Скопје
13ᴼ /
13ᴼ
Моџтаба Хамнеи, син на врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, кого некои аналитичари долго го сметаа за можен наследник, е жив и здрав, објави иранската новинска агенција Мехр. „Моџтаба Хамнеи, синот на врховниот лидер, е во целосна здравствена состојба“, објави Мехр. Агенцијата додаде дека Моџтаба, исто така, се занимава со „важни прашања“ за земјата, без да образложува повеќе. Се верува дека Моџтаба, вториот син на врховниот ...
Недостиг од утрински состаноци, отсуство на групно донесување на одлуки за терапија и неажурирани протоколи, беа дел од недостатоците што ги изнесе поранешната в.д. директорка на Клиниката за Онкологија, Виолета Клисаровска, на судењето за случајот „Онкологија 2“. Таа посочи дека при нејзиното назначување затекнала долг, нееднакви исплати кон добавувачите и судски спорови, како и задоцнета набавка на терапија што доведувала до ризик од ...
Иран потврди дека изврши напад врз најголемата американска база на Блискиот Исток, предупредувајќи го американскиот претседател Доналд Трамп дека „портите на пеколот ќе се отворат уште пошироко“. Војската на исламскиот режим соопшти дека иранските сили започнале напад врз воздухопловната база Ал Удеид во Катар, во која се сместени околу 10.000 американски војници и служи како главен напреден штаб на Централната команда на САД (CENTCOM). – ...
Министерството за внатрешни работи има основани сомненија дека и порано нелегално била изнесувана марихуана од државата и оти покрај скопската „Алфа фарм“ и други компании се поврзани со шверцот, потврди денеска ресорниот министер Панче Тошковски. Одговарајќи на новинарско прашање на прес-конференција тој побара разбирање од јавноста за процесот, кој, според него, е еден од најголемите кривично-правни предмети и посочи дека имаат сомнежи ...
Три лица се полесно повредени во централен Израел во денешниот ирански напад со балистички ракети, соопштија здравствените власти. Израелската војска соопшти дека распоредила сили за пребарување и спасување на местата каде што паднале пресретнати фрагменти од ракети и делови од касетни бомби, предизвикувајќи повреди и штети, објави „Тајмс оф Израел“. Војската, исто така, соопшти дека цивилите во областите каде што претходно се огласувале ...
Рано е да се прогнозира колку ќе трае ситуацијата на Блискиот Исток, треба да почекаме, да видиме. Состојбата се следи на дневна основа, а ако се утврди дека е потребно да преземеме мерки од аспект на економијата, тие ќе бидат согласно законот, рече денеска министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска. Таа постети дека Министерството за финансии не предлага кризни состојби. -Има соодветни министерства кои, врз основа на анализи, ...
Денеска се врши ексхумација на уште една повозрасна жена за која ЈОРСМ има сомнеж дека е жртва на дваесет и петгодишниот овчар од општина Старо Нагоричане, осомничен за убиство, соопшти денеска обвинителството. Инаку, како што информираа од казнено-поправната установа Куманово (затвор К’шање), Т.Б. денеска е спроведен на Клиника за психијатриско вештачење. -По наредба на судија на претходна постапка, осомничениот Т.Б. денеска е спроведен во ...
Денешните сложени безбедносни околности бараат будност, подготвеност, јакнење на активностите на инструментите за рано предупредување и посилни и одржливи инвестиции во одбранбените капацитети. Северна Македонија е верен сојузник на НАТО и придонесува за безбедноста на целиот регион, нагласија на заедничката прес-конференција претседателката Гордана Сиљановска Давкова и генералниот секретар на НАТО Марк Руте, кој е во официјална посета на ...
Сопругот и татко на починатите мајка и ќерка кои вчера загинаа по пад од зграда во скопската населба Тафталиџе имал обемно криминално досие, информираше министерот за внатрешни работи на денешната прес-конференција. Министерот Панче Тошковски соопшти дека Стојанче Јовановски е уапсен по трагичниот настан и дека против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава по брза постапка. Според информациите од Министерство за внатрешни работи ...
Интервентната единица при Министерството за внатрешни работи доби нови тактички елеци донирани од компанијата Mozzart. Со оваа донација, компанијата ја потврди својата подготвеност да поддржи институции кои работат на заштита и безбедност на граѓаните. Тактичките елеци ќе придонесат за подобра заштита и ефикасност на припадниците на единицата при извршување на нивните задачи. „Со задоволство одговоривме на барањето за набавка на нови ...
