Вториот тенисер во светот, Италијанецот Јаник Синер, се пласираше во осминафиналето на Отвореното првенство на Австралија, откако денес во Мелбурн, по четири сета, го победи 85-от светски тенисер, Американецот Елиот Спичири, во третото коло, со резултат 4:6, 6:3, 6:4, 6:4. Натпреварот траеше три часа и 42 минути. Синер осум пати го зеде сервисот на американскиот тенисер, додека Спичири освои шест брејка. Италијанскиот тенисер запиша 17 аса, ...

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози. Поради појава на магла намалена видливост од 30 до 40 метри има на патниот правец Тетово–Попова Шапка, од 50 до 100 метри на патниот правец Делчево–Пехчево, од 100 до 150 метри на патниот правец Куманово–Крива Паланка и на планинските превои Ѓавато и Пресека, а видливост до 50 метри има на планинскиот превој Плетвар. Како што информира АМСМ, сите ...

Австралиец (12) почина во болница откако беше нападнат од ајкула во пристаништето во Сиднеј, соопшти неговото семејство. Дванаесетгодишниот Нико Антиќ беше нападнат од ајкула во неделата кога скокна од карпа со пријателите во Воклиз, околу 9 километри од централниот дел округ на Сиднеј. Неговите пријатели го извлекоа од морето и го однесоа во болница со сериозни повреди на двете нозе. „Со скршено срце објавуваме дека нашиот син Нико ...

Двата најголеми украински градови беа под руски напади рано утринава при што се повредени две лица во Киев и 11 во Харков на североисток, соопштија официјални лица. Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, изјави дека две повредени лица во главниот град се во сериозна состојба и се лекуваат во болница. Тој додаде дека имаше напади во два округа од двете страни на реката Днепар, која го сече главниот град. „Киев е под масовен непријателски ...

Голем пожар избувна рано утрово во индустриската зона во Нови Пазар, пожарот зафати магацин со ткаенини, а се шири кон градската топлана, објави денеска локалните медиуми. Како што е наведено, според последните информации од терен, пожарот започна во нов магацин, кој содржеше екстремно запаливи ткаенини за мебел, што предизвика пожарот брзо да се разгори. Како засилување пристигнаа две противпожарни екипи од Крагуевац, како и уште една ...

Кривичниот совет на Основниот кривичен суд Скопје ја одби жалбата на судијата Ѓоко Ристов и го потврди решението со кое му се определува мерка куќен притвор. Одлуката доаѓа по обемната истрага во која во семеен имот во Неготино беа пронајдени 350.000 евра скриени во ѕид. Според информации, советот одлучуваше по жалбата поднесена од одбраната на осомничениот Ристов за укинување на куќниот притвор. Судијата Ристов се најде во центарот на ...

Куќа со двор и 3 стана во Битола, 25 булдожери и камиони. Ова е само дека од гаранцијата која ја даде сопственикот на „Марковски компани“ и почесен конзул на Белорусија – Борче Марковски за да биде пуштен од притвор. Одлуката ја донесе Основниот суд во Битола иако претходно битолското Обвинителство се изјасни негативно по неговото барање. Судот донесе одлука за мерки на претпазливост, односно еднаш неделно тој да се јавува во судот. ...

Шпанското обвинителство денес го отфрли случајот за сексуален напад против шпанскиот пејач, Хулио Иглесијас, бидејќи обвинителството пресуди дека нема надлежност да истражува настани што наводно се случиле на Бахамите и во Доминиканската Република. Според обвинителството, шпанските судови немаат надлежност за ова прашање бидејќи жртвите не се Шпанци, не живеат во Шпанија, а настаните не се случиле во Шпанија. Шпанските судови би можеле да ...

Времето денеска ќе биде променливо облачно, претпладне со појава на магла по одделни котлини. Во текот на ноќта ќе има локални врнежи од дожд, а на планините од снег. Ќе дува слаб, а долж Повардарието умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 1, а максималната ќе достигне од 6 до 12 степени. Во Скопје, променливо облачно претпладне со појава на магла, попладне со сончеви периоди. Минималната ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес изјави дека во Обединетите Арапски Емирати се одржа состанок на американската, украинската и руската делегација и дека е важно Русија да е подготвена да ја заврши војната што ја започна, исто како што Украина сака таа војна да заврши. „Украинските претставници ме контактираат речиси секој час – тие моментално се во Емиратите. Денес има украински, американски и руски делегации, а разговорот ...

Сопственикот на швајцарскиот бар што изгоре на Нова Година ќе биде ослободен од притвор по плаќањето на кауцијата, објави денес надлежниот суд. Во трагичниот пожар загинаа 40 лица, а повеќе од 100 се повредени, пишува Ројтерс. Жак Морети и неговата сопруга Џесика се под истрага поради сомнение за сторени повеќе кривични дела, вклучително и убиство од небрежност. Морети беше приведен на 9 јануари поради ризик од бегство. Двајцата изразија ...

