Скопје
13ᴼ /
13ᴼ
За нешто повеќе од една година, владата Мицкоски ја уништи економијата, го саботираше европскиот пат, ги нападна правата на Албанците и ја одржува групацијата „Влен“ заробена преку принуда и кривична изложеност на нејзините лидери, велат од ДУИ. – Ветувањата за „плата од 1.000 евра“ и „рекордни инвестиции“ се претворија во минимална потрошувачка кошница од 68.797 денари месечно, плата која не ги покрива ни основните потреби, и пад од 61% на ...
Во Галерија „Остен“ вечер ќе се отвори изложба на карикатури од членовите на Хрватското друштво на карикатуристи. На изложбата ќе учествуваат Франо Чебало, Миро Георгиевски, Мирослав Геренчер – Геро, Роко Иџојтиќ, Драгутин Ковачевиќ – Дадо, Крешимир Квештек, Милан Лекиќ – Лекс, Мила Лончар, Мојмир Михатов, Живко Нимац, Зринка Остовиќ, Петар Писместровиќ, Никола Плечко – Ник Титаник, Зденко Пухин, Среќко Пунтариќ, Предраг Рајчевиќ, Иван ...
Поранешниот градоначалник на Струга, Рамиз Мерко, јавно ја критикуваше својата партија ДУИ обвинувајќи ја за двојни стандарди во односот кон функционерите кои се соочуваат со кривични пријави. Во објава на Фејсбук, Мерко посочува дека внимателно ги следел реакциите на партијата во врска со пријавите против пратеникот Блерим Беџети и поранешниот градоначалник Фатмир Дехари, за кои ДУИ изрази загриженост поради, како што велат, политички ...
Нова рунда мировни преговори меѓу САД и Иран „е на добар пат да се одржи утре“, објави Ројтерс. Повикувајќи се на неименуван извор во Пакистан, Ројтерс рече дека постои моментум за продолжување на разговорите и дека „работите се движат напред“. Изворот додаде дека Доналд Трамп би можел лично или виртуелно да учествува во преговорите доколку договорот биде потпишан. Нова рунда мировни преговори меѓу САД и Иран „е на добар пат да се одржи ...
Министерството за дигитална трансформација ја информира јавноста дека поради технички причини и тековни активности за надградба на опремата одредени услуги на Националниот портал за електронски услуги uslugi.gov.mk се привремено недостапни. -Aктивно се работи на отстранување на пречките и на повторно ставање во функција на сите услуги, што се очекува да се реализира многу скоро. Граѓаните ќе бидат дополнително и навремено известени веднаш ...
По долго боледување почина новинарката и уредничка Гордана Дувњак, една од препознатливите фигури во македонското новинарство, особено во областа на политиката и правосудството. Таа почина на 61-годишна возраст. Својата новинарска кариера Дувњак ја започнала во 1988 година во Македонската радио-телевизија, каде работела две години. Од 1991 до 1999 година била дел од редакцијата на „Нова Македонија“, по што следуваше нејзиниот долгогодишен ...
Иранските државни медиуми објавија нови снимки од Ормутскиот теснец за кои тврдат дека потврдуваат дека клучниот воден пат останува под строга контрола на Техеран. Видео објавено на Телеграм од агенцијата Фарс прикажува бродови кои минуваат низ теснецот, за кој тврди дека добиле претходно одобрение од Иран за влез во Персискиот Залив. Според Фарс, влегувањето во овој „безбеден коридор“, воспоставен од морнарицата на Иранската револуционерна ...
Иран денеска издаде нови предупредувања до САД, велејќи дека нема да преговара „под закани и принуда“. Сејед Мехди Табатабаеи, заменик-офицер за комуникации во кабинетот на иранскиот претседател, во објава на социјалните мрежи ги повтори пораките што често се слушаат од Техеран во последните денови. Тој рече дека Иран избрал мир, а не војна, но дека е подготвен да се брани. „Ќе го натераме агресорот да се покае за своите постапки и ќе ја ...
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека е уверен дека Иран ќе се согласи на разговори, но предупреди дека ако одбие, земјата ќе се соочи со огромни проблеми. „Или ќе преговараат, или ќе се соочат со проблеми какви што никогаш порано не виделе“, рече Трамп во телефонско интервју за конзервативната радио емисија „Шоуто на Џон Фредерикс“. „Се надевам дека ќе постигнат фер договор и ќе ја обноват својата земја, но кога ќе го сторат ...
Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни. Наместа ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Како што информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се движи од 3 до 9 степени, а максималната од 14 до 21 степен. Во Скопје, ...
