Се намалуваат административните документи со кои компаниите ќе можат да аплицираат за да се стекнат со лиценца, како еден од новитетите кои се уредени во Правилникот за лиценци што го донесе Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) којшто денеска стапува во сила. РКЕ информира дека во новиот Правилник за лиценци извршиле усогласување со обврските од Законот за енергетика и ги ...

Нивото на водата во Охридското Езеро се наоѓа на котата 693,73 метри надморска височина или 24 сантиметри над просекот за март (693,49 мнв). Водостојот на езерото е значително подобрен споредбено со лани минатата година кога во март нивото на водата во езерото се наоѓаше и повеќе од 30 сантиметри под месечниот просек или неколку сантиметри над дозволениот минимум. Температурата на водата во езерото изнесува 6,5 степени Целзиусови што е ...

Трката за критични минерали ги донесе на иста маса членките на Советот за безбедност на Обединетите Нации. Состанокот за глобалната состојба со рудите беше инициран од САД, во услови кога расте загриженоста во Вашингтон и Брисел поради зависноста од снабдување со минерали од Кина и други земји. Причината за ваквиот интерес е растечката светска побарувачка за литиум, бакар, кобалт, никел и антимон – суровини без кои не може да се реализираат ...

На подрачјето на Кисела Вода, полициски службеници го уапсија Б.С.(55) од Скопје поради сомнение дека со пиштол пукаше кон неговата 48-годишна сопруга, им се закануваше на нивните три ќерки на возраст од 26, 24 и 18 години, а една од нив и физички ја нападна. „Според пријавеното, на 1.3.2026, по претходна расправија во домот, тој од пиштол испукал еден куршум кој завршил во прозорецот, по што отишол кај 24 и 18-годишната ќерка, им се ...

Иранскиот главен град Техеран беше под силно бомбардирање во петок наутро, а експлозии се слушаа низ целиот град, објавија државните медиуми. Според извештаите, целта била авенијата Џомхури, популарна шопинг-зона и една од најпрометните улици во центарот на Техеран. – Улицата Џомхури и станицата Џами БРТ, се целосно уништени. Улиците околу централните и источните делови на Техеран сега се пусти, објави иранскиот државен радиодифузер ИРИБ. ...

Претседателот на САД, Доналд Трамп, во четврток изјави дека не е загрижен за зголемувањето на цените на горивата во земјата, дури и кога цените на нафтата во САД скокнаа за 20% од минатиот петок. Не сум загрижен за тоа. Тие ќе паднат многу брзо кога ќе заврши ова, а ако се зголемат, ќе се зголемат, но ова е многу поважно од мало зголемување на цените на бензинот, изјави Трамп за Ројтерс. Цените на нафтата во САД во четврток го забележаа ...

Косовската претседателка Вјоса Османи денес потпиша указ за распуштање на парламентот и објави дека ќе бидат распишани предвремени избори. Османи на прес-конференција изјави дека неуспехот на пратениците да изберат претседател го турна Косово во нови избори. – Оваа ситуација беше целосно избежна, рече Османи. Таа најави дека во текот на денот ќе одржи консултации со лидерите на парламентарните партии за датумот за закажување на предвремени ...

Иранските воздухопловни сили (ИРГК) денес започнаа напад врз Израел, користејќи самоубиствени дронови и напредни ракети „Хајбер“ со касетни боеви глави за да ја заобиколат повеќеслојната воздушна одбрана на Израел. Ракетите „Хајбер“ наводно ја пробиja одбраната на Тел Авив во масовен заеднички напад, објави иранската телевизија „Прес ТВ“. Додадено е дека ракетите се распаднале на десетици помали, побрзи боеви глави додека летале кон своите ...

Американскиот министер за одбрана Пит Хегсет изјави дека американско-израелската воена операција против Иран штотуку започнала и е „одлучувачка и одржлива“, нагласувајќи дека САД имаат доволно муниција и оружје за да ја спроведат кампањата колку што е потребно. – Немаме недостаток на муниција. Нашите залихи на офанзивно и одбранбено оружје ни овозможуваат да ја спроведуваме операцијата колку што е потребно, рече Хегсет, објави NBC News. ...

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху постави цел да го елиминира тогашниот врховен лидер на Иран, Али Хамнеи, уште во ноември, изјави израелскиот министер за одбрана Израел Кац во интервју за телевизијата Канал 12. „Веќе имавме разговори со премиерот во многу тесен круг во ноември. Премиерот постави цел: да го елиминира Хамнеи“, изјави Кац за израелската телевизија. Кац додаде дека по консултациите со израелската војска (ИДФ) и ...

Иранската централна команда „Хатам ал-Анбија“ соопшти дека американскиот носач на авиони „УСС Абрахам Линколн“ бил погоден од ирански беспилотни летала во Оманското Море. – Носачот на авиони „Абрахам Линколн“, кој се приближил на 340 километри од поморските граници на Иран во Оманското Море во обид да го контролира Ормутскиот теснец, бил погоден од беспилотни летала на морнарицата на Иранската револуционерна гарда, изјави портпарол на ...

