Скопје
30ᴼ /
30ᴼ
Присуството на премиерот Христијан Мицкоски на свеченото отворање на ПРИВАТЕН старечки дом е симболично признание за еден длабок неуспех на државата: грижата за старите лица, како една од основните социјални функции, целосно е препуштено на приватниот капитал и неговиот интерес за профит. Додека цела Влада сече ленти на отворање на приватни бизниси, државните капацитети на оваа јавна услуга се целосно девастирани. Во цела држава постојат ...
АКТ веќе објави тендерски скандали вредни над 100 милиони евра, како едни исти, омилени фирми на власта добиваат тендери. Три од овие омилени фирми се издвојуваат: Ленди Груп ДООЕЛ Скопје, која добила 74 тендери во вредност од 17,6 милиони евра за период од две години. Пирамид билдинг солушнс, со 51 тендер вреден 16 милиони евра. Масев ДООЕЛ со 93 тендери во вредност од 18 милиони евра. Денеска објавуваме уште еден аспект на целата ...
Неделниот наслов во „Једиот Ахаронот“, популарен хебрејски дневен весник, го сумираше преовладувачкото расположение во Израел во врска со претстојниот договор за прекин на огнот меѓу претседателот Трамп и Иран во два збора: „Лош договор“. Израел, кој во изминатата година водеше две војни против Иран, од кои последната се водеше со американските сили кон крајот на февруари, сега е изоставен од евентуално мировно решение кое не помогна да се ...
Седумдесетгодишен турист од Македонија е спасен во последен момент откако изгубил свест додека се капел во морето во Неи Пори, Грција. Благодарение на брзата реакција на дежурниот спасувач, избегната е трагедија. Спасувачот веднаш забележал дека туристот е во неволја и без одлагање влегол во морето, по што успеал безбедно да го извлече туристот на брегот. На местото на настанот му била укажана прва помош и му бил даден кислород, по што мажот ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави оти по постигнатиот договор меѓу САД и Иран и падот на цените на нафтата на светските берзи, очекува во моментов цените на бензините да се движат во рамките на половина денар или исти за дизел-горивата и околу денар и пол до два денари зголемување кај бензините, при што тука треба да се има предвид дека сегашната одлука Регулаторната комисија за енергетика се базира на движењата од минатата недела, ...
Битола, градот на сонцето и историјата, блесна со ново светилиште на спортот. Mozzart ја продолжува својата мисија за изградба на мини пич терени – места каде што спортот расте, младите сонуваат и заедницата се обединува. Фудбалот е повеќе од игра, тоа е празник на срцето и нова приказна што се пишува во Битола. Теренот го носи името на легендата Петар Упалевски – Упале. Името што значи храброст, посветеност и инспирација. „Ова е чест, ...
Разликата помеѓу овие две земји и нашата е тоа што ние ја контролираме целата држава и немаме такви проблеми какви што имаат тие и кај нив опозицијата не работи против своите граѓани и против својата влада, не ја кодоши сопствената влада и не работи за интересите на туѓи влади кои имаат поинакви интереси, како што е случајот кај нас, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање по свеченото отворање на ...
Во текот на седмицава ќе преовладува топло време. Утре ќе има локален развој на нестабилна облачност, а во среда на повеќе места се очекува променливо и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа ќе има поинтензивни процеси со пообилен пороен дожд и услови за ретка појава на град, соопшти УХМР. Од четврток времето ќе биде сончево со променлива облачност во текот на денот. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималните ...
Полициски службеници ја уапсија В.М. (42) од Прилеп, со престој во Тетово, а во селото Сараќино е уапсен Б.С. (37). Како што соопшти полицијата, претходно во СВР Тетово е пријавено дека жена физички го малтретира своето тримесечно бебе. Очевидци пријавиле дека таа го удира во асфалт своето тримесечно бебе Лицата кои го пријавиле настанот интервенирале и веднаш ја известиле полицијата. За случајот биле известени социјален работник и инспектор ...
Припадници на Министерството за внатрешни работи во Врање, во соработка со Регионалниот центар за гранична полиција на Република Македонија, по наредба на Основното јавно обвинителство во Врање, го уапсија македонскиот државјанин С.К. (56), кој е осомничен за продолжено кривично дело измама. Засега се знае дека осомничениот од 4 до 13 овој месец, преку фиксни телефони се јавил на тројца жители на Врање, претставувајќи се како лекар од ...
