Градоначалникот на Општина Струга, Менди Ќура, денеска оствари работна средба со градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков – Градоначалник на Општина Охрид. На средбата беше изразено заемно задоволство од конструктивната комуникација и добрососедските односи меѓу двете општини. Во фокусот на разговорите беа повеќе прашања од заеднички интерес, меѓу кои состојбата со плажите, како значаен сегмент за туризмот и заштитата на животната ...

Јавното обвинителство отвори предмет по извештајот на Државниот завод за ревизија за Општина Охрид, во кој се констатирани неправилности, меѓу кои и нелегална изградба на хотелски комплекси и објекти за домување , недонесени урбанистички планови за 20 населени места, и пропусти во финансиското работење. (Државниот завод за ревизија на 19 декември 2025 година, го достави ревизорскиот извештај за општина Охрид кој е доставен на надлежно ...

Во врска со прашањето за дивоградбите, од општината потенцираат дека станува збор за комплексен проблем кој не е создаден во текот на актуелниот мандат. Тие тврдат дека не поддржуваат дивоградби и дека е потребна тесна соработка со централната власт за конечно воспоставување ред и заштита на природното наследство на Охрид Извештајот на Државниот завод за ревизија (ДЗР) се однесува на период од шест години (2019–2024) и опфаќа повеќе мандатни ...

Градските советници денес ја одржаа шестата седница, на која преовладуваа точки од урбанистичката сфера за вклопување на бесправно изградените објекти. Во првиот дел од седницата беа избрани нови членови на училишните одбори во повеќе училишта во градов, а беше донесена и одлука за утврдување на детален урбанистички план за УЗ 8, УБ 8.1. Во продолжение се точките кои денес беа на дневен ред на шестата седница. Предлог-одлука за определување ...

ОВР Кичево поднесе кривична пријава против Ф.Д.(52) од кичевското село Србица, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „Злоупотреба на службена положба и овластување“ како и против Ф.А.(62) од кичевското село Зајас, А.Н.(38) од селото Србица, Х.Б.(37) од селото Црвевци и Б.С.(36) од селото Стрелци, за сторено кривично дело „Перење пари и други приноси од казниво дело“. Првопријавениот Ф.Д. во својство на градоначалник на ...

Поранешниот градоначалник на Општина Кичево, Фатмир Дехари заработи нова кривична пријава од Одделението за внатрешни работи Кичево, информираа од Министерството за внатрешни работи (МВР). -ОВР Кичево поднесе кривична пријава против Ф.Д. (52) од кичевското село Србица, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“, како и против Ф.А. (62) од с. Зајас, А.Н. (38) од с. Србица, Х.Б. ...

Заменик-претседателот на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, денес оствари средба со Амбасадорот на Република Унгарија, Андраш Клајн. На двостраната средба, министерот Сали се фокусираше на процесот на евроинтеграции, со посебен акцент на забрзаната динамика на реформите и решителноста на Република Македонија да стане дел од Европската Унија. Тој ја истакна важноста на континуираната поддршка од земјите членки на ЕУ, особено ...

Заменик-претседателот на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, денес оствари средба со Амбасадорот на Република Унгарија, Андраш Клајн. На двостраната средба, министерот Сали се фокусираше на процесот на евроинтеграции, со посебен акцент на забрзаната динамика на реформите и решителноста на Република Македонија да стане дел од Европската Унија. Тој ја истакна важноста на континуираната поддршка од земјите членки на ЕУ, особено ...