Скопје
9ᴼ /
9ᴼ
Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот, на 19 јануари, на наплатната станица Петровец, како сопатник во автомобил со кавадаречки регистарски ознаки, неовластено заради продажба држел околу 10 грама хероин. ...
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче денеска, по новинарско прашање за реакцијата на Јован Деспотовски, истакна дека нема намера никому да се извини. „Немам намера никому да му се извинам, а кој сака да тужи – нека тужи“, рече Филипче. Тој додаде дека сите тие што го критикуваат се уценети или купени. „Се приклучија на најновата хајка против СДСМ, наместо да се обидат да ги решаваат работите внатре во партиските структури“, рече Филипче. Тој ...
Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) регистрираше 2.062 случаи на заболувања слични на грип во текот на третата недела од 2026 година. Иако ова е благ пад од 11% во однос на претходната недела, бројките се за 46% повисоки споредено со истиот период минатата година. Вирусот е најактивен кај децата и работно способното население: Највисока инциденца е регистрирана е кај најмалите – децата на возраст до 4 години, додека пак најбројна група се ...
Новиот предлог-закон за заштита од пушење предвидува целосна забрана за рекламирање, промоции и спонзорства од тутунската индустрија. Овие законски одредби се однесуваат на објави во медиуми, на интернет и социјални мрежи, како и на настани, наградни игри, попусти, подароци. Лесната достапност и видливоста на производите го зголемуваат бројот на нови корисници, особено меѓу децата и младите, а намалувањето на видливоста е една од ...
Во тетовско Теарце денеска беше оддадена почит на полицаецот Момир Стојановски, кој загина на денешен ден пред 25 години при терористичкиот напад врз тогашната полициска станица. Овој настан од 22 јануари 2001 година се смета за почеток на оружениот конфликт во Македонија. На комеморативниот собир во организација на Одборот на бранителите, претседателот Марин Најдов истакна дека жртвата на Стојановски не смее да биде заборавена. Тој потсети ...
Во Основниот кривичен суд Скопје продолжи судењето за случајот „Онкологија“, во кој поранешниот директор Нино Васев и уште двајца лекари се товарат за несовесно лекување. На денешното рочиште беа сослушани тројца сведоци, членови на семејства на починати пациенти, кои дадоа искази за начинот на кој била спроведувана терапијата на Клиниката. Исказите на сведоците понудија различна слика за третманот на клиниката. Првиот сведок детално опиша ...
„Реплек“ по петти пат ја потврдува својата усогласеност со највисоките европски стандарди за квалитет, безбедност и добра производна пракса. Најновото сертифицирање со EU GMP сертификатот е доказ за континуираната посветеност на компанијата кон унапредување на производствените процеси, што ја потенцира нејзината доверливост и професионалност во секоја фаза од производството. Новиот, петти по ред, EU GMP сертификат вклучува проширување на ...
СВР Скопје поднесе кривична пријава против Х.З.(48), Ѓ.А.(27) и Ц.Е.(36), сите од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „изнуда“. Пријавените, од ноември 2025 до 25.12.2025, со закани по животот на Ш.К.(32), барале за наводен долг од 20.000 евра, кој го должи 26-годишниот Н.К., да исплатат 50.000 евра. СВР Скопје поднесе кривична пријава против Х.З.(48), Ѓ.А.(27) и Ц.Е.(36), сите од Скопје, поради постоење ...
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи до Основното јавно обвинителство Делчево поднесе кривична пријава против В.М., поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оддавање службена тајна“ по член 360 од Кривичниот законик. Пријавената В.М., вработена како полицаец – приправник во Одделение за полиција при Секторот за внатрешни работи Штип, на ...
На 21.01.2026 во 15:45 часот во ОВР Кавадарци, 43-годишна кавадарчанка пријави дека на 20.01.2026 била измамена за сума од 29.930 денари. Според пријавеното, на нејзината електронска адреса добила лажна порака во име на Оддел за моторни возила при МВР за сторен сообраќаен прекршок и со насоки за електронско плаќање на казната, по што се регистрирала според дадените инструкции и ги оставила своите лични податоци. Според пријавеното, подоцна ...
Министерството за дигитална трансформација и Фондот за здравствено осигурување означија почеток на интензивна соработка со конкретни резултати – воведување нови електронски услуги од областа на здравственото осигурување и техничко поврзување на ФЗОМ со Централниот регистар на население (ЦРН), со што се поедноставуваат постапките и се намалува административниот товар за граѓаните и бизнисите. На денешната прес-конференција, министерот за ...