Заменик-министерот за надворешни работи на Иран, Казем Гарибабади, изјави дека укинувањето на сите санкции врз неговата земја ќе биде приоритет за време на 60-дневните разговори меѓу Техеран и Вашингтон по потпишувањето на договорот со САД. „Имаме неколку прашања што треба да ги разгледаме. Првото е укинувањето на сите санкции врз Исламската Република Иран“, рече Гарибабади во интервју за иранските медиуми. Гарибабади рече дека ублажувањето ...
Голем пожар избувна во трговскиот центар „Енјуб“ во Нов Белград. Голем број противпожарни екипи се на местото на настанот и се борат со пожарот. Тие се обидуваат да спречат ширење на пожарот кон други објекти, па затоа го гаснат од повеќе насоки. Во гаснењето на пожарот учествуваат 45 пожарникари, со 14 возила. Командантот на противпожарната бригада на Белград, Драган Мирковиќ, изјави дека во пожарот нема повредени цивили, додека двајца ...
Израелскиот министер за национална безбедност, Итамар Бен-Гвир, денес изјави дека договорот на американскиот претседател Доналд Трамп со Иран не го обврзува Израел бидејќи, како што изјави, не е подреден на САД. „Ние сме независна и суверена земја“, рече Бен-Гвир, објави „Тајмс оф Израел“. Бен-Гвир нагласи дека Израел не е потписник на договорот меѓу САД и Иран и дека документот не ја штити израелската безбедност. „Не смееме да се повлечеме ...
Binance е вклучен во категоријата за централизираните финансии на првата Fortune Crypto 100 листа, признание што ја позиционира компанијата меѓу највлијателните играчи кои денес го обликуваат екосистемот на дигиталните средства. Ова признание доаѓа во момент кога Binance сè повеќе ја шири својата улога надвор од класичното тргување со криптовалути и се поставува како поширока финансиска платформа изградена врз обем, безбедност и доверба од ...
Марису Борг Хоиби, 29-годишниот син на норвешката крунска принцеза Мете-Марит, е осуден на четири години затвор откако беше прогласен за виновен за две силувања. Тој беше ослободен од две други силувања од страна на Окружниот суд во Осло, но беше осуден и за голем број други кривични дела, објавува Би-Би-Си. Совет од тројца судии го прогласи за виновен по две точки. Хоиби не присуствуваше на изрекувањето на пресудата во судницата 250 на ...
Мицкоски ги излажаа земјоделците. Во опозиција им ветуваше повеќе пари, поголема поддршка, сигурен откуп…ништо од тоа. После две години власт земјоделството е на колена: субвенциите се намалени за 40 милиони евра и постојано каснат, откупот на земјоделски производи е намален за 46 проценти, трошоците за производство се зголемени, буквално нема сегмент во земјоделието каде нема сериозен проблем, велат од СДСМ. – Најдобар доказ за тоа е ...
Најмалку четири лица загинаа, а 23 се повредени во рускиот напад врз Киев, а пожар ја зафати Киевско-Печерската лавра, едно од најважните религиозни места во Украина и место на светското наследство на УНЕСКО, изјави градоначалникот Виталиј Кличко. Fires set off by Russian strikes overnight are still burning at two of Kyiv's most iconic sites — the Kyiv Pechersk Lavra and Mystetskyi Arsenal — as of 8:15 AM on June 15, Ukraine's State ...
Во град кој секое лето се претвора во бетонска печка, каде температурите редовно надминуваат 40 степени, аква паркот во Скопје веќе три години постои само како ветување. Она што требаше да биде едно од ретките места за рекреација и разладување на граѓаните, стана симбол на неспособноста институциите да реализираат проект кој одамна е изграден и треба да биде во функција, велат од Левица. – Особено иритира фактот што директорот, Данијел ...
Соединетите Американски Држави и Иран, со посредство на Пакистан, постигнаа договор за прекин на огнот на сите фронтови. Потпишувањето на договорот е најавено за 19 јуни во Швајцарија. Соединетите Американски Држави и Иран постигнаа договор за итно и, како што се објавува, трајно прекин на огнот на сите фронтови, тврди пакистанскиот премиер Шехбаз Шариф, кој учествуваше во посредувањето на преговорите. Тој објави на мрежата X дека по ...
Поранешниот американски разузнавач Скот Ритер изјави за „Спутник“ дека неодамнешниот украински напад врз Старобелск имал за цел да ги заплаши граѓаните на Донбас. „Тоа беше целен напад од страна на Украинците за да сеат страв меѓу жителите на Донбас. Тие успеаја да ги направат многу луѓе несреќни и да ја уништат иднината на Донбас, убивајќи деца“, рече тој. На 22 мај, украинските вооружени сили ја нападнаа зградата и студентскиот дом на ...