Две жени на возраст од 62 и 56 години побарале помош во Итната медицинска помош број два во Кавадарци, каде биле медицински третирани под сомнеж за труење со заостанати велигденски јајца. Едната била задржана на болничко одделение во кавадаречката болница, а другата, по неколкучасовно медицинско следење, сама изразила желба да си оди дома, бидејќи, како што рекла, се чувствувала подобро. Оваа информација ја потврди доктор Антоан Паракеов, ...
Иран побара ослободување на екипажот откако американските сили запленија трговски брод под иранско знаме во текот на викендот. Министерството за надворешни работи на Иран соопшти дека „остро го осудува“ она што го нарече „нелегален и брутален чин“ на американската војска, која го нападна „Туска“ во неделата. Побара „итно ослободување“ на членовите на екипажот и нивните семејства и ги повика меѓународните организации, вклучително и ОН, да ...
Познатиот актер Брус Вилис се бори со фронтотемпорална деменција од 2023 година. А една година претходно, му беше дијагностицирана афазија. Неодамна наполни 71 година. Ема Хеминг Вилис, која е во брак со него од 2009 година, рече дека не е свесен за својата дијагноза. „Тоа е благослов и проклетство што Брус никогаш не го сфатил – никогаш не направил врска дека ја имал оваа болест. И навистина сум среќна поради тоа. Навистина сум среќна што ...
Францускиот претседател Емануел Макрон и полскиот премиер Доналд Туск се согласија денес во Гдањск дека блокадата на Ормутскиот теснец е грешка од двете страни и дека се неопходни дипломатски напори од сите, вклучително и од Европа, за деескалација на конфликтот на Блискиот Исток и слободен премин низ теснецот за меѓународната пловидба. „Поради одлуката на САД да ги блокира иранските пристаништа во Ормутскиот теснец, Иранците ја променија ...
Шест члена на екипажот се водат како исчезнати откако брод што пловел под американско знаме се преврте за време на ударот на тајфунот „Синлак“ во Тихиот Океан, објави денес американската крајбрежна стража. Крајбрежната стража соопшти дека сè уште бара шест члена на екипажот, објави CBS News. Според извештаите, превртениот брод првпат e забележан во саботата. Меѓу остатоците бил делумно потопен сплав за спасување што бил виден 95 наутички ...
Френк Лампард има сезона за паметење. Поранешниот англиски репрезентативец беше прогласен за менаџер на сезоната во Чемпионшип откако се пласираше во Премиер лигата со Ковентри Сити за првпат по 25 години. Ковентри собра 86 бода во текот на сезоната и практично го обезбеди првото место на три кола до крајот. Иако Ипсвич, кој има десет бода помалку и натпревар помалку, теоретски сè уште може да го достигне врвот, јасно е дека Ковентри се ...
Лажниот патриотизам заврши, власта ја враќаме назад кај граѓаните, порача претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешната свечена седница по повод 35 години од основањето на СДСМ. Филипче додаде дека граѓаните заслужуваат поинаква политика и подобра иднина. -Лагите, лажниот патриотизам, сировиот национализам на штета на меѓуетничките односи заврши. Ја враќаме власта во рацете на граѓаните. И затоа вечерва, на 35-годишнината на СДСМ, ...
Претседателката на Словенија, Наташа Пирц Мусар, денес, по разговорите со лидерите на парламентарните партии, изјави дека ниту еден кандидат за мандатот нема доволна поддршка, поради што најави продолжување на консултациите за формирање нова влада. Како што објави нејзиниот кабинет, консултациите ќе продолжат во наредниот период, со оглед на тоа што засега нема кандидат кој би ја обезбедил поддршката на потребното мнозинство во парламентот, ...
Мајка и шест деца, на возраст од 3 до 11 години, загинаа во експлозија и пожар во куќа во централна Пенсилванија, соопштија локалните власти, објави АП денес. Пожарникарите кои реагираа на пријава за експлозија и пожар во куќа во општината Ламар во округот Клинтон, во близина на Мил Хол, во недела наутро потврдија дека седум лица се заробени на местото на настанот, но не беа во можност да ја пребараат зградата зафатена од пламен, соопшти ...
Министерството за внатрешни работи соопшти дека во последното деноноќие лишени од слобода се две лица, а поднесени биле вкупно четири пријави за семејно насилство. Како што посочуваат од МВР, синоќа во 22:00 часот во СВР Скопје 47-годишна жена пријавила дека околу 16:30 часот во нејзиниот дом на подрачјето на Центар нејзиниот партнер А.Б.(47) физички ја нападнал неа и нејзиното куче и упатувал закани кон неа и нејзиниот син. Потоа и побарал ...
