Итно се повлекува од македонскиот пазар производот „аптамил АР 2“, енг 24×400 грама, серија 2027.01.02, кај кој е утврдено присуство на цереулид (cereulide), информира Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) и апелира потрошувачите што го имаат купено овој производ со наведениот лот и рок на употреба да не го користат или да го вратат на местото од кај што го купиле. – Нашите испекциски служби вчера спроведоа вонредна инспекциска контрола ...

Секој има право да протестира – рече премиерот Христијан Мицкоски прашан за коментар во врска со протестот што утре попладне ќе го организира Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) за покачување на минималната плата на 600 евра. Тој посочи дека минималната плата законски се зголемува во март. – Во согласност со законот, минималната плата ќе биде зголемена во март, односно платите што ќе ги добијат работниците во април за март ќе бидат ...

Државјанин кој бил меѓународно баран за три убиства во Македонија е уапсен во Тирана од страна на државната полиција, во рамки на 80-тата фаза од полициската операција со кодно име „Оперативец“. – Станува збор за Бесим Шерифи (52), жител на Копаница, Сарај, Македонија, кој подолг период се криел во албанската престолнина, користејќи фалсификувани лични документи на име на државјанин од Косово – соопшти албанската полиција. Според ...

Во три сообраќајни несреќи, тешко повредени се тројца пешаци. Сообраќајните несреќи се случиj на територија на Скопје, Куманово и Битола, информираа од Министерството за внатрешни работи. На крстосница од улиците „Васил Ѓоргов“ и „Шарски Одреди“ во Скопје, патничко возило „фолксваген фокс“ управувано од З.А., на возраст од 60 години од главниот град на државава, удри во пешакот Б.К., 59-годишна скопјанка. Во несреќата, со тешки телесни ...

Изразуваме целосна поддршка кон барањата на Сојузот на синдикатите на Македонија за покачување на платите. Барањата на ССМ се легитимни, оправдани од секојдновното зголемување на трошоците за живот и насочени кон подобрување на животниот стандард и почитување на работничкиот труд, велат од Левица. „Поминаа речиси две години власт на ДПМНЕ и исто толкав период на игнорантски однос кон граѓаните кои едвај го поминуваат месецот со најниска ...

Законот за „Безбеден град“ е еден од најважните закони што се донесени во Македонија, бидејќи во својата суштина ги штити животите на граѓаните и гарантира безбедност на јавните простори. Овој закон не е за камери или казни, туку за создавање услови секој граѓанин да се движи без страв и без ризик по животот. „Безбеден град“ значи побезбедни улици за пешаци, велосипедисти, корисници на електрични тротинети и лица со попреченост. Тоа значи ...

Висок американски службеник за имиграција го напушта Минеаполис откако федералната полиција уби уште еден американски државјанин во текот на викендот, што би можело да означи промена на тонот од Белата куќа во националната антиимиграциска кампања. Додека командантот на граничната патрола Грегори Бовино и некои од неговите агенти заминуваат, претседателот Доналд Трамп го испраќа Том Хоман, познат како „граничниот цар“, во градот за да ги ...

Администрацијата на Доналд Трамп ѝ соопшти на Украина дека безбедносните гаранции на САД зависат од тоа дали Киев ќе се согласи на мировен договор, кој веројатно би вклучувал отстапување на регионот Донбас на Русија, според осум лица запознаени со преговорите. Вашингтон, исто така, навести дека ќе ѝ вети на Украина повеќе оружје за да ја зајакне својата армија во мирно време ако, како цена за мир со Русија, се согласи да ги повлече своите ...

Тврдењата на претседателот Доналд Трамп за совршено здравје долго време беа доведени во прашање, а отечените глуждови и темните модринки на рацете се можни знаци на чести интравенски третмани. Неговата ментална острина исто така беше доведена во прашање, со нејасен говор, повремени бесмислени испади и памтења, неодамна за време на едно интервју во кое не можеше да се сети на името на Алцхајмеровата болест, објавува „Фјутуризам“. Во ...

Блокадата со камиони на товарниот сообраќај на граничните премини во државава продолжува и денеска, како дел од заедничкиот протест на македонските и превозниците од Западен Балкан кои бараат решение за проблемите поради електронската евиденција за престој во шенген-зоната во согласност со правилото 90/180 дена од април годинава. Наспроти блокираниот товарен сообраќај на премините кон шенген зоната, кој, според најавите ќе трае најмалку ...

Времето денеска претпладне ќе биде променливо облачно, во источните делови со повремен локален дожд во пониските, дожд и снег на повисоките места, а на планините слаб снег. Попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 8, а максималната ќе достигне од 5 до 11 степени. Во Скопје, променливо облачно, претпладне со повремен дожд. Попладне облачноста ...