Потпретседателот на САД, Џ.Д. Венс изјави дека тој и неговата сопруга, Уша Венс, ќе размислат дали да се кандидираат за републиканска претседателска номинација во 2028 година. Иако одлуката за тоа дали да се влезе во трката сè уште не е донесена, Венс изјави за „CBS Sunday Morning“ дека очекува претседателот Доналд Трамп силно да го поддржи секој негов потег. – Не се сомневам дека претседателот на Соединетите Американски Држави силно ќе го ...
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека „договорот со Исламската Република Иран сега е завршен“. – Честитки до сите! Со ова целосно го одобрувам слободното отворање на Ормутскиот теснец и, во исто време, го одобрувам итно укинување на поморската блокада на Соединетите Држави. Бродови од светот, запалете ги вашите мотори. Пуштете ја нафтата да тече, рече Трамп во објава на неговата платформа Truth Social. Трамп рече дека неговата ...
Единаесет падобранци и пилот загинаа при пад на авион во близина на аеродромот во Батлер, во американската сојузна држава Мисури, соопштија американските власти. Несреќата се случила во близина на аеродромот „Батлер Меморијал“. „Авионот полетал околу 11:20 часот по локално време, но не успеал да достигне потребна височина, нагло свртел налево и се урнал на околу 300 јарди од пистата“, изјави за Си-Ен-Ен Денис Џејкобс, вршител на должноста ...
Капетанот на Пристанишната управа во Сплит, Жељко Куштера, е меѓу првите службеници кои пристигнале на местото на сериозната поморска несреќа во Сплитскиот теснец. Во разговор за централниот Дневник на ХТВ, тој изнесе нови детали од истрагата и потрагата по исчезнатото лице. Тој нагласи дека истрагата сè уште е во тек и дека надлежните собираат изјави од лица кои би можеле да помогнат во расветлувањето на сите околности на несреќата, во која ...
Седумкратниот светски шампион во Формула 1, Луис Хамилтон, ја оствари својата прва победа како возач на Ферари, триумфирајќи на една од највозбудливите трки во сезоната 2026. За Хамилтон ова беше 106-та победа во кариерата, но прва зад воланот на легендарниот италијански тим, откако оваа сезона му се приклучи на Ферари. „Морам да им се заблагодарам на сите во Ферари, на тимот во Маранело и на Фред Васер што веруваше во мене и ме донесе во ...
Едно лице се здобило со минимални изгореници во пожарот што денеска избувнал помеѓу селата Долани и Љуботен, во Општина Штип, информираат од Центарот за управување со кризи. Екипата на Итната медицинска помош веднаш интервенирала и на лицето му била укажана соодветна медицинска помош. Според досегашните информации, нема други повредени лица. По пријавата за пожар во во атарот на селото Долани, Општина Штип Територијалната противпожарна ...
Швајцарците на референдум го отфрлија предлогот за ограничување на бројот на жители во државата. Според првичните резултати, иако сите гласови не се изброени, јасно е дека предлогот го одбиле мнозинството од гласачите (околу 55%) наспроти околу 45% кои гласале за ограничувањето на населението во државата. Предлогот беше инициран од Швајцарската народна партија, која со години води кампањи насочени кон намалување на имиграцијата. Доколку беше ...
Американскиот претседател Доналд Трамп остро реагираше на израелскиот воздушен напад врз јужните предградија на Бејрут, оценувајќи дека тој „не требало да се случи“ во момент кога, според него, САД и Иран се блиску до постигнување договор. „Особено не требаше да се случи на ден кога сме толку блиску до мировен договор со Иран“, напиша Трамп на својата социјална мрежа Truth Social. Тој истакна дека Израел има право да се брани, но оцени дека ...
Висок ирански функционер откри детали од нацрт-меморандумот за разбирање што Техеран и Вашингтон го финализираат, а кој би можел да отвори пат за поширок договор за иранската нуклеарна програма, укинување на санкциите и намалување на тензиите во регионот. Според информациите објавени од „Ројтерс“, документот предвидува повторно отворање на Ормускиот теснец за комерцијален поморски сообраќај, додека САД би започнале со укинување на поморската ...
Почетокот на работите за автопатот Скопје-Блаце е голема вест за сите граѓани на Северна Македонија. Конечно, овој автопат станува реалност, по децении ветувања и празна демагогија. Само една група луѓе денес не може да ѝ се радува на оваа реализација на „Вреди“. Само раководството на ДУИ, наместо да слави заедно со сите Албанци, веќе два дена се правда и се чувствува непријатно. Затоа што тие не го направија за 24 години, а ние го правиме ...