Се појавија нови информации за нападот на израелските борбени авиони синоќа врз „административниот комплекс“ во Техеран, во кој се наоѓа и претседателската палата. Израелските одбранбени сили (ИДФ) објавија дека околу 100 авиони фрлиле повеќе од 250 бомби врз комплексот, објавува „Кориере дела сера“. Се појавија нови информации за нападот на израелските борбени авиони синоќа врз „административниот комплекс“ во Техеран, во кој се наоѓа и ...
Денеска во 9.25 часот во СВР Тетово e пријавено дека во Клиничка болница Тетово e донесено починато 10-годишно момче од Тетово. Според пријавеното, детето кое било со здравствени проблеми паднало од тераса од станот во кој живеело во Тетово, а родителите за настанот биле известени од сосед, по што го однеле во болница. Лекар констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатото дете е однесено на обдукција. Денеска во ...
Италијанскиот весник „Кориере дела Сера“ го објавува тврдењето на Иранската револуционерна гарда дека нејзините поморски сили убиле најмалку 40 американски војници во комбиниран напад со беспилотни летала и ракети врз американска база во Обединетите Арапски Емирати. Иранската новинска агенција ИРНА објави дека повеќе од 70 американски војници биле ранети во нападот. Револуционерната гарда не прецизираше кои конкретни поморски сили ги ...
Обвинувања за организирана манипулација на јавноста, ширење страв и политичко влијание во дебатата за рударството и енергетиката изнесува рударскиот инженер, Виктор Грозданов во најнова колумна. Во текстот, тој тврди дека дел од активистите кои се претставуваат како загрижени за животната средина намерно создаваат конфузија околу прашања како малите хидроцентрали, употребата на цијанид и инцидентот во рудникот „Тораница“. „Оваа манипулација ...
Израел објави дека го нападнал „најважниот и главен“ команден центар во Иран за време на нападот врз Техеран. Скај њуз објави дека израелската војска, исто така, соопштила дека „бројни бомби“ биле фрлени врз претседателската палата и зградата во која се наоѓа Врховниот совет за национална безбедност на Иран. – Командниот комплекс на терористичкиот режим е еден од најбезбедните објекти во Иран и се протега низ многу улици во срцето на ...
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека согласно последните податоци, од почетокот на конфликтот до денес вкупно 473 македонски државјани контактирале со дипломатско-конзуларните претставништва на Република Македонија во Тел Авив, Доха и Абу Даби. – Од нив, 19 лица се пријавени од Израел, 106 од Катар, додека 348 граѓани се обратиле до ДКП Абу Даби. Во оваа бројка се вклучени и 18 лица од Кувајт, како и 12 ...
Од маалски маркет до дигитален фаворит на скопјани, или како La Noi го задржа својот препознатлив карактер и со Wolt го прошири својот дофат до потрошувачи надвор од неговата непосредната локација, покажувајќи како дигиталните платформи можат да отворат нови можности за раст на малите, семејни бизниси во Македонија. Ова е приказна за тоа како технологијата може да помогне да се надминат просторните ограничувања во еден секојдневен трговски ...
Основното јавно обвинителство Скопје ги издава сите потребни наредби и насоки за целосно расчистување на вчерашниот случај во Карпош, кога при пад од висококатница починаа мајка и дете. Едно лице е задржано во полициска станица и по наредба на јавниот обвинител се преземаат дејствија за испитување на евентуална кривична одговорност. Како што се наведува во соопштението од ОЈО, обезбедена е наредба од судија на претходна постапка и во текот ...
Земјотрес со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала е почувствуван во Гостивар и околината утрово во 5 часот и 21 минута. Епицентарот потекнува од епицентралното подрачје Тетово-Гостивар, на околу 45 километри западно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.2, информира Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје. Земјотрес со интензитет од III степени според Европската ...
Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, одговори на коментарите на американскиот државен секретар, Марко Рубио, отфрлајќи го оправдувањето на Вашингтон за воена акција и велејќи дека никогаш немало вистинска „иранска закана“. Рубио еден ден претходно изјави дека САД презеле акција против Иран откако дознале дека нивниот сојузник Израел е подготвен да нападне и поради стравувањата дека Техеран ќе возврати на американските сили ...
