Наместо да ја реконструира и модернизира постојната железничка инфраструктура, Владата планира ново огромно задолжување од 2 до 2,5 милијарди евра за таканаречена брза пруга, проект кој ќе го плаќаат граѓаните, рече организацискиот секретар на СДСМ Зоран Трифуновски, во „Тема на денот“ на Сител. Тој посочи дека решението не е во нови милијарди кредити, туку во реконструкција на постојната пруга, која може да обезбеди подобар и поефикасен ...

Владата ја задолжува државата речиси секоја недела, додека граѓаните се соочуваат со повисоки цени на основните производи и горивата, обвини СДСМ. Од опозициската партија наведуваат дека на 14 јули државата се задолжила со седум милиони евра од државните претпријатија, на 29 јули со 25 милиони евра од Светската банка, а на 5 август со дополнителни 41 милион евра преку три нови емисии државни обврзници. „За само три недели, нов долг од над 70 ...