меч од 3.квалификациско коло во Лигата на Конференции, ќе му гостува на Хиберниан. Ова за тетовци ќе биде 74-тиот меч во фудбалска Европа во нивната историја, досега имаат 27 победи. И кога сме кај историјата на Шкендија, да кажеме дека тетовци веќе имаат играно двомеч во Европа и немаат пораз. Во летото 2015 година, во првото коло во Лигата на Европа, Шкендија ...

Интересно. Шкендија вечерва во Шкотска, во Единбург ќе му гостува на клуб кој што е основан во 19 век, или на 6 август во 1875 година. Ова значи дека Хиберниан денеска го прославува својот 151 роденден. Па нека Шкендија со победа или добар резултат му го расипе роденденот на својот вечерашен ривал. Сликовито, Хиберниан е основан 28 години или три децении пред во Македонија да се случи Илинденското востание во 1903 година. Ова најмногу ...