РС Македонија доби потврда за спроведувањето на економските политики од меѓународната кредитна агенција „Стандард и Пурс“, која го задржа кредитниот рејтинг на земјата на нивото ‘BB- со стабилни изгледи. Потврдата на рејтингот претставува јасен сигнал за стабилноста на макроекономската политика, умереното ниво на јавниот долг и способноста на државата навремено и континуирано да ги сервисира своите финансиски обврски, како и да обезбеди ...

Министерот за правда Игор Филков одговарајќи на новинарско прашање за Изборниот законик рече дека до Министерството за правда сеуште не се пристигнати номинации за формирање на работна група . ,, Испратени се 2 дописи до Собранието. Едниот е на 31 декември 2025 година а другиот на 20 јануари. Oчекуваме Собранието да одговори на нашиот допис со кој бараме да се номинираат по двајца претставници на парламентарните партии и независните пратеници ...

„Стабилноста на курсот на денарот е приоритет за Народната банка, којашто ја унапреди оперативната рамка за монетарната политика заради подобро управување со ликвидноста и зајакнување на преносот на монетарните сигнали“, се наведува во извештајот на агенцијата за кредитен рејтинг „Стандард и Пурс“, којашто го потврдува кредитниот рејтинг на земјава на „ББ-“ со стабилен изглед. Во извештајот се бележи дека, во последниот квартал од 2025 ...

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија денеска го одржува својот 31. Конгрес. Во присуство на делегати и членови, претседателот на партијата, Венко Филипче, се појави на говорницата и порача дека да се биде СДСМ никогаш не било само политичка определба. „Погледнете околу себе, погледнете го човекот до вас, ако некој ве праша зошто денеска сте тука, во ова време невреме, не му одговарајте дека сте тука поради партиската книшка, не му велете ...

Синдикатот на културата на Република Македонија внимателно и одговорно ги следеше сите случувања во текот на вчерашниот ден, вклучително и прес-конференциите на колешката Татијана Петрушевска и директорот на Националната опера и балет, г. Оливер Арсовски, како и јавните реакции на уметниците од оркестарот на Операта. Со оглед дека СКРМ беше директно споменат во сите овие јавни настапи, чувствуваме институционална и морална обврска пред нашето ...

„Новиот предлог-закон за заштита од пушењето предвидува мерки за подигнување на јавната свест и поддршка за прекин на зависноста. Пораката која ја испраќаме е дека системот им помага на пушачите да се откажат од пушењето, без притоа да бидат стигматизирани“, појаснува министерот за здравство, Азир Алиу. Предвидени се законски обврски за спроведување превентивни програми за откажување од пушењето, советувања и едукации, како и целокупна ...

Од понеделник на пладне, сите гранични премини во земјава и регионот ќе бидат под целосна блокада за товарниот сообраќај. Камионските превозници од Македонија, Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора ќе го стопираат транзитот кон Европската Унија, во знак на револт против новиот систем за влез и излез (EES) на ЕУ. Економски колапс и транспортен хаос Протестот е насочен против новите правила за пресметување на деновите за престој на возачите ...

Прашањето за економската самостојност на младите станува сè поактуелно во услови на растечки трошоци за живот и ограничен раст на приходите. Иако платите во изминатиот период бележат зголемување, бројките покажуваат дека за голем дел од младите, особено на почетокот од работната кариера, самостојното живеење останува сериозен предизвик. Минималната плата во државата изнесува 24.397 денари и токму толку или малку над ова ниво прима значаен дел ...

Со поддршка од 81 пратеник, Собранието вчера ги изгласа измените на Законот за прекршоци, со што се отстрани и последната правна пречка за целосно функционирање на системот „Safe City“. Системот за автоматско санкционирање на сообраќајните прекршоци официјално започнува со работа на 1 февруари, најпрво во Скопје, Тетово и Куманово, со план набрзо да се прошири на целата територија на државата. За измените гласаа пратениците на владејачкото ...

Македонските здравствени установи се соочуваат со силен бран на сезонски грип и респираторни инфекции кој веќе почна сериозно да ги оптоварува болничките капацитети. Според податоците на Институтот за јавно здравје за третата недела од 2026 година, регистрирани се 2.062 нови случаи. Иако оваа бројка бележи благ пад во однос на претходната недела, вирусот циркулира со висок интензитет, а бројот на заболени е за дури 46 отсто поголем во ...

Прашањето „може ли да се преживее месецот со минимална плата“ во македонскиот контекст веќе не е само економско, туку егзистенцијално прашање. Бројките на Сојузот на синдикати (ССМ) за јануари 2026 година откриваат загрижувачки парадокс: една минимална плата едвај ја покрива само храната, но не и животот. 1. Парадоксот на „целосната“ плата Според податоците, минималната плата изнесува 24.397 денари, додека трошоците само за храна и пијалаци ...