Мистеријата што ја згрози белгиската јавност минатото лето конечно доби одговор. Форензичката анализа потврди дека посмртните останки пронајдени во подрум на куќа во бриселската населба Форест му припаѓаат на македонскиот државјанин Реџеп Рахмановски, кој се водел како исчезнат повеќе од две децении. Морничаво откритие при реновирање Случајот, како што пишуваат белгиските медиуми, започнал на 16 јули 2025 година, кога при целосно реновирање ...
На 21.01.2026 во 22:00 часот во СВР Скопје, Е.Б.(36) од Скопје пријави дека околу 12:30 часот на автобуска постојка на подрачјето на општина Аеродром, нејзиниот 16-годишен син бил физички нападнат од едно лице, кој насилно го турнал во багажниот простор од неговото патничко возило и барал од него да му каже кој удирал со снежни топки по неговото возило. Според пријавеното, тој физички го нападнал и неговиот другар. Се преземаат мерки за ...
Албанскиот премиер Еди Рама оствари работна средба со Иванка Трамп во Валона, по повод претстојната реализација на грандиозниот туристички проект на островот Сазан. Средбата доаѓа откако владината комисија за стратешки инвестиции, предводена од Рама, даде зелено светло за изградба на луксузен ресорт вреден 1,4 милијарди долари. Инвестицијата ќе ја реализира компанијата „Атлантик инкјубејшн партнерс“, сопственост на Џаред Кушнер, сопругот на ...
На 21.01.2026 во 11:25 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го приведоа З.Д.(45) од Велес. Тој бил баран по централна потерница врз основа на наредба од Основен суд Велес за издржување казна затвор во траење од десет месеци за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“ по член 418-б од Кривичниот законик. Лицето е спроведено во Казнено – поправна установа Затвор Идризово за издржување на казната На 21.01.2026 во 12:00 часот во ...
На 21.01.2026 година во 15:30 часот, во ОВР Кичево лишен од слобода е Ф.Б.(47) од кичевското село Туин откако претходно, пред адвокатска канцеларија во Кичево, од своето возило извадил пушка и упатил закани кон едно вработено лице. Се преземаат мерки за целосно расветлување по што, против Ф.Б. ќе биде поднесена соодветна пријава. На 21.01.2026 година во 15:30 часот, во ОВР Кичево лишен од слобода е Ф.Б.(47) од кичевското село Туин откако ...
На големиот христијански празник Богојавление – Водици, во просторот на црковниот комплекс „Свети Атанасиј“ во Босилово била извршена кражба. Истата е јасно регистрирана од сигурносните камери. Снимката се споделува со цел идентификација на лицето и доколку некој го препознае, се замолува веднаш да се јави кај некој од членовите на Црковниот одбор или да пријави во надлежните институции“, велат од црквата. На големиот христијански празник ...
Три лица се убиени во пукотница во мал град во австралиската држава Нов Јужен Велс, соопшти полицијата, според Би-Би-Си. Четвртото лице е однесено во болница во сериозна, но стабилна состојба. Локалната полиција моментално го истражува пукањето, кое се случило во езерото Каргелиг околу 16:40 часот по локално време. Полицијата, исто така, ги повика граѓаните да ја избегнуваат областа и локалните жители да останат во своите домови. Според ...
Јован Деспотовски денеска преку соопштение излезе со реакција на соопштенијата на политичката партија СДСМ. Како што вели, него и на секој социјалдемократ кој се вградил во темелите на најстарата партија во Македонија, им е доста од лагите, конструкциите и манипулациите на сегашното раководство на СДСМ. „Единствен одговорен за незадоволство помеѓу членовите на СДСМ е сегашното раководство на партијата. Ниту сметам, а најмалку чувствувам лична ...
Новак Ѓоковиќ обезбеди убедлива победа во второто коло од Отвореното првенство на Австралија. Десеткратниот победник на првиот тениски турнир Гренд слем во сезоната го победи Франческо Маестрели со 6:3, 6:2, 6:2. Тој ќе има шанса повторно да испише историја во остатокот од турнирот. Тој е само на една победа од својот 400-ти триумф на Гренд слем. Доколку ги победи Ботиќ ван де Зандшулп или Шанг Јунченг во следниот натпревар, ќе стане првиот ...
Во напад врз нафтен терминал во близина на селото Волна во рускиот Краснодарски крај загинаа две лица, соопшти доцна вечерва гувернерот на регионот, Венијамин Кондратиев. „Нафтениот терминал во моментов гори, погодени се четири резервоари со нафтени производи. 29 единици опрема и 97 лица, вклучувајќи ги и припадниците на руското Министерство за вонредни ситуации, се ангажирани во отстранувањето на последиците“, рече Кондратиев. On Wednesday ...