Данската премиерка Мете Фредериксен го посети Нуук, главниот град на Гренланд, на разговори со лидерот на таа територија, Јенс-Фредерик Нилсен. Посетата доаѓа по напната недела во која американскиот претседател Доналд Трамп ги отфрли заканите за преземање на арктичкиот остров и се согласи на преговори. Тензиите се смирија откако Трамп во средата ја отфрли можноста за воена акција и објави на социјалните мрежи дека постигнал „рамка за иден ...

Возбудувањата во Премиер лигата продолжуваат. Арсенал има предност од 7 бода пред Манчестер Сити, кој утре во 16 часот има „зицер“ против Вулверхемптон. Арсенал, за разлика од својот сегашен најголем ривал во Премиер лигата, има многу тешка задача против Манчестер Јунајтед, големото дерби се игра во недела во 17:30 часот, а Пеп Гвардиола мудро го префрли притисокот врз Микел Артета и Арсенал. Шпанскиот стратег вели дека Арсенал сега е ...

Лидерот на Демократската партија – Сали Бериша на денешната прес-конференција изјави дека албанскиот премиер Еди Рама, ќе добие „лекција од граѓаните за време на масовниот протест што опозицијата ќе го одржи утревечер пред Владата”. -Ќе и одржиме лекцијата на Владата каква што заслужува, така ќе го опишам протестот. Граѓаните ќе ѝ одржат силна лекција на владата. Нека остане во канцеларија. Тоа е она што го велам, остани таму. Ѕидовите ги ...

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски се огласи на Фејсбук по повод денешното изгласување на Законот за прекршоци, со кој се овозможува целосна имплементација на системот „Безбеден град“, нагласувајќи дека станува збор за одлука што директно го штити животот и безбедноста на граѓаните. „Денешното изгласување на Законот за прекршоци е јасна потврда дека кога постои политичка храброст и одговорност, можат да се донесуваат одлуки што ...

Целиот износ на кауцијата што претходно ја одреди Врховниот антикорупциски суд на Украина (ВСК) на опозициската пратеничка и поранешна премиерка – Јулија Тимошенко е платен, објавија денеска од судот. Прес-службата на Судот, исто така, објави дека расправата за жалбата на Тимошенко против одлуката на првостепениот суд за нејзината превентивна мерка ќе започне во понеделник, 26 јануари, објави „Униан“. Тимошенко потврди дека нејзината ...

Претседателката на Либерално-демократската партија (ЛДП) и пратеничка во македонското Собрание, Моника Зајкова, во објава на социјалните мрежи изрази целосна поддршка за реализација на проектот „Сејф Сити“. „ЛДП е за целосно спроведување на законите, за сите, без дискриминација и со еднакво третирање на сите граѓани. Кочење на закони кои водат до владеење на правото е неприфатливо, иако многу често го сведочевме и во блиското минато. ...

Страшно злосторство го потресе Балканот. Марио (15) беше пронајден закопан на поле недалеку од српско-романската граница, во близина на Темишвар, а осомничени се момчиња на возраст од 13 и 15 години, кои несреќниот тинејџер ги познавал од претходно. Марио исчезна во понеделникот, 19 јануари, кога, како што беше утврдено, се упати кон куќата на еден од осомничените за убиството со скутер. 13-годишното момче наводно го намами Марио во својот ...

Хрватските ракометари го отворија второто коло од Европското првенство со победа од 30:29 против Исланд во првиот натпревар од Група II и со тоа направија голем чекор кон полуфиналето на турнирот. Пред почетокот на турнирот, Исланд беше прогласен за фаворит за пласман во полуфиналето на Евро заедно со Шведска од оваа новоформирана група. Хрватска се изедначи со Шведска, Словенија и Исланд со по два бода на своето конто, додека Унгарија и ...

Хорор филмот „Грешници“ на режисерот Рајан Куглер ја одбележа овогодинешната сезона на филмски награди со импресивни 16 номинации за Оскар, што го прави еден од најноминираните филмови во историјата на Академијата за филмски уметности и науки. Ова им се придружува на наслови како „Сè за Ева“ (1950), „Титаник“ (1997) и „Ла Ла Ленд“ (2016), кои го држеа рекордот со години со по 14 номинации. Меѓу наградите се оние во најважните категории – за ...

Хрватскиот возач на камион, Јосип К. (30), почина во средата попладне откако беше згмечен од товар пченка при истовар во Италија. Несреќата се случи во компанијата „Санта Рита“ во Ронкадел во близина на Довера, кај Кремона, објавува „Кориере дела Сера“. Несреќата се случи околу 15 часот додека Јосип, вработен во компанија која преработува и суши житарки, истовараше пченка покрај силосот. Се верува дека дошло до дефект на системот кога ...