Кинеските државни хакери со години имале пристап до мобилните телефони на високи британски владини претставници на Даунинг стрит, открива британскиот весник „Телеграф“. Според достапните информации, операцијата за шпионирање сериозно ја загрозила безбедноста на британската влада, дозволувајќи му на Пекинг да ги гледа приватните комуникации на високи владини претставници. Според весникот, целите на нападот биле блиски соработници на ...

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави во понеделник дека Европа не е способна да се одбрани без воена поддршка од Соединетите Американски Држави и дека ќе мора да ги удвои сегашните цели за распределба на одбраната за да може да го стори тоа сама. „Ако некој овде мисли дека Европската Унија или Европа како целина можат да се одбранат без САД, нека продолжи да сонува. Не можат“, им рече Руте на членовите на Европскиот парламент во ...

Здружението Онлајнмедиа.мк најостро ја осудува денешната прес-конференција на СДСМ, на која се напаѓаат и клеветат одредени медиуми, од кои дел се членови на здружението Онлајнмедиa. Ниту една политичка партија во Македонија не смее јавно политички да се пресметува и не смее јавно да дискредитира, ниту еден медиум, ниту пак новинар, соопшти здружението. „Кај СДСМ се нотира загрижувачки континуитет на јавна политичка пресметка, јавно ...

Кошаркарската федерација на Република Македонија ја информира јавноста дека Управниот одбор на Федерацијата донесе одлука за именување на г. Хозе Мариа Берокал за селектор на машката сениорска репрезентација на Македонија. Г. Берокал е искусен шпански тренер со импозантно портфолио зад себе, со повеќе од 35 години тренерско искуство, од кои 21 година во професионална кошарка, како и 14 години искуство во Евролигата, најелитното европско ...

Кумановци кои работеа за американските компании во Ирак и Авганистан, денеска протестираа пред зградата на општина Куманово. Тие уште еднаш побараа нивното прашање за данок на плата да се разгледа на советот на општината, бидејќи на последната седница градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски ги информираше советниците за посредувањето за средба помеѓу групата кумановци и надлежните од УЈП, но точката не беше ставена на совет. За ...

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски заедно со министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, одржа координативен состанок со стручни тимови од областа на сообраќајот, посветен на финалните подготовки за официјално пуштање во функција на Сејф Сити системот. Притоа беше истакнато дека Градот Скопје ќе има клучна и активна улога во имплементацијата на овој современ систем, со цел воспоставување ред, дисциплина и значително ...

Вршителката на должноста претседателка на Венецуела, Делси Родригез, изјави дека е „презаситена од наредбите“ од Вашингтон додека се обидува да ја обедини земјата откако САД го заробија нејзиниот поранешен лидер Николас Мадуро. Медиумите известуваат дека таа оди по „тенка линија“ откако Америка ја поддржа привремено да ја води земјата. Тие велат дека таа постојано балансира помеѓу држењето на лојалистите на Мадуро дома и обидот да ја ...

На денешното рочиште во затворот „Идризово“ за случајот со пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени, пред судот сведочеа повредени и оштетени лица. Во своите искази тие ја опишаа атмосферата на паника и хаос што настанале во моментот кога пламените јазици и чадот ја зафатиле преполната дискотека, како и последиците што ги трпат до денес. Кристијан Панов, невработен млад човек, кој повремено ...

Американскиот тенисер Бен Шелтон беше благодарен на публиката што остана до доцна за да го гледа неговиот меч против Каспер Руд. Двајцата го завршија мечот малку пред полноќ, а Американецот победи по пресврт и четири сета. Ben Shelton after beating Casper Ruud at Australian Open “I know you guys were probably looking forward to watching Novak tonight, I actually heard it from the stands. But I hope we didn’t disappoint with that match. I ...

Русија собрала докази за злосторства извршени од Киев и неговите спонзори, доволни за судење против претставниците на ЕУ, изјави шефот на комисијата на Државната дума за истражување на фактите за странско мешање во внатрешните работи на Русија, Василиј Пискариев. Меѓу претставниците вклучени во истрагата е и шефицата на европската дипломатија, Каја Калас. „Нашите надлежни органи собраа обемни докази за злосторствата на киевскиот нацистички ...

Пред стартот на системот „Безбеден град“, во насока на зголемување на безбедноста во сообраќајот и доследна примена на законите, Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните за прекршоците што се санкционираат и предвидените глоби. Пречекорување на брзина во населено место (дозволена брзина до 50 km/h, по исклучок до 70 km/h со знак) • до 10 km/h над дозволеното – 15 € • од 10 до 30 km/h – 50 € • од 30 до 50 km/h – 300 € + ...

