Скопје
10ᴼ /
10ᴼ
Крилото на Алијанса за Албанците предводено од Зијадин Села поднесе иницијатива до Уставниот суд за оценка на уставноста на Законот за прекршоци, кој е основа за имплементацијата на проектот „Безбеден град“. Според Села, Законот е противуставен поради неколку причини, меѓу кои тоа што пораките за прекршоците не се двојазични, казните се испраќаат преку пораки, а системот ќе се применува само во три града. „Поднесовме иницијатива до Уставниот ...
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски денеска, од протестот на превозниците, ги истакна последиците што би можеле да настапат по воведувањето на новиот електронски систем за професионални возачи и превозници. – Ова е предупредувачки протест, кој покажува што може да се случи на 10 април, рече Николоски и додаде дека „смислата е да се искористат месеците февруари и март за земјите членки на Шенген зоната да најдат ...
На 25.01.2026 во 20:30 часот во Полициската станица Радовиш е пријавено дека настанал пожар на автобус паркиран во дворно место на ОУ „Крсте Петков Мисирков“ во Радовиш. Од екипа на Територијалната противпожарна единица Радовиш пожарот е изгаснат, а повредени лица нема. По преземени мерки, полициските службеници утврдиле дека пожарот бил предизвикан од двајца малолетници од Радовиш. Со нив се извршени службени разговори во присуство на ...
Иван Данаилов (25) во своето сведоштво изјави дека уште на 16-годишна возраст првпат влегол во дискотеката „Пулс“ во Кочани, кога бил малолетник, посочувајќи дека и тогаш, како и кобната вечер на 16 март, во објектот имало малолетни лица. Тој наведе дека во дискотеката пристигнал околу 00:50 часот, сам, по покана за роденден. Билет купил на билетарата десно од скалите, од лице кое, според него, секогаш било задолжено за продажба на карти. За ...
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,52% во однос на одлуката од 20.1.2026 година. Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 0,721%, кај дизелот за ...
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска на Националниот совет за евроинтеграции изрази загриженост за застојот на земјата на патот кон Европската Унија, истакнувајќи дека актуелната власт практикува политики кои ја оддалечуваат Северна Македонија од европските вредности. „Оваа власт не сака Европа – сака контрола, капитал и изолација“, рече Филипче, додавајќи дека од половина мандатот не се спроведуваат реформите и препораките од ...
Клиничкиот центар во Скопје ќе добие две монтажни катни гаражи, со што ќе се реши долгогодишниот проблем со паркирањето во и околу здравствената установа. Ова денеска го најави градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, по координацискиот состанок со министерот за здравство, Азир Алиу, како и со стручните тимови од ЈП „Градски паркинг“ и Град Скопје. Со изградбата на гаражите, која ќе се реализира во рамки на проект на градот Скопје, ќе ...
Младо момче од селото Возарци, кавадаречко, починало синоќа, а причините за неговата смрт ќе бидат утврдени со обдукција, информираат од Секторот за внатрешни работи – Велес. -Синоќа во 22:30 часот во ОВР – Кавадарци е пријавено дека во домот во село Возарци, кавадаречко, починал С.П., на возраст од 24 години од село Возарци. Лекар од Итна медицинска помош – Кавадарци констатирал смрт без видливи траги на насилств, соопштија од СВР – Велес. ...
Облачно со повремени врнежи од дожд, кои ќе бидат пообилни во централните и источните делови (над 30л/м2) проследени со ретки грмежи. На планините врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 7 до 13 степени. Времето и метеоролошките параметри за Скопје: Oблачно со повремени врнежи од дожд. Пообилни врнежи ќе има во текот на ноќта. Ќе дува слаб ветер од ...
Од Собранието информираат дека за наследник на актуелниот Државен јавен обвинител, Љупчо Коцевски, се пријавиле четири лица. Сите четири кандидати поднеле документи за јавниот оглас за избор на нов јавен обвинител. Коцевски во декември поднесе оставка на функцијата непосредно пред Собранието да го разреши. До изборот на нов шеф на обвинителите во земјава, за вршител на должноста е назначена Анита Тополова-Исајловска, досегашната заменичка на ...
Поради зачестените реакции и дофрлања од јавноста на минатото рочиште, судијката Диана Груевска-Илиевска пред почетокот на денешното побара апсолутна тишина и дисциплина. Груевска истакна дека правото на одбрана е неприкосновено и дека емоциите не смеат да го попречуваат законскиот тек на постапката. „Неколку пати досега се случува да се наруши редот, што ни го отежнува спроведувањето на постапката по закон. Сите обвинети имаат право на ...