На локалниот пат Гевгелија-Граничен премин Богородица, синоќа во 23 часот полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Гевгелија го уапсија Ф.С.(46) од Република Турција, кој превезуваше мигранти. – При сообраќајна контрола, полициските службеници запреле патничко возило „дачија“ кое го управувал, при што во возилото биле затекнати пет лица мигранти, од кои четири лица од Авганистан и едно лице од ...
Поранешниот дефанзивец на Манчестер Јунајтед и англиската фудбалска репрезентација, Рио Фердинанд (47), ги опиша ракетните напади во Дубаи кои го принудија него и неговото семејство да се засолнат во подрумот на нивниот дом. Фердинанд живее во Обединетите Арапски Емирати со сопругата Кејт Фердинанд (34) и децата. Поради ескалацијата на конфликтот на Блискиот Исток и размената на напади меѓу САД, Израел и Иран, некои ракети и беспилотни ...
Поранешниот директор на ЦИА, Џон Бренан, изјави дека воените напади на претседателот Доналд Трамп врз Иран се катастрофална грешка. Во емисијата „The Weeknight“ Бренан ги спореди нападите со американската инвазија на Ирак во 2003 година, за која тврди дека предизвикала децении хаос. „Мислам дека ова е втор пат во овој век САД да направат катастрофална грешка со вклучувањето во конфликт на Блискиот Исток. Првиот пат беше во 2003 година кога ...
Инцидент се случи вчера во белградската населба Раковица, во кој седумнаесетгодишно момче се здоби со животозагрозувачки повреди. Според првите информации, тинејџерот е пронајден од неговиот татко пред зградата каде што живее, откако брутално е претепан од засега непознати лица. Таткото на повредениот млад човек изјави дека неговиот син е пресретнат и претепан од неколку млади мажи. Мотивот за нападот сè уште е непознат, а напаѓачите ...
Специјалниот претставник на САД, Стив Виткоф, изјави дека врвните преговарачи на Иран претходно оваа година се фалеле дека контролираат 460 килограми високо збогатен ураниум од 60 проценти, што би било доволно за изградба на 11 нуклеарни бомби. Во интервју за „Фокс њуз“, Виткоф рече дека иранските власти се „горди“ што избегнуваат надзор и тврдеа дека имаат „неотуѓиво право“ да збогатуваат нуклеарно гориво. Сепак, САД тврдат дека ги ...
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека војната на САД и Израел против Иран би можела да потрае „извесно време“, но дека нема да трае со години. Воздушната војна на САД и Израел против Иран почна со напади врз Техеран во саботата, во кои беше убиен иранскиот врховен водач Али Хамнеи, што поттикна иранска одмазда против Израел и ракетни напади врз арапските земји со американски воени бази низ Блискиот Исток. Претседателот на САД, ...
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте денеска ќе престојува во официјална посета на земјава. Домаќин ќе му биде претседателката Гордана Сиљановска-Давкова. Генералниот секретар ќе биде пречекан со највисоки државни и воени почести на церемонија во Кабинетот на претседателот, по што ќе следи тет-а-тет средба и пленарен состанок на македонската и на делегацијата на НАТО. Предвидена е и заедничка прес-конференција на претседателката ...
Времето денеска ќе биде сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 6, а максималната ќе се движи од 14 до 20 степени. Во Скопје сончево со мала до умерена облачност. Во делови од котлината ќе има услови за појава на утринска магла. Ќе дува слаб до умерен ветер ...
Иранскиот режим се соочува со задачата да пронајде наследник на врховниот лидер ајатолахот Али Хамнеи откако беше убиен во заедничките американско-израелски напади, објавува CNN. Ветеранот на чело на државата, кој владееше со цврста рака речиси четири децении, нема официјално прогласен наследник. Наместо тоа, новоизбрано тело од 88 високи свештеници, познато како Собрание на експерти, ќе го избере следниот лидер. Според иранскиот устав, ако ...
Дежурен јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Скопје извршил увид на местото во скопски Карпош, каде што по пад од висококатница починаа жена и малолетно дете. Од Јавното обвинителството вечерва информираа дека јавниот обвинител наредил обдукција на телата на починатите, како и прибирање траги и други материјални докази со цел целосно расветлување на настанот. -Се вршат разговори со повеќе лица кои би можеле да имаат сознанија за ...