Прилепскиот завод и музеј денеска ги почна годинашните археолошки истражувања на античкиот локалитет Стибаре кај Прилеп, најпознат во земјава по импозантните мермерни статуи пронајдени на локалитетот. Од денеска до средината на мај ќе се работи на откривање на подземната инфраструктура која се востанови со гео скенирањето во 2023 година. – Резултатите од геоскeнирањето кое го направивме со опрема од Археолошкиот музеј на Македонија упатија ...
Жена заборави 20 тарантули во воз во јужна Германија, што предизвика интервенција на полицијата откако машиновозачот го откри необичниот товар, пренесува dpa. Машиновозачот пронајде пакет со натпис „пајаци и скорпии“ во регионален воз што се движеше кон универзитетскиот град Тибинген и веднаш ја извести полицијата. Откако пакетот е предаден на Централната станица во Тибинген, полицајците пронајдоа печатена порака на кутијата со која се ...
ChatGPT моментално не работи и е недостапен за милиони корисници ширум светот. Луѓето масовно пријавуваат дека не можат да се најават на своите сметки или да ја користат услугата. OpenAI официјално потврди дека нивните тимови веќе работат на отстранување на грешката. На официјалната веб-страница на компанијата се вели дека активно го истражуваат проблемот со пристапот. Сè уште нема прецизни информации за тоа кога популарниот четбот повторно ...
Реагираа семејствата на починатите во трагедијата во „Пулс“ по денешното барање на Ивана Коцевска – адвокатката на првообвинетиот Дејан Јованов – Деко за олеснување на мерките во куќен притвор. „Како семејства на починатите млади лица, ова барање го доживуваме како навреда за нашата болка и понижување на споменот на нашите деца. Додека ние живееме со празни домови, со недопрени соби и со тишина што нè гуши секој ден, наместо одговорност ...
„35 години, не се само бројка. СДСМ не се само четири букви. Тоа се многу повеќе, многу поважно. СДСМ е идеологија, илјадници животни приказни, бројни државнички одлуки, креирање добри политики и нивно спроведување, идеологија која спојува различности и почитува поинакви. СДСМ е многу повеќе од статистика и празни фрази“ напиша на Фејсбук пратеничката од СДСМ, Славјанка Петровска. Таа вели „и синото и црвеното носат своја победа, и розата и ...
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ го сруши рекордот по број на недели поминати во Топ 5 на АТП листата. Српскиот ас ја започнува својата 860-та недела во Топ 5 на АТП листата оваа недела, соборувајќи го рекордот што претходно го држеше Роџер Федерер со 859 недели. Novak Djokovic has broken the record for most weeks ranked in the Top 5. He now has: Most weeks at #1 – 428 Most weeks in Top 2 – 599 Most weeks in Top 3 – 764 Most weeks in Top 4 – ...
Израелските воени претставници потврдија дека фотографијата што се појави на социјалните мрежи и го прикажува инцидентот е автентична. Фотографијата покажува како израелски војник со чекан удира во главата на статуа на распнат Исус кој паднал од крстот, пишува Гардијан. The military says a photo showing a soldier in southern Lebanon smashing a statue of Jesus with a sledgehammer is authentic, and action is to be taken against those ...
Миланската полиција откри синџир за проституција организиран од агенција за бизнис ескорт, чии клиенти биле познати фудбалери. Во акцијата се запленети 1,2 милиони евра, објавија денес италијанските медиуми. Како дел од операцијата спроведена од Финансиската полиција на Милано, во координација со канцеларијата на јавниот обвинител, на четири лица им е одреден куќен притвор поради нивната улога во организирање проституција и перење пари ...
Потпретседателот на САД – Џ.Д. Венс, и остатокот од американската делегација треба да слетаат во Пакистан во следните неколку часа, каде што се планирани нови разговори за Иран, и покрај фактот што Техеран претходно изјави дека во моментов „нема планови“ за нова рунда преговори. Оваа информација ја објави „Њујорк пост“, осврнувајќи се на изјавите на американскиот претседател Доналд Трамп, кој рече дека преговорите сè уште се планирани. ...
Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 14 возачи за безобѕирно управување возило, соопшти МВР. Од нив осум управувале возило без возачка дозвола, по двајца под дејство на алкохол и со многу поголема брзина од дозволената и по еден со активна забрана и во спротивна насока. Четири возачи во Скопје, двајца во Гостивар и по еден во Тетово и Битола возеле без возачка дозвола. ...