Автобус со 21 патник, кој патувал од Бугарија кон Измир, вчера целосно изгорел на платото на граничниот премин Капикуле. За среќа, нема повредени. Според очевидци, возилото за кратко време било зафатено од силен пожар. Возачот веднаш го запрел автобусот и организирал брза и безбедна евакуација на сите патници. „Автобусот за неколку минути се претвори во огнена топка“, изјавија сведоци. На местото на настанот интервенирале противпожарните ...
Кристијан Панов од Кочани, брат на загинатиот Андреј Панов, во своето сведоштво за трагедијата во дискотеката „Пулс“ изнесе сериозни тврдења за условите за работа, безбедноста и настаните кобната ноќ. Тој изјави дека повремено работел хонорарно во дискотеката, за што добивал 1.500 денари по вечер, пари кои, како што рече, им биле исплаќани на крајот од работното време. Неговиот брат Андреј работел како шанкер и, според негово сознание, бил ...
Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) издаде предупредување за потенцијална опасност од зголемување на водостојот и можно излевање на реките за периодот од 26 до 27 јануари 2026 година. Според официјалната мапа на хидро алармот, поголемиот дел од територијата на државата е обоен во жолта боја, што симболизира состојба на внимателност. Централна и Источна Македонија: Речиси целиот источен и централен регион, вклучувајќи ги сливовите на ...
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, гостувајќи на телевизијата „Blic“, говореше за дневно-актуелните теми и истакна дека ќе ги повика коалициските партнери на разговор „Јас најпрво ќе ги повикам коалициските партнери на разговор, ќе ги повикаме и претставниците на парламентарните опозициски партии за да дебатираме. Во нормална земја е ненормално да не одговорите. Опстанува повторно истото – ‘нема да одиме кај злосторникот’. Проблемот е ...
Судот за прекршоци во Подгорица ја казни М.А. со 31 ден затвор бидејќи на 25 јануари управувала автомобил под дејство на канабис, изјави портпаролот на судот и судијката Ана Бокан за „Вијести“. „Судот ја осуди М.А. на 31 ден затвор за прекршок според член 317а став 1 точка 3 во врска со член 182 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата. Исто така, ѝ беа изречени три казнени поени и заштитна мерка забрана за управување моторно ...
Стопанската комора на Северна Македонија (СКСМ) смета дека проблемот со примената на правилото 90/180 дена за професионалните возачи треба да се решава преку институциите, наместо со блокади на граничните премини. Од Комората предупредуваат дека блокадите може да го нарушат протокот на стоки со Европската Унија и да предизвикаат сериозни економски последици. „Доколку се блокираат граничните премини само еден ден, штетите ќе бидат големи и ќе ...
Денешното судско рочиште за Пулс започна со значително задоцнување од еден час, а причината беше ненавременото пристигнување на спроводот од Тетово. Ова предизвика нервоза во судницата и остра реакција од страна на судијката кон полициските службеници. Веднаш штом започна процесот, судијката побара објаснување за неодговорноста. „Викнете ми ги тие од Тетово, зошто доцните?“, праша таа. Полицискиот службеник се обиде да се оправда со ...
Страшна несреќа се случила вчера во вечерните часови во Нови Сад, кога засега непозната девојка (16) паднала од зграда на Булеварот на ослободувањето. Според првичните информации, во Брза помош околу 19 часот било пријавено дека на тротоарот покрај зградата се наоѓало тело на девојка, а лекарите по пристигнувањето на местото на настанот можеле само да ја констатираат смртта на тинејџерката. Оваа информација за РТВ ја потврдил портпаролот на ...
Александар Наунов, родител на Надица Наунова загината во трагедијата во „Пулс“, упати остра јавна реакција до адвокатката Коцевска. Во своето обраќање, тој ги отфрла нејзините тврдења за наводен напад врз неа и ја потсетува на, според него, суровите зборови изречени во судницата. Наунов реагира на претходната изјава на адвокатката, која се пожали дека нејзиниот лик бил злоупотребен на постер за време на маршот за правда. Тој истакнува дека ...