Сенаторот Тед Круз, републиканскиот кандидат за Белата куќа во 2028 година, го критикуваше потпретседателот Џ.Д. Венс и се потсмева на царинските политики на претседателот Доналд Трамп, според снимките до кои дојде Аксиос. Критиките на Круз, за време на две приватни средби со донатори минатата година, беа едни од најострите критики кон Трамп и Венс од колега републиканец откако ја презедоа функцијата пред една година. Клиповите – кои вкупно ...

Ова предупредување доаѓа навреме и сметам дека февруари и март треба максимално да се искористат и земјите членки на шенген зоната да изнајдат решение, изјави денеска вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, кој на граничниот премин Блаце им даде целосна поддршка на транспортерите кои заедно со нивните колеги од Западен Балкан почнаа седумдневни блокади барајќи решавање на електронската евиденција за престој во шенген ...

Македонските превозници денеска напладне го блокираа сообраќајот за товарни возила за излез од државата на граничниот премин „Ќафасан“. Митко Крстаноски, сопственик на транспортна компанија информира дека протестот поради воведувањето на новиот систем за влез и излез (ЕЕС) на Европската Унија, се одвива мирно, организирано и согласно договорот. – Досега паркирани се 35 камиони, но до крајот на денот очекуваме зголемување на бројот. ...

Претседателот на собраниската Комисија за европски прашања Антонио Милошоски денеска на седницата на претставувањето на приоритетите на кипарското претседателство, побара од амбасадорот на Кипар за земјава Андреас Фотиу да го стави на дневен ред во Брисел протестот на камионџиите кои за денеска најавија блокада на границите кон ЕУ. -Амбасадоре, на 17 декември 2025 комесарката Марта Кос потпиша Меморандум за побрза интеграција и за побрз и ...

Сведок кој кобната вечер бил гостин во дискотеката „Пулс” во Кочани, за првпат во судницата во Идризово објасни од лично искуство што се случувало во дискотеката во моментот кога избувнал пожарот – настанало стампедо и се чувствувал мирис на чад, а на скалите пред излезот од притисокот еден пред него паднал, по што сите се струполиле, и следно што се сеќава е како лежел со приклештени нозе и бара помош. Сведокот Иван Данаилов, кој вечерта ...

Двајца малолетници во Радовиш со запалка запалија автобус кој бил паркиран во дворот на ОУ „Крсте Петков Мисирков“, соопштија денеска од СВР Струмица. – Во Полициската станица Радовиш е пријавено дека настанал пожар на автобус паркиран во дворно место на ОУ „Крсте Петков Мисирков“ во Радовиш. Од екипа на Територијалната противпожарна единица Радовиш пожарот е изгаснат, а повредени лица нема. По преземени мерки, полициските службеници ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Белорусија е сè уште принудена да постои како територија управувана од Русија, додавајќи дека дури и кучето на претседателот Александар Лукашенко има повеќе права од граѓаните во земјата. Зеленски ги даде овие забелешки во говорот во Литванија по повод годишнината од Јануарското востание. Тој рече дека Белорусија „сè уште е принудена да постои како руска покраина“. „Засега, за жал, ...

Американскиот претседател Доналд Трамп денес ги повика гувернерот на Минесота, Тим Волц, и другите демократски гувернери и градоначалници да соработуваат со федералната администрација и Конгресот на Соединетите Американски Држави за веднаш да донесат закон за прекин на таканаречената политика на „безбедни градови“ за имигрантите. „Гувернерот Волц и градоначалникот на Минеаполис, Џејкоб Фреј, треба да ги предадат сите криминалци и нелегални ...

weather icon

Скопје

9ᴼ / 9ᴼ
3.09
81%
1008
weather icon

Белград

7ᴼ / 4ᴼ
9.26
65%
1005
weather icon

Загреб

5ᴼ / 3ᴼ
5.14
92%
999
weather icon

Софија

1ᴼ / 1ᴼ
7.72
80%
1011
weather icon

Сараево

0ᴼ / 0ᴼ
1.71
95%
1014
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 4ᴼ
1.79
97%
999
weather icon

Атина

15ᴼ / 13ᴼ
5.66
80%
1011
weather icon

Тирана

15ᴼ / 15ᴼ
6.17
39%
1000
weather icon

Подгорица

10ᴼ / 10ᴼ
0.51
87%
1000
weather icon

Букурешт

2ᴼ / 1ᴼ
4.12
92%
1014
weather icon

Будимпешта

5ᴼ / 2ᴼ
4.12
97%
1005
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 9ᴼ
2.06
66%
1015
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Сребро

3663.67

Иридиум

221848.72

Бакар

12.10

Платина

83354.78

Паладиум

56617.46

Алуминиум

3.06

Цинк

3.37

Злато

159322.70

Рутениум

45750.51

Родиум

339190.38

Калај

49.78

Кобалт

64.04