Автопатот Кичево-Охрид, кој се гради веќе десет години, добива нови заштитни структури за да се надминат проблемите со теренот. Директорот на ЈПДП, Коце Трајановски, објави детали за изградбата на т.н. бетонски „галерии“ – специфични конструкции наменети за превенција од одрони на местата каде што земјиштето е нестабилно. Овој инфраструктурен проект, кој стана симбол за долгогодишни одложувања, е еден од најголемите инфраструктурни проекти во ...

Најновите статистички податоци откриваат загрижувачки тренд на пораст на ракот на грлото на матката во Македонија, при што болеста сè почесто се дијагностицира кај исклучително млада популација. На Клиниката за онкологија, бројот на нови пациентки скокнал од 74 во 2024 година на 122 во 2025 година, а најмладите пациентки кои се соочиле со оваа тешка дијагноза имаат само 18 години. На настанот по повод Неделата за подигнување на свеста за оваа ...

Во секое функционално демократско општество, довербата е „невидливата валута“ што ја овозможува стабилноста. Во Македонија, таа валута е во состојба на хиперинфлација. Најновите истражувања покажуваат дека јазот меѓу државниот апарат и народот достигна точка на критично вриење. 1. Бројките како суров индикатор Анализите на релевантни институции (како МЦМС, Евротинк и ИРИ) во последните години конзистентно цртаат мрачна слика: Правосудство под ...

Oвeн – Moжни ce нeдopaзбиpaњa и мaли пpeчĸи штo би мoжeлe дa ги oдлoжaт вaшитe плaнoви. Heĸoи пpoблeми ќe бapaaт пoвeќe тpпeниe и вpeмe зa peшaвaњe. Oбидeтe ce дa нe peaгиpaтe импyлcивнo – cмиpeнocтa ќe ви пoмoгнe пoбpзo дa нaпpeдyвaтe. Биĸ – Дoбpo e дa oдлoжитe cè штo нe e итнo и дa cи дaдeтe пoвeќe вpeмe зa oдмop. Aĸo тoa нe e мoжнo, нe ги пpeзeмajтe cитe oдгoвopнocти caми. Cпoдeлyвaњeтo и бapaњeтo пoддpшĸa ќe ви дoнecaт oлecнyвaњe. ...

Сопственикот на „Марковски компани“ и почесен конзул на Белорусија, Борче Марковски, ќе се брани од слобода. Основниот суд во Битола ја прифати понудената гаранција во имот и механизација, и покрај првичните противења на Обвинителството. Рекордна гаранција во имот и машини За да го напушти притворот во кој се наоѓаше од 9 октомври минатата година, Марковски заложи сериозен имот чија вредност е проценета на 4,9 милиони евра. Гаранцијата ...

Роден во Охрид, на Божик 1847 година. Монашки потстриг прими во 1873 година, во манастирот „Свети вмч. Пантелејмон“, Нерези. Потоа премина во манастирот Горен „Свети Илија“, село Бањани, а во 1874 година во братството на Марковиот манастир, за најпосле да се насели во селото Ракотинци и таму да го обнови манастирот „Свети Илија“. Во 1896 година основа келијно училиште за деца. Со своите молитви и со лекови од природата го лечеше Божјиот ...

Променливо облачно, претпладне со појава на магла по одделни котлини. Во текот на ноќта ќе има локални врнежи од дожд, а на планините од снег. Ќе дува слаб, а вдолж Повардарието умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 1, а максималната ќе достигне од 6 до 12 степени. Во Скопје, променливо облачно претпладне со појава на магла, попладне со сончеви периоди. Минималната температура ќе се спушти до ...

Земјотрес со магнитуда од 4,9 степени според Рихтеровата скала е регистрирано доцна вечерва во западна Турција. Според Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC), потресот се случил во 21:24 часот по универзално време (односно по полноќ, во 00:24 часот по локално време). Епицентарот на земјотресот бил лоциран во близина на градот Синдирги, на длабочина од 11 километри. Локација: Време: Земјотресот бил почувствуван во поширокиот регион ...

Повеќегодишниот спор меѓу Вашингтон и Пекинг околу судбината на ТикТок конечно е решен. Компанијата ByteDance објави дека е постигнат договор со кој апликацијата ќе продолжи да функционира во САД преку ново заедничко вложување со мнозинско американско сопствеништво. Со овој чекор се спречува најавената забрана која требаше да стапи на сила во јануари 2025 година. Клучни детали од договорот: Нова сопственичка структура: 80,1% 19,9% Главни ...

Идејата за забава без алкохол звучеше како контрадикција до пред неколку години. Денес, таа станува сè почеста и се сфаќа посериозно. Меѓу помладата публика, особено оние што припаѓаат на генерацијата Z, расте интересот за ноќно излегување кое не вклучува алкохол, туку вклучува музика, танцување, дружење и енергија. Ова не е минлив тренд, туку тренд што јасно може да се проследи преку промените во навиките, ставовите и приоритетите на младите ...