Во рок од само пет дена, во Хрватска се регистрирани два случаи на неповратно оштетување на видот кај деца на возраст од 12 и 13 години. Во двата случаи дошло до тешко оштетување на мрежницата на едното око, со трајно губење на видот. Двете деца сега ќе го поминат остатокот од животот со вид само на едното око, пишува порталот „Zdravlje“. Првиот случај бил забележан за време на дежурство во болница во недела, кога дете, кое добило ласерски ...
Во понеделник наутро, во грчкиот град Трикала, избувнал голем пожар во фабрика за преработка на храна позната под името „Виоланта“, кој резултирал со смрт на најмалку три работнички, додека две сè уште се водат како исчезнати, пренесуваат локалните медиуми. Пожарот избувнал во раните утрински часови, наводно по силна експлозија во индустрискиот објект, додека фабриката била во полн погон. Во моментот на инцидентот во објектот имало 13 ...
Најстудено беше на Попова Шапка со 0 степени, а во останатите места вредностите се движеа од 2 до 11 степени. Во Лазарополе и Маврови Анови се измерени 2 степени, во Тетово и Крушево 3, во Прилеп и Претор 4, во Скопје-Зајчев Рид, Охрид, Велес и Кавадарци 6 степени, во Скопје-Петровец и Битола 7, Берово и Крива Паланка 8, Струмица и Виница 9, Гевгелија 10, додека највисоката минимална температура е измерена во Штип и Демир Капија со 11 ...
Министерството за внатрешни работи – Оддел за гранични работи и миграција ја информира јавноста дека до Министерството за внатрешни работи е доставена најава за одржување на јавен протест од страна на асоцијацијата „Макам-транс“, кој е најавен да започне денеска (26.01.2026) од 12:00 часот. Според доставената најава, протестот е планиран да се реализира на следните гранични премини: Деве Баир, Делчево, Ново Село, Дојран, Богородица, ...
Основното јавно обвинителство Кавадарци поведе постапка против 30-годишна државјанка на Р.Хрватска со привремен престој во Кавадарци, која е осомничена дека сторила кривично дело – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. На 25 јануари утрото, во состојба на пијанство со присуство на 2,61 промили алкохол во крвта, осомничената вршела семејно насилство и телесно го повредила својот сопруг. По вербална ...
Во судницата во Идризово денеска продолжува главната расправа за трагичниот настан што се случи во ноќниот клуб „Пулс“ во Кочани. Рочиштето продолжува со испрашување на сведоци предложени од Обвинителството, кои се очекува да дадат свои искази за околностите и случувањата од критичната вечер. Пред судечкиот совет денеска ќе се појават петмина сведоци, кои ќе одговараа на прашањата на обвинителството и на одбраната, обидувајќи се да фрлат ...
Претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), Слободан Трендафилов, упати драматичен повик до работниците за масовен излез на протестот закажан за оваа среда. Тој порача дека ова е „егзистенцијална борба“ и предупреди дека собирот ќе биде само почеток на синдикалните активности доколку властите не ги исполнат барањата за повисоки плати. Во отворено писмо до јавноста, Трендафилов беше дециден: „Никој друг нема да се избори за ...
Овој понеделник, небесната конфигурација нè става во позиција на преиспитување. Месечината, минувајќи низ стабилниот Бик, влегува во аспект со Уран, што ја потресува нашата зона на удобност и нè турка кон иновативни решенија во материјалната сфера. Енергијата е заземјена, но исполнета со електрична напнатост. Сонцето во Водолија ја зајакнува желбата за слобода, додека Меркур бара прецизност во комуникацијата. Денот е идеален за поставување ...
Повеќе од 11.400 летови беа откажани во неделата во Соединетите Американски Држави откако силна зимска бура зафати голем дел од земјата и предизвика големи прекини во воздушниот сообраќај, објави Асошиејтед прес, повикувајќи се на податоци од веб-страницата за следење на воздушниот сообраќај FlightAware. Бурата го погоди регионот од јужните Карпести Планини до Нова Англија и се закани со тешки зимски услови за речиси 180 милиони луѓе – повеќе ...
Две деца, на околу 1,5 години, близнаци, загинаа во пожар во куќа во селото Липница, Враца, Бугарија. Ова го потврди за bTV градоначалникот на селото, Румен Шопов. Пријавата била примена околу 16 часот, а биле испратени 3 противпожарни возила. Во куќата имало уште четири деца, за нив се грижеле нивните баба и дедо, нивните родители се во странство. Досега е пронајдено само едно тело, другото е сè уште под урнатините. Две деца, на околу 1,5 ...