Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција рече дека граѓани директно ги чувствуваат последиците од бајките на Мицкоски. „Граѓаните скапо ги плаќаат бајките и неспособноста на премиерот Мицкоски. Ги плаќаат со празни џебови и со празни фрижидери“, истакна Филипче. Тој нагласи дека СДСМ навремено предупредуваше и нудеше конкретни решенија за справување со кризата, но Владата не презела ништо. „Баравме и ...

МВР информира дека вчера попладне во 16:00 часот во ОВР Радовиш е пријавено дека во с. Конче, радовишко, се случила сообраќајна несреќа помеѓу два мотоцикли, управувани од 12-годишник и 13-годишник, двајцата од с. Конче. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил 13-годишникот, додека 12-годишникот се здобил се телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Штип и ЈЗУ Здравствен дом Радовиш. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР ...

МВР информира дека вчера попладне во 15:00 часот во СВР Велес е пријавено дека на локалниот пат Велес – Каменолом, кај место викано „Гроот“, товарно возило „ман“ со приколка со скопски регистарски ознаки, управувано од З.К.(61) од Велес, се превртело на коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Општа болница Велес. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Велес. МВР информира дека вчера попладне во ...

МВР информира дека вчера во 13:20 часот во СВР Тетово е пријавено дека во с. Пршовце, општина Јегуновце, се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од С.Е.(34) од с. Шемшево и велосипед, управуван од малолетник од с. Пршовце. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Клиничка болница Тетово. За настанот е известен јавен обвинител од Јавното ...

Руски суд осуди украински војник на 15 години затвор по обвинение поврзано со упадот на украинските сили во Курскиот регион, објавија руските власти. Според прес-службата на Вториот западен округ воен суд, 46-годишниот Андриј Хринчишин, член на 22-та посебна механизирана бригада, ќе ги отслужи првите пет години од казната во затвор, а остатокот во колонија со засилен режим. Руските истражители го обвинуваат Хринчишин за „терористички чин“ ...

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во рамки на учеството на Пролетните средби на ММФ и СБ во Вашингтон оствари средба со заменик-генералниот директор на ММФ Бо Ли. На средбата беше нотирана и поздравена заложбата на Владата за натамошна фискална консолидација и намалување на буџетскиот дефицит на среден рок под 3%. – Владата и Министерството за финансии остануваат цврсто на определбата за постепена фискална консолидација и ...

Израелската армија, која го окупира јужниот дел на Либан, по полноќ сруши куќи со булдожери во локалните градови Накура и Бајада. Ова го објави дописникот на Националната новинска агенција на Либан (ННА). Во извештајот понатаму се наведува дека армијата ги блокирала патиштата што водат до неколку градови во западниот дел на земјата со насипи и урнатини. Израелската војска соопшти дека извршила серија напади во кои загинале повеќе од 150 ...

Министерството за внатрешни работи денеска добило дојави за бомби во трговските центри Ист Гејт и Дајмонд во Скопје. Вработени во Ист гејт изјавија дека околу 10:30 часот добиле известување дека треба да ги напуштат работните места, а трговскиот центар и по два часа не беше отворен за купувачите. -Денеска (19.04.2026) на електронска адреса на Министерството за внатрешни работи е добиена порака со закана дека во трговските центри „East gate“ ...

Премиерот Христијан Мицкоски изрази очекување дека на граѓаните во Бугарија на денешните парламентарни избори ќе изберат премиер, кој ќе биде проевропски ориентиран, насочен кон добрососедските односи, наместо кон билатерални прашања и посветен на темелните европски вредности. -Очекувам дека граѓаните во Бугарија, кои гласаат во Бугарија ќе изберат премиер, односно претседател на Владата, кој ќе биде јасно проевропски ориентиран, подобро ...

Белградскиот маратон денеска донесе трка со брзо темпо и очекувана доминација на африканските тркачи на долги патеки, но и одличен настап на најдобриот македонски маратонец Дарио Ивановски, кој го освои второто место и уште еднаш го потврди својот статус на еден од најдобрите тркачи на Балканот. View this post on Instagram A post shared by Telegraf Sport (@telegrafsport) Победник на 39-то издание на маратонот беше Етиопјанецот Гудет Гад ...

Во најтешкиот момент, едно семејство донесе одлука што значи живот. Со нивната хуманост и несебичност, спасен е човечки живот преку трансплантиран црн дроб на 67 годишен пациент, а на уште една пациентка на 51 годишна возраст и е подарена нова шанса за поквалитетен живот со трансплантација на бубрег. Пациентите се во добра општа состојба и се пуштени на домашно лекување. – Овие медицински интервенции се воедно и приказни за надеж, за ...

Најмалку шест лица беа убиени, а неколку ранети откако вооружен човек вчера отвори оган во Киев – соопштија украинските власти. Овој инцидент се случи во округот Холосински во јужниот дел на Киев. Игор Клименко, министерот за внатрешни работи, рече дека вооружениот човек, кој живеел во соседството, почна да пука по луѓе на улицата и зема неколку луѓе како заложници во блискиот супермаркет. Клименко рече дека напаѓачот е убиен во ...

