Скопје
-4ᴼ /
-4ᴼ
СВР Струмица до Основното јавно обвинителство Струмица поднесе кривична пријава против К.К.(35) од Струмица поради постоење основи на сомнение дека сторил кривичното дело „злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно-приватно партнерство“, против Д.П.С.(61) од Струмица, К.Б.(37) од Богданци, Л.Ј.(63) од село Ново Село, струмичко и Л.Ѓ.(62) од Струмица поради постоење основи на сомнение дека сториле ...
Ретка и импресивна глетка ги пречека посетителите на Меѓународниот аеродром Скопје утринава. Масивен транспортен авион од типот „Боинг 747-400“, управуван од американската авиокомпанија „Атлас ер“ (Atlas Air), успешно слета на пистата, пристигнувајќи директно од воената база Довер на источниот брег на Соединетите Американски Држави. Иако деталите за товарот се класифицирани, од Министерството за одбрана за САКАМ ДА КАЖАМ официјално потврдија ...
43-годишниот доктор, кој претходно призна дека го снабдил глумецот Метју Пери со анестетичкиот лек „Кетамин“, изрази каење и се изјасни за виновен. Како дел од договорот за признавање вина, дополнителните обвиненија против него беа отфрлени. Според обвинителството, докторот неколкупати му го набавувал лекот на Пери во периодот од 30 септември до 12 октомври 2023 година, а во неколку случаи и лично му го инјектирал. За тоа наводно добил и неколку ...
Земјоделските протести во Грција денеска предизвикаа сериозни сообраќајни нарушувања, откако демонстрантите со трактори и земјоделска механизација го затворија граничниот премин Евзони и делови од автопатот Солун–Атина, со што привремено ја прекинаа комуникацијата со Македонија. Според грчкиот весник „Катимерини“, блокадите се прошируваат низ целата земја и се концентрираат на клучни патни правци, локални сообраќајници и меѓународни транспортни ...
„Изненаден сум. Никогаш, ама никогаш не би помислил дека ќе застанам на обвинителна клупа за функција што сум ја вршел пред 13 години. Не постојат заменски обвинети. Не може некој невин да одговара за друг.“ Со овие зборови, поранешниот градоначалник на Кочани, Ратко Димитровски, ја негираше вината, тврдејќи дека тој е единствениот функционер кој навремено реагирал, но бил игнориран од централната власт. „Пишав допис до Министерство за ...
Под влијание на циклонска активност утре насекаде ќе има врнежи од дожд, кои ќе бидат пообилни во јужните делови, каде локално се очекува да наврнат над 40 l/m² за 24 часа. Во сабота ќе има локални врнежи од дожд, особено во јужните делови, кои попладне ќе престануваат. Од недела ќе настапи стабилизирање на времето со пониски утрински температури, а дневните ќе бидат во пораст. Во Скопје, утре ќе има врнежи од дожд, кои повремено ќе бидат ...
Лидерот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, најави дека следниот протест во поддршка на поранешните водачи на ОВК, на кои им се суди во Хаг, ќе се одржи на 13 декември во Скопје. Протестот е закажан да започне во 13 часот на плоштадот „Скендербег“. Ахмети изјави дека целта е да се побара правда и да се покаже поддршка за, како што рече, „ослободителите кои неправедно се држат во затворите во Хаг“. Тој ги повика Албанците да се ...
„Во оваа судница недостасуваат голем број на лица кои треба да се обвинети.“ Со оваа реченица, Ангела Соколова, адвокатка на поранешниот градоначалник на Кочани, Ратко Димитровски, започна да ја гради тезата дека нејзиниот клиент е жртвено јагне за туѓи пропусти. Одбраната изнесе клучен доказ во своја корист – тврдењето дека Димитровски реагирал институционално уште на самиот почеток. „Ратко Димитровски напишал барање за утврдување на ...
Во раните утрински часови денеска, Општина Бутел во координација со Министерството за внатрешни работи спроведе акција за отстранување на бесправно изградениот објект и узурпацијата на државно земјиште во населбата Визбегово. Градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски, нагласи дека законите ќе важат еднакво за сите граѓани и дека продолжува решителната борба против бесправните градби и узурпации на државната сопственост. „Се додека јас ...
„Вечерва кога се случи трагедијата, јас веднаш бев во болницата со полицијата и војската. Ги носевме повредените и починатите. Тоа е момент кој не можам да го заборавам.“ Со длабоки емоции и тврдење дека ќе зборува „тивко, но вистинито“, пред судскиот совет се обрати обвинетиот Николчо Гоцев, градежен инспектор во Општина Кочани. Тој се претстави не како криминалец, туку како човек кој таа ноќ помагал до доцна, а подоцна станал „жртва на ...