Информација за состојбата со врнежите од снег и состојба на патиштата до 09:00 часот Битолски регион Во Општина Крушево, на регионалниот пат Крушево – Пуста Река (пат од втор приоритет), ќе се интервенира во претпладневните часови. Патот е прооден за теренски возила и возила со соодветна зимска опрема. Во Општина Демир Хисар, поради дефект на електричната мрежа, без електрична енергија се корисниците во селото Големо Илино. Екипите на ЕВН се ...
Најмногу снег има на Попова Шапка каде се измерени 33 cm. 15 cm има во Маврови Анови, 13 во Битола, 8 Ѓуриште, 7 Крушево, 5 Тетово, Штип, 2 Берово, Претор, Струмица, 1 Виница, Крива Паланка. Најстудено пак е на Попова Шапка каде се измерени -4 степени, додека -3 има во Kрушево, -2 во Маврови Анови, Берово, Тетово, Крива Паланка, -1 во Скопје-Зајчев Рид, Прилеп, Куманово, Битола, Штип, Кавардарци и 0 степени во Скопје-Петровец, Претор, ...
Белгиската федерална полиција го реши случајот со мистериозниот скелет пронајден минатото лето. Форензичката анализа потврди дека посмртните останки му припаѓаат на македонскиот државјанин Реџеп Рахмановски, кој се водел како исчезнат повеќе од 20 години. Страшното откритие се случило во бриселската населба Форест, при градежни зафати во приватна куќа. Хорор при реновирање Скелетот бил пронајден во јули 2025 година, додека работници вршеле ...
ОВЕН Денот носи напредок и чувство на исполнетост на професионален план. Конечно ќе видите резултати од вложениот труд. Сепак, некое минато искуство сè уште ве оптоварува време е да го оставите зад себе. Обратете внимание на видот и направете пауза од екраните. БИК Не сте целосно задоволни од моменталната работна ситуација, но имате можност да ја подобрите со трпение и дипломатски пристап. Во љубовта, искреноста носи олеснување и стабилност. ...
Градот Мелитина Ерменска е многу натопен со христијанска крв, како и целата земја Ерменска. Но, првата крв за Христа во овој град беше на Свети Полиевкт, пролеана околу 259 година, во времето на царувањето на Валеријан. Во тој град имаше двајца пријатели офицери: Неарх и Полиевкт. Неарх беше крстен, Полиевкт некрстен. Кога излезе царската заповед за гонењето на христијаните, Неарх се подготвуваше за смрт, но беше во голема тага што не успеа и ...
Одбраната на судијата Ѓоко Ристов најави дека со финансиско вештачење ќе докажува дека 350-те илјади евра, пронајдени заѕидани во домот на неговите родители во Неготино, не припаѓаат на Ристов, туку на неговиот татко и мајка од продажба на имот за фотоволтаици. Адвокатот на Ристов, Звонко Давидовиќ, во изјава за „Слободен печат“ по брифингот во Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, изјави дека Обвинителството, како ...
Поранешниот градоначалник на Скопје и истакнат член на СДСМ, Петре Шилегов, најави дека ќе побара оставка од актуелното партиско раководство, обвинувајќи го за драматичен пад на поддршката и за, како што кажа, катастрофални резултати од работењето. „Да ја сведете поддршката на партијата на само стотина илјади гласови и 15 пратеници, да станете петта партија во Скопје и трета во Македонија – ако тоа не е катастрофа, тогаш што е?“, рече Шилегов ...
Десетмесечно бебе од местото Моначико, во општина Торичела (провинција Таранто), почина во саботата навечер во Поликлиниката во Бари, по повеќе од еден месец и половина борба на интензивна нега. Бебето било хоспитализирано 53 дена, а медицинскиот тим од првиот момент истакнувал дека состојбата е исклучително тешка. Откако семејството ја добило трагичната вест, во болничкото одделение настапиле моменти на голема напнатост, поради што ...
Петре Шилегов вечерва во Топ Тема на Телма оценува дека монополизацијата во носењето на одлуки во СДСМ е причина за поларизација меѓу пратениците, како и меѓу високи актуелни и поранешни функционери. Тој истакна дека денеска јавноста слушнала дека СДСМ нема да го поддржи проектот „Сејф Сите“ и постави прашање кој партиски орган и кога ја донел оваа одлука, нагласувајќи дека порано за сериозни прашања секогаш имало дебата. „Кога се одржал ...