Повеќе од 100 лица се приведени во Косово под сомнеж за масовно фалсификување на резултатите од парламентарните избори одржани на 28 декември. Обвинителот од Призрен, Петрит Кријезиу, потврди дека станува збор за организиран обид за поткопување на волјата на граѓаните преку притисоци, корупција и манипулација. Клучни факти за истрагата: Масовни апсења: Манипулација со гласови: 68.000 гласачки ливчиња Целосно пребројување: Политички последици ...

Кривичниот совет на Основниот кривичен суд Скопје ја одби жалбата на судијата Ѓоко Ристов и го потврди решението со кое му се определува мерка куќен притвор. Оваа одлука доаѓа по обемната истрага во која во семеен имот во Неготино беа пронајдени 350.000 евра скриени во ѕид. Според информации, советот одлучувал по жалбата поднесена од одбраната на осомничениот Ристов. Судијата Ристов се најде во центарот на вниманието на јавноста по ...

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, преку свој статус на фејсбук се огласи по повод денешното изгласување на Законот за прекршоци, со кој се овозможува целосна имплементација на системот „Безбеден град“, нагласувајќи дека станува збор за одлука што директно го штити животот и безбедноста на граѓаните. „Денешното изгласување на Законот за прекршоци е јасна потврда дека кога постои политичка храброст и одговорност, можат да се ...

Претседателката на Либерално-демократската партија (ЛДП) и пратеничка во македонското Собрание, Моника Зајкова, во објава на социјалните мрежи изрази целосна поддршка за реализација на проектот „Сејф Сити“. „ЛДП е за целосно спроведување на законите, за сите, без дискриминација и со еднакво третирање на сите граѓани. Кочење на закони кои водат до владеење на правото е неприфатливо, иако многу често го сведочевме и во блиското минато. Потребна ...

Демократската унија за интеграција (ДУИ) и Европската демократска партија (ЕДП) отсега ќе функционираат како еден политички субјект. Ова е исходот од денешната официјална средба помеѓу претседателите на двете партии, Али Ахмети и Аријанит Хоџа. Според заедничкото соопштение, одлуката доаѓа по јавниот повик на ДУИ за обединување на албанските политички партии кои споделуваат иста визија за „достоинствена застапеност и европска иднина“ на ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски, чија земја се брани од целосна руска инвазија речиси четири години, во говорот на Светскиот економски форум во Давос изјави дека континуираното постоење на иранското свештенско раководство би било „јасен сигнал за секој насилник“. Рускиот претседател Владимир Путин е сојузник на иранското раководство предводено од ајатолахот Али Хамнеи и разговараше по телефон со иранскиот претседател Масуд Пешмерга ...

СВР Битола, до Основното јавно обвинителство Битола, поднесе кривична пријава против М.Т.(46) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување”, „фалсификување исправa” и „употреба на исправа со невистинита содржина”. Пријавениот, управител во приватна фирма од Новаци, во април и мај 2024 година, со пречекорување на границите на своите службени овластувања, а со намера да ...

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози. Сообраќајот се одвива непречено, но поради врнежите од снег се препорачува внимателно возење. Намалена видливост поради појава на магла до 100м. има на патниот правец Тетово – Скопје, од 30 – 40м. на патниот правец Тетово – Попова Шапка и до 50м. на планинските превои Буково и Ѓавато. Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по ...

Од СДСМ попладнево велат дека и покрај сите контролни механизми за притисок врз медиумите, покрај тоа што не беа усвоени закони усогласени со ЕУ, како законот за правосудство, КЗК и други, покрај поставувањето свои судии и обвинители, тендер коалицијата ВМРО-ЗНАМ го усвоила и законот за „Safe City“ без каква било контрола на снимањето и следењето со 65.000 камери. Како што велат, одбиле да прифатат строги и јасни правила за системот и во ...

weather icon

Скопје

10ᴼ / 10ᴼ
1.03
76%
1009
weather icon

Белград

7ᴼ / 5ᴼ
5.14
67%
1005
weather icon

Загреб

6ᴼ / 4ᴼ
3.09
93%
1000
weather icon

Софија

3ᴼ / 3ᴼ
5.14
81%
1011
weather icon

Сараево

0ᴼ / 0ᴼ
2.51
90%
1014
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 4ᴼ
2.57
97%
1000
weather icon

Атина

16ᴼ / 15ᴼ
6.17
75%
1012
weather icon

Тирана

16ᴼ / 16ᴼ
3.6
39%
1002
weather icon

Подгорица

13ᴼ / 13ᴼ
1.03
77%
1001
weather icon

Букурешт

3ᴼ / 2ᴼ
3.09
85%
1015
weather icon

Будимпешта

4ᴼ / 2ᴼ
4.12
97%
1006
weather icon

Истанбул

10ᴼ / 10ᴼ
3.09
62%
1016
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Сребро

3663.67

Иридиум

221848.72

Платина

83354.78

Калај

49.78

Родиум

339190.38

Рутениум

45750.51

Цинк

3.37

Кобалт

64.04

Бакар

12.10

Злато

159322.70

Алуминиум

3.06

Паладиум

56617.46