Четириесет и деветгодишната Саџиде Муслија од Македонија била пронајдена мртва во својот стан во Пјанело Валесина, Италија, на 3 декември 2025 година. Телото било откриено со видливи повреди на главата и други знаци на насилство. Италијанските власти веднаш ја идентификуваа жртвата, а за главен осомничен за убиството е посочен нејзиниот 50-годишен сопруг, Назиф Муслија, кој моментално е во бегство. Полицијата спроведува интензивна потрага по ...
Рускиот претседател Владимир Путин во четврток изјави дека неговиот состанок со американските пратеници Стив Виткоф и Џаред Кушнер бил „многу корисен“ и дека се темелел на предлози што ги разговарал со претседателот Доналд Трамп во Алјаска, објави државната новинска агенција РИА. Путин, исто така, рече дека состанокот со американските пратеници траел толку долго бидејќи за време на преговорите, пратеникот Виткоф морал да ги разгледа речиси сите ...
„Имам едно барање до ЈО, барам да ми се врати мојот мобилен телефон затоа што јас друг телефон немам. Мојот телефон е ’чист‘ со гаранција, немам никакви доказни материјали бидејќи сум немал никакви контакти со обвинетите.“ Со оваа невообичаена молба, обвинетиот Огњан Георгиев, поранешен градежен инспектор во Општина Кочани, му се обрати на обвинителот во судницата. Тој потенцираше дека сѐ уште ги плаќа сметките за телефонот кој му е одземен како ...
Откако на минатото рочиште одекна веста дека во ќелијата на обвинетиот Џеваир Камбери биле пронајдени 13 мобилни телефони и лаптоп, неговата одбрана денеска пред почетокот на главната расправа излезе со целосен демант и тврдење дека уредите не се негови. Бранителот на Камбери пред судот обелодени дека во меѓувреме е откриен вистинскиот сопственик на забранетите предмети. „Во меѓувреме детектиран е сопственикот на тие телефони и лаптопот, кој ...
Во преполната судница во КПУ Идризово, под засилени безбедносни мерки денеска продолжи судскиот процес за трагедијата во кочанскиот ноќен клуб „Пулс“, каде на 16 март 2025 година во катастрофален пожар загинаа 63 лица. Покрај обвинетите, присутни се и роднини на 63 жртви кои го загубија животот во несреќата што се случи на 16 март, претставници на обвинителството, на одбраната, новинари. Следењето на судењето продолжува, а јавноста може да ...
Денеска, пред почетокот на судскиот процес за трагедијата во Кочани, Јулија Златкова, мајка на едно од загинатите деца, го изрази својот гнев и болка поради настанот и однесувањето на обвинетите. -63 убиени деца, 63 уништени иднини на децата и нивните семејства. Многу контрадикторно беше што на минатото рочиште никој од обвинетите не се изјасни за виновен. Зарем треба ние родителите да ги потсетиме зошто тие се наоѓаат во судницата? Никој од нив ...
Таткото сопственик на повеќе од 500 крави и неговите две ќерки заминуваат во осумдневен притвор. Обвинителството претходно соопшти дека ОЈ Крива Паланка ќе покрене постапка против три лица за кривично дело „Спречување службено лице во вршење службено дејствие“. Според истрагата, осомничените – таткото и двете ќерки – на 2 декември со употреба на сила и сериозна закана спречиле службени лица од Агенцијата за храна и ветеринарство, кои постапувале ...
Денеска продолжува судењето за трагедијата во дискотеката „Пулс“, при што јавноста и семејствата на жртвите го следат процесот. На влезот на судницата, обвинетите беа дочекани со транспарент на кои се прикажани ликовите на загинатите лица, како потсетник на трагичниот исход од настанот. „63 сенки ќе ве следат, секој поглед бара ПРАВДА“, пишува на транспарентот. Обвинителството го води процесот против лицата за кои постои сомнение дека имаат ...
Во изминатите 24 часа до 7 часот утринава, најниската температура во земјава е измерена во Маврови Анови и Берово 3 степени Целзиусови. Следуваат Крушево и Лазарополе со 4 степени, а 6 степени се регистрирани во Скопје-Петровец, Тетово, Прилеп, Крива Паланка и Претор. На Зајчев Рид во Скопје, како и во Битола, Струмица и Гевгелија, минималните температури изнесуваа 7 степени. Кавадарци, Куманово и Велес измерија 8 степени, Виница, Охрид и Штип ...
Заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт и врски, Александар Николоски, ја започна својата работна агенда во Брисел со средба во организацијата „Пријатели на Европа“, каде се разговарало за актуелните политички и економски случувања во Европа и регионот на Западен Балкан. Николоски најави дека во текот на посетата ќе одржи низа политички и економски состаноци со високи претставници на Европската унија, како и со меѓународни ...