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 6, а максималната ќе достигне од 13 до 19 степени Целзиусови. Во Скопје ќе биде сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 17 степени. Според најавите од Управата за ...

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. Намалена видливост поради појава на магла од 50 до 100 метри има во Пехчево, Берово, Смојмирово и во Катланово. Во 00:10 часот настанат е прекин на товарниот сообраќај на влез и излез од бугарска страна на Граничен премин Деве Баир, поради технички проблеми со системот. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На ...

Хрватскиот стратег Игор Тудор вечерва во 21:00 часот со Тотенхем го пречекува Кристал Палас во третиот натпревар откако ги презеде Спарс. Ова е исто така трето последователно лондонско дерби во првенството за Тудор, а ги загуби двата претходни, против Арсенал со 1:4 и против Фулам со 1:2. Сега го чека нов тежок натпревар. Кристал Палас е актуелен победник на ФА Купот, но сега им е потребна победа на гости против Тотенхем за да избегаат од ...

Деветнаесетгодишната Ева Алексовска која што боледува од анорексија и булимија во емисијата на Агнеса Органџиева која што се емитува секоја среда на A1on на YouTube, одлучи да говори јавно за тешките искушенија што ги има. Причината на гостувањето е отварање на свеста на младината која што поминува низ истото, а немаат храброст да си признаат или да побараат помош. – Прифатете ја вистина на време додека не е доцна и да не дојдете до овој ...

Израелските одбранбени сили (ИДФ) рано утрово објавија дека почнале да напаѓаат инфраструктура во Иран. – ИДФ започна широк бран напади врз инфраструктурата на иранскиот терористички режим во Техеран, соопшти војската во објава на Телеграм. Израел, кој го напаѓа Иран од саботата, соопшти дека преминува во следната фаза од вооружениот конфликт. „Во оваа фаза, дополнително ќе го демонтираме режимот и неговите воени капацитети“, рече ...

Полицијата попладнево интервенираше во областа Мосте (Љубљана) по пријава дека едно лице ги загрозува животите на минувачите. Истиот човек ги нападна полицајците со остар предмет, пишува словенечкиот портал 24ur. Полицијата го предупреди да го прекине нападот, но тој ги игнорираше предупредувањата и продолжи да им се заканува на полицајците. Потоа полицајците отворија оган. „Полициските службеници, за да одбијат нелегален напад врз ...

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денес изјави дека не е лично загрижен за заканите со смрт за кои тврди дека му ги испратил претседателот на Украина Володимир Зеленски, истакнувајќи дека нема да дозволи неговата татковина да биде загрозена. Орбан нагласи дека спорот околу нафтоводот „Дружба“ не е спор што го засега лично, туку, како што изјави, е за снабдување со енергија на Унгарија. Тој предупреди дека ќе ги искористи сите политички ...

Папата Лав XIV денес ги повика политичките лидери да ги напуштат „плановите на смртта“ за време на конфликтот во Иран и нагласи дека нуклеарната закана не смее да ја диктира иднината на човештвото. Папата, исто така, се помоли „Господ да ги просветли лидерите на народот, за да имаат храброст да ги напуштат проектите на смртта, да ја запрат трката во вооружување и да ги стават животите на најранливите во центарот“, објави „Ватикан њуз“ видео ...

Интензивирањето на непријателствата низ Блискиот Исток доведе до значителни движења на населението, принудувајќи повеќе од 330.000 луѓе да бидат присилно раселени, претежно во рамките на нивните земји, соопшти денеска агенцијата на ОН за бегалци (УНХЦР). Граничните судири меѓу Авганистан и Пакистан, исто така, наводно принудиле илјадници семејства да избегаат. Агенцијата на ОН веќе ги поддржува раселените популации и се подготвува да ја ...

Главната рафинерија за нафта во Бахреин беше погодена денес, а пожарот предизвикан од ирански ракетен напад оттогаш е ставен под контрола. Рафинеријата сега работи непречено, објавија официјални лица на островската држава во Перискиот Залив. Сепак, снимките од местото на настанот ставаат голем прашалник врз овие тврдења. Во соопштението на Националниот комуникациски центар на Бахреин, беше наведено дека пожарот избувнал во една единица од ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес изјави дека во првите три дена од конфликтот на Блискиот Исток, повеќе од 800 ракети „Патриот“ биле употребени за спротивставување на иранските напади, истакнувајќи дека Украина никогаш немала толку многу ракети за да ги одбие нападите во текот на целата руско-украинска војна. „Разговараме со сите лидери на Блискиот Исток – Катар, Емиратите, Бахреин, Јордан, денес ќе разговарам со некој друг. ...