Финската полиција откри случај што ја згрози јавноста во Европа. За време на претресот на семеен дом во Хелсинки, инспекторите пронајдоа 80-годишен маж за кој се сомнева дека со децении живее во нехумани услови, целосно изолиран и без основни услови за живот. Полицијата изјави дека мажот е пронајден во соба од 30 квадратни метри без прозорци и без пристап до основни хигиенски и услови за живот. Според првите информации, тој ја напушти ...

Во рамки на Вториот состанок на Балканската платформа за мир, министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, заедно со министрите за надворешни работи на земјите учеснички, денеска во Истанбул остварил средба со претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган. Како што соопшти Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, на средбата биле разменети мислења за билатералните односи на Република ...

Во СВР Велес синоќа е пријавено дека во 19:45 часот на Детското одделение во Општа болница Велес било донесено починато шестгодишно дете од Градско, кое имаше здравствени проблеми. Лекар констатираше смрт без видливи траги на насилство, а увид извршила увидна екипа од СВР Велес, информираат попладнево од СВР Велес. По насоки на јавен обвинител, телото е дадено за обдукција. Во СВР Велес синоќа е пријавено дека во 19:45 часот на Детското ...

СВР Битола до Основното јавно обвинителство Битола, поднесе кривична пријава против М.Т.(46) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување”, „фалсификување исправa” и „употреба на исправа со невистинита содржина”. Од СВР Битола информираа дека пријавениот, управител во приватна фирма од Новаци, во април и мај 2024 година, со пречекорување на границите на своите службени ...

На денешната седница на Собранието, координаторот на пратеничката група на Левица, Борислав Крмов, најави дека во Законот за прекршоци, преку кој ќе профункционира системот „Сејф сити”, Левица ќе поднесува измени особено во однос на глобите, односно ќе бараат скалесто казнување. „Не може да се казнуваат исто луѓе со месечни примања од 500 ЕУР и луѓе со месечни примања и од по 50.000 ЕУР”, рече Крмов. За Предлог-измените на Законот за ...

Mozzart подарува бесплатни карти за претставата „Олд Сејбрук“ и ги отвора вратите на една вечер во која театарот дише со полни гради. Кога светлата ќе се пригушат, а сцената оживее, започнува патување низ смеа што ослободува. Секој дијалог носи трага од искреност, секоја тишина има своја тежина, а секоја емоција го наоѓа патот до публиката. Театар Комедија ќе биде дом на една посебна приказна на 11 февруари. Настанот носи и хуманитарна ...

One Macedonia, подружница на унгарската 4iG Групација, официјално ја доби националната лиценца за работа како трет мобилен оператор во земјата. Лиценцата денеска свечено беше врачена на церемонија организирана од Агенција за електронски комуникации (АЕК), со што се означува почетокот на долгорочна стратешка инвестиција во екосистемот за поврзаност на Северна Македонија. На настанот присуствуваа претставници на Агенцијата за електронски ...

Во пораст е бројот на заболени од рак на грлото на матката. Најмладите пациентки се на 18 годишна возраст, дијагностицирани 2017 и 2020 година и средната возраст е некаде 55 години. Според најновата клиничка епидемиолошка статистика на Клиниката за радиотерапија и онкологија, за разлика од 2024 година кога имало само 74 пациентки, во 2025 година имале 122 пациентки кои по првпат со оваа дијагноза се јавиле во клиниката. ХПВ вакцинацијата го ...

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, денес повторно ги повика жителите да размислат за евакуација поради руските напади врз системите за греење на градот. Тој објави на социјалните мрежи дека по нападите на 9 и 20 јануари, речиси 2.000 станбени згради во главниот град сè уште се без греење, пренесува Ројтерс. „Да бидам искрен: ова е исклучително тешка ситуација и може да се влоши“, напиша Кличко, советувајќи ги луѓето да се снабдат со ...

weather icon

Скопје

9ᴼ / 9ᴼ
3.09
81%
1008
weather icon

Белград

7ᴼ / 4ᴼ
9.26
65%
1005
weather icon

Загреб

5ᴼ / 3ᴼ
5.14
92%
999
weather icon

Софија

1ᴼ / 1ᴼ
7.72
80%
1011
weather icon

Сараево

0ᴼ / 0ᴼ
1.71
95%
1014
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 4ᴼ
1.79
97%
999
weather icon

Атина

15ᴼ / 13ᴼ
5.66
80%
1011
weather icon

Тирана

15ᴼ / 15ᴼ
6.17
39%
1000
weather icon

Подгорица

10ᴼ / 10ᴼ
0.51
87%
1000
weather icon

Букурешт

2ᴼ / 1ᴼ
4.12
92%
1014
weather icon

Будимпешта

5ᴼ / 2ᴼ
4.12
97%
1005
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 9ᴼ
2.06
66%
1015
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Алуминиум

3.06

Родиум

339190.38

Бакар

12.10

Паладиум

56617.46

Кобалт

64.04

Цинк

3.37

Платина

83354.78

Рутениум

45750.51

Иридиум

221848.72

Сребро

3663.67

Злато

159322.70

Калај

49.78