Фудбалерите на Баерн Минхен денеска имаат шанса да ја освојат 35-тата титула шампион на Германија, а за тоа им е потребен барем нерешен резултат во дербито против Штутгарт, но идиличниот крај на викендот го расипа веста за повредата на Серж Гнабри, кој, како што стојат работите, ја заврши сезоната. Сè се случи во сабота попладне на тренингот пред натпреварот против Штутгарт, а првите проценки што клубот ги даде кратко потоа воопшто не беа ...

Елек за спасување што го носела патничка на бродот „Титаник“ додека го напуштала бродот во чамец за спасување е продаден на аукција во саботата за 670.000 фунти (околу 906.000 долари). Овој елек ѝ припаѓал на Лаура Мејбел Франкатели, патничка од прва класа на познатиот брод, и го носи нејзиниот потпис и потписот на други преживеани од истиот брод. Тоа беше најзначајниот предмет на аукцијата на сувенири поврзани со „Титаник“, организирана од ...

Во обложувалница во белградската населба Миријево синоќа имаше пукање и тепачка во која повредени се двајца обезбедувачи. Конфликтот се случи околу 18 часот, а полицијата го пронајде човекот кој пукаше на местото на нападот и веднаш го уапси. Инцидентот пред обложувалницата се случи затоа што обезбедувачот не му дозволи на М.Ј.(44) да влезе во објектот, а малку подоцна извади пиштол и го застрела обезбедувачот А.М.(20) во ногата. Ранетиот ...

„За најавата на Мицкоски за отворање рудник со антимон во кривопаланечко Луке мора да има поширока јавна дебата и секако да се прашаат граѓаните, тие да одлучат. Ова е сериозно прашање, станува збор за тоа оваа држава како одлучува за своите ресурси, за здравјето на граѓаните и за иднината на локалните заедници. Особено што на пример, старото еколошко жариште Лојане со децении стои нерешено, а во исто време се најавува нов рудник за антимон“ ...

Бугарија денеска гласа за избор на 52. состав на Народното собрание, во уште еден важен изборен ден што го привлекува вниманието на јавноста поради политичката динамика во земјата во последните години. Гласачките места се отворија во 7:00 часот и ќе останат отворени до 20:00 часот, а доколку има редици од граѓани кои чекаат да го остварат своето право на глас, гласањето може да биде продолжено најдоцна до 21 часот. Во изборната трка ...

Иран објави дека Ормутскиот теснец е повторно затворен поради, како што вели, кршење на прекинот на огнот од страна на САД. Од Техеран беше објавено дека Иран не е подготвен да одржи нова рунда преговори со Америка, додавајќи дека „тие немаат намера да ѝ предадат збогатен ураниум на таа земја“. Исто така, беше наведено дека Иран ќе го следи и контролира сообраќајот низ Ормутскиот теснец сè додека „војната дефинитивно не заврши“ и не се ...

Пoранешната потпретседателка на САД, Камала Харис, изјави дека претседателот Доналд Трамп бил „вовлечен“ во војна со Иран од одлуките на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху. „Тој влезе во војна во која Нетанјаху го вовлече, да бидеме јасни за тоа, тој влезе во војна што американскиот народ не ја сака и со тоа ги стави американските војници во опасност“, рече таа за време на говорот во Детроит. Таа го обвини Трамп дека ја користи воената ...

Времето денеска ќе биде сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 9, а максималната ќе достигне од 17 до 24 степени. Во Скопје времето ќе биде претежно сончево и релативно топло со слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 23 степени. Во текот на новата седмица ...

Светот се подготвува за Светското првенство во фудбал во 2026 година, а побарувачката за билети достигна невидени нивоа. Според најновите извештаи, повеќе од 500 милиони барања за билети биле поднесени за време на фазата на извлекување, која траеше од декември 2025 до јануари 2026 година. Овој огромен интерес потврдува дека претстојниот турнир, чии домаќини се САД, Мексико и Канада, ќе биде најголемиот спортски настан во историјата. ...

Опозиција која е безидејна, на која ѝ недостига сериозна конструктивност за да биде коректор на власта и која се соочува со внатрешни проблеми, сметам дека оваа интерпелација е неиздржана, изјави денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, одговарајќи на новинарско прашање во врска со поднесената интерпелација. Тој за време на кампањата „Гласот што го слушаме – македонско најдобро“, која денеска ...

Пет лица се убиени по денешното пукање во киевската област Холосиевска. Покрај тоа, десет од нив се ранети, додека четворица заложници се спасени. Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека напаѓачот е убиен и го потврди бројот на жртвите. „Украинскиот министер за внатрешни работи, Игор Клименко, штотуку објави дека напаѓачот во Киев кој отвори оган врз цивили е елиминиран. Сите околности се утврдуваат. Во моментов, потврдени се ...