Герет Бејл ги именуваше тројцата најдобри играчи со кои тренирал за време на неговата брилијантна кариера, но изненадувачки го изостави Кристијано Роналдо, со кого одигра 157 натпревари во Реал Мадрид. Велшанецот, кој го сочинуваше легендарното напаѓачко трио на „Би-Би-Си“ со Роналдо и Карим Бензема, во емисијата „Stick to Football“ на „The Overlap“ откри кој го импресионирал најмногу за време на тренинзите. Три имиња од Реал Мадрид беа на ...

Приватните авиони станаа главно средство за бегство за богатите од ескалацијата на конфликтот на Блискиот Исток. По нападите насочени кон луксузни хотели и Меѓународниот аеродром во Дубаи, клучен авијациски центар за Обединетите Арапски Емирати, компаниите за приватни авиони беа преоптоварени од побарувачката и покрај вртоглавото зголемување на цените. Иако сите комерцијални летови беа приземјени за време на викендот, а услугите беа обновени ...

Бритни Спирс беше уапсена вчера во округот Вентура, Калифорнија, за возење под дејство на опијати. Според американските медиуми, сообраќајната полиција во Калифорнија ѝ стави лисици синоќа околу 21:30 часот. Не долго откако веста за апсењето стигна до јавноста, исчезна и нејзиниот профил на Инстаграм. Ова не е првпат Спирс да се најде во неволја. Во октомври 2025 година, таа беше видена како вози невнимателно и скршнува низ сообраќајните ...

Пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи, на собраниската седница се осврна на трагедиите поврзани со родовото базирано насилство како последица на институционални слабости и вредносна криза во општеството. „Со оглед на тоа што е Осми март, за жал не можам да започнам со честитка. Оваа седница се случува три дена по трагедијата која ја потресе нашата татковина и нè исполни со горчина. Ужас во кој, поради непрекината низа од институционални ...

Евакуирани се македонски државјани од Израел, кои попладнево со владиниот авион полетаа од Шарм ел-Шеик кон Скопје, информира министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски. Како што посочи, Министерството целосно го координирало процесот на евакуација, кој барал сериозен ангажман на дипломатско-конзуларните претставништва, доследно почитување на безбедносните процедури и континуирана координација меѓу надлежните ...

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека мора да учествува во изборот на новиот врховен лидер на Иран откако досегашниот лидер Али Хамнеи беше убиен во нападите на САД и Израел. Изјавите на иранските претставници вчера и денеска укажуваат дека се приближува објавувањето на наследникот на Хамнеи, а неговиот син Моџтаба Хамнеи се смета за главен кандидат. Коментирајќи ги овие обвинувања во интервју за Аксиос, Трамп рече: „Тие го губат ...

Унгарскиот премиер Виктор Орбан нареди построги гранични контроли за странските државјани по нападите на САД и Израел врз Иран, со што безбедносните прашања стануваат сè поцентрални за неговата изборна кампања. Орбан тврди дека вооружениот конфликт на Блискиот Исток претставува ризик за Унгарија во однос на цените на енергијата и националната безбедност, а аналитичарите веруваат дека пред изборите би можел да има корист од улогата на гарант ...

Васко Спасовски, ПР и букинг менаџер на музичката група ДНК, денеска сведочеше пред Судот за пожарот во дискотеката „Пулс” во Кочани, тврдејќи дека од Денис Даутовски, поранешен тур-менаџер на бендот, дознал дека токму тој бил задолжен за активација на пиротехничките прскалки пред да замине за Германија, три до четири месеци пред трагедијата. Сведокот изјави дека бил означен на Инстаграм профилот на ДНК како менаџер за ПР и букинг некаде ...

weather icon

Скопје

5ᴼ / 5ᴼ
2.57
61%
1015
weather icon

Белград

8ᴼ / 6ᴼ
2.57
60%
1016
weather icon

Загреб

6ᴼ / 6ᴼ
3.6
57%
1015
weather icon

Софија

4ᴼ / 3ᴼ
0.51
52%
1017
weather icon

Сараево

8ᴼ / 8ᴼ
4.53
88%
1017
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 3ᴼ
1.54
81%
1015
weather icon

Атина

11ᴼ / 9ᴼ
5.14
72%
1011
weather icon

Тирана

9ᴼ / 9ᴼ
1.54
62%
1012
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
2.06
46%
1013
weather icon

Букурешт

8ᴼ / 7ᴼ
4.63
76%
1016
weather icon

Будимпешта

8ᴼ / 7ᴼ
4.12
58%
1018
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
3.6
92%
1010
Currency

61.6238

Currency

53.1629

Currency

71.3542

Currency

37.4525

Currency

38.7262

Currency

67.692

Currency

7.72202

Currency

0.63227

Currency

0.33549

Currency

0.52487

Currency

1.20167

Currency

0.56757

Родиум

353658.21

Паладиум

44753.84

Злато

144593.23

Бакар

10.65

Сребро

2179.44

Иридиум

258288.78

Калај

43.91

Рутениум

56199.51

Алуминиум

3.19

Кобалт

3.86

Платина

61858.04

Цинк

0.00