Новиот систем за контрола на сообраќајот „Безбеден град“ (Safe City) веќе ги дава првите, шокантни резултати за сообраќајната (не)култура во Македонија. Само неколку часа по активирањето, камерите го регистрирале апсолутниот негативен рекордер – возач кој на скопската обиколница „летал“ со неверојатни 231 километар на час, брзина која е фатална при каква било грешка. Овие вознемирувачки податоци ги открија високи претставници на Министерството ...
Последното рочиште за трагедијата во дискотеката „Пулс“ започна со доцнење од петнаесет минути и видлива тензичност во судницата. На самиот почеток, судијката Дијана Груевска Илиевска го соочи првоосомничениот Џеваир Камбери со сериозно прекршување на затворските правила. При претрес во неговата ќелија во истражниот затвор „Скопје“, биле пронајдени тринаесет мобилни телефони и еден лаптоп. Камбери изјави дека уредите се таму уште кога влегол во ...
„Една од последните шанси во Јужна Европа да се истражи патот помалку патуван.“ Вака престижниот американски медиум CNN ја опишува Северна Македонија во својата најнова опширна репортажа. Од електрично зелените падини до снежните врвови, земјата е претставена како неистражен џеб на Балканот каде слоевитата историја – од византиската и отоманската до југословенската ера – се спојува со сеприсутните планини за да создаде култура на длабока ...
ОВЕН Овен, препуштете се на струјата, оставете идеите за пливање против неа за некои денови кога ќе имате повеќе енергија и волја за борба. Искористете го денот за некои работи кои ви се драги, најдете доволно време за себе и поминете го продолжениот викенд на најдобар можен начин, опуштено и ослободувајќи го стресот од претходната работна недела. БИК Телото ви испраќа веќе доста гласни сигнали дека сте работеле премногу. Иако сметате дека ...
Кога Пресвета Дева Марија наполни три години од раѓањето, нејзините свети родители Јоаким и Ана ја доведоа од Назарет во Јерусалим, за да ја предадат, според своето ветување, на служба на Бога. Од Назарет до Јерусалим има три дена пат, но одеа на богоугодно дело и патот не им беше тежок. Се собраа и мнозина роднини на Јоаким и Ана за да земат учество во таа свеченост, во којашто невидливо учествуваа и Ангелите Божји. Напред одеа девиците со ...
Австрискиот бизнисмен Бернд Бергмаир, поранешен мнозински сопственик на група за забава за возрасни, вклучувајќи ја и веб-страницата Pornhub, се обратил до Министерството за финансии на САД за купување меѓународни средства на санкционираниот руски нафтен гигант Лукоил. САД воведоа санкции врз Лукоил, најголемиот руски приватен производител на нафта, како дел од напорите за притисок врз Москва да ја прекине војната во Украина. Санкциите го ...
Сериозен инцидент е регистриран во Италија, каде што 49-годишна жена од Македонија наводно била претепана до смрт од нејзиниот сопруг. Според италијанските медиуми, Саџиде Муслија, по потекло од Македонија, била пронајдена мртва во нејзиниот стан во Пјанело Валесина, мало село во Монте Роберто во покраината Анкона. Нејзиното тело покажувало бројни знаци на насилство, додека властите трагаат по нејзиниот сопруг, 50-годишниот Назиф Муслија. ...
Ерата на Благоја Милевски на клупата на македонската фудбалска репрезентација официјално заврши. Денеска, досегашниот предводник на националниот тим потврди дека неговиот мандат е истечен и дека нема да ја води селекцијата во претстојниот плеј-оф за пласман на Светското првенство во 2026 година, кое ќе се одржи во САД, Канада и Мексико. Милевски, кој ја презеде функцијата во септември 2021 година наследувајќи го Игор Ангеловски, се збогува со ...
Додека официјален Брисел го засилува дипломатскиот притисок врз македонските власти за итно спроведување на уставните измени како единствен услов за продолжување на европскиот пат, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова возвраќа со правни аргументи. Таа порача дека на Македонија, по сите направени отстапки, сега ѝ е неопходна „самоодбрана“ и побара од ЕУ креативност и цврсти гаранции дека билатералните условувања ќе престанат. Шефицата на ...
Предизвикот со кој се соочуваат семејствата од внатрешноста е огромен – за да добијат соодветно образование, нивните деца мораат да патуваат или да живеат во Скопје. Токму затоа, фокусот се поместува кон инклузивни модели кои ќе го донесат образованието поблиску до домот на ученикот. Од занает до факултетска диплома Директорката на училиштето, Слободанка Џеповска, истакнува дека стереотипите за можностите на лицата со оштетен слух полека се ...