Лидерот на босанските Срби, Милорад Додик, повторно ја спомена можноста за одвојување на ентитетот Република Српска од Босна и Херцеговина и нејзино обединување со Србија. Зборувајќи на конгресот на партнерската Социјалистичка партија, тој рече: „Нашата борба за слобода ќе заврши кога ќе бидеме слободни и кога ќе се обединиме со Србија на начинот на кој мислиме дека треба да биде“. За прв пат по долго време, Додик ги повтори своите ...

Шефицата на венецуелската опозиција, Марија Корина Мачадо, која е на европска турнеја, одби да се сретне во Мадрид со шпанскиот премиер Педро Санчез, кој има лоши односи со американскиот претседател Доналд Трамп, на чија поддршка смета Мачадо. Нејзиното пристигнување во Мадрид се совпадна со самитот на лидерите на светската левица, кој се одржува овој викенд во Барселона, во организација на шпанската влада. „Ѝ понудивме да се сретне со ...

Германскиот тенисер Александар Зверев го доживеа еден од најболните порази во сезоната, бидејќи беше елиминиран од Италијанецот Флавио Коболи во полуфиналето на АТП турнирот во Минхен со убедливи 2:0 (6:3, 6:3). Третиот играч во светот целосно потфрли пред домашната публика и остави впечаток на тенисер кој е далеку од формата потребна за рамноправна борба со денешниот водечки тандем, Јаник Синер и Карлос Алкараз. Коболи го наметна ритамот ...

Швајцарскиот фудбалски клуб ФК Базел го откажа планираниот концерт на Канје Вест, велејќи дека раперот не се вклопува во „вредностите“ на клубот. Вест требаше да настапи во јуни на стадионот на клубот „Санкт Јакоб-Парк“, домот на 21-кратниот шампион на Швајцарија, но клубот сега вели дека по „темелна проверка“ тоа повеќе не е во план. Во изјава за „Атлетик“, портпарол на Базел коментираше: „Во принцип, ФК Базел е многу заинтересиран да го ...

Министерот за надворешни работи на БиХ, Елмедин Конаковиќ, учествуваше на Третиот министерски состанок на регионалната иницијатива „Платформа за мир на Балканот“ во Анталија. На панелот, на кој присуствуваше и министерот за надворешни работи на Србија, Марко Ѓуриќ, тој остро го критикуваше ставот на српското раководство предводено од Александар Вучиќ кон Босна и Херцеговина. Тој ги истакна клучните разлики. Зборувајќи за меѓусебните односи, ...

Владата на денешната седница, разгледувајќи ја актуелната економска состојба и влијанието на глобалните ценовни шокови врз домашниот пазар, донесе одлука за продолжување на мерката за намалување на акцизите на нафтените деривати, со важност до 4 мај. Согласно пресметките, како што се наведува во соопштението, очекувањата се дека Регулаторна комисија за енергетика ќе донесе одлука со која ќе се изврши дополнително намалување на малопродажните ...

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денес изјави дека Западот ја признал независноста на Косово, без да размислува за територијалниот интегритет на Србија, а во случајот со Крим и Донбас, постојано се повикува на територијалниот интегритет на Украина. „Кога треба да се признае независноста на таканареченото Косово, тоа е право на самоопределување, кога треба да се изрази категорично занемарување на правата на народот на ...

weather icon

Скопје

12ᴼ / 12ᴼ
0.51
67%
1016
weather icon

Белград

16ᴼ / 15ᴼ
2.06
72%
1012
weather icon

Загреб

12ᴼ / 12ᴼ
2.57
82%
1012
weather icon

Софија

9ᴼ / 9ᴼ
2.06
87%
1016
weather icon

Сараево

14ᴼ / 14ᴼ
0.66
74%
1014
weather icon

Љубљана

12ᴼ / 11ᴼ
1.54
96%
1012
weather icon

Атина

18ᴼ / 13ᴼ
2.57
63%
1016
weather icon

Тирана

13ᴼ / 13ᴼ
1.54
88%
1018
weather icon

Подгорица

16ᴼ / 16ᴼ
1.03
77%
1018
weather icon

Букурешт

12ᴼ / 10ᴼ
4.63
71%
1015
weather icon

Будимпешта

17ᴼ / 15ᴼ
1.54
81%
1011
weather icon

Истанбул

12ᴼ / 11ᴼ
2.06
76%
1018
Currency

61.6417

Currency

52.4626

Currency

71.2993

Currency

37.9559

Currency

38.4775

Currency

67.3564

Currency

7.70223

Currency

0.70181

Currency

0.33535

Currency

0.52518

Currency

1.15978

Currency

0.55488

Калај

50.03

Злато

166450.52

Цинк

3.35

Паладиум

48883.97

Алуминиум

3.57

Родиум

319899.93

Рутениум

51376.89

Иридиум

253540.09

Платина

64172.89

Сребро

2840.84

Кобалт

45.39

Бакар

12.06